Фала на одвоеното време, јас пишав како што кажав да си олеснам, различни гледишта, различно прифаќање на ситуации, што за некој е мравка, за друг е слон и така
Хаха како божем мажите не отвараат профили од бивши да да...Ајде бре да не се лажеме бар за ова нели, мажите се поголеми жени од нас... Со исклучок не се сите ете, али некои затоа се катастрофа.
Абе сеа секоја слика да и ја имаш лајкнато на една личност, уште полошо на повеќе личности да им лајкаш све па и не е свеедно. Јас искрено не заприметувам кому и колку лајкам, ама сигурна сум дека на еден профил на некој дечко не сум ги лајкнала сите слики до една. Дечко ми исто така не се лути, има доверба во мене ама ми има два-три пати спомнато дека имам неколку „редовни“ лајкнувачи што ми ги имаат лајкнато сите слики каде што сум сама или со другарки, освен сликите каде што сум со него, и сосема разбирам зошто тоа му смета и разбирам зошто на неа и смета кога дечко и лајкнува така упорно. Може и ништо да не значи, нема гаранција ама она го знае најдобро, ако се лути значи мисли дека тука има нешто.
@wonder woman5 прво не е убаво да бараш мислење а да се расправаш со членките што имаат спротивно мислење од твоето, па уште и да ги убедуваш дека твоето мислење е правилно. Во однос на темата, ти си доволно долго со дечкото за да процениш дали им лајкнува со цел да им привлече внимание и да им пишува. 99% од машките лајкнуваат на популарни девојчиња. Верени, женети, со девојки, сингл, ретки се тие машки што не лајкнуваат на рандум девојчиња што ни ги знаат ни ги познаваат, ама дека секогаш е толку наивно и без причина не се согласувам. Единствено што можеш да направиш е да разговараш со него доколку тоа ти пречи. @Anie93 еве и јас чисто од досада знам да ги пребарувам бившите, не дека тоа нешто ми значи, чисто од досада. Сметам дека требало да внимаваш, бидејќи на тој начин си ги повредила чувствата на дечко ти, а со тоа и си отворила сомнеж дека сеуште бившиот ти е во мислите и со право ти е лут.
Popularni devojcinja? Wtfff pa i oni imat mazi deckovci svaleri i se ostanato ima i mazeni eden kup znam takvi... ME iznasmea
Пишував во согласност на мислењето на членката, нешто не ти е јасно? За што ми реплицираш, или да се најдеш во муабет.
Јас сум доволно долго и мислејќи дека го познавам ниту сум проверила, и нешто ме натера да проверам и што да видам незнаев што да мислам. А секако и да го прашам што би ми рекол па не пишувам .
Следи ситуација, ние жените имаме интуиција да препознаеме кога нешто не е во ред во врската и тоа е најчесто така.
@wonder woman5 не следев се. Дали ти имаш зборувано со него во врска со ова ? Ако лајнува онака рандом е океј исто е океј да погледнеш во друга жена, маж околу, нормално е тоа. Ама ако секој ден најдува женски да заследува само и лајкува по цел ден кај ќе стигни е тоа веќе е друго, да не се лажиме. Сите лајкуваме, ама друго е кога се прави опсесивно само тоа по цел ден постојано заследување и лајкување. Ако немаш разговарано, седни разговарај.
Па зависи, тоа треба самата да го процениш. Ако лакјкнува на познанички, колешки, другарки, мене тоа ми е во ред, ама ако си додава девојчиња и им лајкнува, а при тоа има девојка за мене тоа не е во ред. Се си има некоја граница.
Не за познанички си ок тоа не ни помислувам баш за девојки девојчиња од секоја возраст на тоа мислев, ама како и да мене ми смета па он нека продолжи така сам...
И ја се чудам од кај ми се идеиве хахахаха. Башка шо викаш, без зачинов сто посто ќе биде досадна врската хахаха. Фала ти ме насмеа хехе
Јес да за тебе не значело ништо и си го пребарувала профилот на бившиот од радозналост, но од другата страна не изгледа тоа баш така наивно. Има право да се лути. Пробај да му објасниш дека нема ништо повеќе од љубопитност, биди упорна. На 3 годишна врска нема смисла да се раскинува за толку банална причина. Нареден пат кога сакаш да манијачиш бришиш се' шо си пребарувала уште одма,а е ризично. И проблемот решен уште од корен.
само едно ќе ти речам: пробај стави се на негово место, како ќе ти биде тој да глрда профил на негова бивша?
ако некој сака да те изневери, ќе го направи тоа и без лајкови на инста. сакам да потенцирам дека лајкот нема врска со неверство.