Изгледа советиве требаше да бидат од типот "врзи го за радијатор, што има тој да лајкнува други фуфуци"... Еве не знам...
Ако тој решил да изневерува, ќе биде и без лајк и на сосема друг начин да најде друга со која би варал.
Убаво кажа тоа сакав да кажам и јас дека 90 % од машките и мене што ме додавале по некој си редослед прво оди лајк а потоа и пишува. Затоа сакав да слушнам и други мислења пред нешто да направам.Еве можеби некој машки така си го билдаат егото прв пат имам вака долга врска што ми значи и несакам ете можеби е глупост ама можеби е и некаков знак дека нешто има . Ама секако ќе му го кажам тоа на некаков си начин па ако му значи тоа повеќе од врската слободно нека си тера.
А и дека не треба да му се верува на никој. Мене ми се има случено дечко така почна да ми пишува па да ме кани да излеземе и за 5 дена објави дека е верен ниту слики имаше ниту кажа дека е зафатен ете до толку има. Од што знам какви се има а кога ќе се изгориш на млеко ќе дуваш и на јогурт после за жал.
Ако у сериозна врска се нема доверба, значи не е сериозна. Налет врската тогаш... Тоа е само измачување за двајцата.
@mila7 за жал ти се случила ситуација многу типична за денешното време. И јас не можам да ги разберам тие што постапуваат вака и исто така не можам да го разберам моментот, си ја постигнал целта. А каква е целта, еден единствен пат да има односи со девојката и потоа да го снема или што викаат повеќето туку, да те чува за резерва. Овие изрази мене лично ми звучат мн сурово. Дури и да е навистина така, не би ги употребила. Убаво кажа @Ugly Duckling , до кога ќе се употребуваат такви изрази толку потценувачки за жените и тоа од жени. Јас разбирам дека сите сакате да ја охрабрите девојката да се цени себеси и да не се задоволува со ситуација која не и одговара, да дадете објективен совет отстрана, ама не е начин. И да во право е, двајцата си ја оствариле целта. Проблемот е што ние жените најчесто поемоционално пристапуваме кон сексот и ако после тоа станеме помалку важни за (сексуалниот) партнер(от) сме многу поемотивни. Затоа и треба да сме повнимателни кога се одлучуваме на тој чекор, освен ако однапред не сме сигурни дека би биле имуни на било каков исход. Друго, ми остави впечаток мислењето на @deskarada, затоа најмногу и решив да пишам. Конкретно муабетот дека кога влегуваш во секс без обврски, треба на се да си спремен. Девојката не влегла во таков однос прво, биле заедно скоро месец дена, во којшто како што јас сфатив имале секојдневна комуникација, излегувале, се гледале, а дечкото ги давал сите знаци на заинтересираност. И @GrimTheReaper пиша нешто во стилот, а што сакаш ти од него, сексот не значи по дифолт и врска и следен пат опипај ситуација подобро. Веројатно не ви се случило нешто слично па нештата ги гледате на ваков начин. А и не мора и да ви се случи за да разберете. Не сакам никого да нападнам, да не бидам сфатена погрешно, ама едноставно сметам дека во оваа ситуација не сте во право. Еве кажете како треба девојчето да ја опипа ситуацијата? Така што дечкото ќе и се јавува редовно, ќе покажува интерес, ќе излегуваат редовно? Тоа се го правел дечкото и потоа сменал однесување. Ако од тоа произлезеше врска или брак, немаше да викате дека влегувала во односи без обврска. Како се докажува обврската, се договараме дека ќе сме дечко и девојка или? И што ако имале односи после нецел месец, 2 или 4 после запознавањето. Ако него тоа му било целта пак исто ќе завршело. Не ми е јасно само како донесовте заклучок дека влегла во таков однос, без обврски и како се влегува од старт во однос со обврски. Никој не рече дека сексот по дифолт значи врска, но тие имале нешто претходно и девојчето е повредено. @mila7 знам дека знаеш и самата, ама не си направила ништо погрешно. Те воделе чувствата и си верувала во својата проценка. За жал, можеби истата се покажала погрешна. Најважно е да се почитуваш и сакаш себеси максимално и да не прифаќаш во иднина однос помеѓу вас којшто за тебе не е доволно добар. Сакам да кажам, ако ти смета што не се јавува, не се задоволувај само со неговото пишување. Искрено, сметам дека овде нешто не е во ред, чим не се јавува и игра топло ладно, не е доволно добар тој однос за тебе и мислам дека треба да си продолжиш напред. Кажи му искрено ако сакаш: после начинот на комуникација којшто го имавме претходно, мене ми смета сега да се допишуваме како деца на инста, баш како што си пишала погоре, и ако тебе повеќе ти одговара вака сметам дека нема потреба повеќе да се гледаме. Ако е уште заинтересиран, ќе ти покаже на дело, а ако не е доволно тогаш ќе ти биде јасно. Него после тоа може и криво ќе му биде, може па и не, а најверојатно ќе му биде после некое време кога јасно ќе види дека си продолжила понатака. Како и да е, тебе тоа не треба да те тангира. Извлечи поука од ова, ништо повеќе и продолжи напред. Кога ќе си дојде тој што навистина ќе го сакаш и ќе те сака, нема воопшто да треба да чекаш било што и се ќе се одвива неописливо лесно.Те гушкам
Ај да си ја олеснам душава малце врска од 3ипол години, со без некои поголеми караници, проблеми, малку љубомора од моја страна затоа што дм има мн другарки, малку од негова зошто мислам е опсесивен(он негира), се случува да види дека го имам срчано бившиот и ми прави топло-ладно 4-5 дена.инаку речиси цела врска збори за него на периоди бидејќи имав оставено слики на фв онли ми, неколку, а он виде. И поради тоа што кога бившиот се преселил надвор од мк другарка ми прати скриншот и исто така виде он. И сега се налути дека сум срчала и ми рече дека тоа го правам често, сите овие години. Он "ме фатил" тогаш кога набројав. На тој начин не сум го почитувала него, врската и него ова му е проблем што не може да го надмине. Се трудев да објаснам зошто и како сум отворила, не верува дека било само сега и така....бај д уеј, јас сум 27, дм 26 год
@Anie93 и јас би се лутела на негово место. Уствари, би прекинала, нема да играм топло-ладно. Ти се лутиш и љубомориш дека има другарки, а океј ти е што после 3 години врска тебе уште те интересира бившиот, па го пребаруваш, па разговараш со другарките за него... Не знам зошто влегувате во нова врска, ако имате нерасчистени 'долгови' од старата.
Па реално да гледаме момакот право збори, се кладам дека и ти би ја имала истата реакција ако видиш дека ја срчнал бившата и дека другарите му праќаат скринс од неа.
Јас се лутев на почетокот, не сега, за другарките Исто така тоа со сликите и со скриншотот беше пред 2години, последново од сега. Искрено, отворив од радозналост и чат пат знам да разгледам и кај други бивши смао што он не ги знае или не заприметил. Јас знам дека сум таков човек и може да го разгледам и цел фб и цел инста, чисто од онака нит сум исконтактирала нит ништо со него, нит сум имала таква желба. Да, ние влеговме пребрзо во врска, тоа го знам и јас и он ама ете биднало, не сметам дека е убаво, туку напротив, знам е погрешно ама ете прв пат ми се случило и тоа е што е. Мене ме нервира што не можам да објаснам дека тоа нема значење
Имаа праќано и ми кажувал ама смешки беа нешто. Он се лути дека јас прикривам ама искрено ми било глупо да кажам еј ми прати другарка слика од хх дека се преселил, некако ми е ту мач, што од негова страна е обратно, он се ќе каже (а после јас мислам 300години за истото )
Нормално е да се лути. Пред се ти дали имаш чувства према бившиот и дали ти е ок со дечково? Ако е се ок, не е крај на свет, грешки се случуваат, а реално ова и не е толку страшно и ненадминливо, само ќе имаш повеќе осет за работите кои би го повредиле. А со него разговарај отворено за тоа што ти смета тебе во врска.
Колку и да нема значење за тебе, стави се на другата страна. Изгледа како уште да те интересира бившиот, па и фактот што сте биле заедно одамна додава плус тензија во целиот случај. На блиска другарка врската и висеше на конец баш заради ова, и кај неа беше чиста радозналост. Јас те разбирам, сакаш да видиш сѐ, те интересираат работи чисто онака, но верувај од другата страна не изгледа толку наивно.
Искрено не би знаела каков совет да ти дадам од причина што за мене ова е црвено знаменце и ниедно објаснување не би поминало. Еве да речиме дека е од онака, си гледала слики на некој профил, тој те однесол на друг, на трет, на петти и кај него... Ама од онака да го пребаруваш баш него, еве, јас не знам. И, уште еден момент, како дечко ти виде што пишуваш со другарките (пред 2 години или сега, сеедно) и кого си пребарувала? Ако си имате пасворди на социјални мрежи и се контролирате еден со друг, немам коментар и немам што да додадам повеќе.
Кога те прочитав мислев 17/18 дека имате. Тогаш со другарките си ги пуштавме бившите, пошто многу значење се придаваше на нив, главна трач рубрика. Шознам, и на 26 ја сфаќам љубопитноста, ама до одредена граница. За следно знаеш која е границата на дечко ти, па не мора да ја преминуваш поради некој небитен од минатото. Доверба, треба да се познавате дека и да сте гледале слика/лајкнале/пишеле, дека нема да е со задни намери. А и ова, како дознавате кој шо гледал, шо пишел со другар? Не знам дали нашата врска е безвезе ама никогаш не сме си гледале во телефон, никогаш.
Јавен профил може да е и за поврзување со слични луѓе, слични интереси, работа, можна соработка. Кој што сака да види... Поентата е зошто ти се замараш за ова и што кажува тоа за тебе? Еве го моето мислење на темата, никогаш не ми било префрлено кога сум бил у врска Имам еден познаник, ги искина со монолози у чат, ниедна му немаше вратено со години и со мисла е коа ќе му врати некоја сите жени да ги избрише од фб и инста да не се сомневала дека им пишувал Ваков ли сакаш? Па после некое време да му најдеш некоја друга "маана" за која што треба да му дојде ум?
Седевме и сакав нешто скроз рандом да му покажам на фб и така виде Исто и миматиот пат сакав нешто што купив да му покажам, имав слика од соблекувална пратена на другарка и виде во галери, беше една до друга