Што 'да проба' ако не му е убаво? Еве пробале. И не си во право за разговорот. Убаво е да можете да седите во тишина и да не ви е незгодна тишината, ама јас на пример, на почеток на врска, кога сеуште се запознаваме, сакам да разговарам и тоа многу. И ако јас зборувам, а тој ќути и блее ко теле, ќе ме нервира.
Затоа ќе научи дека и да се нема тема се бара со сила само да има комуникација и разговор а да ја нема таа глупа тишина која прави човек да се чуствува незгодно. Ти рекол дека брзо донесуваш заклучоци? Па колку се знаете?Три дена?
Има професии што се работат по 12 часа и тоа твојата глава не може да го разбере зашто немаш работено. Ако работи 12 саати дефинитивно не го држи телефонот во рака во секој момент. Друго, не можеш да му поставуваш ултиматиум да ти дава дневен извештај дур не искочите неколку пати,а гледам ни он не сака да те форсира тебе. Сигурно си вели “не е должна да ми се правда не се знаеме”. А тоа што ти се “потресуваш во празно” за секој што ќе го запознаеш треба да поработиш на себе,да намалиш очекувањата од машките затоа што потоа се разочаруваш. Може да се има и кариера и љубов и не значи дека ако не те прашал како си не е сериозен.
Здраво дечки. Конечно доаѓам на форумов за нешто што не е shitposting, така да занемарете ги моите изминати постови У секој случај, да се искажам сакам мада веќе мислам дека го знам одговорот али сакам да чујам што повеќе мислења. Што се дешава уствари кога некој ќе го снема? Зборам онака, ghosting. Не беше врска али ко онака зборевме се глеавме сѐ идеше СУПЕР, онака ко ептен добро дури почна вербата у машкиот род да ми се враќа али изглеа сум се излажала. Со типов се знаеме дека постоиме онака ко со години, али во март почнавме да збориме, и тоа на почеток ми беше онака нишо посебно колку за тепање време, не ми беше ништо освен убав. Проаѓа време некое и сфаќам дека почнувам да се насмевнувам на пораки од него, почнуваме да збориме цел ден, до 4 сабајле - тогаш сфатив дека уствари сум сјебана. Иста смисла за хумор, респект, у изглед мој тип скроз.. Си викам нема врска ај, play it cool, ништо не покажував од заинтересираноста освен што му давав комплименти за физичкиот изглед. Си викам ваљда нема да фатат кривина работиве, како се дешава нека се дешава. Исто така му кажав дека апсолутно нејќам врска али и он истото го кажа, дека не е спремен и не би бил у врска. Ок, топ, и ја. И негде таму пред први мај ден два беше ладен, ме остаи на liked message неколку дена, неколку дена после тоа ми пиша и еве сеа го нема уште од тогаш. Втф? Преголема гордост имам за да му пишам јас кога не сака он да ми врати (не дека тој последниот муабет беше нешто озбилен ама сепак) Битен детаљ е дека ми има кажано дека вака го снемува од животи на луѓе како coping mechanism, и ја тогаш се оладив и му кажав дека нејќам работа со такви луѓе и ми вети дека ќе искомуницира со мене ако има нешо, и ја глупача му поверував Трагикомична ми е ситуацијава и не знам зошто уопште се замарам за ваков лик, али како нерешена равенка ми стои у мозоков и стварно ме фрустрира.
@Sejfullai а чекај, јас мислам дека уствари не избегал туку сакал нешто озбилно. Зошто гордост од твоја страна? И тоа што ти го кажал дека бега не мислам дека излегол нефер, ова го гледам како начин да не го повредиш. Ако ти си рекла така (дека не сакаш ништо) прва, он нормално ќе се согласи..мислам, што да ти каже друго.. Ај баш договорете се, зборувајте во живо.
Веројатно исчезнува од животи на други луѓе кога почнува да се приврзува за нив. Јас би му пишала уште еднаш и зависно од одговорот би одлучила како понатаму.
Значи овде можеме само да претпоставуваме што мисли тој многу варијанти се веројатни... Можеби мислел како ти што си мислела да тепа време, можеби е зафатен повеќе од порано, можеби почнал да се гледа со некоја, можеби многу други работи... Каква гордост кога некој ти се допаѓа пиши види како стоиш па одлучувај што ќе правиш понатаму, а што вака те копка срце, а гордоста не ти дава само се измачуваш себе си... Ништо нема да изгубиш ако пишеш само ќе ти олесни.
да да истиот муабет и јас го помислив.Демек рекол и ја нејкам за да не испадне лузер и после си фатил магла
@Sejfullai Можеби се почувствувал како вишок, како да ти смета/замара, како да ти е сеедно дали ќе биде дел од твојот живот или не. И за да нема драми се повлекол.
Откачи го на време и спаси се од проблеми . Така да што и да рекол очигледно не си стоел на зборот . Normalize it откачување после прво ред лајт .
Здраво дечки,сакам да ве прашам за мислење од ваша страна.Со дечко ми сме 10 месеци веќе заедно, ја осеќам неговата љубов и грижа кон мене и се тоа, ама мислам дека имам некој проблем сама со себе.Во поранешните врски скоро па и да не сум била љубоморна (иако сум била заљубена) ,ама оваа љубомора што моментално ја чувствувам кон сегашниот ме загрижува. Пробував да сфатам која е причината заради тоа, можно е бидејќи на почетокот кога се гледавме знаев дека пишува со други и договара да искочи со нив иако кога го прашував страшно негираше и се правеше најголема жртва, можеби затоа што знам порано каков однос имал со девојките и што правел, можеби едноставно немам доволно самодоверба и мислам дека физички он е поубав од мене и дека ќе ме откачи за некоја што би ја видел на улица. Сфаќам дека ова воопшто не е океј и не му се лутам бидејќи он не е крив за ствариве што ми се вртат низ глава, ама кога ќе ми текне едноставно ми го сјебува денот. Исто така ниту еден негов другар нема женска, па може и тоа игра некаква улога.
Барем е искрен кон тебе дека не е спремен за озбилна врска ,му беше досадно и се пишува со тебе и со други девојки... Па му се здосади а можда мислеше со тебе да излезите онака..ама сфатил дека не си таква па толку.. Но дотолку си се заљубена кон него пиши му,не губиш ништо...
Кога си знаела дека излегува со други девојки и договара не знам што уште си со него...не ти треба таков..пробај да разговарате да си расчитите што ви смета и треба да си имате доверба а далеку од љубомора...
Ред лајт??? Како бе ред лајт? И двајцата не сакале врска, со самото тоа немаат никаква обврска еден спрема друг. Нема и паре и јаре што велат комшиите. Или бело или црно, не може да ги бараш и очекуваш сите убавини и придобивки што ги нуди врската и од друга страна да бидеш слободен/на да правиш што сакаш. Сега Сејфи има 2 опции: 1. Да си ја голтне гордоста и егото и да му каже дека и значи и дека сака нешто повеќе; 2. Или да си седи на страна и да чека другарот да и ги прочита мислите. Во љубовта нема место за гордост и его. Е сега можеби ќе биде одбиена и ќе боли, ама бар ќе знае каде е и на што стои. Сејфи пробај си, ама не форсирај, ако не е обострано, тури му пепел.
Да бе се било супер и одеднаш го снемало , поголем ред лајт од тоа . Да океј не биле дечко и девојка но барем поради почит кон неа како личност можел да и каже не сакам да се гледаме или нешто се не само да исчезне.