Не можам на два коментара во исто време да одговорам, не знам зошто ... Сакав нешто рандом да му покажам на фб, беше до мене и виде
И јас знаев од досада да им чепкам на бивши по профили, ама се познавам себеси и знам со која намера им идам во профил. Само од досада, тепам време шо би се рекло. Е сега ако дм ме фати дека им отварам по профили, немам право да се бунам бидејќи он сигурно на поинаков начин би го перцепирал тоа за разлика од мене и џабе ќе биде моето докажување дека сето тоа е без намера. Исто и некогаш си викам што ако случајно видам дека он ги отвара бившите, и иако знам дека самата го правам од досада, пак не би ми било сеедно да видам па од таа причина веќе не отварам профили.
Јас не разбирам како ви е ок некој дечко што е во врска да лајкнува се живо и диво, а ако некоја девојка го отворила профилот на бившиот тоа да е проблем. Лично јас повеќе би се налутила за првото. И малку ги мешате брзините. Не сум опсесивно љубоморна ако ми смета што мојот партнер лајкнува др девојки. Ништо не е црно бело. Не верувам дека на девојката и смета ако лајкнува пријателки и познаничка со кои таа знае дека тој има нормален однос. Тоа е сосема ок и никогаш не сум замерила за нешто такво. Нема да замерам и ако лајкне селебрити секако. Но, како ви е ок вашиот дечко да следи мн девојки кои воопшто не ги познава, голем дел можеби не се ни девојки со 10 000 следачи, туку најобични профили. Како ги нашол? Одел на search и барал згодни жени со коишто после ќе плакне очи? Па ќе им стега лајк опсесивно на се? Има разлика голема од првото до второто. И сите знаеме дека мн често тие што се ни лајкнуваат, а не не ни знаат, ни пишуваат. Не, тоа не е ок и не е исто со тоа мажите да се завртат по убава жена. Таков партнер и мене би ме сметал и тоа многу, би се чувствувала понижено. Кога мене некој ми лајкнува се, а не ме ни знае, па уште и ако ми пише во порака, а го видам потоа на слика со девојка, жена, глупаво ми паѓа за девојката и не би сакала да имам таков човек покрај себе. Социјалните мрежи не се воопшто наивни како што повеќето овде ги опишувате. @Ajronmen пишал дека таа девојка со 10K следачи нема ни да го забележи неговиот лајк во плејадата од запалени тинејџери и дека нема баш на тој цреп таа да му врати дури и ако и пише. Ок, значи мене како негова девојка тоа треба да ми е утеха. Тој кога би можел би си ја пробал среќата, ама битно таа нема да му врати. All is good. И да, откако сум во посериозна врска, сега и брак, не барам во search мажи шо фино изгледаат и не им стегам лајкови. Тоа е непочитување за мене. Лајкови стегам на селебрити и на пријатели, познаници. И едно е да следам пример еден фитнес инструктор, па да му стегам лајкови, а друго е листата на тие што ги следам да е составена од мн ликови што ми се физички привлечни и да им лајкувам опсесивно се додека некој не ме покани на кафе. Од друга страна па многу ми е пологично некогаш да го пребарам бившиот и тоа чисто од љубопитност. И не, не ми значи апсолутно ништо. Ама и него не му лајкувам Маж ми има неколку бивши на фб, останале во ок односи, мн убаво знам дека нема ни контакт ни емоции кон нив и ако некогаш им го отвори профилот нема воопшто да се вознемирам. Ако е тоа често, тогаш да. Сепак го сфаќам дечкото на @Anie93 , од негова перспектива работите изгледаат сосема поинаку. Малку е тешко да му го објасни таа тоа што сака, но верувам дека ако има љубов лесно ќе го пребродат ова. @Anie93 во иднина гледај да не го правиш тоа, или барем бриши ако имаш таква навика. На дечко ти ќе му помине лутината, дотогаш, ако не оди со разговор, прифати дека сега е малку лут, тоа ќе помине и ќе биде пак ок. Ама гледај да не ти се повтори.
Дечко ти е во право за се. Ти како ќе изреагираше да беше обратна ситуацијата? Навистина не ја гледам потребата да го пребарувам бившиот кога веќе сум во три годишна врска и ми е супер. Без разлика која и да е причината (љубопитност), не оправдувам. И другаркава се заангажирале за тоа што ти прави бившиот. Другарка кога има да ми каже нешто за бившиот, ми го кажува кога ќе се видиме, лабаво уз муабет, во смисла еј виде ли - ах, да - крај на муабетот.
Големо чудо ако се отвори профилот на бившиот/бившата.. Нормално било да се лути, во право бил? Хахаха
Кој не го направил тоа од радозналост ? I know I have Е сега кој колку се замарал или кој бил фатен тоа е друго. Јас сум гледала чисто затоа што ме интересирало до кај се во животот или можеби од досада во моментот. Не мислам дека тоа автоматски значи дека не го сакаш. Што збориш или што ти праќа другарка ти си е ваше,само можеби не требала да ти прати во период кога може и он да види. Инаку сите коментираме со друштво за се и сешто, тоа е многу нормално. Па и на крајот на краиштата, да си покажала сликата пред него и нормално да искоментираш, не е ништо страшно.
Потполно точно и се согласувам во се што наведе.И баш е се така како што кажуваш мене ме вознемирува тој момент што тој презентира искрена љубов е сега ако е таа љубов искрена нели нема да се замара често со лајкови со девојки и да додава нон стоп многу е контрадикторно. Цело време тоа и ми е поентата.
@Anie93 Веќе сте во врска 3 год. и нормално е да се скарате за нешто. Нормални е и така да изреагира момчето. Ти како би изреагирала ако тој го гледа профилот на бившата? Во ред е еднаш да го отвориш профилот, но зошто толку многу си заинтересирана за бившиот и онака ти е бивши што ти е гајле каде тој ќе оди... Но сепак јас не го оправдувам ниту него, ниту тебе, сепак тој можел да изреагира по зрело и да те сослуша што имаш ти да кажеш, можеби навистина постои некоја оправдана причина зошто си го направила тоа...
Не дека треба да се излоира.Јас зборувам за постојано лајкување кај некои особи не јавни особи туку особи кои не ги познава која е намерата таму освен боцкање. Заради тоа што и мене на тој начин ми пишувале знам како одат тие работи.А јас да го прашам дали писува он секако ќе ми рече неее. И не е баш наивно тоа и дека е занемарување, ако е некој што не ми е битно ок и што сака нека прави.Ама сега тука кажува љубов ова она а ваму поинаку контрадикторно е.
Jas se soglasuvam so ova. Ja napadnavte site devojkata sto i pratile profil od bivsi a mazite so ne mozat da si go skrijat vo gaki gi otepavte od branjenje.. ma ko koga ovde jebe.. Prvo i osnovno dokolku toa go gledam non stop kade sto lajkuva se zivo i divo, ne treba kaj mene da se javi ni trunka somnez?! Jas treba da veruvam slepo deka toj ne pisuva a mene 99% od lakovite mi pisale bez razlika vo kakov status se? I treto misam ovde kako priroda nekoja ni e zenite da se pravat slepi na odredeni raboti sto ja vrvat granicata
не се заангажирале, туку некоја од нив го имала а јас веќе не и чисто од онака ми пратиле и кој кажа дека кај нас муабетот траел откако ми го пратила?
мене после 10 години ме одблокирала жена му, само за да видам дека се омажила со него, и ме имаше пребарувано на ФБ, ИГ само за да видам слики. Јас веќе сум омажена со се дете, не се замарам, ама очигледно тие т.е. таа се замара со мене
Некој можеби по секоја цена сака да задржи маж , па подамижува на реалноста. Но јас сакам да задржам маж што вреди ако не е таков не ми го ни треба.Како што можам јас да бидам лојална и да не се замарам со други може и он. Или што ние женските треба да трпиме машките биле суштества што визуелизирале , а од секој и секоја има поубав него тој таа ако ја сакаш и ако е искрена љубов нема да те занимаат други и точка.
Сте поставиле прашање/проблем и членовите пишуваат како би постапиле. Кога бараш совет, ќе добиеш и мислења кои не можат да бидат во насока кон која ти размислуваш. Што исто така не значи дека не се исправни.
Може и тоа да пишува и без да лајкува, но тоа е ипак знак па дека и со пушта вода, според мене и си пробува па кај му упали. Така некоја ако ја сакаш ќе и бидеш посветен или ќе те интересираат други?