Некако ми остава впечаток дека немате разбирање дека погрешно се разбирате или не комуницирате доволно... Ако тој ветува и ако е со причина откажано зошто не може да дојде не е за лутење, но доколку туку така му текнало со право се лутиш. Пробај подобри ја комуникацијата детално разберете се немој тој како не за сигурно да зборува па ти мислеш дека е сигурно. И пробај објасни му колку не е добро што така ветува и не исполнува...
Секој пат е иста приказна. Со кавги, со молење со све што не треба. Сум зборела со саати ама за него све ова е ситница, сум замерувала на ситници. Ама зошто прави така не ми е јасно.
Не знам зошто упорно се толерираат вакви работи. Мене на нерви ми идат такви работи со промени на планови у 5 до 12. Општо, не само во врска. Ако не можеш или не си сигурен не ветувај. Еднаш или два пати ќе прогледам низ прсти ако се работи за нешто што искрснало непредвидено, ама ако е нон стоп ќе размислам дали ќе продолжам.
Па ако е често така да вети а да не исполни не е баш некоја ситница. Ако е прв пат да откаже и да недојде можеби му излегло нешто работа. А и тоа за кавга секогаш си ти виновна,колку и да си виновна. За истата се потребни двајца. Неможе проблемот секогаш да биде во еден,истиот проблем треба некој и да го направи да биде проблем. Јас не толерирам вакви работи еднаш,два пати да ама понатака тешко. Дали девојка,другар,другарка. Човек што не си е на збор не е човек за мене.
Во 5 години исто е нема промена. Некогаш ќе рече ќе тргне во толку у толку саат а ќе тргне многу порано а јас тогаш излезена по обврски па ќе рече ти ме извисуваш. Ете каква си ти не ме сакаш ме тераш да доаѓам а ме лажеш дека имаш обврски. Или кога сме излегувале навечер ако сме се договориле во 8 да биде тука он во 7 и 40 ми кажува на тел дека е во кладилница уште. А до 8 нема да стаса и да тргне а јас не живеам сама и иако сум веќе доволно возрасна не можам така јас у 10 навечер излагам од дома особено што не знаат со кој се гледам. Имало многу други ситуации сега ми текнаа на овие. Секако јас полудувам и не се контролирам се карам јер будала ме прави и уште јас за ситница сум се лутела.
5 години ја криеш врската од твоите родители, зошто? Колку години имате и двајцата? И како го трпиш 5 години со тоа негово однесување. Зошто си го губиш времето со нестабилен, несериозен дечко?
@Lifelive како во тие пет години да не знаат твоите со кого се гледаш? Разбирам дека можеби не сакаш првите 2 3 години блискост ама 5? Да не постои причина за тоа? Туку мислам дека типов бара причина за крај. Ти да бидеш таа што ќе прекиме па повторно да биди тој жртва.
Јас 23 он 29. Кријам јер ми е нестабилен се дур не сум сигурна за заедничко живеење, свршување и слично. А како тргнало нема иднина со него. Инаку 5 години ама со прекини кажав. Еден период 4 месеци не се ни слушнавме друг период 2 месеци и така. Го сакам и се трудам со сите сили да успее ама секогаш завршувам со плачење и ми се смачи веќе.
Штом до 29 години не созреал, нема никогаш да созрее. Не се измачувај со таков. Стави крај и не давај милион нови шанси на некој кој не заслужил. Не е последен дечко на светов. Млада си нека не ти пропаѓаат годините во врска со таков.
Зошто си сеуште со него ако е нестабилен? Треба сама да си свесна кога нешто не е во ред, ќе си прекиниш со време, не си должна да го трпиш вака. Колку и да го сакаш него, биди сигурна никој не е незаменлив.
Прекини додека е со време. И самата си свесна дека нема иднина и дека е нестабилен. Млада си. Ќе најдеш подобро од него.
Од една страна сум свесна за сето ова што го кажувате. Од друга страна самодовербата ми е многу ниска и стварно чувствувам голема вина. Секој пат ми кажува исто, ти се лутиш за ситница, не те варам, не те тепам, ништо не ти правам а ти наоѓаш причина да ми се лутиш. Жив човек сум па грешам. Учена сум на замижи и претрај ако сакаш да го задржиш на ете како ги кажува он ситници иако јас тоа го нарекувам непочитување. Првите две години преќутував ама со тек на време мислам полека ама сигурно полудев и не се препознавам веќе кога се карам со него и плачам. Ме блокираше сега пак, ќе ме одблокира за некоја недела или месец да ме моли и да ми кажува дека неможе без мене истото е секој пат. Ама овој пат не попуштам. Ви благодарам многу за советите, искрено тоа и ми требаше да го слушнам од други.
Јас прекинав ради нешто слично 4ипол години отпрлика бевме заедно. Не беше нестабилен, но секој план со мене пропаѓаше во вода ако мајка му, брат му или било кој од семејството го побараше за нешто. И тоа секогаш беа банални работи кои можеа да си ги завршат сами ама знаат дека тој не им кажува “не” никогаш и нормално, бриго моја преџи на другоме. Премногу стрес ми ствараше тоа, сме се враќале од на пат за глупости и кога ќе му укажев на тоа, одговорот беше “таков сум, не се менувам”. Се дешавало патувања да откаже, а во последно го приметував дека дома му не кажува каде е и цело време беше напнат и нервозен пошо му ѕвонеа по 1000 пати. Ова не беше вака на почеток, баш напротив, беше скроз самостален. И да, буквално прекинав ради тоа, а се друго беше совршено. Премногу сум млада за да имам стрес предизвикан од други и да не можам кафе, ручек или викенд да истерам а да не сум под надзор од мајка му. Скрати си ги маките со повреме би ти рекла. Се менува тој што сака да се промени, тој што не гледа проблем каде гледаш ти, нема да се промени.
Па луѓе не се разделуваат само поради ова. Туку и поради непочитување, несериозност, манипулирање... Така да, не му давај нови шанси веќе. А кога ќе те одблокира и кога ќе ти пише тогаш не му враќај и ти да го блокираш тогаш.
Да не го трпиш поќе! Мајмун еден, ти наметнува чувство на вина. Затоа немаш самодоверба, оти тој ти ја урива. Мани го таму.
За што чуствуваш вина можеш да објасниш? Да во право е дечкото штом не го прави тоа тоа е ок. Ама едно заборавил: Внимание такво нешто. Не ми се верува дека на 29 вака детско се понаша. Одма блок а? Не го прифаќај пак нека му дојде памет. Од искуство ти кажувам. Вакви ми се бљак.
Вина затоа што испаѓам ненормална што се лутам а он не направил ништо лошо според него и јас сум причината за распаѓањето на врската.
Му успева манипулацијата. Да чувствуваш вина и да го молиш. Воопшто не си виновна ти освен што трпиш долго време. Олесни си.