Искрено не верувам дека е така, зошто после 10 години и текнало за мене, и баш тогаш ми излезе, а после ме блокирала
Спомени за бившата девојка на маж и?! Дај не ме зафркавај, ме имаше блокнато, па по 10 години од ко се омаживме/оженивме ме одблокирала, еј види се омажив со овој твојов?! Па ме блокнала ?! па ко тинејџерка не правев така, не на 30 години ?! мнооогу детски, не ја мислев дека е таква
Не е така, најчесто се луѓе што ти си им го гледал профилот.Секогаш кога и да разгледувам нечиј профил после ми искача да ја додадам личноста, ососбено ако имаме повеќе заеднички пријатели. Или па ако ти се поврзани фејсбук и инстаграм ти ги дава тие што ги имаш на инстаграм да ги додадеш и на фејсбук, и обратно.
Игра на судбината Се шалам, сигурно е заради заеднички пријатели. Имаше едни апликации за да дознаеш кој ти уклучувал профил, е дали се точни не знам.
Ne e tocno 100 % nema vrska.mene pa bas mi iskacaa luge so nema vrska i nikad ne sum gi prebarala. Ova so toa nema vrska nikakva.
Пипл ју меј ноу, името си е доволно. Тоа беше онака пуштен муабет дека се луѓе што те пребарале. Имаат инста и фб комплицирани и многу напредни алгоритми и затоа може да спои луѓе шо не се виделе петсто години.
Абе читам по темиве сингл, врски, проблеми. Се жалат многу неверства, лајкови, социјални мрежи, недоверба, сомнеж у партнерот, се барало само секс (станува стандард некаков), уан најт стендови, фак френдс и што уште не. Ова од толку луѓе на форумов во комбинација со све слично што гледам околу мене во риал лајф, некако доаѓам до заклучок дека нешо се сменило или се мењава и дека све забегува по некои вакви нови трендови. И ме потсети на едно истражување шо го читав за после светските војни. По нивното завршување социјалниот свет и врските меѓу луѓето комплетно се менувале. После втора светска војна дури има и еден период што историчарите и социолозите го нарекуваат "тивка сексуална револуција". Претходните стандарди биле заменувани со нови полека полека. Намалени бракови, зголемени разводи, многу поголема промискуитетност кај двата пола. Подоцна се појавиле и движења како хипиците и тн. Објаснувањето е дека коа луѓето се под стрес/притисок/исчекување/страв, дека после ова се "мрднуваат" и си викаат преживеав дај сега да пробам све што можам и што треба и што не треба оти можда ќе умрам. Е сеа поентата ми е, пандемијава многумина ја нарекуваат 3та светска војна (без да навлегуваме у конспирации). Како и да е, факт е дека луѓето се под стрес/страв/исчекување/скратени права итн итн. Дали мислите дека можеби токму поради пандемијава, луѓето се впуштаат во работи што инаку не би ги направиле, како куче пуштено од ланец? Особено во поглед на врски/секс/брак. Дали ни се дешава некаква "тивка сексуална револуција" како што се десило после скоро секоја голема криза на човештвото?
Јас не сметам дека е поради пандемијата. Такви бевме и пред тоа. Сметам дека сето ова е од социјалните мрежи и дека порнографијата стана голем дел од мејнстрим културата. Ние како женски гледаме не знам какви модели, исфотошопирани, оперирани, и се споредуваме со тоа. Немаме никаква самодоверба и со тоа сметаме дека не сме доволно добри. И пример коа ќе видат партнерот дека лајкнал некоја која е се што сакаш да си, те повредува на некој начин, бидејќи сметаш дека таква му се свиѓа, а тоа не си ти. За порнографијата сметам дека го изопачи сексот. Сум читала за зависници на порнографија кои после не можеле никаков контакт (емоционален, социјален или физички) да имаат со поединци од спротивниот пол, а има и такви што силувале. Сега тоа се некои екстреми секако. Но, ако земеме просечна возраст на која сме почнале да се интересираме. гледаме, па и мастурбирале. Околу 12-13 години. Дали е нормално, дете да се едуцира за сексот на таков начин? Знам многу што мислеле дека нешто не е во ред со нив, само зашто не било ко на илјадниците порничи што ги изгледале.
Исто како членката погоре, мислам дека нема влијание пандемијата на целокупната ситуација туку социјалните мрежи. Социјалните мрежи се застапени во секоја сфера од нашиот животот и имаат огромно влијание врз развојот на една млада индивидуа. Ако приметуваш не се само пореметени односите помеѓу партнери, перијатели, колку само има личности незадоволни од самите себе и колку млади личности страдаат од анксиозност, депресија поради фактот дека нивниот живот не наликува на тој од социјалните мрежи. Има многу да се пишува на оваа тема.
Нели партнерот ве сака заради тоа што сте, а не дека сака да сте како некоја што ја лајкнал или јас сум ептен директен искрен и знам на што сум или па не разбирам нешто?
Здраво на сите, потребна ми е помош бидејќи стварно не знам што да правам. 6 месеци поминаа откако раскинавме со бившата но некако не ми поминува. Ќе пробам да бидам што е можно пообјективен бидејќи и јас сум грешел, но би сакал генерално мислење да ми дадете за врската и совет како понатаму. Најдобро да почнам од почетокот: Прва девојка ми беше и бев презаљубен во нејзе.Бевме заедно 2 години, јас 23, таа 22. Врската ни беше лонг дистанс (45мин оддалечени така да и не е баш лонг). Секој викенд бевме заедно каде што или таа преспиваше кај мене или јас кај нејзе така да не беше проблем.Се запознавме во Германија на Work and Тravel каде што живеевме во ист стан 3 месеци и премногу се зближивме и засакавме. Правевме планови да се преселиме заедно во Германија, ми викаше да ја побарам за жена неколку пати.Таа беше екстроверт, јас до негде интроверт но некако си се надополнувавме заедно. Црвените знаменца се појавија уште додека бевме во Германија, но јас бидејќи ја сакав ги игнорирав. Телефонот и се скрши и често го користеше мојот да се логира на инстаграм или фб, а патем и да ми пробуричка по пораките. И еден ден ме прашуваше за една колешка со која што чат-пат се допишував и јас и објаснив се и ја смирив. Меѓутоа не и се допаѓаше колешкава и ми забрани да се гледам со неа, а буквално само на факултет се гледавме. Со колешката никогаш ништо не сум имал, дури подоцна ја запознав да се увери и самата. Е сега доаѓа интересното, неколку дена пред да се вратиме за Македонија, го заборава инстаграмот логиран кај мене на телефон. Прв инстинкт ми беше да се одлогирам, и го направив тоа, но пасвордот беше зачуван некако автоматски. Кликнав да се логирам на мојот и си продолжив. Се враќаме во Македонија, све супер, се гледаме редовно, се слушаме. И така еден ден менував пасворд, па морав да се логирам повторно, и ми даде избор меѓу нејзиниот и мојот акаунт,а пасвордот автоматски се внесе нејзин и имав пристап. И што да видам.. Се допишуваше редовно со бившиот, му праќаше слики, оние што не можеш да ги видиш отпосле меѓу кои и со еден друг дечко кој никогаш ми го немаше спомнато, нити како другар нити како нешто друго. А со другарите ме запозна. Девојчето беше ептен "девојче" што се дружи повеќе со другарки и имаше само 2 машки другари со кои што не се ни допишуваше, и ако веќе искочеа искачаа во друштво бидејќи најверојатно немаше ни заеднички теми со машкиве. И се е тоа ок и нормално. Она уште на почетокот ми нагласи дека со бившиот раскинала ради љубомора и затоа се трудев да не бидам, и како што реков иако она ми го чепкаше мојот телефон јас нејзиниот не, ова ми беше многу сомнетително. Сомнежот ми се потврди кога видов дека овој дечково по размена на фотографии и пишал "ќе ти ги изгризам усните", на која она врати со фотографија, а сликите не можам да ги видам. Мене тука ми пукна филмот, глумам дека се е ок, и го земам нејзиниот телефон, и го отварам чатот и ја прашувам што е ова? Кои се овие 2ца и зошто се допишуваш со нив? Она го зема телефонот пред да можам да скролам по чатот и пазете ги избриша двата чатови пред моиве очи, и ми кажува мртва ладна дека го направила тоа за да зачува простор на телефонот. (???) Потоа и кажав дека све имам прочитано, демек вчера сум го видел чатот, и почна да плаче, да ми се извинува и да ми кажува како не може да живее без мене. Дека тоа бил некој другар нејзин што ја сакал но она него не. Не знам што ме натера да и простам. (после 3-4 месеци откако се случи ова и се смиривме , ми призна дека не бил само другар дека било пошто не знаела дали сум јас сериозен со нејзе или не) Верувам дека секој нормален човек тука би ставил крај на врската. Колку наивен сум бил. Пасвордот уште го имав. 2 дена подоцна повторно се допишува со типецов и му праќа слики. Конкретен доказ немав дали се гледаат но не можев да издржам, ваљда дека некако сакав да спречам нешто да се случи и и викам, ти го имам пасвордот, престани да се допишуваш со тој или тоа е тоа. Тука и мене ме направи крив но некако се смиривме. После го смени пасвордот и немав веќе пристап до нејзиниот инстаграм. Знаев дека доверба во нејзе никогаш повеќе ќе немав но се уште ја сакав. 1 Година подоцна, и го најдов пасвордот во контактите зачуван. Се допишува и праќа слики со некојси друг рандом типец, но сега изглега сумљаше дека и го имам пасвордот и ги бришеше сите чатови одма така да ретко фаќав нешто. Си се лајкаа наизменично на инстаграм но одеднаш се одследија и како ништо да не беше. (Ова многу ме зачуди, дали за внимание го правела или што друго) Но ништо не кажав да не ме дознае нели. Исто така дознавам дека ми има кажано дека ќе оди да спие, а на другарка и и пишува дека ќе излегува... Ама немав доказ и се надевав на најдоброто... (сега кога го напишав ова гледам колку сум бил и глуп). Е сега јас бев на семинар од факултет со колеги и колешки што и кажав на бившава, и на враќање и правев друштво на таа колешката на којашто беше љубоморна до маркет да си купи нешто за јадење. Тука не здогледува нејзина другарка и и кажува. Тука ми се налути бившава толку што како одмазда она отишла на Водно сама со некој "другар" што го запознава пред некое време во дискотека. По пораките се гледаше дека и се пушта од авион. Дали нешто направиле не знам. Јас надежниот се надевав дека не. Тука и правам филм дека другари мои ја виделе и као демек раскинуваме на кратко но се смируваме. Тоа траеше до летоска каде што дознава дека и го имам пасвордот, се одлогирала од мојот телефон и видела дека и стои нејзиниот. 2 недели не ми прави муабет, јас и звонам само, не се гледаме овој период, ладно се однесува. Требавме да отидеме да работиме во Германија повторно меѓутоа Корона доаѓа и се искомплицираа работите. Само 2 од цела група од 5 души кои првично беа планирани им требале бидејќи работодавциве не очекувале гужви, одат она и другарка и. Се гледаме како за последен пат пред да отиде, ми раскинува, двајцата плачеме, 3 месеци оддалечени, вели подобро да раскинеме пошто и онака нема да бидеме заедно. Јас ја молам, таа упорна не иако вели дека ме сака и дека не може да живее без мене но сум ја повредил со тоа што и криев за пасвордот. Поминува 1 ден, стига во Германија и ми пишува и праќа слики секој ден. Ја прашувам дали сака да се смириме вика не. Се правев ладен, не и враќав на сликите, ми се јавува плачејќи дека сака да се смириме и дека не може без мене. Јас жив среќен, продолжуваме се слушаме и гледаме секој ден на камера. И вака теравме се додека не се врати од Германија, јас во меѓувреме работев тука и баш таа недела терав смена од 11 до 20. Сакав да отидам но немав кога. И реков да почека до викендот да се видиме, или да дојде таа бидејќи е послободна, се противеше, тераше инат. И реков добро ќе дојдам јас за викендот. Поминуваат 2 дена откако таа е во Македонија и ми раскинува по порака. Не дочека ни до викендот. Мене тука ми скурчи и ја избришав од сегде без збор да и вратам. После 2 недели ми поминува лутината и и викам да се видиме, она упорна не. На прашањето зошто ми раскинала ми вели дека немаме доверба, многу сме различни, не е тоа тоа. 2 Месеца проаѓаат без контакт и ми става лајк на фб, а ние се немаме нигде веќе. Башка и слика што сокрила вратила на фејсбук од нас двајца... И звонам да се видиме, надежен дека ке се смириме, вели ајде. Се видовме, ми врти муабети дека ние само во Германија сме можеле да бидеме заедно, тука не, нешто неповрзано, како сакала да се фокусира на себе, гледаше само да ме откачи, се бакнавме како за последен пат. Но потоа ми звони и ми пишува, повторно ја прашувам дали сака да се смириме вика не. Видов дека не сака да се смириме, дека и е само за пажња па престанав да и одговарам на пораки, повици и сега скоро 3 месеци немаме никаков контакт. И сега еден другар којшто се уште ја следи ми вика ставила слика со дечко и. Целото расположение ми се смени. И сваќам дека после 6 месеци јас ама ич не сум ја преболел а таа си продолжила како никому ништо. Како детенце што си ја сака мајка си ја сакав. Така чисто, искрено, наивно. И се уште ја сакам, но денес сфатив дека нема веќе никогаш да ја имам. Јас од тој момент кога ми раскина сум немал желба ниту да се гледам со некоја нити ништо. Еден другар се стави во акција да ми мести девојка, а девојчето дури ме адна на инстаграм, ми ги лајкна сите слики па и на кафе бевме као барем да си го одвлечам вниманието ама желба едноставно немам... 6 месеци се долг период, се фокусирам на се друго, и добро ми оди, ме унапредија на работа, работам на себе, вежбам, читам книги, се гледам со другари редовно, но некако не можам да ја преболам девојкава ниту да продолжам напред. Не знам. Ве молам за помош.
Девојкава манипулирала со тебе и тоа страшно, али те разбирам заљубен си и си мислеше ајде овој пат може ќе биде поинаку..
Целава врска е толку токсична, едвај дочитав до крај се... Според мене најпаметна одлука била раскинувањето. Бришење четови, криење, она со тој, овој со таа, па 4та, 5та, 6та особа искача. Не знам. Мене ми личи на измачување. Цело време да бараш четови, да мислиш со кој си праќа слики, кај е шо е, она толку да те напнува за колешки. Претоксично. Ќе ја преболиш, дај си време.
Пушти ја да оди другар. Со сила убавина не бидува. Не можеш да ја смениш и да се венчате ти ќе си бидеш ист и таа иста. Таа можеби е најпрекрасната личност за тебе ама ете не може да се посвети само на еден, таа си функционира на тој начин. Е сега имаш две опции: 1. Ја прифаќаш болката и живееш со неа и си бараш некоја што ќе ти одговара. 2. Се смируваш со неа, живеете заедно итн. и се правиш луд нити видел, ниту слушнал, за мир во куќата.