Претоксична врска ,арно што си си тргнал од неа .. Иначе за преболување 6месеци се мал период болката е уште свежа па и сеќавањата, чувствата се .. Си треба времеее уште ќе ја преболиш ќе видиш, дај си време и колку што можеш тргај ги мислите коа ќе ти дојдат да мислиш за неа насочи се на други мисли или земи прај нешо или пушти видеа на јутуб било што... Дај си време на себеси ќе помине.
Токсик ол д веј! Кога сме заљубени како да сме излудени и слепи некако, не ги гледаме некои работи, тоа ти е љубовта. Ама овие манипулации и игри што ти ги измавала добро што си раскрстил, седи понастрана за твое добро. А за преболувањето викаат што подалеку од очи тоа подалеку од срце, тоа практикувај го, мене ми помогнало. Кога ќе стапиш во врска со некоја која што ќе те почитува и нема вака да се однесува, сигурно поинаква љубов ќе си доживееш, убаво ќе ти е, многу нормално. Само немој да се нервираш и да се грижиш, се ќе биде во ред.
Се што чувствуваш е нормално, прво тоа да ти кажам. 6 месеци коа ќе размислиш и не се многу, односно за кого како, индивидуално е. Можеби уште 6 ќе ти бидат потребни да ти биде полесно. Одговорот си го кажа самиот неколку пати. Во повеќе наврати си требал да ставиш крај, да се свртиш и заминеш. Збунет си и како и не би бил кога со тебе си играла топло ладно. Дали и било досадно па те барала, дали навистина не можела без тебе, дали самата не знаела што сака, дали и било интересно да си игра мајтап,не знаеме. Се надевам дека знаеш дека девојката дефинитивно не е за тебе. Мој совет е скроз да ја блокираш,значи никаков начин да допреш до неа, не мора никој ништо да ти кажува или пренесува затоа што за тоа апсолутно нема потреба. И најважно, дај си време, небитно колку ќе ти треба.
Само сети се на се' што ти правела, како се однесувала и колку брзо си нашла друг, па ќе сфатиш дека не вреди за неа да си патиш. Е тогаш ќе видиш и сам колку било лесно да пуштиш.
Се испотив додека го читав ова, жими се. Друже... остави ја... сфати го ова како најдобронамерен совет од паталец, не гаталец... "вие сте создадени за да се повредувате меѓусебе ", не е во ред ова. Биди подалеку од неа.
Помогни си себе си и продолжи си со животот. Бтв, имавме еден колега со ненормална хистерична девојка ко оваа што им правеше проблеми на сите колешки и дури се појавуваше на факс кај нас, иако не ни беше колешка, да гледала што правел. Веруј сите мислеа за колегава дека е глупо теле и беше стварно. А тек се што прочитав надолу, само полошо и полошо. Терај си со животот и биди среќен што си се спасил од ваква хистерија.
Единствено полошо на себе можеш да си направиш ако ја бараш повторно или прифатиш било каков контакт. Мисир еден шо го знам, на времето го остави она и после две години ми кажува секој ден се слушале и се јавувал, па она да размислела, па не знаела шо сака и така две години жеден преку вода додека овој живее у надеж. Де ќе го блокира, па ќе го одблокира, па тумачења по цели денови шо значело тоа. Не ми се веруваше коа ми кажа, па и пасворд и дал па му ги читала разговорите зошто на овој си му спомнувал за мене. Од денешна перспектива, знаејќи го типот и цела сторија позади врската(никакво неверство не е во прашање туку мрза за од дома да излезе од типот, освен на работа да оди, досаден тип со никакви интереси ни амбиции, инат, се по негово да е, тотална незаинтересираност за нејзините потреби и ова трае со години), дури мислам малку му било заебавањето од бившава, тотално заслужено. Ти со постапките, да речеме и не си заслужил, по пишаново изгледаш тотално спротивно од аспект на зафатеност и фокус на себе. Ситуацииве не се слични, пишувам од аспект на барање после раскинување. Немој да дозволиш времето да ти минува во мислење што би било кога би било и да станеш огорчен. Блокирај, прекинувај секаков контакт и продолжи да работиш на себе.
Претоксична врска. Сфаќам дека е тешко да ја заборавиш, ама мислам дека воопшто не ти треба таква девојка. Еве и да бидете пак заедно, дали би имал доверба некаква повторно во неа после се? Јас да сум на твое место не би. Многу лажење, вртење, детско однесување - подалеку од ова, мој совет. Млад си, ќе ти помине овој период сигурна сум, не мора одма да излегуваш со друга за да ја заборавиш бившата. Дај си време, прави нешто друго, хоби, работа, ќе ти помине, и сигурна сум ќе си најдеш партнерка во која што ќе имаш доверба, љубов, разбирање. Бидејќи од тоа што ти напиша јас не сретнав ништо од наведеното.
Ако ти е прва девојка сега ние колку и да збориме и да те убедуваме пак ќе ти е тешко се додека не ја најдеш вистинската, тек тогаш ќе сфатиш дека ова вашево не било ни в од врска.. И запомни дека не секогаш љубовта е доволна, потребна е доверба која што кај вас од старт ја немало (ти цело време си ја пазел со кого се допишува, она не ти давала да се гледаш со колешки) и од се најмногу потреба е почит која за жал девојката ја нема спрема тебе дека ако барем малку имала почит на тоа што сте го доживувале немала да се допишува и праќа фотографии на сосема third party личности. И сега седни размисли, дали навистина ти е тешко заради што повеќе немаш некој во животот кој не те почитувал и кој моментално е со друг, или пак, криво ти е заради тоа што едноставно си сфатил дека нема веќе никогаш да ја имаш како и што си пишал погоре
Како малечки дечиња, јас видов порака, и пиша овој и пиша оној, па она виде порака ми пиша оваа, па после пиши бриши пиши бриши. Многу токсична врска било ова, и добро е што си раскинал и верувај дека ваква врска нема иднина. Дури и да те побара, немој да се смириш со неа, ама немој и да фаќаш девојка за брзо време, бидејќи ти се уште чекаш да ти се јави бившата, ако ти се јави ти се ќе оставиш и ќе отидеш кај неа, што значи не си спремен за нова врска. Јас мислам да почекаш уште малку за нова девојка и нова врска, и не се труди да ја заборавиш бившата, таа била дел од твојот живот одреден период, нормално е да ти недостасува, ама научи да живееш со помислата дека веќе ја нема и нема да имаш потреба од неа. И да, однесувај се поозбилно кога ќе бидеш спремен за нова врска и ќе најдеш нова девојка, ако немаш доверба во неа ниту пасворд од Инстаграм нема да ти помогне, а ако немаш доверба во луѓето тогаш поработи на тоа.
Шест месеци и не е некој голем период за да заборавиш некој што искрено си го сакал, за жал не оди тоа така лесно. Посвети се на себе си и не се форсирај да бидеш со друга само за да ја заборавиш си правиш полошо за себе. Треба време, но ништо не трае вечно, кога тогаш ќе запознаеш некоја што ќе ти привлече вниманието, некоја што ќе направи да заборавиш на бившата иако сега тоа ти изгледа невозможно. Не форсирај ништо, прифатија ја болката, работи на себе, а се друго препушти на времето. И немој повеќе да се враќаш на бившата.
Прашање! Дали некој ако ви НАГЛАСИЛ дека вашите средби се чисто поради забава, ќе ве гњави со приватни домашни проблеми и постојано ќе бара услуги од вас? Јас како што сфаќам, забава е сеск без обврски. И крај приче
@banne1 нема да пишувам колку токсична врска сте имале, свесен си и самиот. Некогаш љубовта ни ги затвора очите (особено додека сме млади и незрели) и преминуваме преку работи, кои еве сега гледајќи ги објективно, знаеш дека не се во ред и сметаш дека не треба да се преминат и простат. Искрено, имам впечаток дека девојката нашла 'сигурно тло' кај тебе. Човек што буквално безусловно ја сака. Човек што е спремен да премини преку сѐ, само за да биде со нејзе. Жал ми е што го злоупотребила тоа. Мислам дека тоа играњето топло-ладно е само обид да те чува за резерва. Не те сакам, ама сакам да ме сакаш и да си тука, баш така ми изгледа. Ама, немој! Убаво Старк ти кажа, слушај паталци, не гаталци. Прво, 6 месеци се премал период да преболиш некој што искрено си го сакал. Друго, не сме сите исти. На некој му се потребни два дена да сврти лист и да продолжи како ништо да не било, на некој и години му се малку. Што е најважно, ти си премлад. Имаш само 23 години, буквално цел живот е пред тебе. Имаш време за уште врски, уште љубови, успеси, падови... Мој најдобронамерен совет е да си дадеш прилика да запознаваш нови луѓе, конкретно девојки. Не сум за впуштање во нова врска, ако немаш ја расчистено сам со себе старата, ама па контакт/пишување/дружење со други девојки не значи и врска. Освен тоа, со ладна глава размисли, објективно, што е тоа што ти го очекуваш од девојката додека си во врска? Не мислам дека ќе постои некое од твоите очекувања што можи да го исполни бившата за некогаш повторно да и дадеш шанса да те изигра. А таа нема да се смени, никогаш. Избриши ја, блокирај ја на сите социјални мрежи и кажи им на сите блиски што имаат некаков контакт со нејзе да не ти кажуваат ништо за неа.
Додека те читав ми се приплаче, ама сериозно. Си требал да ставиш крај веднаш после пораките. Дај си време, ќе ја преболиш. Излегувај со девојчиња, прва друга трета и можеби некоја ќе ти се допадне. Треба психички во себе да се договорип дека е крај, не те заслужува. За брзо ќе ти биде гадно како си можел со таква да идеш. Ќе се врне мачка на погачка. Сѐ во животот се враќа, нарочито лошото одма ќе и се врати.
Повеќето совети што ги доби нема да ги повторам тука. Само едно да знаеш вака како што си ја сакал неа по втор пат нема да сакаш. Тоа е најдлабока горчина што ја носи едно искрено срце. А она - одвеана од ветерот.
Не се секирај друже. Кармата е чудо, ќе ја стигне. Не знаела да цени, а да знаеш а верувам сите девојки ќе се согласат - СИТЕ КОИ НЕ ЦЕНЕЛЕ ДОБРИНА, ИМ СЕ ПОГАЃААТ ИДИОТИ И ПОСЛЕ СЕ КААТ ЗА ШТО ТЕ ИЗГУБИЛЕ. Е ПОСЛЕ ОНАДЕЊЕ, НЕМА КАЕЊЕ
Премногу лоша врска, за да потрае. Биди искрен кон себе. Го заслушуваш ли ова? Можеби и никогаш нема да сакаш, како што си ја сакал неа. Меѓутоа ќе научиш пак да сакаш. Верувај со текот на времето се ќе избледи и ќе ти остане само еден убав спомен. Концентрирај се на други нешта. Започни нешто ново да правиш, нешто што си планирал од дамна. Дружи се, излегувај, трчај, вози велосипед... Дај им шанса на други девојчиња, не се затворај во себе.
@banne1 Aбе, колку е таа крива, толку крив си и ти. Си и давал шанси повеќе отколку што е потребно. Љубов разбирам, ама после првиот кикс, лаги, испади... требало да се запрашаш дали сакаш иднина со таква нестабилна личност која не знае што сака во животот. Манипулација, лаги, плачки, смири се скарај се, па те сакам па не те сакам, па ќе те заследам, па ќе те блокнам па ќе те одблокнам. Играчки за мали деца ова. Токсичност евривер. Додека она си продолжила со животот ти ваму си го тупеш мозочето и трошиш време за некоја личност која не е баш стабилна. Те молам, немој да се уништуваш, немој да дозволиш да пропаднеш, не ја прави мојата грешка и да дозволиш да поминува време и време и да живееш у надеж. И да се врати, таа пак ќе биде иста, ништо подобро. Кога ќе нема со кој, ти си тука, кога ќе најде друг, ќе те отфрли а ти пак ќе останеш со празни раце. Каде вака? Ајде, почни да се ставаш ти и твоите потреби на прво место. Она не е битна, битен си ти и твоите потреби. Неа тргни ја од секаде, на твоите другари кажи им да не зборуваат за неа. Готово, бегај од се што е поврзано со неа. Само така ќе успееш да ја преболиш. А и многу краток период се шест месеци за да ја заборавиш. Тоа полека оди, ама треба да сакаш. Со среќа.