Точно, треба да се мешате со луѓе и да излегувате но тоа да не биде по секоја цена. Взаемната почит е многу битна, доколку едниот ја губи се друго е излишно.
Батали го. Јас заради тој шо се гледав откачував момци шо мислев дека се ,,bad boys,, од на изглед само. И кај мене на почетокот се беше милина, какви најави, па зборови, абе исти во се бевме, за на крај да го снема без збор...уствари ми даде образложение со најголемата лага шо постои ама ај нека му стои. Испадна најбезобразен од сите. Не си ја барај кривица во себе - ја нема, туку нему така му дошло и ете ќе си игра и ќе го снема. А, да и не го барај веќе.
Здраво, нова членка сум на форум. Би ве замолила за совет. Почнав со дружба со едно дете заедно трчавме на кеј понекогаш одевме на прошетка правевме муабети и секогаш кога беше со мене се смееше кога и да го погледнам, но од кога почна короната секој во својот крај си отиде и изгубивме контакт во живо освен по социјални мрежи со споделување на интересни постови и со општ муабет. Секогаш делувам незаинтересирана и не покажувам заинтересираност спрема никој. Синоќа му пратив едно интересно видео и почнавме со општ муабет предходно ми имаше кажано дека пласира да знаат за него само тој тоа што ќе го дозволи по шала ја потенцирав темата дека тоа што ми го пласира за него само тоа го знам и тој ми врати на тоа дека сум можела и повеќе да знам за него, но да покажам интерес. Прашањето ми е дали со ова можам да заклучам дека тој е заинтересиран за мене и има некакви чуства ?
Да, јас тоа го гледам како зелено светло. Он сака да ти се отвори, ако ти е и тебе тоа желба покажи повеќе заинтересираност.
Не знам како да ја покажам заинтересираноста бидејќи е сепак преку социјалните мрежи. Дали со праќање на повеќе видеа, со повеќе разговор, враќање брзо на неговите пораки, да му пишувам понекогаш прва или ?
Можеш да му пишеш прва,да иницираш разговор на повеќе теми за подобро да се запознаете. Според тоа што напиша погоре дечкото дава зелено светло,обиди се.
Сигурно имате веќе некои теми кои претходно сте ги разговарале. Само природно, не се форсирај да му се допаднеш по секоја цена. Ќе биде добро.
Кажи му дека ти годело неговото друштво кога сте трчале, дека би сакала пак, итн Се гледа дека е заинтересиран дечкото. Со среќа!
Пишувај му и ти прва. Прашувај го за неговите хобија, интереси, желби. Отворај нови теми во текот на разговорот, но тоа да биде спонтано, природно. Најубаво е кога темите доаѓаат сами од себе. Нека биде допишувањето флуидно, детално, со долги одговори, да не дојде до ситуација каде нема како да се продолжи. И, биди си своја. Ова е доволно за старт.
Здраво Молам за искуства Кои оформиле врска после секс? Дали тој флерт вклучува и излегувања онака и секс или гледање само за секс па дошло до врска?
Јас тука гледам два проблеми. Едниот е дека ти си сексуално незадоволена и ако размислуваш за врска, размисли да збораш и пробаш да смениш нешто за сексот кој ќе го имате. Пошто ако вчезиш во врска оти е фин со тебе, без секс, шансите се дека ќе се фрустрираш. Втор проблем шо го гледам, или веќе овс е црвено знаменце, е то дека е многу врзан за тебе. Не секој секогаш можи да врати на порака и има ситуации каде е итно памда ѕвониш на некој. За мене, некој да ме бара оти не ме добил на порака ми е алармантно и знак на посесивност. Само по себе можеби не би реагирала, али ако уште едно нешто не ме бендиса не би продолжила. Сепак проблемов е од пред некој ден па ќе прашам, се одлучи нешто? Точно е дека во животот не треба да се биде сам, ама не по секоја цена. Зошто тој оди по нив е најверојатно оти неќи да се најди сам. И осеќа потреба дека мора да оди зошто тие веќе се незаинтересирани, па ако се повлечи ќе остани сам. Не дека не прај време за тебе туку прај за нив и ужива во то, туку е поќе како обврска. Шо пак, не го решава проблемот. Претпоставувам знај како ова прај да се осеќаш? Кога му кажуваш дека се незаинтересирани за него, како реагира на то? Нормално дека сакаме на некој да му укажиме незаинтересираност за него од страна на некој друг ама не мислам дека то би родило со плод зошто ќе се сфати премногу емотивно. То можи да оди посуптилно со паралелни ситуации каде тој е на другата, незаинтересирана страна, па да пренагласиш неговото однесување на пример. Ова го велам во случај да не профункционира разговор. Пошто штета е навистина, да се држиш до некој на кој не му е гајле за тебе место да се ослободиш и да најдиш некој компарктибилен. Мене ми личи дека е отворен кон запознавање, во смисла ти кажва дека вртата е обично затворена, ама ти можиш да ѕирниш внатре. Значи има нешто за тебе шо му се допаѓа. Пиши му прва, иницирај разговор, биди заинтересирана. Прашвај прашања, од омилена серија до најдобра меморија. Уз муабет нормално. Играјте онлајн игрици како прашања и одговори, пример 30 прашања и одговори и прашвајте се наизменично. Гледајте филм заедно и коментирајте го. Накратко, дај му внимание, ова беа само мал дел работи кои ете се интересни и можи да отвори чоек кон тебе. Пиете виберско кафе, двата со кафе, на камера и имајте видео дејт дур да дојди време да можите пак да се видите во живо. Можи да биди на било кој начин. Ако се гледаш само за секс и не збораш и не се запознаваш во меѓувреме има помали шанси за врска зошто не работиш и на емотивниот дел. Од друга страна паралелно да се дружиш и запознаваш и да имаш секс прај да е полесно да створиш и емотивна врска. Ама и нема некое правило, 100 луѓе, 100 искуства.
Врската е долга од неколку години со прекини по неколку месеци или недели. Различни градови ама не сме далеку. Последната разделба траеше месеци сега се смиривме. За секоја кавга ме кривеше мене, јас сум кривецот и јас истото го мислев јер полудував на моменти и се карав и викав и све. Најпоследно што ја прели чашата е што вчера сам предложи утре да дојде, можеби и денеска ако може ако не за утре сигурно јер да има време да се врати за полицискиот час. Денес незнам ми текна да го прашам дали ќе дојде утре иако вчера ми рече за недела сигурно е во толку и толку саат. И ми кажува денес дека незнаел за сигурно. Јас го прашувам како тоа незнае за сигурно кога вчера ми рече сигурно е. Ме полудува тоа што сам си кажува, сам се договора, ветува па после друго кажува заборава на првото. Ова само за утре така инаку секиј пат исто прави.. Што да правам, со право ли се лутам, незнам веќе како да постапам?
Така изгледа да. Знае он, јас му кажав дека во секој момент кога може да тргне нема проблем. Ама секиј пат истото го прави. Пред ова ме убедуваше дека сме се договориле јас да дојдам во незнам колку саат а нема врска тоа. Значи сам се договара, ветува па заборава, еднаш вака после друго. Сега не е сигурен дали ќе дошол. Не дали може јер може туку дали би дошол.