Едноставно уживај си го животот ,а другите нека бида љубоморни и нека лажа и нека зборува баш да ти е гајле
На девојката сигурно многу си и се допаѓал и сакала да се поврзе со тебе на некој начин со тоа што не јадела месо само се обидела да те разбере. Но, очигледно мислела дека ако сте различни во тој поглед дека ти нема да ја прифатиш ко месојадец и дека ќе се разделите. Што според мене не ни глумела туку се обидела да го вметне тој начин на исхрана. Кај вас веганите и вегетаријанците ( ништо лично до тебе ) проблемот е што мислите дека ако вие можете можат сите. Што е многу погрешно, затоа што вие можете без месо но внесувате еден витамин дневно кој го има само во месото. Мислите дека месото за човекот не е океј,но за животните е океј. Тоа е малку продлабочена тема за која не би дискутирала тука. Околу дебелината и тука се оградила од себе за да ти се допадне, и тука се доаѓа на некој напад од тебе. Коментарите за нејзината нога и стомак ти се невкусни. Ако ти одговара ко таква каква што е тогаш е најмал проблем што она не е вегетаријанец или не е слаба. Најголем проблем ти е што не сакаш да увидиш дека таа се труди за тебе ризикувајќи си го здравјето, а ти го сфаќаш ко да глумела. Тоа не е глумење според мене. Ништо лично до тебе општо до сите да намалите со очекувања и стереотипите, не се работи за изглед и храна туку се работи за почит од едниот партнер и обид за прифаќање на истиот.
Жените прават многу работи за да се допаднат на мажите. Особено на мажите билдери/кросфитери. Мислам Ајрон спомна дека оди редовно во теретана. Жените е нормално да имаат подебел бут и газ. Таму најбавно се слабее претежно. Ама не е тоа ништо страшно, страшно е што жените се менуваат и прилагодуваат ради момци. Тоа е red flag-от. A, oн баш рече дека му се свиѓаат и со стомак и бут. Пошто у принцип мажите не обрнуваат пажња толку на сето ова генерално. Други атрибути им се битни. Каква е во кревет и дали има што да фатат. Билогија. Иначе, маж aко ти примети стрии и дава коментари околу нив - геј е.
Во право е бубаче, не ти требало ваков коментар за нејзиниот изглед. можеби девојчето скоро започнало да вежба или пак го кажала тоа чисто да се мотивира, да ја мотивираш ти, или пак да започнете муабет за фитнес. И самиот како некој што вежба треба да знаеш дека за мотивација особено на почеток е потребна огромна волја. И уште нешто ме интересира, по што позна дека не вежба? Каква и се нозете и стомакот. Знаеш колку девојки знам со целулит/стрии/стомаче, а редовно вежбаат. Тоа е нормално бидејќи жените имаат поголем % на маснотии и потешко качуваат на мускулна маса, за разлика од мажите. Ова и сам треба да го знаеш бидејќи нагласи дека имаш дологодишно фитнес искуство. Истотака жените подлежат на различни хормонални промени во текот на еден ден особено ако е пред или по циклус. И да, не го зборувам ова само колку да се контрирам, и јас тренирав пливање од мала, за да се посветам повеќе во текот на средна школа и фах. И на секој што не ме познава, а ќе му кажам дека пливам не ми верува, викаат нема шанси, пливачките имале големи нозе и раменици. Е па јас немам, слабечка сум од секогаш и да не тренирав ќе и бев таква. Едноставно мојот тип на градба е таков како што е и покрај тренинзите не ми се зголемија рамената и нозете.
Не дека го оправдувам ама до некаде можеби и го разбирам. Можда му се свиѓаш превише, па ете кажува по некоја мала, бела лага со цел да изнуди уше некој ‘поен плус’ кај тебе. Се труди можеби да помислиш дека имате повеќе заеднички работи од шо стварно имате, зашо сака следното зборење со другарките на телефон да биде у стил ‘леле ма Цаци дааа, и он го слуша Оливер Драгојевич и сака животни исто као и ја и ептен ни иде муабетот, многу сме слични’, наместо ‘леле слуша техно и хоби му е идење у кладилница и ми рече дека ми е ружен песот’, карикирам. На почетокот, посебно со некој шо ептен ни се свиѓа, мислам дека горе доле сите се трудиме да ја разлепшаме реалноста. Лошо е ако го пецаш као те мафта за големи ствари, за тоа више си има дијагноза.
Па тоа е проблемот што мислат дека со лаги ќе освојат човека, а напротив. Збориме за место во МКД и јас викам таму никогаш не сум била, он вика исто и јас и по некое време зборејќи се ,,сети,, дека всушност он секое лето е таму. Мислам why вакви лаги....и не станува збор за 20 годишњаци него за 30.
Да се оттргнав немам веќе никаков контакт затоа што од 5 пати муабет он кажа 50 лаги...лош старт за било што за жал.
Јас те разбирам шо сакаш да кажеш, меѓутоа почна од ситни лаги до лаги за кои не се премолчува. Јас пробав ете шо викаш ти ајде да најдеме заеднички теми и слично знаејќи дека си подлажнува, ама лажењето нему му стана секојдневие и тука нема што да се дискутира. Шо вика членот погоре, зошто да се праам дека слушам рок кога јас тоа не слушам!? Или дека обожавам планинарење кога тоа со мене нема допирни точки. Зошто ? Мислам тоа се ќе се открие порано или подоцна, но како ги откривав лагите дечкото доби друга димензија во моите очи и наместо да се издигне и добие поени он се сруши.
@Nigredo Odor максимално ме сфати што сакав да кажам @buba4e89 @Kanya мислам не ме сфативте, или можеби лошо објаснив Месо не јадам од здравствени причини и немам против другите да не јадат, напротив. Може да биде мнооогу лошо некој нагло да откачи месо и да стане веган. Од што си ја сакав бившата девојка не ја поддржував во тој нејзин подвиг, свесен дека оди во крајност заради мене. Уште една работа, девојката со месото не е истата личност со вториот пример што го пишав. Во вториот пример пишав, дури во болд букви, дека си помислив во себе. Тоа беа речениците што ми се вртеа низ глава. Таман работа не ги изустив, не биле коментар. Препознавање на тело, незнам, наречете го професионална деформација, без разлика дали се работи за машко или женско, особено ако се работи за фитнес. Ќе знам дали вежба, колку вежба, кој дел од телото му обрнува внимание а каде не, каде му е послаба генетиката а која му е појака страна, па дури и дали исправно ги изведува вежбите ќе познам. Работев со клиенти, тоа ми беше работа, да ја прочитам анатомијата. Зборам за здрави лица. Таман работа немам ништо против некоја да се потруди да вежба. Искрено не би сакал тоа да биде ради мене. Ако има искрена желба, супер, ќе и бидам и личен тренер нормално. Но секако јас сум излегол со неа, сум се заинтересирал за таква каква што е, и немам очекувања дека треба да биде фит или незнам каква. Јас веќе сум ја прифатил таква каква што е.
Здраво женски, се зачленив само за да побарам совет во врска со проблем во мојата врска. Заедно сме со дечко ми три години. Всушност јас и дечко ми често се расправаме за финансии иако и двајцата заработуваме надпросечно, и караниците се иницирани од моја страна. Проблемот е што иако дечко ми заработува повекекратко повеке од мене, и за наши услови повеке од солидно, живееме како пар што зема минималец. Јас до пред некое време имав трошоци за кои ми одеше значителен дел од платата и не бев во можност да трошам повеке пари за одмори,шетање и слично и нормално не иницирав ама ниту он не се понуди да ме почасти и одведе некаде иако воопшто не му е финансиски терет. Не излегуваме често мегутоа за излегување почесто плака тој, да речеме дека е 70/30. Е сега мене ме често иритира тоа што иако е ситуацијата е таква каква што е, тој зема многу повеке од мене, ниту ме почастил нешто позначајно ниту ми купува по нешто без повод...додека неговите ги подржува финансиски иако не се без пари ептен, на внук му скоро му беше купил поклон од 5000 денари без повод.. па мене ни со повод ми нема купено поклон од 5000. И не ми е криво што него му купил, туку ми е криво што кога се работи за мене не е таков случај. Друго, секако ме загрижува и тоа во која мера ги помага неговите, да родители му се ама ако во иднина би дошло до брак секако дека би ми сметало да им дава пари без потреба. Повеке пати имаме разговарано на оваа тема и ми кажа дека неговите ке ги подржува затоа што се фамилија и секогаш со него а додека не би "финансирал" девојка, за да биде сигурен дека таа не е со него заради пари. Искрено, после толку време заедно криво ми е што не заклучил веке дека не сум со него заради пари, и да,криво ми е што не вложува во нашата врска повеке, и со тоа што не ми купил никогаш нешто поскапо иако нема ни да ги осети парите - се чувствувам како да не ме сака доволно. Генерално е добар дечко,има почит спрема мене,убаво ни е заедно ама фактот дека им купува на неговите дома, сестра му, внук му а за мене го мери секој денар ме повредува. Кое вашето мислење за ваква ситуација? Како би требало да бидат финансиите во повекегодишна врска каде што едниот заработува неколку пати повеке? Дали треба да бидам загрижена за тоа што им дава пари на неговите со оглед на тоа дека доколку имаме фамилијазаедно во иднина тоа сигурно нема да ми се допаѓа а тешко дека ке се смени преку ноќ?
Велиш дечко ти не е убеден дека не си материјалистка, искрено ако му вртиш вакви муабети, не би била сигурна и јас. Друго, јас сум на минималец а трошам за внуците дупло од дечко ти, пази јас сум и мажена... Мм додава пари за мојот кеф - да купам за внуците и збор против не кажува. А ти сеуште, не си ни влезена во таа куќа, тераш есапи каде парите треба да одат.
Па не дека се друго е совршено,пример и двајцата сме инаетџии и често се караме за глупости и од мравка правиме слон и слично. Ама ме интересира за конкретнава ситуација, и не дека ми фалат пари и поклони во животов, кажав дека и јас работам и имам доволно за мене ама фактот што знам дека има многу повеке, и им купува на неговата фамилија ме прави љубоморна и неценета доволно.
Те разбирам што сакаш да кажеш,посебно за болдираното, и јас се прашувам дали се во ред моите коментари ама од друга страна не сакам да замижувам пред фактите и во брак да се чудам што ме снашло и дека се ке се промени. А искрено не ми е во ред тоа, можеби звучи себично и материјалистички ама ако почнам и јас да давам на моите па кај ни е крајот. Не зборам за мали поклони туку значителни суми. И дали е во ред ситуацијава спрема мене? Да имате долга врска со дечко што има многу повеке од вас а го мери секој денар спрема вас, нема да мислите дека не е во ред? @Dominik не помагаш со коментари од овој тип.
Значи вака, искрен совет... Не му ги спомнувај внуците во лоша конотација, никогаш ама башшш никогаш - верувај мн ќе згрешиш. Друго, врска колку и да е долга е сепак врска - брак т. е брачна заедница е веќе друго АМА и тогаш не верглај против внуци и родители. Кога би биле во брак, дечко ти и да сака да потроши многу пари на друга страна, нема да може да постигне, бидејќи ќе има обврски кон вашиот дом и вашите деца здравје, кога ќе имате. Затоа, уживај во врската сега, не иди далеку во нешто што уште не е и незнаеш дали некогаш ќе биде.
Пази сеа светиците од форумот ќе те нападнат ко да си најголемата материјалистка на свет, спреми се за секакви коментари. Според мене да, проблем е. Да е дечко ми богат и за сите околу него да се расфрла со пари а за мене да е шкрт ќе се осеќам ко да не ме цени. Сега не знам дали дечково намерно прави вака или не, не знам. Можеби мисли дека со самото тоа шо ќе ти купува скапи работи ќе те направи да се осеќаш понижено, можи му имаш дадено до знаење дека не сакаш да ти плаќа и да те финансира само ради тоа што тој финансиски стои подобро од тебе, можеби и само те има земено здраво за готово па не му значиш толку, причини има многу. Треба само да се поразговара за ова, т. е некако да го прашаш одоколу без да изгледа ко да просиш. Дали ти одвојуваш пари од твојот буџет за него, дали некогаш си се потрошила повеќе за некој повод? Реално и ти заработуваш, ако си имаш легнато на брашно само тој да дава повеќе оти е побогат, не е океј и не можиш да го обвинуваш.