Јас да дознаам дека другарки и другари на дм ме понижуваат пред него а он само се смешка и не застанува на моја страна, веднаш значи веднаш го оставам.
Ти го сакаш, ама тој тебе не. Штом дозволува да му бидат побитни другарите од тебе и да те исмејуваат. Тој со другарите не знае да постави граница и да биде заштитнички настроен спрема тебе. А да не збориме еден ден ако бидете во брак. Тогаш свекрвата ќе ти се качува на глава, ќе ти се меша колку сака. А тој нема ништо да рече и да направи. Некогаш во врска се премижува на црвени знаменца, па во брак испливуваат сите проблеми на површина и прекасно се увидува со каков човек си имаш работа.
Ти прочитав и стари мислења, бидејќи ми беше познат никот и чим велиш дека си долго заедно со дечкото претпоставувам дека за истиот станува збор. Уште пред 3-4 месеци кога прашуваше за совет требаше да го заборавиш скроз, не знам како сте се смириле повторно, ама ова се веќе доволно црвени знаменца. Претходно те оставил заради тоа што сакал да менува девојки, сега се смее кога неговите другарите те понижуваат. Според мене ова не е љубов, па сега ти си знаеш. Мој совет е да го оставиш, бидејќи човек кој искрено сака не прави вака. Заслужуваш многу подобро.
Можеби нема пари да те носи некаде или слично а за кафана најверојатно негови другари го частат колку да излези Али сепак ако има некакви проблеми ќе ти каже треба да разговарате Ако сеа негови другари му зборува секако за тебе а тој не им кажува да прекинува значи не се замара за тебе буквално не е за тебе не ти треба некој што те лаже се надевам дека не те искористи.. По мое мислење е да го оставиш и види сама дали ќе те бара или не..
Зависи ако е многу богат до една недела плачење најмногу и тоа нема да го жалам него туку парите што не сум успеала да му ги потрошам а ако немал пари не гледам причина зошто да тагувам .
Јас можам само да ти кажам биди здрав и жив. Затоа што мој брачед пред една година или две можи има се раскина со бившата девојка со која одеше скоро 7-8 години во врска и на крај таа го оставила за некој друг. Буквално тој се разочара исто како и ти а замисли тој има 32 год едвај се прибира да излегува со другари на работа оди а мислам дека има девојка друга не е битно Него уживај ти на овие години дур си млад излегувај шетај прави што ќе ти се прави на убави работи, а за љубовта ќе си дојде све на свое место
Не е работата не носењето во кафана итн. Колку што разбрав таа бара љубов и внимание, тој за тоа нема време т.е има ама не за неа и тоа боли. Боли кога ти сакаш да минеш време со некој, кога секогаш ти си иницијатор на се, а нему му е сеедно. Тоа е еднострана љубов и таа треба да си одлучи како ќе се справи со тоа. #СоСилаУбавинаНеБидува
@banne1 оваа не вреди да ја жалеш, а не па да ја бараш. Ќе си сретнеш кога-тогаш некоја. Остави на времето.
Никој не заслужува така да се однесуваат кон него. Без разлика колку и да си поразлична од нив и да не можат да те прифатат, од почит кон дечко ти не треба така да се однесуваат кон тебе. Дечко ти е виновен за се. Тој дозволил да се потсмеваат, на тој начин што не застанал да те одбрани и да им даде до знаење дека е лошо тоа што го прават. Нема што да не знаеш како да му кажеш, ова е проблем што не смее да продолжи или да помине туку така. Значи не смее. Ќе му направиш многу убав муабет на фраеров што се смешка кога зборат лошо за девојка му. Сакај го ама сакај се себеси повеќе.
So eden tip se gledam mesec mozebi i nesto i imavme odnos, ne mi se dopagase odnosot, sekoj den mi pisuva ako ne mu vrnam 10 min odma mi dzvone, ubavo se ponasa sprema mene, interesen tip e, fin, neznam sto da pravam.. odnosot katastrofa...
Проблемите што ги имавме порано ги надминавме. сега проблем се јавува во моментот кога ќе се спомнат тие. Сум била неколку пати на средби и девојките воопшто не ме гледаат машките си збориваат а јас си седам сама на страна, седи и тој со мене и си молчиме, и тој не е прифатен од нив не знам како не го согледува тоа и упорно се кара со мене за такви луѓе. Седенки по 12 саати и пијанчења и потоа ми се лути што заминував секогаш порано а тој остануваше сам, јас не сум девојка која ќе седне и ќе се напие и ќе седи без срам 12 сати на роденден. Ме повредува тоа што секогаш му е тешко да се види со мене а за нив трча, јас сфаќам и другари и се ама како заслепен да е не знам како да постапам веќе
А изговприте му се дека во животот не треба да се биде сам, дека не може само сами да излегуваме, излегуваме и со брат му и девојка му, со брат ми но ете со нив не се сложуваме ама на кого ќе докажеш
Не знам колку години имате али очигледно е не се сложувате за некои работи и чак му се поважни другарите ,не му е гајле дали се чувствуваш повредена или не,тој не знае како да се понаша По мое е мислење остави го додека си млада и додека не е касно.
Мислам дека тој се плаши да остане сам без друштво. Изгледа и сам знае дека тие не го прифаќаат и затоа трча по нив, а на тој начин сам себе се понижува и губи вредност во нивни очи. Тие сигурно и зборат за него кога не е со нив. Пробува во се да ги оправда, па дури и кога зборуваат лошо за тебе. Комплицирана ситуација, не знам дали можеш да му укажеш дека тие не му се вистински другари и дека ако продолжи да трча по нив ќе те изгуби тебе, а потоа и себе си.
Ако не ти се свиѓа карактерот негов предели уште од почеток затоа што тинејџер од 15 години не може да се смени с па не веќе оформена личност од 20 + години . Затоа скрати си нервози и време и најди си некој што ти одговара. Плус тоа што ако за 10 минути не му вратиш одма звони red light .
Најмал проблем е искачањето во ситуацијава, според мене. Проблемот е што тој не те почитува и ги става другите пред тебе. Секако он мора да си има друштво и нормално е да искача со нив без тебе, но мора исто толку време да може да ти посвети и на тебе. И при тоа кога е искочен со други, не смее да дозволи лошо да зборат други за тебе, треба да те одбрани, но тој тоа не го прави. Тоа е проблемот.
Викаш убаво се однесува со тебе, ама ако не вратиш одма те бара на телефон. Тој сака да те контролира. Кога се форсира контролата, расте недовербата и крајот на врската. Постојано контролирање во една врска е за љубоморни, несигурни и незрели личности.
Здраво. Машко сум. Сакам да се консултирам во ПП за еден мој случај па доколку има девојка/жена заинтересирана за малку муабет и да даде соодветен совет ќе дојде добредојдено. Ќе опишам што се случи во ПП, не сакам јавно овде. Благодарам.