“Не знам “ не значи дека ќе ја остави туку дека не знае дали повторно би се појавиле емоциите. Тој вајб никој не може да го знае, може да се пецнат со поглед низ град случајно,а може и не. Реакцијата на членката е претерана,а тој ако сакал да ја остави може и сега.
@Mmilena997 можел тој дел да го задржи за себе, а не да ти го плесне во лице. Не ми стои добро цела ситуација..
Како успеавте само за толку краток рок да правите паузи од неколку месеци? Очигледно нешто од старт не штимало ептен. Ај тој што е смотан што одговорил, ама по оваа логика може било кога да сретне било која што ќе си одговараат и да те напушти. Дал ќе се врати таа, дал ќе сретне друга, што би ти сменило? И тоа може да се случи на секој. Единствен начин да бидеш сигурна дека нема да те остави е ич да не влегуваш во врска. Чим си влегла веќе во врска треба да работите на неа и да имате доверба дека ќе успее. Не го гледам како претерување, туку како погрешна перспектива. Страв ти е да се вложуваш во врската кога може да те остави. Ама секогаш може да сретне некоја за која ќе те остави ако така гледаш. Со уценување и манипулација може само да те излаже за да се смирите. Место тоа треба да градите доверба врката е доволно добра да нема причина да те остави.
Воопшто не си претерала . Јас на твое место не би сакала ни пауза ни ништо. Ако "кликнале" што бара сега со тебе? Или дека ти си му сигурна шанса па додека не најде некоја друга. Јас би го оставила истата секунда. Што си му ти утешна награда? Како ќе продолжиш врска со некој кој не знаеш дали во секој момент ќе те напушти ако и текне на бившата да го побара.
Здраво девојки. Имам многу тежок период и би сакала и ваше мислење. Се гледав со еден дечко една година и најпрво се беше океј со нас тој почна многу да се приврзува за мене и јас за него и премногу се зближивме еден со друг. Бевме заедно скоро секоја ден заедно, разговаравме на телефон по 3 часа секоја ден, секогаш ми кажуваше дека сум му многу битна, споделуваме работи еден за друг но сето тоа не беше толку јавно тој како да се скриваше не одевме на кафе и не сакаше да се врзе едноставно иако е доволно возрасен и има 29 години, но јас продолжив со него и се надевав дека ќе се среди... Со тек на време почна да му пречи моето излегување многу пати го имам видено како ме проверува дали сум дома ми се јавуваше но се помалку и помалку... Исто така имав видено како сум потпишана со друго име во неговиот телефон но и покрај тоа јас продолжив со него бидеќи многу го сакав. После се тоа јас го видов со друга иако тоа беше само за еднаш на мене од тогаш ми се отворија очите и престанав да го барам. Јас му кажав дека не сакам повеќе да имаме никаков контакт и не му излегувам воопшто пред очи и последниве неколку дена ми звонеше и ми пишуваше пораки. Не знам што да мислам сепак толку време поминавме заедно ве молам за совет. *извинете на долгиот пост.
Што виде? Не ќе да е тој материјал за сериозна врска. Штом си решила да ставиш крај, остани на тоа. Блокирај го да не ти пишува. Една година не е нешто многу, луѓе прекинуваат врски од 4+ години.
Со друго име ,не сака јавно на кафе со тебе ,се крие за да не го види неговата девојка па ти си го фатила што значи те искористи или некој е женкар не знае што сака ама сепак 29 год нема смисла овие работи да ги прави Ако навистина го сакаш речи му нека објави слика со тебе #mylove па види и самата дали стварно те сака ама сепак најубо е да си разговарате и да си расчитите .
Продолжи да го игнорираш. Веќе ти забранувал работи. ако сега му се вратиш, ќе го научиш дека смее да ти забранува. Не си играј играчки, ќе страдаш... на многу начини.
@Snowwhitee Што уште бараш од типот? Те криел, те користел, те потпишувал со друго име, а во меѓувреме си бркал работа. И ти сега велиш си го фатила со друга девојка, ама било за еднаш?! Еднаш или стопати, тој тебе те излагал, ти ја изневерил довербата. Подалеку од типот, оти полошо ќе биде, подобро не!
Мислам дека самата си свесна што треба да правиш...Зар би сакала таков дечко? Да те крие,да излегува со други и да љубомори... Тој крај што си го ставила е најпаметното нешто, нема што толку да ја мислеш.
@Snowwhitee се согласувам со @Bezimenka90 . Или има девојка, па затоа тебе те крие, или му шета газот на повеќе места, а ти му стоиш како златна резерва, за во случај да биде откачен од друга страна.
На 29 години да го прави тоа?? Од авион се гледа дека типот дебело лаже. Очигледно е дека има девојка и те криел од неа , се мислиш уште после толку време што сте поминале?? Типот очигледно не му е доволна Ед се девојка па затоа си барал и на страна , таков не заслужува ни една секунда да мислиш за него . Па уште бил љубоморен , болен манијак што не знае да си го контролира сексуалниот нагон.
Се запознав со едно момче и излеговме на кафе неколку пати.Муабетите воглавно општи беа нели се запознаваме. Во тие муабети јас од моја страна се впуштив целосно искрено, значи јас кажував се за мене како што е, она права јас, што сакам, што не. Е сеа некој ќе рече банална работа, но за мене и те како ми смета фактот што во сите муабети он што ми ги кажа за него (а, муабетите беа општи потенцирам) од патувања, до храна и спорт во сиот тој дел од негова страна имаше лаги. Дека беа лаги сама се уверив во неколку наврати. Јас не зборам да ми биде дечко или не знам ти што,ама човек кога за банални работи лаже тука тешко се гради и пријателство. Се прашувам каде исчезна искреноста и дали воопшто постои...
И мене често ми се случува да наидам на многу неискрености. Лаги еден тон колку сакаш. Не ми е јасно и мене едно само дали сега е мода да се преставува некој тоа што не е и да лажеш за банални работи што некогаш знаат и да бидат толку проѕирни што ги читаш ко селски буквар. Незнам што се постигнува кога на крајот секоја лага излегува на виделина. Кога веќе си забележала лаги уше од сам старт тргни се од дечково таков ниту како пријател не ти треба. Иначе искреноста ретка е во денешно време.
Еве слично само малку комично, а можеше да биде и трагикомично за малку. Мене една ми глумеше дека е вегетаријанец и не поднесува месо као мене, и стварно почна да откажува месо. А ја сфатив дека до тогаш си јадеше нормално. После месец дена и почнаа вртоглавиците, и ја и викам ти фали месо не си јадена одамна од инат. Она не признава. И на крај недела дена на скара и месо, и одма и се поправи и здравствена состојба и железо и крвна слика и све. И викам добро бе ќе се убиеш од глумење, ја никад не сум имал против некој месо да јаде, едноставно јас лично не го сакам. Инаку многу често коа запознавам нови девојки ми глумат дека нешто вежбаат битно им е здрава храна, а очите им плачат за парче торта после вечерата. Наместо сок нарачуваат вода пред мене. И муабетот е стално као абе ја вежбав ама иам многу обврски сеа ама не јадам за да не се здебелам, или као идам ја у теретана вежбам нонстоп, идам на кеј трчам незнам планинарат возат велосипеди сите спортистки. Си викам у себе, срцка, работам со фитнес 12 години, знам дека не вежбаш, ти се познава по ноџето, а се приметува дека го собираш и стомачето цело време. Ах бре душо, не мораш да глумиш и да се праиш нешто што не си, мене ми се свиѓаш таква ко што си, да не си ми се свиѓала немало сега да сме на вечера. Ти ги сакам и ноџињата и стомачето. И така цела вечер тоа си го вратам у глава со надеж дека барем во еден момент сама ќе го сфати тоа и ќе се сакаме такви ко што сме. И еве сеа планирам да си пуштам стомаче и јас, пошо вака не иде.