Ја ако сакам нешо, кажувам директно или индиректно. Највише директно. Ако не, си го зиам сама. Доволна е љубов искрена, внимание со друго се пружува, со пара не. Мои пари друг да ми кажува не ги давај на свое чедо, фамилија, ќе ми текне дека утре и на свое така ќе троши сега затоа на внуче, од кај да знам може има дома нешо трето шо никој не треба да знае па затоа таму ја остава пола плата. Не си ставајте трн у здрава нога.
@tinka-mace девојче, мојата внука е пред мене а не да биде пред мојата девојка. Дури и со мојата сестра се карам и со мојата мајка. Тоа се мои пари и ако сакам цел свет ќе и го купам и нема право некој да ми се меша во мојот џеб. Поготово не девојка. Не ми е жена да и трошам заеднички пари. Сега не е до толку да си ја запоставам девојката,да не искачаме,да не и купам подароци,ама девојкава од ништо бара нешто. Зарем подароците се побитни од се друго во љубовта. Извини ама ако еден ден паднам на дното љубовта би требала да исчезне. Ок е сите различно размислуваме и не убедувам никој дека треба да мисли како мене. Само останувам на тоа дека не го заслужува. Женско си и знаеш се какви постојат. Тука нема проблем што сама си го прави да има.
Не викам дека избраниот партнер е тотално небитен, туку партнерот не треба да се доведува во ситуација да се става дека е најзначаен во животот на другиот и дека на него треба да се посветува целосно внимание, а да си ја занемариш фамилијата која секогаш е покрај тебе и во добро и во лошо. Ако остане дечко без плата фамилијата нема да го остави ама девојкава , па не би рекла дека нема.
Дечкото не е материјалист. Сосема океј личност според мене. Но, не е ок ако на дете искешира 5000 денари,а нејзе за роденден и земе да речеме бижутерија од пазарче. Не е ок,себично е малку од негова страна. Не е red flag ова толку но во три години врска да не и купи еве да речеме ташна од 300 денари и јас би се запрашала далу нешто не е ок, дали јас заслужувам,дали тој ме цени. Да не споменеше членката за внукот другачије ќе беа советите. Ја би рекла дека парите се отепувачка.
Секогаш тргнувам од себе, јас лично не би го оставила партнерот ако остане без работа/му се намали платата и слично. А дека постојат такви девојки, постојат, не негирам. Ама секој човек сака внимание, подарок од партнерот, тоа не не прави материјалисти, барем според мене.. Секакви не има, тоа е.
Ама што се вреѓате едни со други? Барајте си такви партнери какви што сакате и решен проблем. На едни им е нормално едно, на други друго.
@buba4e89 тој и купувал поклони ама не доволно скапи. Не ја частел со одмори и такви работи, иако таа земала плата, нејзината плата си ја трошела за нешто друго, нејзини потрби ама тој зима трипати поголема плата и треба да ја троши за нејзе, а за фамилијата не. Каква храброст треба да имаш да побараш па од некој поклони да ти купува и тоа скапи?
Она не побара да ја троши цела плата на нејзе. Еднаш да и купи нешто поскапо нема да му биде ништо а нејзе ќе и значи многу. Верувам она тоа дупло ќе го цени. Еднаш во три години да и купи нешто скапо, златно ланче или пак еден викенд е сосема ок според мене.
Ја мислам не е толку до поклоните скапи, колку што се работи за љубомора и приоретизирање. Девојката се чувствува дека не е доволно ценета што дечкото ги избира фамилијата и внуците пред неа. Очигледно е дека сака да му е прва во животот и цело негово внимание да е насочено кон неа. Ама заборава дека му е само девојка, а не вереница или жена. И неговите пари се само негови, а не нивни. И секако дека ќе и раскине ако дознае дека оваа љубомори на внучињата, на деца. Мислам, кој не би?
Сама се поби во една реченица буквално. Проблем има, што не ти купува поклони. А, ти му купуваш? Или болката е мало дете што ќе добие нешто и што може осеќа грижа на совест и долг спрема оние што го израснале. Ма дај. Друго е на мама синчето и тоа се. Ама друго е ова.
Да се осмели партнер да ми се меша во финансии, никогаш повеќе нема да биде дел од мојот живот. Дупло ќе дадам за внук ако сакам, исто и за родители, пошто се мои пари и ќе ги трошам на што сакам и на кого сакам.
Две работи. Прво- не сте во брак. Да бракот менува многу работи. На пример, тие му се сега семејство, во брак семејството сте вие и вашите евентуални потомци. Второ- да, имав дечко кој заработувал многу повеќе, не можев да навасам со пиење во кафани дури излегувавме, јер кај помала плата, па и сама си ги плаќав пијачките. Ниту ме интересирало колку дава на неговите, нит шо купува на внуците, јер, шознам, негов си бил џебот. Светица викате, или диносаурус Да не има и нешто трето Еве го сега, исто троши нерационално пари на свое дете, е тоа веќе е друго, и ме нервира, ама тоа е друга тема. Уствари сега се наши пари, и неговите, и моите. Едит- дали по новиве закони имам право да барам алиментација од претходните дечковци со кои сум била 3 години?
Па јас пример на таткоми мму купив за роденден паричник од 400 евра а на дечкото му дадов 1000че за роденден што одев 2 години, и заради тоа да ми раскине, чао братче..
@Unintended Можеби смета дека неговите внуци немаат доволно па чувствува потреба некако да им помогне. А за да не ја навреди сестра му не и нуди пари за дневни потреби туку купува скапи подароци. Исто и за родителите. Од друга страна ти-девојката си работиш. И како што сама кажа не си со просечна плата, па негледа зошто би те опсипувал со скапи подароци кои и самата можеш да си ги дозволиш. Притоа, постојано троши за дома, купува повеќе од тебе 70/30 па смета дека доволно допринесува. Да бидам реална, доколку дечко ми има, а моите имаат 3 пати помалку се разбира дека ќе трошам повеќе на моите. И јас вака би размислувала и по никоја цена нема да му се правдам на дечко ми зошто го правам тоа.