Него јас имам др проблем. Маж ми многу сака животинчиња и цел feed на инста му е со слатки кученца, мачиња итн. И секоја вечер пред легнување си гледа смешни видеа со нив и си се смее... Се шалам дека е проблем, да не ми се тури некој Да му отвориш во листа на профили што ги следи, се се такви
Па одговорот шо не сака членот во една врска се токсични однесувања. На шо ти му врати дека сака врска без врска лмао. Honey, that's toxic. На то и се однесува мојот цитат кон членот.
Да бидиме реални ова е ГОЛЕМ проблем. Особено ако не ми пушта мене видеата. Ако ми пушта на чисто сме.
Слушајте ме сите сега... јас сега барам некој повисок од 190, постар од 43 и да сака да се плеска без обврски. Ќе ве молам да ми помогнете во потрагата. Фала многу.
Па ова според мене е далеку поопасно отколку стегање лајк на некоја девојка која има 10к следачи како што пишал @Ajronmen и е во категорија локална селебрити. Ако веќе функционира така лајкот како што опишуваш, нели баш тој некој познаник со кој се знаеш зошто сте биле генерација во средно и последен пат сте се виделе на голем одмор во 4-та година стегнатите лајкови од твоја страна да ги интерпретира како заинтересираност? Исто така, тој познаник што добива по 50 лајкови на слика дефинитивно ќе го види твојот лајк, сигурно и врати со лајк и дефинитивно има поголеми шанси да се случи нешто меѓу вас, отколку меѓу личност што ја следи едно мало градче во Македонија. Сакам да кажам, дека ова со лајкањето на Инстаграм нема крај, затоа што ако почнете да се фаќате за кој што лајкнал и кој што лајк значи и како се интерпретира завршете ја таа врска, или исклучете социјални мрежи кога толку ви прават немир.
Можеби е зоофил, не си размислила? По логиката на овие што викаат ако ја лајкнал Моника Белучи значело превара
Јас неможам да сфатам еве како јас само тој што ме интересира му посветувам внимание други не ме ни занимат ни социјални мрежи нит ништо. Сега ако ми излезе некој слика на некој што го имам нешто е интерено немора да е визуелно добро ама ете отишол на алпите се сликал нешто несекојдневно и тоа се случило некогаш понекогаш. Како неможе и машкото така да реагира.
Zosto da isklucime nie soc mrezi? Da ne gledame kade sto nekoj "svetec" ne pravi ulavi? Sekako deka i nie sakame nekoj drug da ni posveti vnimanie kako on niv.. P.s Ne se fajkajte za takvi so 10k sledaci,zboruvame opsto na sekakvi poznati i nepoznati
А да го маните Инстаграмот пошто ништо не можите да научите за некого освен колку е фотогеничен и колку го бива за фотошоп? Барајте по места каде луѓето кажуваат што мислат, што сакаат, што очекуваат... Нема да живееш само со телото, туку и со карактерот на човекот.
Има, е дури тогаш нема да знаеш кај е шо прави или дали мрда на страна. Можи и на моб да не го најдиш.
Абе не знам зошто повеќе членови се фатија за другарките, чисто како пример спомнав да кажам само з ашто сум пререкувала. И има разлика од другарка до другарла и начин на дружење, беше како пример и не мислам дека за тоа треба да се коментира ако не се знае.
Ајде ве молам, ако еден лајк ви одлучува врска, тогаш запрашајте се што е проблемот. Светици не глумете. Лајкнал, човеков ништо не прави, веднаш будала ќе го правам...Немам друга работа.
Ако не спомнеше - немаше да се коментира. Остатокот од мислењето шо го пишав, како и да е, не се однесуваше на дечко ти и другарките.
Ауууу се рапсишав на темава, а триста обврски имам по дома, ама некако ми ги погодивте темиве И ти си во право, донекаде Се е до перцепцијата и проценката. Јас горе долу знам од каде ги познава луѓето што ги следи, не дека профилот му го анализирам, ама од ист град сме и имаме мн заеднички познаници и пријатели. И до некаде знам во каков однос е со истите. И едноставно тоа не се контролира баш, или ќе почуствуваш немир кога ќе видиш или не. Интуицијата ми кажува. Тоа не значи дека за се сум во право и дека треба да правам драми без да ја знам и другата страна. Сума сумарум најважна е довербата. Сепак не ми е јасно како би ги нашол сите тие жени на инста, во search ги бара тие непознатите или како? Ај една, две, десет, ама цела листа да му е од такви, ете не разбирам Јас во маж ми имам доверба и воопшто не се оптеретувам со ова. А дека социјалните мрежи може негативно да влијаат, особено кај помладите, што се во покревок период, тоа е докажано 1000 пати досега. Ама за жал, тоа е данокот на денешното време и сите го плаќаме.
MARIJAMI90 Да не сме мажени за ист маж ние Со мм и двајцата сакаме животни ама тој е нешто посебно. За овие 5/6 години брак едно чудо животинки ми донесе дома, што за нас, што за да им помогнеме - вдомиме. Не велам дека е ова се лошо, да не ме свати некој погрешно но во ова бурно време немам секогаш нерви и време за неговиве итни одлуки. На почетокот од бракот дури и ми беше чудна малку оваа негова опседнатост на 35+ години, подоцна ја поврзав со тоа што мм е сирак од детски денови па тоа што не го поминал тогаш еве сега... На шега му велам, срце ко ке те фати и пубертетот шо ќе прајме Се на се, поентата е - немаш проблем.