Да те сфатив и мие мило што ми даде ваков совет. Тука сме горе долу со милењето. И јас сум со истата мисла со сила убавина не бива. За монотонијата не треба само еден да ја разбие потребни се двајца како и за љубов исто така. Јас не велам дека сум идеалната која не греши, можеби и јас сум доведила да се случи нешто така но сум се потрудила да се смени. Тој очигледно не сака. Јас немам ништо против неговите но не сакам форсирања и ред други нешта. За се си има граници. Можеби звучам љубоморна и завидлива но далеку од тоа на кој и да е ќе му се смачи едно исто да го слуша и гледа. Почнавме и ретко да се гледаме. Проблем му е и тоа. Кола нема неможе да иди ни да ме испраќа ни ништо. Мене тоа не ми смета искрено но тој не сака да се потруди, да се жртвува за нешто. Постојано се жали и дека дома му е тешка ситуацијата но што можам јас тука. И тие самите си се виновни некогаш не контролирано трошат за без потреба. Ако спомнам нешто јас сум таа што се меша и командува. А немам таква намера и искрено мо=еби се гледа крајот и така ќе биде подобро за сите.
Родителот си е на свое место, девојката на свое.Ако ти си го прифатила таков каков што е со сите негови мани, или финансиски проблеми, веќе си направила доволна жртва.На крај краева, најголемите кавги настануваат поради материјалните добра и парите,а плус и „свекрва“ која командува,капак на се.Не може тој вечно да се држи за нејзината сукња и тебе врската да ти зависи од расположението на мама. Пак ќе ти кажам,можеби во прашање се и изговори,па најлесно е вината да ја префрли на родителите. Имаш време за се, не брзај, не донесувај пребрзи заклучоци,ама во никој случај и не дозволувај да те врт околу малиот прст.
Milicka, ај послушај ја и Геа и мене...Не знам колку време сте заедно, но да не ти го повторувам ова што ти го зборува Геа...Ајде малку и ти олабави и смири се. Не се јавувај, а ако те побара ОН, тогаш кажи му дека спиеш ТИ. Ако пак ти бара извештај за се, одговори му дека доволно му даваш рапорт и дека нема потреба од неговите променливи расположенија. Искрено, добро е што поретко се гледате, зашто така се навикнуваш да не го гледаш и полесно да го надминеш неизбежното. И млада си навистина за да се мачиш на таков начин....
ај да видам и туѓо мислење за мојот проблем. во брак сум неколку години и имаме 2 деца. веке пола година сме разделени и почнавме процедура за развод. сега кога почна таа постапка маж ми почна да збори како се изменил ама мене веќе од неговите грешки ми се оладени чувствата. мислам дека нема да биде како што ми ветува ама не му кажувам директно бидејки е агресивен тип. пред неколку дена сретнав другар од факс што не сум го сретнала повеќе години.тогаш ми се пушташе ама не знам кај ми беа очите. сега пак ми рече дека сака да бидеме заедно, дека секогаш сум му била слаба точка. јас му кажав дека не можам бидејки имам деца а тој е ерген.тој ми одговори дека и он има дете, а жена му загинала пред 2 години, ама пред тоа се развеле,па детето е кај на бившата роителит. не знам дали лаже , се слушаме , но навечер не ми одговара на повиците. го прашав дали има некоја, вика не. и да има не очекувам да ја остави само заради разговорот со мене, но не знам дали да се гледаме.ме праша дали сакам да бидеме заедно, и како мислел озбилно со мене, и уште ми рече дека да не го откачев порано сега ке бев негова жена. се мрднав. сега се нервирам што толку ми леташе паметот порано! не знам што да правам, срцето ме влече накај него а може да имаме мн. пречки од околината. и што ако дознам дека ме лажел за детето. и како да знам да не ме вика само за корист, вика дека не е така но како да знам?
Не ви ги знаеме причините за разделбата, а и не се толку битни, меѓутоа ако мислиш дека нема шанси бракот да ви се поправи не се ни обидувај повторно да сте зедно, велиш дека сопругот е агресивен и направил грешки поради кои си ги загубила чувствата кон него, ако е така со оглед на тоа дека веќе сте во бракоразводна постапка не му давај лажна надеж, отворено кажи ми дека не му веруваш и дека нема да бидете повторно заедно...но претходно преиспитај се дали навистина сакаш бракот да ви заврши или би можеле повторно да се обидете.. Сакам да прашам дали на твојата одлука за развод во моментов има некакво влијание и средбата со другарот, значи во моментов дали си понесена од чувствата кон него и тоа има влијание на твоето расудување? Што се однесува до другарот, не знам колку сте блиски но има начин да дознаеш за неговото минато...на пр. ако се сомневаш дали бил женет и дали има дете може да ти покаже фотографии, слики од свадба, од крштевка, слики каде се сите тројца.., потоа разговарај зошто навечер не ти одговара на повиците, ако е вдовец и нема никоја тогаш кои се причините за вечерното не јавување? Претпоставувам мислиш на сексуална корист, ако е така разговарај со него, не сте деца, бидете отворени, јасно кажи му дека ако сака само секс нека го бара на друго место ( освен ако и ти не сакаш само секс ). Велиш дека ти рекол дека доколку не си го откачела сега ќе си била негова жена, меѓутоа како е сега, што мисли сега, сепак имаш и деца, дали ги прифаќа нив, мисли самата и на децата, како тие би го прифателе него, колку се спремни да им внесеш нов човек во нивниот живот... Како и да е, прво среди го бракот, т.е. разводот, во моментов тоа е битно, а што се однесува до другарот расчисти ги сомнежите, преиспитај ја и околината за која велиш дека ќе има пречки и неодобрување,одоколу спомни нешто... млада си, цел живот е пред тебе, меѓутоа не избрзувај.
Епа разумот и срцето не одат заедно . Ти знаеш што е разумно, ама ајде иди кажи му на срцето да не трепери кога ќе го видиш и да не те тера да мислиш дека би можело да биде подобро....Аххх, маки.... маки. За почеток јас мислам дека е најпаметно да прекинеш контакт со дечкото, вака си ги продлабочуваш раните и не успеваш да тргнеш напред, без да се свртиш назад. Како и да е, исполни си го времето (секој ден нека ти биде како понеделникот- полн со обврски), запиши се на фитнес или аеробик.....бар ќе утепаш два саата плус. Само храбро девојко и исполни го тоа што го сакаш
Извини што ќе го слушнеш тоа што несакаш - тебе паметот сега ти лета. Поминувајќи низ бракоразводна парница сигурно имаш поголеми проблеми и дилеми околу тоа како да ставиш крај на нешто што си го градела и/или како овој проблем ќе го надминат твоите деца, одколку да се замараш со другарот. Ранлива си па сега секој изгледа како принц. Ајде и да не е така, сигурно нема веднаш да полеташ во друга прегратка или да бидеш негова сопруга. Дали бил женет? дали има деца? дали е вдовец?... па зарем е тешко тоа да се дознае??? Верувам дека сега да свртиш 5-6 телефона ќе го добиеш одговорот..ако сакаш. Не ме сваќај погрешно, од твоја банда сум
за разводот не ми влијаеше никој од страна, имам причини да не ги наведувам. сега се мислам за другарот, прашав некои другарки не го знаат, морам директно од него да проверам. Што ако дознам дека ме лажел. кога решив да се разведам си реков ако некогаш имам друг тоа мора да биде некој разведен или вдовец за да не ме оцрнува околината. ако ме лажел ке треба да ги игнорирам моето срце и неговите емотивни изјави зашто сигурно неговите не би ме прифатиле. и плус, значи прво ме викаше да излегуваме амајас откако му кажав каков е мм, ме вика во хотел кај што немало да не види никој, а не му било само за секс. и еве синоќа зборевме и баш кога бев како лута на него дека не ми одговара на повиците, влезе мајка ми у соба и јас му спуштив и го оставив моб. после видов дека ми пишал порака и ми вртел, мислел дека сум спуштила заради разговорот, па јас го барав и не ми дига.забегав му патив 3 пораки и еве денес сигурно е на работа и уште не ми одговорил. дали да се воздржувам или да му се јавам пак, а денес требаше да се видиме
Па веќе кажа дека маж ти е агресивен,а таквите мислам малку потешко се менуваат.тоа им е карактер и незнам за менување-малку потешко.Ако веќе ти се оладени чувствата спрема него-значи има приина.со самото тоа што си оладена спрема него и да се смирите нема тоа да биде тоа,а башка и ако тој не се измени.доколку имаш повеќе чувства спрема тој другарот тогаш зошто да не разговарате и не пробаш со него?Ако сметаш дека е сериозен и дека поубаво би ти било со него-и ти имаш право да бидеш среќна...
Свит, биди малку посериозна, возрасна си и мајка,не паѓај од еден разговор.Разбирам дека сакаш внимание и нежност, ама после неуспешен брак сигурно не сакаш уште едно разочарување. Мене овој ми е многу сомнителен, никој не знае ништо, навечер не се јавува, па уште во хотели те вика.Што не те викне да одите некаде на вечера и убаво да разговарате?Ти спомнал ли некогаш нешто за ќерка ти?Зашто тој не си го чува сопственото дете туку баба му и дедо му? Ако продолжи вака да се однесува и не можеш да откриеш ништо сигурно бегај и барај си друг со кој би била среќна.
Девојки секојдневните кавги со дечкоми не престануваат! И мислам дека тој веке има право да се лути. Нема никаква почит од страна на мајками,ни здраво ни пријатно и за се има изговор она не го видела ова она глупости а одиме веке година и пол. Стварно ми е многу криво мајками е млада со современо сваќање модерна едноставно млада кул мајка што сваќа се,но во тоа неможи да се смени. Може некогаш стварно не го видела но има ситуација кога заедно бевме таа не ни го погледна па стварно ми е жал јас сум повредена. И зборам имаш ли нешто против она ми вика не не . Незнам што е проблемот па стварно ме излудува ??
Уф те сфаќам...и мајка му на дечкото така понекогаш се однесува со мене,а јас со него сум 8години...образована жена,работи на функција,прошетана и све-и не и доликива еднаш да е културна еднаш не. ...верувај дека е џабе све..дечко ми и збореше и со арно и со лошо никако не бидува затоа решив и јас на дистанца...и јас го обвинував дечко ми во почеток-како тебе може дечко ти,но сфатив дека не е до него и џабе ќе си ствараме тензии меѓу нас-за да таа биде задоволна.. значи пробај да разговараш со мајка ти-кажи и пр.дека неговите спрема тебе се однесуваат културно и дека те срами пред него,ако не сака да прави муабет бар здраво да му каже ....а ако не бива со арно,тогаш едноставно избегавајте средби за да нема тензии и убаво објасни му на дечко ти за да не се карате ради нејзе
разговарај со дечко ти и објасни му и ставете ја на стенд бај ако толку ви смета. па што ако не го поздравува и така сте мали не ви треба зближување со родители па не го носи дома уште сега се надевам нема да се мажиш набрзо нели.....
^ Fensy мислам дека треба сериозно да разговараш со твојата мајка. Можеби мајка ти имала некоја кавга со дечко ти,а ти не знаеш. Сепак со еден добар разговор можеш да решиш се. Среќно.
девојки јас ниту пак тој не сакам зближување со родители ниту пак дома го носам нит кај него одам. Едноставно ме исполнува тоа што знам дека мајками ке го цени како личност мене што ми значи нема никакви кавги со него , многу ми е незгодно се сретнуваме сонегов другар и девојкаму јас и тој и мајками само мене ми се обрака ни добро вечер ништо. Не барам ништо од неа само едно Здраво за почит. Немам никакви проблеми со дечкоми освен тоа и никако неможе да го свати тој тоа вели мислам дека не ти дозволуваат и може да ти прават проблем не сакам јас да бидам проблем кај тебе дома очигледно е дека не сум им под кејф. И ако врската ми се растури ке биде стварно од тоа ради нејзе а ако и кажам нешто такво ке ми одговори па што не е последен гарант. Па не знам дали гледа дека сега за сега сум срекна само тоа ми е пречка а тој никако не свака дека не е до мене и дека ради неа се кара со мене неможел така тој . Па неможам повеќе
Ме викаше тој да излеземе на кафе и навечер заедно , но јас му кажав дека е опасно, може со живот да не кошта, мм ми се закани. Му кажав и дека ми пречи што не беше достапен навечер и веќе не ми прави така. А многу е млад за сам дете да чува, па и мм знам колку малку ги чуваше децата наши, а тој кога се развеле детето го зела мајка му , и сигурно е подобро со баба му и дедо му отколку 25годишен дечко да го чува.Тоа е мое мислење.
фала на советот ќе преиспитам , во меѓувреме односите со другарот ни стануваат постабилни, а ми кажа и дека може да ги прифати и да ги сака моите деца.
многу ја почитувам баба ми ко ке речи нема пбудало од женско. Што е ова безброј разведени жени безброј растурени бракови, зошто сите фајкат дечковци на 11-12-13 години, цело средно во врски од по 2-3 години го врват, се мажат млади неискусни, нездозреани па што е ова. разбирам секоја зена има право да биди среќна има право да се резведе, ако не е ок се со бракот, ама разводите и бракот станаа мода во последно време, што е ова? Па јас би се срамела да имам мајка која не знаела да одбери ссодветен маж за неа, која се разведува и се се мува илегнува со колеги од факс. па кој пример ќе ми биди таа. драги феминки, доброи размислете пред да стапите во брак, размислете дали сте зрели доволно за да го поднесете тоа, оти најголеми последици имаат децата. Имам неколку другарки на кои родителите им се разведени. Знаете ли што се случува со нив?? Пијат, легнуваат со машки на 14-15 години, пушат цигари од многу мали, се дружат со бандити, пијат, секој викенд на мртво, не учат, има и добрипримери кои како знак на револт кон родителите станале и подобри од нив, завршиле факултет нашле соодветна работа имаат стабилен живот и брак, ма овие првите провладуваат. не сакам да осудам и навредам никого, секој има право да ги поправа своите грешки и да учи на нив и да си ја бара среќата, ама секогаш епоарно да се спречи отколку да се лечи и sweet 25 те молам размисли пред било што да направиш и размисли каков пример ќе бидиш за своите деца. Колку и да е агресивен твојот сопруг сигурно има начин на кој мкожеш= да влијаееш на него, сепак си му била и уште си му сопруга, а мажи кои ќе сакат да бидат со тебе секогаш ќе ги има е сега дали со добри намери или не ти ќе треба да откриеш. и не му верувај на другар ти. можи на 25 ке ги сака твоите деца на 30-40 или кога тој ќе има дете со тбее а твоите деца ке бидат тинејџери не знам дали исто ќе ги сака, размисли убаво пред било што да направиш уште еднаш не си веќе детиште како кога си се омажила. и извини уште еднаш ако на наекој најчин те навредив.
Навистина е така Бејби блонд..... Едно нешто да не им чини одма на развод се помсилува,а не на компромис...Разводот како да стана помодарство...секако не важи за сите...Гледам на 14,15години прашуваат за секс тогаш уште не ни искачавме немавме ни дечковци а не па секс на 18 остануваат трудни на 20 сакаат развод...ете така испаѓа кога се избрзуваат нештата...има време за се,некои велат-пффффф на 20 да си невина е страшна работа,пропуштатш многу...во ред-но по секоја цена мора да не си невин?Страшна рабта навистина,и после децата се тие со трауми ,тие трпат,и нормално дека и од нив утре ќе станат такви луѓе-слика на родителите Затоа светот стана страшно место за живеење