Јас мислам дека и дечково не сака ништо со тебе. Тоа што враќа на долг временски размак е доволно по себе дека не е заинтересиран, друго ти вика да се видите или дека ќе дојде а потоа го нема, детски работи за некој што е 29г. Мислам дека не знае како да ти каже па со овие работи се обидува да ти навести сама да си сфатиш. Тој што сака да направи нешто ќе направи, па и да работи 8часа кога со некој ти е интересно да се допишуваш ќе вратиш, со нетрпение ќе чекаш да си пишете, кога се договсрате за нешто ќе се договорите убаво а не само сакам да дојдам и човек да го снемува. Мислам да престанеш да му враќаш! Не мора ништо да објаснуваш, гостни го.
Јас сум да иницираш отворен разговор. И двете страни отворени карти. Никому ништо. Ни ти губиш, ни тој. Поубаво од тоа нема, ќе си решете се'.
Ви благодарам на одвоеното време, навистина. Дечково ми ѕвони, не можам да кажам дека не ми се јавува, ама ме нервира тоа што не кажува каде иде, што прави, како го поминал денот, освен јас ако не го прашам, еве конкретно за денес, го немаше цело утро и попладне, не ми пиша туку ми ѕвонеше и ајде ок, потоа кога го прашав зашто не пишува, ми рече дека работел и многу бил зафатен и многу слабо пишува пораки, поубаво му било кога збориме ајде ок и тоа и еве сега го нема од прееска ниту ми пиша идам да работам ниту ништо, туку-така исчезна, сигурна сум дека покасно повторно ќе ми ѕвони, не знам што да кажам многу несериозно ми делува. Причината што сеуште се мислам дали да излезам со него на некој начин е таа бидејќи предходно излегов со еден дечко вака се беше ок и кога се видовме престана да ми пишува, а јас знаев колку само ми беше срам да излезам и откажав други работи што требаше да ги направам тој ден, не сакам и со овој да се потресувам во празно, за доаѓање ми рече да му кажам јас кој ден сакам и ќе дојде јас кога ќе кажам, ама однесувањево некако не знам, да бидсм искрена не ми се допаѓа.
Што да се потресуваш 'во празно'? Не мора секој дејт да заврши со врска. Оти не гледаш на тоа, како на уште едно искуство? Излези, види како ќе ти биди покрај него. Не губиш ништо.
Ете ти објаснил дека неможе секогаш да враќа на пораки,ти ѕвони не знам што бараш влакно во јајцето. Можеби стварно неможе дечкото да биде венчан за телефонот. Тоа што ти пречи кај него кажи му отворено.
Не знам што глуми, ама еве не ме праша денес како сум? Што правам? Еднаш плачејќи скоро му се јавив имав една лоша вест, дури ни тогаш не ме праша што ти е, добро ајде можеби по гласот не се познавало дека навистина ми беше лошо ама сепак...ќе размислам фала уште еднаш, сакам да имам дечко бидејќи подолго време сум сама ама се повеќе сум убедена дека не треба да му дадам шанса
Не гледам дека има проблем од негова страна. Најди си занимација, не се опседнувај кога ќе ти се јави. Како за промена можеш и ти да го побараш. Имаш преголеми очекувања за човек со кој се немате видено.
Колку години имаш ти а колку тој? Вака многу незрело размислуваш по мислењата што си ги пишала. Не е гатачка за да знае тој кога ти е добро и не е трагично да не те праша како си.
Јас искрено во овој дел не гледам проблем, ете самата велиш дека ќе те бара. Ако сакаш цело време да знаеш кај е и што прави, поарно инсталирајте си има еден куп апликации за следење на локација хахах. Ако не ти се допаѓа неговото однесување, тогаш не си прави стресови и проблеми. Сосема е во ред, ти си знаеш што сакаш што неќеш. Move on пошто луѓето не можеш да ги смениш со сила. Ниту пак ти со сила треба да се тераш да се интересираш за некој кој те нервира. Реално ова не ми се допаѓа. Не е фер од негова страна. Би требало да покаже интерес за тоа како си и што ти се случува во животот. Ова мене ми е поголемо црвено знаменце него она со допишувањето. Не давај шанси само од причина што долго си сама и сакаш да имаш дечко. И јас баш ме интересираше дали и ти си на негова возраст или има поголема разлика?
Лудило е тоа глуми. Тоа е друго што не те прашува како си,што правиш. Со еден збор не му е гајле за тебе иако се немате видено барем ќе те праша во муабет или во пишување како си.
Стварно не ми е сфатливо како ќе знае дечкото по телефон дека нешто ја мачи неа.. Јас пример можам после плачење да зборам на телефон и да не се примети. А па прашањето КАКО СИ на секој повик би ме вадело од такт. Глупо прашање со уште поглуп одговор.
Се немате ни запознаено, а сакаш да ти кажува каде оди, шо прави цело време? Мене вака некој од старт да ме прашува или да очекува да му кажувам кај одам цело време толку ќе биди. Не можи да очекуваш некој да ти пишува нон стоп или одма да ти враќа на пораки. Ете дечкото ти се јавува. Не седи ти и само да чекаш тој да ти пиши.