А што ти менува дали пишувам на кирилица или латиница? Океј, бевте доволно јасни дека не би прифатиле пари од непознат но нема потреба од дополнителни коментари. Фала
Јас пак ќе те прашам, зашто претходно ми го игнорираше прашањето. Еве една друга членка кажа дека е потребна и адреса. Ако ти не си му дала адреса, уште пострашно делува работава, зашто кој знае како ја добил и од кого твојата адреса.
Дечки, 4 страни испаднаа за девојчево. Ок е, валда сфати до сеа шо сакате да кажете. Утре ќе се плаши да постави прашање...
Без навреда, ама можно е и дечково да ја проверувал на некој начин дали би прифатила пари, можда немал среќа со девојки или се на неморални налетувал и сега сакал да ја тестира, ужас бре, ако ви требаат пари побарајте од мајка, татко, брат, сестра, чичко, како си дозволувате човек на кој очи му немате видено пари да ви праќа, било што било, јас би му ги вратила парите и би прекинала секаков контакт со него и се надевам дека не си кажала на некој во околина дека си прифатила така пари!
Не е секогаш потребна адреса за вестерн унион, имам праќано и примано повеќе пати без адреса на примачот (мислам дека зависи од која држава се праќа). Име, презиме и држава ми барале, примачот после ги подига со валиден ИД документ + бројот на трансакција.
Девојче, прво не треба да даваш лична карта или пасош на непознат човек (кој во неа има слика твоја, адреса, матичен број итн) ,не треба да прифаќаш пари од непознат човек кој се уште не го познаваш во живо без разлика на камера сте гледале,допаѓање итн... Друга работа, допаѓањето и однесувањето е сосема друго, тој ако му се свиѓаш без проблем одма ќе дојдеше кај тебе а не до вгодина. За толку време секако ќе најде друга девојка,му се је*е нормално и затоа така ќе се однесува а за парите баш му е гајле ..не може со пари да те купува или да те освои... Мој совет е не се сплеткај со некој што ти дава пари да ти се докаже ев богат сум и се ми може и си кулирам со било која девојка ,неговото однесување ти пиши или не ти пиши се знае дека и со друга се пишува... Тоа што кажуваш дека е добар и културен, ти уште не го познаваш... Мислам нема потреба да коментираме ,твој живот е прави што ќе ти се прави ама не давај лична карта и не прифаќај пари!
Заедно сме нешто повеќе од 2години ама многу ретко имаме секс. Причината е шо немаме услови. Двајцата седиме во станови со цели фамилии и плус немаме кола на располагање. Последно имавме односи пред 2 и пол недели, скоро па и да не помнам кога беше. Целата ситуација ми оди на нерви, и мене и него. Почнувам да станувам ладна, не го добивам она што го сакам и чувствата ми бледнеат. Често се фаќам во ситуации да симпатизирам други луѓе, да фантазирам за други момчиња затоа што колку и да звучи сурово дечко ми не е во можност да обезбеди услови за тоа. Многу е тешко кога сме во зрели години а не можиме да си приуштиме да имаме односи ни еднаш неделно.. Како сте ги решавале овие проблеми? Немам трпение веќе, или ситуацијата ќе се среди или ќе раскинам, исфрустрирана сум до немајкаде!
Не сфаќам зошто си му лута на дечко ти и сакаш да му раскинеш што не може да обезбеди услови, кога ни ти не можеш. Не е дека не сака, не може. Решение, хотел ако ви се плаќа.
Аееее па јас имав каде, па таа не ми даваше едно време, многу сум барал. Пикник природа нешто? Викендичка?
А што па јас као девојче да не треба да вртам по мотели и да барам станови? Кога студирав во друг град скоро секој викенд доаѓаше кај мене, сега нека превземе и тој некоја одговорност. Со маж ли сум во врска или со детенце од 15г. Нема ништо, ама буквално ништо. Каков пикник, еднаш имав секс на отворено и никад више. Кревет си е кревет. Спремна сум и да изнајмиме стан, да плаќаме по 3-4000 месечно но ни тоа не сака. Едно заради парите, друго бидејќи му е гадно.
Ако толку ти дошло до секс, до степен што сакаш да раскинеш, ќе најдеш начин. Ама ако он те одбива е др приказна, раскини тогаш ако не можеш да трпиш без секс.
Значи немате ништо... хммм друго што ви преостанува е да си резервирате откај знам соба некоја за ден два, сигурно има такви.
Штом доаѓал секој викенд сега направи ти нешто за него. Што има врска кој ќе нашол хотел, викендичка? Изненади го и уживајте..
Каква врска има дека си девојка. Изгледа тебе ти е поголем проблем немањето често секс отколку на дечкото. Кога се сака се бара решение, а не кој ќе најди, наместо стан ете кога не сака, можите да одите во хотел. Ако сакаш да раскиниш само ради немање често секс и ти е толку проблем е друго.