Значи јас бев најмногу против разводи, семејството ми беше свето, и сеуште ми е но без мм, зашто не знам дали некој би сакал да остане во брак со личност што постојано без никаква причина ќе кажува на саканата како размислува да ја убие, значи оние што ми ја знаат ситуацијата добро разбираат, ве советувам ако видите на почеток на врска дека дечкото е пољубоморен бегајте на време. јас на почетокот тоа го сватив како ете ме сака, но со тек на време се полошо стануваше, ме натера да го оставам факсот, останав без пријателки , значи под тотална контрола иако го сакав и му бев најверна, он си го живееше животот а јас како некоја старица што седи само дома и кога некогаш ќе излезевме ми се закануваше зашто сум погледнала некој, пред децата беше агресивен со мене поради неговите проблеми во главата, 5 години се надевав дека ќе се измени, тој не сакаше, сега се преправа само за да му се вратам, има и лоши работи што не сакам да ги откривам, едноставно бев зелена, ми се допаѓаше што сите имаат страв од него па не ми досаѓаа др. момци но не помислив дека и јас ќе имам страв. а за децата е подобро да растат вака бидејки постојано беа сведоци на лоши ситуации заради него, а тој никогаш немаше време за нив па не го ни бараат многу
Sweet не напишав конкретно за никој,само мој став за повеќето примери што сум ги видела,и гледајќи ја денешнава младина Инаку оправдувам разводи со причина-еве конкретно за твојот случај...твоја грешка што од почеток си трпела,затоа сега размисли убаво за другарот да не ти се случи нешто слично....оти знаеш како викаат-подобро сама,него во лоша врска и лош партнер и страдање...ти посакувам среќа и правилен избор
па тое е она што им го кажуваме на сите млади, тоа е она што преку примери можат да го воочат. Да не плачат тука по форуми дека го сакаат иако ги тепа или дека им е љубоморен ама ги сака. Љубовта е љубов, а бракот е прво разбирање, компромис и на крај љубов. Така да првин треба да отворите очи со кој идете, со каков идете да се распрашата за неговите животни цели и ако ви одговара останете со него ако не веднаш по потрага по нов. Животот го живееме само еднаш па вреди да го живееме максимално и онака како што ние сакаме и пред се да сме ценети, почитувани и со што помалку проблеми
Девојки имам и друг проблем. Што здравствената состојба ми е катастрофа а тој само бара причини да се караме не ми крева кога ке му напишам што и како ми е никаден го нема . И јас сум крива се јас нешто лошо правам.
Moжно е, зависи од дечкото...Ако му се Спојлер дига , зашто да не....Од другата страна зависи од девојката дали може уште
не ми е јасно ако имаат односи 40 тина минути,и си поминале супер зошто тоа потоа го множат со 3 или 4?!?
фала ти yawn тоа сакав да го знам дали е времето во прашање,затоа што мислев дека до мене е проблемот,мој еден пат трае долго и затоа малку се зачудив од тоа 3-4 пати?
Хм, епа вака. Додуше и не е некој проблем ова, ама ајде.. Се запишав на бокс што се запишав и сега таму сум си единствено девојче, а машките се кој од кој поубави, па таму кога ќе фатат да се соблакаат.. Ахх, убавини, пусти убавини. Е сега, имав спаринг со еден дечко и што знам, штом се погледнавме во очи, веднаш ми се засвиѓа. Незнам, ми се допаѓаше начинот на кој ме гледаше, па како ми се насмеа.. Уживав во моментот. Проблемот е што некако, преку ноќ ми се развија некои чувства кон него, веднаш ми се засвиѓа, дури и пребрзо некако.. Не сакам да се заљубам, заради повеќе причини. Ама сега, би сакала некако да го запознаам. Проблемот е што незнам како. Ајде, може ќе се паднам со него пак да спарингувам, ама во моментот толку ќе ми биде незгодно и непријатно, сигурно целата ќе се препотам и ќе почнам да се тресам.. и нема да можам да изустам ни збор. А и не можеме да зборуваме за време на спаринг. Паузите ни се 1-2 минути, а и друга работа, одам заедно со вујко ми на бокс.. Така да, потешко ми е да го запознаам дечково.. Чувствава кон детево постојано ми се продлабочуваат, а не ни сакам тоа да се случува. Прво, не му ја знам возраста. Не изгледа нешто многу постар од мене, ама ипак.. Незнам како се вика, што е, од кај е, каков му е карактерот, дали има девојка и ред други работи. Може да се отпише од бокс, или пак јас. А и за време на летниот распуст немаме тренинзи. Затоа, ако веќе сакам да го запознаам, барем да го искористам овој последен месец што го имам.. Suggestions? Имам и уште некои проблемчиња што ме мачат во моментов, ама ова ми е некако најглавно. Така да, ако имате да ми дадете некој совет, слободно пуцајте.
^^ Ауу, не не, тоа никако. Си претпоставувам како би изгледала таа ситуација.. Е, вујче ај запознај ме со дечково, ауу ноу ноу. А и вујко ми не ги знае повеќе од пола како се викаат, тие постарите не ги знае, а камоли децава. Зашто и тој е почетник да речеме.. Се нервирам што неможеш таму со скоро никој да се запознаеш, влагаш во сала, само здраво, здраво и толку, цел тренинг сите на свои страни. Како и да е, фала ти на советот.
Не бе,немораш на вујкоти да му кажуваш.Те сфаќам,не сум ни јас до толку блиска со вујко ми за да ми мести дечковци. Едноставно,започни било каков муабет на пауза,безвезен.Колку да почнете де Па ќе почнете да зборувате,ќе ти каже како се вика,колку годнини има. А,ако не си храбра тогаш,биди во негова близина и слушај ако некој го викне како ќе го нарече...или пак ако ве прозиваат или такво нешто,слушај Напрај си ги ушите радари.
Леле девојки и јас имам еден проблем Имам дечко стварно знам дека ме сака ме почитува и јас го почитувам и го сакам ама повеќе го чувствувам како другар само се лажам себе... ИСКРЕНО сеуште го сакам бившиот скарани сме подолго време но никако да го заборавам премногу сум горда да го признаам тоа но го сакам пред некој ден ми пиша како сум била премногу важна и зошто сум го сменала бројот а јас стварно го сменав од инает а тој значи ме барал, и јас му реков дека го немам неговиот број од ко го сменав (мене на сон да ме прашаат ќе го кажам бројот негов) и тој ми го напиша но не знам дали да го побарам ми е жал за дечково што сум со него да не го повредам Навистина не знам..............
Незнаек? јас мислам дека многу добро знаеш.....Ако не го сакаш дечково, ај те молам не го мачи....Раскини му, ама БИДИ ИСКРЕНА СО НЕГО и кажи му ја причината...А не да наоѓаш изговори како не сум спремна за врска што ти знам.....Ако му ја кажеш причината ќе те цени за искреноста ако не повеќе...Он што ќе е повреден, тоа е неизбежно, ама ако го излажеш нема да има ни трошка почит спрема тебе.....А ако мислиш дека може да успее вашата врска, прекини секаков контакт со бившиот и крај - готово.....
Блу, пријди му бре, шо има врска....Еееее не е крај на свет едноставно пријди му со едно здраво може да се запознаеме....ако ти треба некаков изговор речи му нешто во смисол, бевме спаринг а не ни знам како се викаш....и после тоа ќе си почнеш муабет.... не е толку страшно како што излгеда ... на крај крајот па турни се во него и речи му извини (да се насмееме )
Ај јас ќе му се скарам искрена сум за такви работи и јас мразам приказни од типот не сум спремна за врска дрн дрн... Но што ако после тоа сватам дека уствари него го сакам зошто со него сум подолго време и е од мојот град и бившиот не дека е далеку но не е од мојот град.. Не знам кој го сакам навистина после одговорв се збунив стварно
Ако незнаеш тогаш остани си со сегашниов и сконцентрирај се на него... приказните од ваков тип секогаш завршуваат со она..„ не требаше да му се вратам на бившиот, изгубив многу повеќе одколку што имав..„ (што и немора да значи). Имаш дечко кој те сака и почитува, што сакаш повеќе од тоа? Бившиот што дозволил да те изгуби и да си заминеш од неговиот живот? Не вреди да изгубиш дечко кој те сака заради некој бивши, не ги заборавај причините поради кои тој е бивши! Но, ни овој дечко не заслужува да те мази и пази, а ти да мислиш на друг, нели?
Да во право си сосема се сложувам затоа можеби и се двоумев поради тој факт што сум заборавила зошто е тој бивши ако ме сакал немало да дозволи да ме изгуби, а овој се ќе направи за мене а јас како му возвраќам... стварно ти благодарам многу ќе го заборавам ако се сака све се можи