Што очекуваше од него кога гледаш како тој се понаша, тебе таков воопшто не ти треба. Секој ние како женски обично му веруваме и на крај се разочараме но затоа некогаш ќе се појави нова љубов, поубав и поубаво ќе се понаша и ќе си дојде на свое место. Овај блок го, само ќе се нервираш и губење време. Нема потреба да се бориш.... Продолжуваме напред
Истово го напишав и во темата допишување али доколу не е за таму еве и тука. Пред 2 3 недели се запознав со едно машко преку социјалните мрежи, детето беше многу фино, културно, интересно, дури и уште во првите денови се познаваше дека се засвиѓавме и двајцата и дури и за нас зборевме за во иднина. Никогаш ми се нема случено за толку брзо време да ми се допадне некое машко, едвај чекав да се запознаеме и во живо, али не бевме во можност, но престанавме со пишување за жал затоа што ми пишуваше негов прв братучед иако не знаев дека му е, али мене братучед му воопшто не ми се допаѓаше и кога се запознав со машкото кое го свиѓав после неколку дена престанав да пишувам со братучед му за кој што мислев дека му е пријател. Решив да му кажам додека е време и му кажав и машково кое што ми се допаѓаше мислам дека се навреди и ми рече дека поарно би било да си останеме на тоа што сме, тоест пријателско пишување и јас му реков дека штом така тогаш поарно да не пишуваме веќе и доколку се предомисли нека каже, а тој само ми ја лајкна пораката. Многу сакам да продолжам да имам контакт со него али не знам што можам да направам, конечно после долго време ми се допадна некој за кој што бев сигурна дека ќе бидеме нешто повеќе, а сега вака испадна, совет ако може.
Кажи му тоа дека се осеќаш поубаво со него ,дека му се свиѓаш и дека сакаш да се запознаете , а тоа со брачед му немате ништо посебно ако треба и блок па ако сака тој ,сето зависи од него. Нема да ти падне круната. Идеме напред. Со среќа
Не знам како да си помогнам со мојот страв и љубомора... понекогаш се срамам сама од себе, од своите мисли... најлошо е што никогаш не му правам љубоморни сцени, се си чувам во себе и си правам тежина... Имам 27 години, во врска година и пол со човек повозрасен од мене 10 години, значи не сме деца. Тешко ми било да се заљубам до сега, а откако го засакав постојано чувствувам некој страв дека ќе ме замени. Немам појма зошто е тоа така... На милион начини ми докажал колку ме сака. Со дела и погледот му кажува... не си кажуваме ТЕ САКАМ со зборови. Ми смета секој лајк кој го става кај други, секој follow... едноставно се гушам сама во себе, а со никого не го споделувам ова... Синоќа со најубаво се разделивме, си легнав пресреќна, сабајлево гледам дека лајкувал нешто кај едно девојче..и цел ден ми е упропастен, нема ништо од вчерашната среќа.. Претходната врска ја раскинал поради таа љубомора и според него многу е незрело да се прават љубоморни сцени поради лајкови на социјални мрежи. Поради тоа никогаш не сум му спомнала ништо. А, убедена сум во неговата љубов, само не ја сфаќам потребата од вакви испади на соц. мрежи. Ве замолувам за совети...
Za masko ne se mole i place, sovzemi se mlada si ima i drugi, ne se zamaraj se gleda deka tipot ne e izivean prvo se trudi da te pridobie posle gi nema tie za mene se gubrinja karakteri.
Јас тоа воопшто не го гледам како испади. Возрасни сте, и двајцата сте имале живот пред да бидете заедно. Сигурно имате одреден круг на пријатели и пизнаници. Не може сите личности од животот да се избришат од секаде затоа што на парнерот/ката тоа и пречи. Не знам ама мене никогаш не ми претставувале проблем соц.мрежи. Искрено, пробај да не им придаваш големо значење на лајковите, посебно ако се друго е како што велиш.
Благодарам. Ми запара очи што стануваше збор за најверојатно нов профил на девојчето, се заследиле и и ги имаше лајкнато двете објави ставени пред 10тина часа. Единствено објаснување, да се знаеле од претходно па сега има нов профил, се заследиле па и лајкнал.. не знам... цел ден се оптоварив со тоа
Лајкување не значи ништо. Си ги мачиш мислите за џабе и можеш само да ја расипеш работата. Од друга страна ако на 37 год времето си го поминува на социјални мрежи и таму му е вниманието тогаш незнам кај му е паметот. Обично на тие години штом ќе најдеме сигурна и стабилна личност сето останато време и внимание ни оди кон правење пари, обезбедување имот и мислиме на создавање семејство. Ако не мисли на овие работи тогаш или е расеан, несозреан или е несигурен околу тебе и мисли дека заслужува подобро па си ги разгледува опциите. Можеш да препорачаш двајцата да ги исклучите социјалните профили па тоа ќе ве ослободи малку од тие непожелни чувства.
Ne ne deka saka da me kontrolira jas si imam moj zivot moja rabota prijateli toj svoi tuku ako primer sum isklucena i ne mu vratam odma dzvone, ne e opsesiven, ubavo mi e so nego ubav vajb imam ama seksot uzas mnogu e stegnat ni jas ni toj nemozeme da se opusteme nekako a bez toa nebiva stabilna vrska..
Дали имаш зборувано за тоа зошто е таков контролор? И за тоа што е стегнат за време на сексот? Ако да, што ти има кажано тој на тоа? Ако немаш зборувано, зборувај.
Има премалку следачи и премалку луѓе следи на инста, па одма можам да видам кога ќе се појави некој/а нов/а и отворив, гледам нов профилот нејзин, двете слики ставени тогаш, на двете лајк мојов
Ти секој ден проверуваш дали следи нови личности? O no... Зошто се преоптиваруваш со тоа? Сѐ почесто овде се бараат совети за лајкови. Зошто дозволувате виртуелноста да ви ја упропасти реалноста? Мораш да поработиш на самодовербата, да сфатиш дека лајковите не значат ништо буквално. Неверства се случуваат и со личности со кои не се следиме и лајкнуваме, а од друга страна тука се и другарите и другарките, колегите и колешките, познаници, роднини и сл. на кои им ставаме лајк од култура или ете зашто ни се допаднала објавата од некого. Особено во ситуации кога партнерот не ти дава повод за сомнеж. Уживај во врската и во љубовта, препушти се на моментот, ќе видиш колку ќе ти е полесно.
Довербата е основата на секој однос (пријателство, врска, брак). Ако ја нема, запрашај се зошто си со него и каде водат твоите љубоморни мисли и посесивна грижа. Свесна си дека создаваш проблем. Советот и одговорот си ти. Треба да поработиш на себе за да ја зачуваш врската.Слободата и личниот простор се неприкосновено право. Никој не поседува никој за да си зема право да го контролира. Хипотетички прашања и одговори може само да те одведат во непосакуван правец, а за се' останато постои разговор доколку има сомнеж.
Па можеби требало да останете на пријателска база првин после можеби ќе се тргнале работите на друга страна, но ти многу си пресекла... Единствено да пробаш како пријател пак да воспоставиш контакт па ако тргнат работите на таму каде треба продолжи ако не има многу машки ќе најдеш и друг кој што ќе ти се допадне и ќе имаш заеднички интереси.
Зошто си правиш тешко на самата себе? Уживај во животот опушти се што е твое си е твое никој не може да ти го земе. Па на крај разговарај, се се решава со разговор ако ти смета некој ќе му кажеш и ако сакаш да знаеш личноста на која и ставил лајк дали му е познаничка ќе прашаш нема ништо страшно во тоа секако ако планирате заедничка иднина и сте сериозни треба да си ги знаете познаниците и да не криете ништо еден од друг. Сепак тој е доволно возрасен ако е сериозен не треба да се грижиш воопшто... Пробај опушти се, тоа сама со себе мораш да си го решиш за да ти биде полесно.
Знам иста ваква ситуација од мој другар, на кој му се случи истото. Тој не ни сакаше ништо со девојката бидејќи навистина се осети грдо. Нема што да поправиш. Ќе стане само полошо. А за иднината секој може да ти зборува. Не се знае утре што ќе биде, а не после х време. Така да, полека.