Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Ке кажам фала пак на советите,ми значат,донесов одлука...ке го ставам на игнор,доста ми беа такви игри од него да не ме викне да се видеме а притоа може други да повикува без срам,после јас сум таа лошата...нека прави што сака,ги потроши сите кредити кај мене,назад нема.Ке го третирам како што тој ме третираше мене...мака ми е од такви лесни девојки кои му се пикаат а тој ги прифака...
    Фала уште еднаш. :hai:
     
  2. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Вака значи незнам од каде да почнам..
    Имав врска долга 2.5 год но врска која истовремено беше со разделби и смирувања и сега повторно дојде крај по трет пат каде што јас се обвинувам бидејќи последното време се однесував многу љубоморно заради Фб а немаше поголема причина за тоа и бев многу нападна. Секогаш мислев дека нешто крие од мене но упорно ме убедуваше дека такво нешто не постои дека ме сака и такви ствари. Меѓутоа разделбите од претходно си го направија своето односно недоволно доверба со тоа што немавме ни односи зошто сакав да бидам со него кога ќе бидам потполно сигурна без трошка каење и тој тоа го знаеше. Крајот се случи неочекувано неможев да си поверувам дека е крај само заради таа причина. Го убедував дека ќе се смени дека се ќе биде подобро но не сакаше, сакал да биде малку слободен без обврски да му се јави на некој и такви работи. Знам дека ме сака многу и јас него но едноставно викам дека не се пронајдовме во вистинско време..Ме советуваа дека ако ме сака ќе ми се врати ако не можеби има подобар но го сакам него :(
    Сакам само да прашам дали да му пишам јас по некое време откако ќе се издува или да оставам на времето и и на него ако ме сака ќе се врати што било случај и во претходните разделби.
    Прво се разделивме заради недоразбирања по еден месец ме молеше се смиривме, Вториот пат се случи истото и се смиривме по 6 месеци пак по негова иницијатива и овој пат ете заради која причина и затоа повторно незнам дали да му пишам јас зошто знам дека сум виновна или па да почекам да видам дали тој ќе ми јави ????
    плсс и неед хелп

    Беше само негова одлука да се стави крај јас секогаш се борев за врската и верував дека ќе биде подобро и подобро ако сакаме ќе успееме меѓутоа тој секогаш ставал крај и после повторно тој молел затоа се двоумам дали сега јас да бидам таа што ќе превземе иницијатива да се смириме зошто верувам дека ќе успее ако се смени начинот на кој одевме но несакам да молам мислам дека сум напорна и дека уште повеќе го отргнувам од мене :worried:
    А кавгите секако произлегуваат од двајца но повеќе од мене само заради тие глупости што секогаш му викав за фб поминува многу време на него што прави толку дека сакам пасворд да ми кажи и никогаш не ми го кажа и заради тоа помислував дека има нешто секогаш барав да ми докажува дека ме сака и имаше премногу притисок од мене и нервози а во глобала ако го немаше сето тоа мислам дека беше се во ред
     
  3. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Јас мислам дека доколку ти си виновна за крајот на врската, тогаш ти си таа која треба да се извини. БАРЕМ да се извиниш за твоите постапки. Јави му се, викни го на кафе и зборувајте. Кажи му дека се каеш и ти е крво зашто така си се однесувала, и види ја неговата ракција. Немој одма да почнеш со патетеики од типот се ќе се смени, ветувам дека ќе бидам подобра и се тоа... Само извини се, признај ја твојата грешка и види ја неговата реакција. Барем нека знае дека си ја увидела грешката. Доколку навистина те сака, тогаш можеби уште веднаш ќе се случи нешто меѓу вас..Но јас сепак мислам дека најважно е прво да зборуваж со него, да му дадеш до знаење дека го сакаш и тоа си го правела од љубов, и да се извиниш... А за да го прашаш да продолжити.. доколку сега тој не ти каже, тоа направи го ти, но на следниот муабет ;)
    Поздрав, и кажи ни што си направила :*
     
  4. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    искрено мислам дека си претерала во однесувањето.Само стави се во негова ситуација па тебе да ти вика за фб,па љубоморни испади,па уште и пасворд да ти бара.Како и да е работата не завршила на добро,премногу си го напнала и дај му време.Па никој не сака да биде нечиј роб во врска.Ако сака да биде со тебе повторно можеби ќе ти пријде но мислам дека ако пријдеш ти прва ќе нема резултати.Се надевам дека ќе имаш полза од постов.позз
     
  5. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Па, можеби и криел нешто и затоа не ти го кажувам пасвордот на фб, а можеби и само едноставно не сакал да ти го каже. Дечково те сакал, ама човек колку и да сака ако некој постојано му врши притисок ќе му пукне филм. Ако ти мислиш дека треба да преземеш иницијатива, преземи.
    Но, јас би те советувала да не преземаш ништо и да оставиш работите сами да си течат. Искрено мислам дека нема шанси да се смирите, зашто знам ист потполно ист ваков случај и истите зборови кои ги пишуваш ти. Мислам дека на дечково стварно веќе му дошло преку глава од твојата љубомора и од тие расправии за глупости. Тоа што сакал да биде малку слободен без обврски значи дека сака да види како ќе му оди без тебе, може има и некој план па ако му се оствари ќе ти каже чао пријатно засекогаш, а ако не ќе ти се врати.
    Чашата еднаш кога ќе пукне после колку и да ја лепиш не може да биде иста. Стави крај на врскава, ќе те боли и ќе ти биде тешко, но се се преболува. Знам дека е лесно да се каже, тешко да се направи, но навистина се се преболува и се поминува.
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    И јас би те советувала да оставиш мал период да легнат работите да размисли тој....спрема кажаното дечкото стварно те сака,и доколку се смирите размисли малку -ќе ти биде трета шанса и убаво искористи ја...ако го нема тој да те побара побарај го ти,чисто за разговор,не му викај одма дека сакаш да се смирите......
     
  7. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Фала на сите за советите ќе оставам сега се на времето па тоа ќе покаже и ќе ве известам што сум направила :)
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Жени...помина цела недела како раскинавме, знам дека не е некој си период голем за да ми помине тешкотијава, ама мислам дека мене многу тешко ми оди...
    Се слушнавме и видовме вчера, си објаснувавме дека не ни иде заедно, ми збореше како заслужувам некој што повеќе ќе ме цени и почитува од него (до негде во право е). двајцата си го збориме истото и јас знам дека е така, ама многу ме боли што он не покажува дали му е тешко...
    Причината за раскинување уште си стои, и не сакам да бидам пак со него... Не е нешто што он може да смени за да бидеме заедно, трет фактор е, ама аман зашто да не покаже дека му е тешко... Се нервира во себе, го знам, и преку нервоза мене ми се развика на момент вчера, за без потреба.
    Ми вика, подобро било за мене да не сме во врска, не сме скарани, ми вика, ќе отидеме некогаш на кафе негде, не е дека мора да се правиме дека не се познаваме...
    Во право е, не викам не, башка јас бев таа што му раскина поради истите причини што ги набројувавме заеднички вчера... Ама многу ми е тешко на моменти... ко некои кризи да ме фаќаат...
    Постојано сум со луѓе, ама евентуално морам и дома да дојдам и да си се соочам сама со себе дека ете нешто што било преубаво веќе не е....
    Не можам да се помирам дека некоја правилна и исправна одлука што ја донесовме треба да биде волку тешка...
     
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Рано е девојко за да ти помине. ете сте решиле, знаеш дека е исправно и не пати. Не е прв ни последен, мажи има колку сакаш, не вреди да се жртвуваш за никој. Кога животот знае да биде суров со нас, ние мора да бидеме уште посилни, јас раскинав 3 годишна врска и воопшто не жалев затоа што тој не вредеше, не ме заслужуваше, исто како што велиш и ти дека тој не те заслужува. И после, зошто да ти покаже дека му е жал? така ќе ти биде потешко тебе! Гледајќи го ти ладнокрвен, послено ќе ти биде, и ти треба да си таква, мисли на себе и на никој друг, сами си ја градиме среќата кога станува збор за љубовта, немоќни сме само кон вишата сила, се друго е од нас.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Како да го преболите во 6 фази ...
    1-2 недели по раскинување -Фазата на негирање Прекинете секаков контакт со бившиот.Немојте да му се јавувате,ниту да се среќавате со него.Промена на средината е секогаш добро решение.
    2-4 недели - Фаза на повлекување Иако тагувањето е неизбежно,мора да започнете нов живот.Ако чувствувате потреба да се осамите ,направете го тоа.Но во одреден миг ќе мора да се насочите кон позитивните аспекти на вашата личност.Не и се препуштајте на судбината,работите земете ги во свои раце!
    6 недели по раскинувањето - Фаза на гнев Иако гневот е очекувана реакција по раскинувањето,кренете ја главата високо и станете подобра личност.Вашиот партнер можеби изгледа рамнодушно,но вие знаете колку му е тешко.
    2-3 месеци по раскинување - Фаза на откривање на загубата
    Трансформацијата во физичкиот изглед може да дејствува позитивно врз психологијата на жената.На тој начин се поттикнува самодовербата,особено кај жените што не се навикнати да излегуваат без својот партнер.Кренете рачна!
    4-6 месеци по раскинувањето - Фаза на оживување на минатото
    Врските во оваа фаза од раскинувањето ви овозможуваат да расчистите со минатото и жените најчесто избираат маж што потсетува на бившиот.Не покажувајте отворено дека сте гладни за љубов.Можеби веднаш ќе го најдете вистинскиот,а можеби и нема.
    6-9 месеци по раскинувањето - Фаза на конечно прифаќање
    Можете да се сретнете со бившиот,а да не ви затропа срцето.Не настојувајте да останете пријател со него.Прифаќањето е долготраен процес,но по пат ќе постигнувате победи,кои дополнително ќе ве мотивираат.
    Девојко ти си уште на почеток :)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    ^хаха добро е ова, јас ги имав сите фази неделава :) :D :D
     
  12. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Ауу па ептен брзо ќе ти пројде тебе :D ,освен ако не ти се повторуваат пак секоја недела :tmi:
    (Не ме слушај тресам глупости) :D .Ајде со лесно нека е ;)
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Теди, нормално е да не покажува дека му е жал. Кој нормален човек би покажал жал, кога прекинува нешто, а да речеме не сака, макар што јас и не знам што е причината, не знам дали си ја споменала и нема да навлегувам во неа. :) Јас кога прекинувам врска, можам да бидам само лута и нервозна, да му се развикам без потреба на другиот, а не бидејќи сум, туку бидејќи ми треба сето тоа за да можам да се завртам и да заминам (а, всушност не сакам да заминам, но го правам за доброто на општеството, т.е јас и тој и околината, која инаку би била сведок на скандалите наши :) ). Ќе помине ќе видиш. Не знам тоа што ќе се гледате колку ќе ти помогне, бидејќи мене не би ми искрено, ќе треба да си ги игнорирам чувствата и да се преправам дека е се во ред, дека сум некому пријател, а јас ниту сум му пријател, ниту сакам ситуацијата да е каква што е, а таква е бидејќи така треба да биде.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    не, не, Нема да се гледаме.
    Вчера видов дека само потешко би ми било, туку само спомнав дека не сме скарани, дека ми рече дека за кафе е секогаш ЗА! Ако го викнам, а нема. За мое добро.
    Знам дека ќе помине, ама искрено убаво ми е да прочитам вака утешни зборови...
    А и искрено ова ми беше прва врска, онака посериозна, не детска...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Млада си, па со тоа и потешко се остава зад себе заедничкиот период. Времето ќе ти донесе нови работи, се помалце ќе мислиш на тоа, и тешкотијата ќе пројде :) Верувам дека сега се чудиш како ќе излезеш сама, ама мисли на тоа дека секогаш некој подобар ќе биде тука за тебе. Еве не сите, помисли на нас, сме имале сите по некој дечко, па сме раскинале, па сме фатиле друг, и така се додека не сме нашле некој „посебен“, така и ти. :)
    Врткај го паметот кон други интересни нешта, и не го барај за кафе одредено време. Ќе пројде. Ти посакувам се најубаво :)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Теди, не покажува дека му жел и дека му е тешко затоа што е машко, и нема никогаш да покаже, ќе покаже дури тогаш кога ќе сфати дека те изгубил, а сака да му се вратиш, е тогаш ги имаат они тие фази на каење и тешкотии, а тебе до тогаш ќе ти помине се и нема ни малце да ти биде ѓал и тешко поради тоа ;)
    Една недела поминало, ќе помине и уште една, и уште 2 додека да зборавиш на него, убаво си правиш, забавувај се искачај, занимавај се со било што, ќе видиш дека поубаво ќе ти дојде.
    Јас на пример сум многу чудно суштество, кога ќе ми се случи нешто такво, седам дома и плачам максимум 1 недела, а после тоа ко ништо да не било :lol:
    Немој да контактираш со него, дури и ако го имаш на мсн, скајп или фб, никогаш не се ставај онлајн за него, за да неможе да искумуницира со тебе, нека види дека те нема, едноставно си зафатена и немаш време за четување со него, а ако се видите, сретнете негде, не покажувај ни ти жалење, онака со насмевка речи му здраво и толку ;)
    Треба да види дека ти е боље вака :)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Луѓе помагајте некако, некој совет некое искуство слично.... :( Како што имам низ неколку теми напомнато сум во врска еве некаде 1 година и 2-3 месеци. Работите почнаа да не одат како што треба. Секој ден кавги за глупости. Едноставно ми се здосади , се измачувам себеси секој ден со нервози а од друга страна пак незнам како да раскинам. :( Се чувствувам многу осамено, немам од кој да побарам совет се плашам дека нема да го добијам вистинскиот. Се чувствувам и премногу напнато во врската неможам слободно да излезам ни со некоја другарка ни со пак некој од дома. Морам за се отчет да давам. Постојано сме дома ретко излегуваме а и кога сакаме да бидиме на само не можеме. Кога сакам да му се јавам или јади или спија или се капи или некој спија од кај него. Навистина хаос. Постојано сум нервозна. Качив и килограми од нервози. :( Животов ми стана монотон изгубив желба за се едноставно за се. Нема насмевка на моето лице. Не знам како да ја подобрам ситуацијата. И од кај него дома не ми се по кеф некако особено мајка му. Некогаш не внимава што кажува, дали со тоа ќе повреди некој или не, ама воопшто не и е гајле. Наклонета е кон поголемиот син и само тој и женската неговаа и се во уста. Ми е здосадено да ја слушам. Почнав и многу ретко да одам кај него. Не сум љубоморна ама мразам да ми форсира некој цело време како да нема за што да се зборува. Постојано се тие во центарот на вниманието и кога сакаме да сме насамо од нив неможеме секогаш тие се заедно и зафатиле пред нас. Нешто ако си купиме за јадење мајка му трча кај нив да однеси, како божем таа да купила. И кога ќе му речам него нешто што ми смета тој не прифаќа ништо. Жал мие за него и последниот динар го вложува за дома и пак немаат осет спрема него. Се случило многу пати во недела да го заповедаат нешто дома да работат. И да сакаме нешто да испланираме неможиме а брат му си шета слободно тогаш тој нема обврска дома. И неможам да не се лутам навистина многу вложувам да биде се ок ама не сака и не. :( Си размислувам ако сега е така, тогаш што ќе се случи во брак. Секогаш последна виолина. Туркана и потценувана. Имам такво некое претчувство.
     
  18. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    milicka19 разговарај отворено со него и кажи му ги сите овие работи и на него, искрено и јасно. Ако не сака да прифати, обиди се да му објасниш што поточно тебе ти смета. И мојата ситуација е слична како твојата, но дечко ми не им се замара на неговите дома, ќе си се затвориме во соба и око не ни трепка. Не мора да значи дека понатаму нема ништо да се смени, можеби и тој ќе си увиди што и како е па ќе се смени.. Но, можеби и не! Ти ќе си процениш што тој мисли преку разговорот па одлучи што ќе правш.
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот ќе се обидам да разговарам па што ќе биде нека биде. Еве сега пак се јавив пак ми спушти слушалка “спијал“. Во 24 часа од денот 23 ги спија. Не знам повеќе ни што да мислам ни што да правам се чувствувам како досадна незнам дури ни самата како да постапувам. Сепак фала ќе видиме што ќе биди.
     
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Не би сакала да те вознемирувам,ама некако тие негови изговори, ме наведуваат да мислам дека тој те избегнува.Причината може да биде било која,презаситеност, монотонија или едноставно чаламење зашто знае дека тебе ти е битна врската и се ќе направиш таа да добие поинаква насока од онаа во која моментално се движи.
    Мислам дека треба малку да ја спуштиш топката и да чекаш тој да го преземе наредниот чекор.Ти си се потрудила сосема доволно, сега тој е на потег.Нека не те плаши времето кое е зад вас или помислата што ако не се јави?
    Ако не се јави, ако не те побара, значи се надзира почетокот на крајот.И да е така, пушти го.За љубов треба двајца.Ако треба да раскинете, не се труди да спасиш нешто што не го бидува, само времето што ќе ти е потребно да го користиш за преболување, ќе го искористиш за уште една голема агонија.Биди паметна и играј тактички.Човек што сака, спремен е целосо да се покори и да се предаде, а спанкото нека ужива мирно во својот сон,направи му да сонува да те има повторно.
    Се надевам ме сфати што сакам да кажам. ;)
     
    На mims-89 и milicka19 им се допаѓа ова.