Мојата другарка има ист ваков проблем со љубомора во врската, за секој лајк од него на некоја друга девојка (модел, познаничка негова, бивша и слично) таа е љубоморна и од таа нејзина љубомора веќе детето не знае што да прави, не сака да раскине со нејзе затоа што многу ја сака, а другаркава вели дека од што го сака е љубоморна, но таа преголема љубомора во врската според мене не е од љубов туку од завист(се разбира можеби во твојот случај не е така), цело време и велам да не се замара толку со такви ситници затоа што тоа и влијае психички, а јас сум сигурна дека дечко и ја сака премногу. Значи штом твојот дечко ја докажува љубовта кон тебе на секаков начин значи дека те сака навистина и треба да ја намалиш љубомората и нема потреба од толкава грижа и страв, затоа што може да се случи и поради тоа и да се разделите. Обиди се да не го правиш тоа во толкава доза, секако лесно е да се каже, али тешко е да се направи, па обиди се и да ги прифатиш нашите совети.
Како би реагирале ако некој/а на прв состанок ви каже дека нема да сака врска ни по една година? Не е тоа малку нестабилно? Кој може да контролира емоции?
Затоа на прв дејт не се зборува многу. Подобро ќути си. Не е ова кола, па да ја контролираш. Емоции се
На прв дејт и нема некои емоции, повеќе е само запознавање. Подобро е да се каже што се очекува за да се направи компромис и да нема лажна надеж. Доколку сметаш дека ќе се заљубиш во неа, ти препорачувам воопшто да нема и втор дејт, за да не бидеш ти повредениот на крај.
Здраво, би сакала некој совет од вас и ваше мислење. Пред 2-3 месеци почнав да се допишувам со еден дечко од странство, изгледа на многу културен и фин дечко, знаеме и двајцата дека се допаѓаме еден на друг но моментално нема ништо повеќе од тоа. Но ми има кажано дека другата година сака да дојде и да се запознаеме и да видиме како ќе ни оди за да прерасне ова наше "допаѓање" во нешто повеќе. Но тој во последно време баш и не се однесува како само да му се допаѓам, а и не знам што сака да постигне. Пред неколку дена за роденден ми прати пари за да си купам нешто како поклон од него, на негова иницијатива но денес пак спомна да ми испрати пари да одам да се почастам нешто. Ме збунува што сака да постигне бидејќи некогаш враќа на пораки и стварно е заинтересиран а некогаш и по пола саат. Кога е испаднат негде или со друштво воопшто не отвара порака, мислам дека има девојка или сака некоја друга да има од страна. А ова со испраќањето пари може мисли ќе наседнам на тоа и дека сум некоја што сака такво внимание. Кое е вашето мислење и дали треба воопшто да го сфатам за сериозен?
Му реков дека нема потреба од тоа и дека беше доволно што воопшто прати пари првиот пат, но типот се навреди на некој начин