Зошто да сакаш да видиш "до каде е во животот"? Зошто воопшто да се замараш со бивши, за џабе не се бивши. Ако некој си е задоволен со себе, својата врска нема да се замарат за бивши, да прави споредба кој колку постигнал во животот или дали му е "поубаво" на другиот.
Јас стварно не знам зошто не сфаќате дека ако сака да изневери можеби никогаш нема да дознаеш, а камо ли толку да е без осет во очи да те бодат лајковите што ги закачил. Второ, едно е да лајкнуваш, друго е да отвараш профили на бивш додека си во сериозна врска.
Затоа што од скоро време го приметив тоа претходно слепо сум му верувала дури и не сум ни проверила и кога проверив што да видам не очекував и не го мислев за таков. А не е битно од кај се секако кога ќе дојде може и да се видат ...
Значи нема да ти смета ало имаш сериозна врска со некој дечко а тој да ја пребарува бившата,чисто да види докај е во животот?
Викаш така е.Па затоа ми беше и да слушнам како што се дешава со други, мене ми е прва долга побитна врска и некако незнам.
Pa da dobar del razmisluvaat taka deka toa ne e nisto... Ne znam ni jas ama kolku sto imam iskustvo odsekogas ne mi bilo jasno ova
Цела работа е во то да си наоѓате партнери кои размислуваат како вас. Ако сакате да е некој што не лајкува слики од женски, најдете таков. Ако сакате некој со БМВ, најдете таков. Ако сакате некој со докторат, најдете таков. И ова важи и за мажи и за жени. Луѓето не можиш да ги смениш, ама ти можеш да одбереш со кого од нив ќе бидеш.
Ова со бивши VS лајкање слики има доста сличности. Ако таа не треба да е несигурна кога тој лајка рандом женски на инста, да му верува пошто "мажите се визуелни суштества", тогаш и тој не треба да е несигурен кога таа ќе отвори еднаш на 100 години профил од бивши и да и верува, пошто "била љубопитно суштество". Ако нешто ти пречи, ти пречи. Дали е гледање профили од бивши, лајкање слики или облакање различни бои на чорапи. Мој совет за сите работи би било прво да направат муабет, да најдат некое решение ако и двете страни сакаат. Ако едната страна едноставно не сака да бара компромис, тогаш следи или прифаќање или раскинување. Не гледам во никој случај некој да е во право, а некој да не е. Не може некој да смени како да се чувствува, за да кажуваме дали е во право или не. Она што може да се коментира се постапките. Дали ќе се најде решение за проблем или ќе се лутат потајно и нема да си зборат 2-3 дена. Тоа веќе не е на добро. Мене тоа "не можам да разговарам со него за тоа" или другиот што испарува на неколку дена би ми биле поголем проблем во врска од самото следење и лајкање.
Наоѓаш некој шо сметаш дека не е таков или остануваш сама некој период. Мене би ме навредило да ме стави у "90-те%" ако се друго е во ред. Чим дотолку не знае за мене после 3+ години нека земе нека провери и машките шо им ја лајкувам секоја слика а не ми се другари или колеги или комшии...
Не знам.. барајте. Јас ко барав, прво низ Битола барав... таму, сите со кои јас се дружев се покажаа ко неадекватни. Во то време, мирц излезе, па се префрлив таму да барам. И барав и барав и барав... и по 2-3 години и неколку 'промашени' одлуки, најдов.
Тешко тебе, сакаш да си во врска кај шо нема токсични однесувања, има љубов, партнерски однос и другарство!!! Врска, ко да не си во врска. Токсичниста дава зачин на една врска.
Има и за тоа лек. Најди некој што нема социални мрежи и нема да имаш никаков сомнеж дека си чепка по минатото. И дека ке лајкува рандом модели.