Те имам читано и претходно кога кажа дека немал работа подолго време па постојано бил нервозен. Незнам дали финансиската состојба сега се среди, можеби нема толку финансиски услови за плаќање во хотел штом велиш дека не сака заради пари.
Финтата е во тоа што секоја потрага по соба во Хотел, станче или што и да е, останува на мене. Ќе му спомнам и као на почеток е загреан после тоа 100 изговори само за да не одиме. Кога имаме секс тоа е кај него дома. И бидејќи е со броено време пошо ретко и кратко време е сам, најчесто не ни уживам како шо треба, цело време сум на штрек. И долго време немам ни свршено, ама па како би.. Не барам да ме тапшате по рамо, аман. Само споделувам проблем што ептен ми оди на нерви и не гледам излез никаков а фрустрацијата константно расти.
Може нема доволно финансии, може има други проблеми, стави се на негово место. Ако сметаш дека треба да му раскинеш, раскини му, голема си, ти си знаеш. Одлуката на крајот е твоја.
Иди спиј кај него, заклучете соба. Зберете се неколку пара кај некој демек филм да глеате да се дружите, и после на спиење свршете работа. Во подрум некој по зградиве. И шо има врска ти ако закажеш у хотел? Тие точно ќе знаат оваа ми се јави да закаже и сеа ќе праат.
Што ти смета ти да закажеш? Ако закажеш и те одбие тоа е проблем, вака само се тегнете кој да попушти и на крај незадоволни двајцата.
@Mmilena997 Јас па не го гледам во тебе проблемот. Идел кај тебе додека си студирала, ти бараш решение, тој не, единствено седењето дома кај него. Не дека сексот е најважен, ама ако имаш потреба повеќе од тоа што добиваш, нормално е да те фрустрира. Во ред е човек и да не сака и да не можи, но верувам дека овде се работи за подолг период. Јас не би раскинала ако условите се во прашање, ама би раскинала ако е желбата, т.е. немањето желба. Не би сакала да се чувствувам како да молам и како само јас да сакам, а не би сакала ни да си ги потиснувам потребите. Хотели и викендици е краткотрајно решение, не можи секој втор ден. Без да го напнуваш и без нервози разговарајте и најдете решение (свој стан пример, што нема да се случи преку ноќ), до тогаш некој компромис (почесто кај него, кај тебе, викенди и слично, само тоа останува).
Не знам од каде да почнам, се допишувам со еден дечко, ајде ок се на почеток но некако ме нервира таа негова неозбилност, вака е ок за некои работи, фино се понаша и се тоа, ама не знае да се расправа, буквално се му е смирено и опуштено, а со самото тоа ми делува на неозбилен, не знам, за добар, добар е, сакаше да дојде да се видиме, два пати му реков чекај има време, сега пак ми спомна кога да дошол и искрено не знам дали сакам да се видам, од една страна ми е убаво со него од друга ич, ич не сакам неозбилни машки, ако престанеме да збориме ќе ми фали, ако збориме понекогаш ми е интересен се додека не почне да се смее, не дека не викам да се смее ама треба да биде озбилен, не знам како да го сфатам човеков, не знам дали вреди да му дадам шанса...
Како тоа е неозбилен ако не знае да се кара? Што очекуваш ти уште се немате видено , а веќе и кавги имаш испланирано
Ова ти смета? сакаш да се карате? Ако може на смирен и опуштен начин да ги решава проблемите супер, браво. А ако избегнува да ги решава, и се смее за сериозни проблеми, ок тогаш можда му фали сериозност.
Ако е смирен опуштен не значи дека е неозбилен. Еден колега од факултет цело време беше насмеан од 6ка до 6ка кога и да го видиш, буквално, расположен за шеги ќе си речеш најнеозбилна личност, а од друга страна му беа сите 10ки еден испит немаше паднато.
@Ta-mara не е се како што изгледа на социјалните мрежи се додека не се докаже спротивното и не се запознаеш во живо. Од една страна ако гледаш колку е поубаво да си опуштен, смирен, да не се замараш, а посебно во врска ако си опуштена и се чувствуваш задоволна и не се мислиш пред нешто да кажиш за случајно да дојде до кавга. Од друга страна убаво ти пишаа и другите, не значи дека ако е опуштен, дека не е сериозен. Но, ако навистина не сака сериозно да разговара за некои сериозни проблеми дури и да се смее во такви ситуации, тогаш е проблем. Ти од премногу overthinking си прајш филмој и си даваш изговори како ќе било. Види се со него, како е во живо, ако не оди, секој по свој пат и готово.
според мене неозбилност е кога се расправа за сè и сешто, а ако сакал да се види неколку пати со тебе и се решава смирено значи е озбилен.. И тоа што се смее, на почеток е така, сигурно нема да седне животни приказни да ти раскажува од самиот почеток.. а и да ти раскаже сигурно за смешни и убави нешта ќе збори а не депресивни, јас мислам дека треба да му дадеш шанса кога ионака со допишување си му дала веќе. Незнам која ви е разликата на чет и во живо да разговарате
Јас имав таква бивша девојка, се по нејзино да е, инаку че се инаети цело време или че се расправавме... нон стоп и после секс и ај ко ништо да не било. -_-
Биди среќен шо ти е бивша. Сите бегаат од кавги, на овие пак им сметало дека не се карал. Абе дајте малце смирете топката луѓе ...