Не сакам да бидам party pooper ама и според мене нема логика да го снема дечкото ако стварно и искрено е заинтересиран. Мислам дека да сакал нешто ќе признаел па макар добил контејнер врз глава или пак да олади после некое време, што знам..
Држи вода тоа што го збориш. Ама ете да речеме ти си тој или таа кој/а секогаш го иницира секој разговор, па и кога го сториш тоа другата страна ти одговара со да и не. Гледаш дека му е или и е сеедно и како би постапиле? Дали продолжувате да се пикате во нечии живот кога не го добивате истиот фидбек кој го давате? И сега тој не пишува прв и не бил заинтересиран, можеби тој истото си го мисли за неа. И така и двајцата чекајќи едниот да си го голтне егото и да пише прв ќе им помине меракот.
Па ако добивам да/не одговори поголема е веројатноста да оладам а не да се затрескам па да се повлечам. Ова со гордоста и егото ми е многу филмско сценарио искрено, секако се е можно не ја ни знаеме целата ситуација нити карактерот на ликот, ама од мое искуство и да речам "пологично" ми е дека оладил а не дека се затрескал па сега пати во тишина.
Па тоа го мислам и јас, скроз ми нема логика да го снема без ништо. Ко боље да ми речеше слушај, досадна си ми не можам више него ли вака да ме остаи. Ова со затрескување и повлекување некако ептен идеално филмско сценарио ми е, не знам Не би сакала да се летам до толку. Иако ептен убаво би било да е тоа хаха. Мислам дека ќе му пишам јас, чисто онака колку за себе да имам некаков closure, а он не знам дали ќе врати и дали воопшто сакам да врати. И да врати не знам што ќе праиме после ваков испад. Само ми е криво што едно од реееетките машки што ми се свиѓале во животот, за на крај вака да ми направи. Многу брзо ме разочара, не можам ни да процесирам како што треба.
Please be advised i'm not gonna text you anymore coz you don't give a f about me. Пиши му, немаш што да изгубиш, можеш само да добиеш. Гуд лак
Тоа секако. Само кажав нема потреба да се пишува пак штом го снемало, тоа е голема грешка на која се сопнуваме сите. И сега знам како и е, се јаде оти му пиша. Не е дека не знам, сум ја осетила ситуацијава и знам колку многу сакаш да му пишеш на некој и кога добиваш подршка од сите и на крај прц! Е тоа прц те тера да сфаќаш колку вредиш и дека он губи.
Абе види, нема зошто да се пишмани што пишала. Јас колку корпи имам јадено, па некој да ме остави онака ич нема на ум да си ставам. Многу осетливо си ги примаме некои работи, едноставно пишала, добила на некој начин одговор со невраќањето и нема што да се потресува. Типон ѝ штеди време, нека прославува онаму што не биднало. Да не пишеше мислам дека повеќе ќе се јадеше.
што е поарно да се " јади" оти знае на шо е или да се јадеше дали треба да пиши или не? Јас мислам дека е попаметно што пиша и веќе си знае што понатаму, во случај ако батката повторно и пише во блиска или далечна иднина, а јас мислам дека ќе и пише и би ја советувал да не потклекне на него и да го одеби.
^ Кога веќе се гледа апла дека го нема наеднаш нема што да пишува, според мене. Секој различно перцепира на работите и јас не би ја советувала да пишува. Да, ќе види на што е ама и ќе се јаде сега, едноставно не е само што е полесно за некого. Така да, понекогаш на некои работи не им треба конец да ги држи.
Полесно ми е бидејќи пишав искрено. Бар се осигурав дека е незрело ѓубре, онака се мислев, да не згрешив јас нешто, ова она - ама изгледа не бил до мене проблемот. Да сакаше, ќе се потрудеше. Нејќе. Ок. Block, delete сеа и идеме напред
Браво за храброста. Имам слична ситуација како твојата, ама немам храброст да го блокнам. Ако ти требам за муабет и ти е тешко, пиши ми ЛП.