Леле детски муабет.... Ако можеш, воздржи се од тоа ти да го бараш, да му пишуваш, да му викаш да излезете и не го прашувај што му е. Значи остави он да те бара. Јас имав ваква ситуација со бивши, кога ќе го барав почесто ете вака ко твојов, кога не го барав, кај си, се губиш, ќе се видиме ли итн. Нашето заврши, незнам твоево како е, што е, ама ако го оставиш малце и почне "да трча" по тебе, терај види како ќе оди понатака. Ако не, си знаеш
Misli deka te ima osvoeno i zato taka si praj, ako si tolku zainteresirana za nego i sakash da se svrti kolceto pokazhi mu malce zabi i ignoriraj go, kje vidis sam kje se vrati. Ali takov ili takva vo slucajov jas da bi biral, bi ja trgnal smesta i nema voopshto da si pisuvam nitu pak da se gledma xD
Ќе ве молам за совет Со бившиот дечко врската ни почна ненадејно и одевме една година..Се беше океј чувствувавме некаква љубов и двајцата се додека не замина да учи во друг град.Со тоа ни се намали излегувањето,а од негова страна се намалија и чувствата.Кога ми кажа дека нема повеќе никакви чувства кон мене се уништив...Можеби звучи чудно но некако како да се роди уште поголема љубов кон него.Значи го сакав уште повеќе од кога бевме во врска.Тој период излегуваше со друга.Јас постојано му кажував што чувствувам но се однесуваше многу ладно као демек океј сакај ме,убаво.Понекогаш и ме навредуваше.Сега после две години откако раскинавме почна да ме бара..а пак јас пусто срце не издржа да не му врати..Почнавме да комуницираме и излеговме еднаш.Повеќе не е “ладен “ како што беше тој период.Се однесува како на почетокот на врската,и што е најважно ме разбира кога ќе му кажам нешто или нешто што чувствувам,но ми нема кажано дека тој чувствува повторно нешто кон мене.Што мислите дали заслужува повторно шанса?или се ова е само една лага
Си игра играчки со тебе. ако си му битна, ако и било лошо на мајка му можел културно да се извини дека не може да ти врати а не да те игнорира и да те пави уште дека си виновна. Не знам зошто се замараш со некој ваков што нема никаква почит ниту пак култура.
Ти се вратил најверојатно затоа што во моментот нема друга опција. Тој што те сака не те остава толку лесно.
Се согласувам потполно. Многу мразам кога некој ме остава на seen, ќе го снема сред разговор, па ќе треба да се молиме за објаснување а згора на тоа па на крајот и обвинувања, манипулација. Еднаш или два пати ќе прогледам низ прсти, затоа што можеби во тој момент навистина не можел. Прв слободен момент, кажи што имаш, ама ако и тогаш "не можеш" аривидерчи. Нареден пат, прекинувам контакт и интерес ако истото му е навика. Ако сум одвоила време, мора да го почитува тоа. А реално да гледаме секој може да одвои минута две за да објасни, ако си му битна. Ако не си, се знае.
Здраво ме молам за совет/мислење. Во врска сме 4 месеци, на почетокот како и обично најнормално секоја нова врска што почнува, запознавање со негови другари едно друго...Во буквална смисла допишување 24/7, спиење на мобилен, гледање едно друго, лигавења..Човекот покажа преголем интерес за мене и јас за него. Во петокот беше се океј најнормално, нешто се допишувавме вечерта пред спиење и на последната порака што му ја пишав во саботата кога станав видов дека нема повратен одговор ниту seen и си реков ајде можеби е зафатен ќе пише, но по неколку часа сеуште ништо. Ме фати анксиозност( кога го нема подолго време ме фаќа паника поради некои работи што ми се дешавале претходно, ме мава параноја..)и во текот на целиот ден му свртев 7 пати на телефон каде што тој не ми крена ниту еднаш, последните два пати кога свртев го исклучил телефонот и згора на се му пишав и 3 пораки на инста после тоа. (Сфатив дека испаѓам напорна...) После 40 минути само ми срцнал една од пораките која што гласеше ,,Јави ми се" и јас сфатив дека ќе ми се јави или пише но ништо, ме игнорира два дена. Значи од саботата немаме никаков контакт, тој ни ми пиша ни ми се јави. Недела исто ништо. На инстаграм ми го отвара секое стори ама не ми ја отвара последната порака. Јас повеќе не пишувам нити се јавувам, сфатив дека испаднав премногу напорна во саботата. Нека изреагира он прв, другарка ми кажа олабави неколку дена нека те снема и другар истото го кажа да не се замарам и да не му се јавувам воопшто и да не му пишувам. Прашањето ми е зошто ме игнорира два дена од нигде никаде??? Мислам дека испаднав малце напорна со пораки во текот на целата недела, иако не пишував претерано нешто.. Ако имаше нешто ќе ми кажеше, не разбирам што е работава. Се осеќам напната и анксиозна.
Можеби си напорна, но негово е да ти каже дека му пречи, кој би испарил така од нигде никаде?Kако луто дете се однесува. Ја би го блокнала, не вреди нишо за таков.
Сигурно има причина зошто така брзо се тргнал од тебе. Не би рекла дека си игра некои играчки но можеби само те тестирал за тија 2-3 дена (колку сте биле во врска) или пак запознал некоја друга до дека сте биле во врска, ама таа му испаднала по интересна од тебе. Можеби некој му јадел гом*а за тебе па сеа те игнорира. Можам да набројувам многу но и ние не ја змаеме причината... Мој совет ти е да не му пишуваш веќе, ако ти пише и ти го игнорирај. Само не ми е јасно едно зошто ако се случило нешто озбилно не те блокнал (зошто така прават обично)... шом не си му ма блок сигурно пак ке ти пише.
Поим немам. Ама веќе си го барала ти...премногу пати, така да би ти рекла сега да олабавиш и да не го бараш повеќе. Терај си денот. Ако ти се јави он, ќе го прашаш отворено што му е филмот со такво понашање.
Како може он во врска така да се однесува, мене тоа не ми е јасно каде е неговата “култура“ и “љубов“? Батали го, очигледно му здосадило, не го знам човекот не можам да влагам во заклучоци, ама јас мислам дека два дена да не се слушнеш а си “во врска“ не ми е јасно..? Но, познавајќи го добро машкиот пол, за два - три дена сам ќе дојде со некој глупав изговор. Глеј ти да не се замараш, бидејќи он кулира (ако не е преголем проблем (под дифолт), ма да за порака 2 минути треба, ако сака може, очигледно не сака). Позз и секое добро.
Бившиот има причина зошто е бивш и како таков треба да остане. Вообичаено се враќаат кога немаат никој во животот. Тој имал друга во меѓувреме, си му изразувала љубов, си се понижувала, те навредувал.... Сега сте заедно! Толку, ништо повеќе нема да кажам. Размисли си. Пресмешно, несериозно, детско однесување. Не си напорна, си го барала дечко ти да го слушнеш. Помислуваш на најлошото, ни на крај памет дека не сака да те чуе и да ти одговори на пораките. Колку да ти изгледале совршени овие четири месеци, верувај дека постои причина за неговото игнорирање. Меѓутоа, ова не е начин на кој се решаваат проблемите во врска. Да, не треба да го бараш повеќе. Внимавај како ќе изреагираш ако се реши да те побара.
Или видел дека уште го сакаш и може да те манипулира како сака или видел дека уште го сакаш, сфатил дека нешто пропуштил и те сака назад. Поверојатно ми е првото. Разговарајте ама чувствата стави ги во втор план, користи го разумот. Просто однесување од негова страна. Не му пишувај, не го барај, разбирам дека се нервираш поради тоа ама прави нешто друго во меѓувреме, остави сам да те побара ако му требаш.
Од десно на ФБ во People you may know, излегуваат сите што ти го гледале профилот, а не ти се пријатели, исто на IG излегуваат во Suggested friends for you. А бившата девојка на мм дури и ме додаде за пријателка на IG, ама глупа, требало да си го тргне старото презиме од профил, можда че ја прифатев на новото, оти не знаев која е
People you may know се луѓе што го гледале профилот, зарем? Јас секогаш сум мислела дека се само случајни предлози.
И маж ми е ИТ и вели дека не е така. Да ги седниме да се договорат кое е точно, да немаме збунки овде без веза