Додека не почнеш и ти да се смееш и да живееш без таа личност, кога ќе раскрстиш во главата дека е крај. Тогаш.
Знам, дај си време. Избриши го и ти од твојот живот, колку што те искористи тој тебе, толку и ти него.
Па ти мислиш дека не можеш затоа што сеуште не си нашла нешто/некој што ќе ти го одвлече вниманието. Секој е заменлив, како што си можела да живееш пред да биде он во твојот живот, така можеш и сега од кога не е дел од твојот живот.
Well... 1. Свали ги розевите очила. 2. Мисли само на лошите работи што ти ги направил. 3. Сакала/несакала мораш да научиш да живееш со тоа. 4. Зошто би сакала да бидеш со некој кој не те сака??? 5. Кога ќе најдеш нешто обострано тогаш ќе си речеш: еј ама сум била будала. 6. А дотогаш ти препорачувам: вино, пиво, музика итн.
Ви благодарам на сите што одвоивте време да го прочитате мојов краток роман. Имате право, така понекогаш ми се вртат тие мисли, што би било ако X, дали тогаш Y. Но сега е крај и нема причина да се размислува за тоа. Има една сликичка што добро опишува како се чувствувам моментално. Но ќе си дадам уште малку време и се надевам дека ке ја заборавам
Ако таа личност може да се смее и живее без тебе, тоа значи дека можеш и ти без него. Не вреди да се уништуваш себе си заради некој друг. Еден ден ќе речеш дека си била "будала" што си плачела за некој кој не те заслужувал. Затоа, наместо да тагуваш по некој, стави си ја твојата среќа на прво место. ТИ си најбитна за себе и твојата среќа, никој друг! Сега стани од кревет, застани пред огледало, насмеј се и вети си на себе дека ќе бидеш среќна за себе и никој не ти е поважен тебе. Не живеј за тоа што би било, ако би било... Млад си, цел живот е пред тебе. Како што ти пиша една членка погоре може нама да сакаш друга како неа, но ќе се заљубиш повторно и посилно. За една врска, довербата и почитта е најбитна. Од сета оваа врска, извлечи ја поуката. Барем наредно ќе знаеш да ставиш крај на првото црвено знаменце, наместо да се измачуваш. За сите: Најбитни сте вие и вашата среќа, никој друг! Ставете се на прво место! Луѓето си доаѓаат и си одат, животот тече понатаму и не вреди да се помине во тага.
Плачи колку што ти се плаче, како што тој живее без тебе, така и ти можеш. Никој не е незаменлив и без секого се може, верувај.
Здраво Заедно сме долг временски период и тој долго време беше скаран со другари му и сега пред некој период се смирија. Сега почнаа седенки заедно скоро секој ден, кога му велам да се видиме ми вели не можам се видовме неколку дена по ред, немам пари веќе и слично а кога му реков да оди со нив во кафана неколку дена ќе има пари на што ми рече ДА. Сите имаат девојки и досега се имаме соберено повеќе пати, тие си се знаат и воопшто не ме прифатија, ме избегнуваат воопшто не ми зборуваат и ми се исмејуваат, тој го гледа сето ова и упорно ме тера да одам со него. Пред неколку дена беше со другарите и му звонев и слушнав секакви муабети од нив за мене, тие мисле не се слушаат но чув, тој на тоа се смееше и велеше дека се шегуваат. Стварно вееќе не знам како да постапувам но јас не се гледам во таа средина на луѓе, јас таму не сум прифатена, не сакам сите празници и родендени да ги поминувам во таква средина. Дечко ми е мирен и тивок а тие премногу пијат и го исмејуваат честопати пред сите. Не знам како да му укажам на сето ова, хаос ми е се веќе, го сакам и не сакам да се разделиме поради нив
@Mxrx па што ако е мирен, ако не знае како да се постави со другарите? Ти ли треба него да го учиш? А и чим сте толку време заедно, те избегнува, побитно му е друштвото нема потреба да го бараш. Нека си седи со нив, ти терај си го денот. Да не ќе се нервираш за него?
Извини ако дечкото им го дозволува тоа на другарите на тебе да ти го прават тој не заслужува да има девојка. Ќе ми зафркава девојка ахм.
Очигледно не знае да ги зачепи другарите и тебе да те стави на повисоко место од нив. Ако сакам некого а постојано другарките и другарите ми зборуваат лошо ќе им кажам дека ми пречи и не сакам ништо да слушнам, така ќе се поставам. Не се тие во врска со човекот. Секогаш викам дека совет човек можи да даде, ама ако преминува граници понашањето си постои начин да се спречи.
И сето ова во ек на пандемија? А за другото,не се криви другарите,тој е,тој треба да ги постави границите.