Не кажав да ми кажува што прави кај иде, што планира, ама ваљда логично е да каже како го поминал денот, ниту мене ме прашува што има или ете што сум правела денес, јас тоа не го гледам како да му барам извештај за денот. Како што кажав поназад, еве ми пиша дали може да ми се јави, реков нема потреба, се заколна дека навистина немал време поради работата и дека ме сфаќа, само што немало потреба да се лутам, реков сеедно ок е, ми рече зашто не дозволам да се видиме во живо да ми објасни зашто така се однесувал и така си чекам одговор сега, дали ќе го дочекам не знам, не било тоа за преку пораки искрено ми падна на памет и тоа да не има жена човеков па во живо да ми го каже тоа или намерно така ми вика за да се видиме, сега уште толку ме стави во мисла што има да ми каже а не е за преку пораки
Ја искрено ова не го сфатив. Сеа коа го спомна ти укапирав Дефинитивно се согласувам со ова. Истото би го направил и јас. Мислам, теоретски вие не се ни знаете... Јас не би дозволил да бидам "контролиран", ниту пак би чувствувал одговорност да известувам што правам и кај сум на некој што со кој комуницирам на нет и го неам сретнато. Сеа се збунив, не сфаќам каква ви е врската. Значи реално вие не сте во врска? А имате зборувано дали сакате да бидете? Можда дечково си тера со тебе како со другарка?! Ако он нема појма што се дешава, тогаш веројатно тоа е причината зашто не осеќа некаква одговорност да те прашам шо си како си, или пак самиот да ти каже... Абе многу се комплицира вака луѓе... Абе врските не треба да бидат комплицирано. Треба да има некоја комплицирана жичка ама позитивна, слатка, симпатична комплицираност... А не вака уште не почната врската... извини ама...верувам заморно е ова и за тебе и за него
Жити форумов, те молам кажи колку години имаш ти? Најдобронамерно, без никакви осуди и етикетирања. Ама стварно мислам вреди да знаеме
Ехеее колку му ја мислиш. Шо туку анализираш толку? Имаш некоја друга занимација во денот, или цел ден се опседнуваш со мисли за него? Не си прај така.
Имаш премногу слободно време, а преголема потреба за внимание. Не дека дечкото не те занима, туку си опседната со него и ти е криво што не е во реалноста онака како ти си фантазираш.
Интересно ми беше на почетокот многу, ден и ноќ зборувавме и некако се навикнав со него, но добро од утре и онака треба да учам за испити помалце ќе се занимавам со него, еве ми изнапиша како периодов имал многу работа, работел по 12 саати и немал време ниту ДА СЕ СЕТИ НА МЕНЕ и кога ќе помине сето тоа, ќе има време уште ми пишува ќе имам време за мојата ...(името мое) одговорив дека ќе се чуеме тогаш, нека си ја гледа кариерата и работата. Фала уште еднаш на сите за одвоеното време
Со што толку се занимава па нема време? Ако е камионџија, батали го Зашто избегаваш да се видите во живо? Тоа ќе ти е најпаметно, ако ништо друго ќе знаеш на што си тек тогаш, виртуелниот свет и реалниот, небо и земја, колку побрзо се видиш толку подобро, доволно сериозно од негова страна што сака да дојде да те види.
Што кога нема муабет? Се глеам со еден тип, ден сме најокеј, се заебаваме, интересно ми е, ден се осеќам као да седам сама, од шо ми е толку глупо шо нема муабет трескам глупости и сама си се чудам на работите шо ги изговарам и уше праам да е поглупа ситуацијата. Ја стварно не знам шо е проблемот, ми се ствара инает и се нервирам, не сум тип на девојка шо ќе се среди само и ќути ко муле, а со него буквално така се осеќам. Пинг понг играм сама со себе, со ѕид Хелп
Секој ден не може да е океј кај сите е така некогаш ни се зборува некогаш не... Се случува и човек да снема тема на зборување. Зошто не пробаш нешто друго наместо зборување кога е во ситуација дека не му се зборува играјте карти, гледајте филм, слушајте музика... Нема потреба да се нервираш, а ако не ти одговара постојат и други типци.
Кога нема муабет па тоа е добро Шега Ден ти е океј,се забавувате. Ден ти е тапа и ќути. Да не има некој проблем,нешто го мачи? Што знам. Повеќето имаме такви денови кога не ни се разговара. Ако е ок како личност види поработи на тоа,како што ти кажа членката карти,филм,нешто што би можело да си помогнеш на себе и на него. Најдобро е да разговараш со него отворено за ситуацијата што те мачи.
Љубов е кога ти одговара и тишината во негово присуство. Некогаш е доволно да се гушнете и да молчите, а сепак да сте среќни и да ви е убаво.
Претпоставувам не се гледате долго, на почеток нормално е да е непријатна тишината. Во иднина можеби би нашле некој компромис. Има секакви денови, некогаш не ќе можиш да кажиш се' од што има многу, некогаш ќе си ќутиш. Мене ќутење ми е позитивна особина. Ако се збора цело време се осеќам психички уморно после средбата.
Да. Вчера му кажав апсолутно се’ што имам, на што он кажа дека сум имала избрзани реакции и заклучоци. Многу, многу ми се свиѓа, затоа и ќе продужам да се глеам уше малку, па ќе видам до кај ќе тера работава. Тишината не ми е комфорна, уше поглупо е кога трескам идиотски работи само за да ја прекинам, ете, ќе се водам според него и ќе видиме.
Не да се водиш според него, оти ќе се изгубиш себе си. Прво размисли што те привлекува кај него, оти очигледно карактерот негов, не ти е баш по ќеф...
Ocigledno i nego ne mu e ama na nekoj nacin ce proba. Sho znachi ne treba da ja sovetuvame vo smisla ako tebe ne ti odgovara otstrani go bidejki taa lisha na forum. Ubo i rekoja ponazad ako se sakate nekogas i vo tishina ce bidi ubo i dovolno e pregratka. A ne jas ko so zamislivam 24 saati sekoj den oisuvanje, izlituvanje tastatura i pena fajcanje usta od zboruvanje.