Знам дека можеби ова ќе звучи глупаво, особено со оглед на тоа дека не сум тинејџерка. Имам 23 години и глупав проблем со егото. Ситните нешта ми прават нервози во врската и некогаш ми срам воопшто да кажам за што сум се наљутила од што е глупаво...Ама ете...секогаш кажувам и се љутам... Ова последново и не беше некоја ситница според мене, бидејќи се осетив како да е небитно моето присуство или остуство... Али да почнам од почеток. Заедно сме 8 месеци. Имаме преубава врска и во почетокот се разбиравме без збор. Единствена работа што секогаш ми пречеше е што неговите другари се СЕКАД у сликата, ко други девојки му се, МОРА да се види со нив, НИКАД не се расправа - дури и кога има потреба од тоа...И што е најлошо, дури и кога јас сум во прашање, макар била банална работа...не се вмешува. На кратко, бевме на викенд со другар му и девојката негова и мн ме изнервираа по пат накај дома. И денес излезе дека му е роденден. Дечко ми на тоа ми вика - Јас ќе одам на роденден, ти како сакаш. Ако сакаш да се видиш со другарките - ок. --- Демек ненаметлив е он, а вчера ми рече сакал да ме види денес. И му викам, добро...а ме викна мене Мики? - Ми вика да бе. Викам - а тебе битно ти е дали ќе дојдам? - Па јас сакам, ама АКО САКАШ да се видиш со другарките ок... И му реков не доаѓам... И демек - што ти е сега, сто не е ок? Викам тоа што ти е сеедно дали ќе сум таму или не. Тоа што не знаеш да комуницираш со мене! На тоа добив само - Добро ај ! - љуто. -Ќе збориме после. И јас му спуштив. Стварно не разбирам?? Не сфаќам како може ТОЛКУ ДА НЕ ЗНАЕ како да ми се обрати и што да ми каже... Ужано ме нервираат ваквите нешта. Знам дека е ситница ама мене ситниците и секојдневностите ми кажуваат многу повеќе од било што друго... Не знам што да мислам.... Била некоја од вас во слична ситуација? Што мислите дека треба да направам? Како да се поставам? Да бидам љута? ...?
душо искрено јас се пронајдов многу само што дечкоми ме става на прво место кога треба пред другарите или пред другите тоа го ценам и кога сме во друштво дали да станиме или седиме уште ме прашва со убаво така го цени тоа што го сакам јас сега има и такви случаеви да се изнервирам заради вакви или слични работи кои ги наведе ти искрена да сум и јас се нервирам за ситници во многу постови имам напишано дека повеќе ме повредуваат некој ситници отколку големи работи кои знам како да ги решам и јас на твое место би се почуствувала исто и би се налутила но сепак нема да ги носам до крајности работите би се налутила но ќе разговарам и ќе му кажам како се почуствував и дека тоа не треба да се пофтори оти таквите работи те повредуваат сепак мислам дека треба да разговараш позз
мислам дека се лутиш за глупости. Како прво многу кратко време сте заедно како второ не го оделувај од другари и штом ти рекол дојди значи дека сака да бидеш покрај него. мислам ако сакаш посебна покана ок но сметам дека не сио во прави сама кажа дека идете 8 месеци, не ги знаеш добро луѓето за да судиш или за да ете имаат слобода може да ти се јават и да те канат, а поканите секогаш значат за двајца. Ако прави машки роденден тогаш ок не иди се знае дека не се поканети девојки и ова ти е период кога треба да се однесуваш зрело за да го задржиш правилата во врска и дали ќе влече на твоја страна се поставуваат малку покасно односно кога ќе се зацврсти врската, сега само ќе покажеш дека не си пожелна и изгледаш љубоморна. Јави му се и едноставно отиди без љутење направете си план ете за роденденот и каде потоа ќе ти излезе феноменална вечер уживај во вечерта и прифати ги сите ќе имас не голем туку огромен плус кај него
Не. Ништо нема да решиш со лутина. Факт е дека на поголем број машки другарите им се - и те како битни. И според мене не е никаков грев, нема ништо лошо во тоа. Никогаш не поставувај ултиматум - јас или они. Полошо нешто од тоа здравје, ужасно ги живцира машките. Со тебе е 8 месеци, ти му значиш и другарите му значат. Мој совет - немој да си создаваш тензија и нервози себе си, а потоа да правиш раздор помеѓу нив. Воопшто не е фер. Јас би се налутила ако дечко ми ме натера да бирам помеѓу него и другарките. Не е тука работата кој повеќе ми значи во животот - туку зошто воопшто да бидам приморана да го правам тој избор. Ги сакам и нив и него во мојот живот. И исто е и кај машките. Можеби нема да цветаат рози во твојот однос со нив, но потруди се. Можеби рекол - оди види се со другарките затоа што знае дека не се поднесувате и не сака да се малтретираш. Но, факт е дека нема да ги избрише туку-така од неговиот живот. Ако сакаш да си дел од неговиот, мора да се прилагодиш. Има некои луѓе од друштвото на дечко ми кои апсолутно не ги поднесувам. Ме вадат од такт, просто одвратни ми се. Ама одам и муабетам и се трудам. Сигурно и моите другарки не му се сите по ќејф, ама не ми превртува очи кога кажувам дека и таа и таа ќе дојдат со нас. Тоа е врска, тоа е компромис. Ако е поинаку, на светов нема да постојат ниту парови кои се дружат, ниту друштва. Сите би останале сами, еден со друг. Појди на роденденот и убаво помини си. Не се стегај, опушти се, стисни си го таму и забавувај се. Може и пријатно да се изненадиш.
Јас мислам дека не би одела на роденденот доколку немам коректен однос со другарот. Што би барала ? нека оди нека се издува малку со неговите другари. Ајде другарот да ни е заеднички од друштво ајде де. Ама како што сфатив ти ги мразиш неговите другари. А ако на дечкото му ги мразиш другарите исто како да ја мразиш мајка му. Пробај да се смириш. Можеби ти рекол сеедно дали ќе дојдеш затоа што ако одиш, по дифолт ти ги мразиш неговите другари и тој ќе биде во тесно меѓу два огна, а ако ти рече не доаѓај тогаш ти ќе кренеш галама уште повеќе. Затоа нема лутиш. Па за вакви глупости ли ќе правите кавги. Јави му се, фино лепо смирете се. Ти со другарките шизи вечер, тој со другарите. И сите среќни ем задоволни. А има и друга опција, да одиш на роденденот. Можеби и така ќе си поминеш убаво. Твое е да одлучиш, сепак гледај малку од малку да се промениш затоа што ти губиш.
Јас мислам дека треба да видиш дали стварно му е СЕЕДНО дали си таму или не си. Пошто ако му е сеедно - немаш што да бараш. Подобро да не одиш. Да го почувствува твоето отсуство. Ако тоа СЕЕДНО пак му значи - јас сакам да си таму, али знам дека се изнервира вчера - ондак можда и нема простор да се лутиш..напротив нели? Ова е суштината на твојов проблем..Али ми личи ко ни ти сама да не знаеш за кое „сеедно“ се работи..... Ако некоја била во твојава ситуација можеби повеќе ќе може да ти помогне. Јас сум страшна љутка и мене кога ми се дешаваат вакви ствари пиздам безвезе и не идам на крај Некако спонтано ми се решавца проблемот, али барем држам до себе... Држи и ти. Ако си стварно повредена..ондак повредена си. Тука нема компромиси. Љута си? - Не оди.
LelaLila наместо постојано да бараш вина во другите и да се справуваш со лутина, погледни кон себе. Самата кажа дека имаш проблем со егото, па поработи на тоа, согледај дека грешиш и смири се малку. Да се нервираш за ситни нешта и да правиш проблеми поради нив е жалосно. Ме интересира како те изнервирале другар му и девојка му, што било толку страшно (дај кажи, охридското во мене се заинтересира )? Зошто да се караш со другари, кога во друштво може се’ да се каже и да се сфати на шега? Ако било сериозно - не оди на роденден, но не можеш да му забраниш на дечко ти да оди кај другар му. Ако било нешто неважно - извини се и почни да го воспитуваш егото. Како да се поставиш? Размисли кои нешта се вредни за да им дадеш толкаво значење па да се лутиш за нив, а кои нешта ги преувеличуваш. Имам една личност во моја близина која е со сличен карактер на твојот - се лути за најбанални работи, кога ќе и’ текне да се налути за нешто не може да се разговара со неа. Верувај напорно е да се поднесе тоа. Јас морам да се справувам со неа, но доколку би ми била другарка или дечко или нешто подалечно - не би размислувала два пати и би се оддалечила.
Девојко и јас сум во истата ситуација како тебе. И јас пробувам да го засакам сегашниот дечко кој премногу ме сака и се ми угодува ама џабе...некако нешто фали и фали!А со него сум долги години. Сега сум во дилема дали да ја прекинам оваа врска бидејќи му давам лажна надеж, а мислам на друг. А, што ако бившиот е само една илузија, желба и кога ќе се оставри сватиме дека не било тоа што сме го посакувале! А пак може и да е човекот кој никогаш не сме го преболеле. Јас не можам да го поднесам фактот дека тој си фатил друга девојка, тоа толку многу ме погоди што мислев дека ќе полудам. Се слушнавме му кажав се што мислам во тој момент и тој премногу се израдува, рече дека и тој не може да поднесе што јас имам дечко и дека никогаш не престанал да ме сака и не нашол никоја како мене! Што да се прави уфффф
Сакам да споделам една мака со вас .. Значи вака ... имав дечко одевме околу 2 години се ни беше во најдобар ред си поминувавме убаво се додека не почнав да одам на работа. Многу се оддалечив од него немав време за него ме гледаше во блискост со други и се ми опрости бидејки многу ме сака почна да слуша разни муабети за мене од типот тоа сум правела така сум се однесувала и сл. многу пати пробавме да ја решиме работата но тогаш јас бев важна не го приметував и му мавав "клоца" и еднаш ми вика повеке не можам да издржам не сакам да бидеме заедно и викам ке му помине поминаа 3 недели кога сега јас го молам и плачам по него а тој не попушта и не попушта вели дека гледа дека сум малце сменета но дека е касно и дека што и да направам е џабе и дека не ме гледа со истите очи и дека сака да си останеме другари и сега само се слушаме а за смирување ништо =( Дали мислите дека ке попушти со тек на време дали е правилно така да постапам или да се откажам веке и јас и да пробам да го заборавам .. Ве молам за помош !!! =( однапред благодарна
Ахххх љубов.....Тој неможе да поднесе што ти си фатила дечко, ти неможеш да поднесеш што он си фатил девојка....што да се прави Life is a bitch, damn it Why cant i be happy !!!!! јас имам идеја....а да ѓи изневерувате сегашните, да се среќавате тајно и да имате тајна афера а? Баш како во филмовите ..... Ако и на двајцата ви е дојдено до толку, раскинете со сегашните и бидете заедно, стварно е едноставно.... !!!!!!!! ама проблемот е што тука постои она прашање, што ако не е како што треба да е? !!!!! рачунај дека туѓото е СЕКОГАШ послатко !!!!! ТОА Е ФАКТ !!!!! Ние сме придвижени и се владееме според така речено желба да се докажуваме не на другите, туку на самите себе....Ако сте заедно, таа желба верувај дека најверојатно ќе ја снема за некое време и после ќе имаш грижа на совест дека си заебала тотално добра врска, со дечко кој што те сака...Тогаш ќе пробаш да го вратиш, он ќе биде толку повреден од тебе што нема да може да те поднесе, ќе ти каже дека ти не го заслужуваш и дека неможе да те смисли, зашто веќе те има преболено....е тогаш ќе настапи твоето време да бидеш депресивна за него, зашто ќе сфатиш што имаш заебано и што имаш изгубено. ...А пак особено ќе те здоболи кога тој истиот ќе си фати друга девојка, ќе ѓи прави истите работи за неа што ѓи правел за тебе, само што она ќе ги цени !!!!! е тогаш ќе е твоето најниско ниво !!!!!! END OF STORY
Дечкото е повреден !!!!! И тоа многу !!!! Една работа што вие (девојките) не сфаќате, е тоа што дека кога машко сака, сака вистински и тоа многу посилно од женското !!!!! Кога ќе го повредиш, преболува многу тешко, зашто се има разочарано максимално, зашто има уложено доста, има правено милијарда ствари за се да е ок, за да на крај ти му вратиш на таков начин....ВЕРУВАЈ дека нема преболено !!!!! ТОА ГО ТВРДАМ !!!! Зашто вие женските преболувате многу полесно од машките, зашто кога и да е некој ќе ви се пушти и како и да е може ќе пробате...А машкото додека не е спремно психички да преболи, нема да најде друга, зашто сепак он е тој што на еден начин треба да се пушти. А само како да добиеш идеја, најверојатно ќе му требаат околу 2 месеци за да почне да се помирува со тој факт дека ти не си таа личност која што он мислел дека си.... Моментално он е во фаза на лутина и на гнев. Во фаза во која што е толку лут на тебе што во одредени моменти е толку нервозен на тебе што неможе да те смисли....Истовремено ова е поврзано со фаза на одрекување, која што трае кратко.....После тоа ќе настапи фаза на депресија, која што зависи од него колку време ќе трае...Иако он ќе има храбро лице пред сите други, само он ќе знае колку му е тешко што го имаш повредено и дали може да спие, да јаде, да извршува обврски итн итн итн.....после ова настапува фазата на помирување со реалноста и на конечно опоравување....Ако имаш некаква шанса, тогаш е во оваа фаза.....Што се однесува до тебе, ако стварно мислиш дека го сакаш И СИ СПРЕМНА ДА СЕ СМЕНИШ, пробај пак....Ако не е така, отргни се комплетно од него, не го измачувај да те слуша секој ден, да те гледа и такви ствари зашто верувај дека психички неможе да издржи./.....Кога егото е повредено заедно со срцето, не е лесна работа за да се справи човек !!!!!
Се што кажа е точно .. и ке се потрудам да свати дека сум сменета он знае но мисли дека тоа ке е само период но ке му докажам дека стварно е така е дека го сакам и ке пробам после некое време пак да му се молам =( незнам дали ке е правилно но ке пробам уште еднаш но малце покасно ... инаку фала за советот и разбирањето ... позз
Значи Мистери за некои работи си во право, можеби ќе се случи тоа што викаш ти, но што да правам кога срцето кажува друго. Како да преминам преку сите тие чуства то ги имам со години, бидејќи ние останавме другари... едноставно сега излегуваат работите на виделина. Јас претходно бев премногу повредена и егото не ми дозволуваше да простам, а тој упорно се трудеше околу тоа. Еден период бев среќна мислев дека е останато само другарството и ништо повеќе , се додека не се случи тоа што се случи. Совет на ова?
Во потполност се согласувам. Машките секогаш сакаат многу подлабоко и за разлика од нас тие сакаат еднаш. И кога веќе еднаш ќе бидат повредени не се заљубуваат повторно, туку сега тие повредуваат за да не бидат повторно повредени. Болно е но така е. Кога машкото его е повредено нема пат за назад. Ако навистина сакаш да ти се врати мора да бидес упорна и да бидеш искрајна према него. И не очајувај отпочеток, размисли како му било на него кога ти си се понашала ко у облаци. Неверувам дека ќе ти биде лесно, но не се откажувај, ако сеуште те сака кога тогаш ќе и попушти на љубовта. Кога сме заљубени простуваме работи, за кои трезни никогаш не би го сториле тоа. Среќно !!!
Епа тогаш раскини со сегашниот и врати му се на бившиот? Што е проблемот? Ако се сакате тоа е тоа, едноставно е, што комплицирате. За да се решиш не треба да мислиш леле што ќе биде, па ако нејќам после.. ама овој... ама не.... Го сакаш бившиот - тогаш не чекај! Не мора на никого да се правдаш. Последиците сама ќе си ги сносиш, ќе го повредиш дечково, ама никогаш после нема да ти прости и да биде со тебе во случај ако не ти успее врската со бившиот ПАК!
Несакав да отворам нова тема...затоа тука ќе побарам помош.. Бевме другари 7 години, значи од деца. Освен физичка привлечност немам почуствувано ништо повеќе кон него. Летово почнавме да се муваме и така теравме 3 месеци додека не ми рече дека ме сака и дека сака да бидеме заедно. Е сеа тука ја заебав работа, прво се изнасмеав (не мислев дека е озбилен) па после му објаснив дека не го сакам. После некои 2 недели ми пиша на ФБ дека неможел да остане другар со мене, демек дека многу ме сакал и неможел да ме глеа со друг и дека морало да бирам или ќе бидеме заедно или нема да бидеме ни другари. И фала богу дека нема да дозволам некој да ме уценува, само му реков ок не сме ни другари и му спуштив. Сеа ми фали како другар. Како да си го вратам другарството со него, му реков да се понашаме како ништо да не било и пак испаднав ја дебил, демек како сум можела такво нешто да помислам, зарем сум немала чувства. Ако имате некое советче слободно фрлете го наваму И само еден совет од мене... Ако некој сакате стварно како другар...нека ви остане само другар
Во право е дечкото....Како си можела такво нешто да му речеш? Да се понашате како ништо да не е било? Добри ти знаеш за него тоа каков удар е? Изгледа дека не знаеш....Ако не сакаш да бидеш со него како дечко и девојка, нема да го имаш како другар....Тоа е !!!!!!! Да го вратиш назад другарот - НЕМОЖЕШ !!!!!!!! Не те гледа како другар !!!! НЕМОЖЕ да те гледа како се лигавиш со друг, зашто тоа ќе го уништи !!!!!!! За дечкото е - или ќе е во твојот живот како твоја друга половина, или не е воопшто.... Па сега ти бирај !!!! Важно сметај дека другарот не го враќаш !!!!!
Знам дека испаднав кретен, али тоа ми изгледаше ко најлогично решение. Он уште од почетокот си знаеше дека не осеќам ништо кон него, а и едно 100 пати му спомнав дека ништо повише од мување нема да се деси. Не го лажев ја него дека го сакам.... И во право си дека ко другар нема да го вратам, ама ете мислев уште еднаш да се обидам... Затоа и побарав совет... Сепак фала што се потруди да ми одговориш
Здравоо на ситее!!! ( Биг смајл... хахахахаха.. Заради ограничениот број на смајли неможее и тоаа ее... дај зголемете на 15-20! ) ...Се шалаам, супер е!! Нов сум овдее па ај ако може помошш за нештоо Малку ми е глупо покрај толку женски овде ама морамм... Учевме 4 години заедно во основно и се заљубив во неаа, и таа исто такаа... Ја изнервирав и ја разочарав многу пати И се каам премногу заради тоаа! Сега сакам да направам нешто за неаа... ( веќе направив ама сакам уште повеќее ) нешто посебноо зашто го заслужува тоаа и повеќее понекогаш Ја засакав и сега неможам да живеам без неа ...и знам сеаа ќе викаат некои мал си уште незнаеш... Амаа стварно е такаа :/ Неможам да си го замислам животов без неа!!! Како да е Ангелче пратено од неботоо! Ај да преминам на главнотоо... Да не знаете каде може да се најдат оние ланчиња со срце што се отвара и внатре се ставаат слики (има и за една слика и за две ама ми треба со две) ??? ... Итноо ее, па ај ако може побрзоо кажете!!? -Ви благодарам однапред- Поздраав...