Сеа ќе си нагаѓаме? НЕ! Ако се грижиш за сегашниот дечко и неговите чувства т.е ако му смета нешто, нема да правиш и точка. Ни да ѕирнам, ни да го потклај, ни ништо БИВШИОТ. Накратко, јасно и концизно кажано, па колку сакаш лути се.
Бившата никако не ама се друго може, цел фб, цел инста и сите рандом ликови и сите инфлуенсерки да ги манијачи абе се, само бившата не!
Што може да биде ако ете некогаш му текнало го интересирало да отвори и да види? Сеедно ми е. Е сега ако дознаам дека пишувале, се слушале и гледале тогаш тоа е друго. Ама да отвори и да види не е ништо негативно според мене и тоа не значи ама апсолутно ништо.
Ако имам дечко кој би му сметале вакви работи ондак изгледа јас сум згрешила нешто во изборот на дечко.. Не дека тој не чини, ама нели треба да сум со некој со кој ќе имаме исти или слични ставови.. За мене е банална работа да се отвори нечиј профил, во случајов на бившиот/бившата. Тоа не значи дека не го сакам или не ме сака.. Или дека едниот му прави нешто лошо на другиот со тоа.
Па не е баш така. Ако отвори да види значи дека се уште се интересира за неа, што и се дешава, што прави општо, до каде е и сл.
Не знам што да ти одговарам на ова, ова е толку детски што веќе сум го поминал тој период, пубертетски.
Остај овие филозофирања, некогаш од толку што ве почитуваат и ценат, се губите и не знаете шо прајте. Треба малце да се има почит и разбирање меѓусебе или едноставно не сте сигурни дека седите на една столица. Ко че сте стабилна личност и нема вакви глупи испади, тогаш сте зрели и спремни за врска. Дотогаш терајте, можеби и поарно е да сте сама отколку да тормозите некого или некоја.
Ама сте драматични Ако има девојка која никогаш не отворила профил на бивши, тогаш секоја чест. Да, разбирам како изгледа тоа од страна на партнерот, ама ја направивте работата како којзнае што да е. И јас имам отворено и тоа ама баш буквално ништо не ми значи, ниту менува во врската. Ако сте толку самоуверени, зрели и сигурни во тоа што го имате, не би требало да има толку драми околу ваква ситница.
Само правев резиме на претходните муабети и на твојот воедно. Искрено нит едното нит другото ме допира и не се замарам јас за такви ствари, али и бивши и рандом скролање не ме занима нит сакам да знам
Жалосно е што во долги врски немате доверба и се плашите да разговарате со партнерот за сѐ што ве мачи и што ви пречи, без разлика дали е рандом лајк на инста или фб, или пак проверка на профилите на бившите. Жалосно е што поради еден или двајца примероци на кои сте налетале, мислите дека се сите исти. Жалосно е што сметате дека луѓето на кои не им пречат рандом лајкови или проверки на профили на бивши, се толку очајни што би трпеле било каков партнер само да го имаат покрај себе. Ќе си најдете партнер каков што сакате, само поработете на самодовербата и не бидете токсични во врските. Оти од токсични луѓе сите бегаат.
Ne e normalno da se lajknuva sliki na random zenski neznam oti ova go svakate kako normalno, i si go prifakate..
Мене од цела дискусија, ова ми падна во очи. Како знаеше дека те пребарува, има начин да се дознае? Инаку, да се надоврзам за ова. Раскинав 5 годишна врска и поминаа некои 2 години мислам, а бившиот брзо после мене си фати девојка некои 12-13 години помала (сега му е жена и имаат дете). И девојчево веројатно љубопитна која сум, каква сум, ми го гледала профилот и претпоставувам несакајќи ми стави лајк и брзо го тргна. Се насмеав само онака ама искрено ептен жал ми падна, кај го зема за маж оној, па дури и ме манијачеше и лајк по грешка стави. Поједе ме туџа срамота.
Ама јас и ти не сме иста личност, не знам како не сфаќате дека е сосема нормално да имаме различни ставови.
Не оти ова е толку многу опасно колкушто,сите сме многу свесни дека лајкувачите секогаш потоаа дали зафатени женети и сл. пробуваат дискусија и.т.н. Од таму произлегува таа загриженост дали има нешто бидејќи ретко кој лајкувач останал на тоа за машко зборувам.Секако ќе проба е сеа понатака мислам зависи од женското. Имаше еден виц дали постои маж што сака само една жена.Да има ама то га не спречава да јебе шта стигне .И така.
И тој штоне лајкнува постои веројатност да почне разговор. Лајкот нема врска едно со друго. Туку вашата ниска самодоверба и/или недовербата во партнерот. Нема ништо полошо пд токсичен партнер каде треба да го правдаш секој твој лајк.
Имав еден случај што и ден денес си се смеам кога ќе ми текне. Ми пишува дечко здраво му вратив од култура здраво. А немав нешто време да го разгледам профилот. Потоа почна да си пишува па ај да се запознаеме кафе даа излеземе и.т.н. После една недела ми излегува на времеплов човекот слика прстен дека се верив. Е ми се згади, пошто е превише мизерно.Како прво можев јас да се најдам на местото на девојката како би ми било со таков маж... Човек што планира де се жени да се закачува на други... И заради тоа и Х многу други случаи ќе кажам за верување ама на никој не му верувам. Искрено сигурен во никој неможеш да бидеш колку и д ати глуми вернност љубов а тие највеќе уствари позади грб работат.
Ако некоја жена повреди маж, дали тоа значи дека сите жени се исти? Во ред е да си претпазлива, сосем нормално е, ама не ги ставај сите во исти кош.