Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Кога ќе размислам подобро и јас на мм (кога ми беше дечко) му немам купено некои скапи поклони освен некој саат и уште нешто веројатно има, само заради тоа што зимаше доста поголема плата од мојата и си купуваше сам. Значи најтежок човек за поклон ми е, буквално фрла пари на секакви глупости и има се. Затоа секогаш сум гледала да биде нешто значајно, а не скапо. Може и дечкото е во иста ситуација, не дека не сака да и купи или едноставно мисли дека скап поклон нема да ја направи среќна. Може мисли дека ќе ја навреди со скап поклон или ќе и направи непријатно да се осеќа должна. Има многу можности, не мора да значи дека не му значи доволно.
     
  2. Unintended

    Unintended Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за мислењата, освен за оние што ме навредија и од еден пост заклучија дека не ме заслужувал ама добро :)
    Кажав како се чувствувам и баш заради тоа што не знам дали е во ред или не е, решив да пишам на форум за да слушнам непристрастни мислења. Премногу е да ве цитирам сите ама некои од вас мислам дека погрешно ме сфатија посебно со тоа за купувањето на внуци. Не е баш поентата зошто купил, туку наведов пример дека на други значајни личности во неговиот живот купува а на мене ни еднаш нешто позначително. И да, мислам на сумата, и не да ме опсипува со подароци ама како еднаш во три години не се погоди...всушност моментот кај мене не ми е воопшто материјално, еве сега да ме прашаш да си изберам нешто не би знаела во моментот затоа што генерално и јас не сакам да давам пари за глупости, не купувам брендовии други работи ако мислам дека не вреди, а за тоа што сметам дека вреди си го купувам јас и не ми е никаков проблем.
    Ама да, го мерам со некој приоритет и почит. Сосема друга ситуација ке беше да земавме приближно исто или еве 50% повеке од мене. Еве и јас ако се земам за пример, и да и јас имам внук, и сакам да му купувам ама за дечко ми за роденден најмногу се потрошив, ниту на него ниту на други членови од мојата фамилија не сум купила поскап поклон откако се знаеме со него. Не дека до толку ке мериме, секако дека за фамилијата сум секогаш тука ама па сакам да ја удостојам личноста со која поминувам секојдневие.
    Јас не би го направила обратното како тој што прави.
    Имаше прашање од некој дали ме гледал за сериозно, и во тој дел можам да кажам дека секогаш бил посериозен од мене, во смисла секогаш прв го преземал наредниот чекор во врската ама јас не сакам да се брзам од повеке причина а и со вакви некои дилеми. Имаме разговорано неколку пати на оваа тема, и можеби грешка ми е што секогаш си кажувам искрено, еве како што пишувам со вас така и со него разговарам со отворени карти и можеби не звучи добро ама си викам подобро е да си кажам отколку да прекутувам и во иднина да ескалира а повеке годишна врска не е лесно да раскинеш.
    Еве некои го предложија и тоа, ама не е така лесно, секако дека има љубов мегу нас.
    Како што неколку членови рекоа дека да се на негово место би ми раскинале после разговоров, си размислувам - ако некој после неколку години поминати заедно не научил дали јас сум за пари со него или не, ако еден ваков разговор му е доволна причина да ми раскине, па најверојатно тоа кажува многу и подобро е сега да рачистеме отколку после некоја година или пак во брак.
    Секако дека ке ми биде претешко ама ако е негова одлука, подобро порано отколку покасно.
     
    Последна измена: 19 мај 2021
    На Indiegurl, Izaabella, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    А што купил и не било толку значајно?
    Изгледа вниманието е проблем тука, нив како им посветува во однос на поклони и тебе.
     
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Може баш дека си била искрена (особина која многу ја почитувам), тој се замислил. За тоа што викаш требало да те научи досега дали си за пари со него, верувај не знаеш какви луѓе постојат. Познавам жена која после 15 години брак и две деца проба на најподол начин да му земе недвижнини на маж и. Среќа ја откри на време и ја избрка на улица.
    Јас верувам дека врската ви е супер, ми личи од твојот муабет дека дечкото те сака и сте сериозни ама верувај ова не е проблем, не мора да значи ништо.
    Јас би ти рекла не си ги нарушувај односите, но ако ова ти значи премногу најди начин да му доловиш. Само никако и никогаш немој да се споредуваш со фамилијата, ништо нема да постигнеш и секогаш ќе ти се удри од глава, најдобронамерен совет.
     
    На S.W.A.G, Billy Idol, Veta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Се гледа колку си прочитала :drunk:
    Ама само да се напаѓа за да испаднете во право. Бог да чува
     
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.741
    Пол:
    Женски
    @Unintended вие уште не сте се зеле, тебе финансиите ти се проблем. Негови пари се, каде ќе ги троши негово е. На крај краева за внукот ги дава. Еве и јас трошам повеќе пари за внуката. Да ми прирече некој нешто, толку и ќе биде.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Unintended

    Unintended Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Па заради тоа што не се размислува за никакви евентуални проблеми во иден брак, темите за брачни проблеми се преполни. Секако дека колку и да размислуваш предвреме, во секој брак ке има некои проблеми, ама барем најбитните работи би сакала да ги расчистам, а да, финансиите ми се една од нив.

    Всушност за луге како мене и добро е да се разговара за вакви работи, и ја не би сакала да бидам со некој со карактер како твојот, кој ке ми раскине ако му преречам нешто.

    @Jana06 како на сопруг ке му зема недвижнини, па нели во брак и онака се е заеднички законски?
    Како и да е, има секакви ситуации, ама со оглед на тоа што во годиниве заедно секогаш за што и да е и без разлика кој плаќа, сум гледала да е скромно, никогаш не одиме во скапи ресторани, да плакаме големи сметки или па кога сме оделе некаде (ретко посебно со коронава) секогаш сме гледале на цени - дури смешно ми е да се земе во предвид дека сум со него за пари, божем на Малдивите ме носи.
    Тоа што тој плака повеке кога излегуваме е толку малку што баш ништо не ми менува во финансии.

    Мислам дека @Billy Idol веке спомна, главниот проблем е дека се чувствувам како неприоритетно и дека ми е малку себично од негова страна. Дали сум во право или не е друга работа и заради тоа побарав мислење тука. Не е дека давал на внуците, сите купуваме на внуци, туку споредбата е дека за други важни личности за него не му е битно колку ке се потроши, освен за мене.
    И тоа што некој кажа дека што ако човекот однема пари демек ке го откачиш е толку голема глупост... Па ако некој дели со мене кога има сигурно ке го ценам тоа и баш ке ми биде дополнителен мотив да останам со него и ако нема, па дури и да има други проблеми. Со ваква себичност се постигнува спротивен ефект.
     
    На saki13 и Annora им се допаѓа ова.
  8. Unintended

    Unintended Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Хахаха леле аман еве ја ке разјаснам, во сериозна врска сме за која секако постои можност да прерасне во потенцијален брак. И за дел од мислењето реков дека некои работи би ми сметале доколку еден ден дојде до тоа, а не верувам дека работите се менуваат преку ноќ.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    @Unintended А замисли само, да ти купува подароци ама да не те почитува, под тоа мислам да те изневерува, да те тепа и нешто друго.
    Биди среќна што тоа го имаш од негова страна.
    Плус, велиш повеќе е на негов грб, односно 70/30 па што сакаш повеќе ти?
    Негови пари се, ќе ги троши на фамилијата, што очекуваш ти?
    Како побогу тебе ќе те направи среќна скап подарок, еве не знам.
    Си земаш плата, троши ја ти како сакаш, дали ти некогаш му имаш подарено нешто скапо, и дали тој ти има преречено за тоа како ја трошиш платата?

    Имав партнер кој и удоволуваше на неговата внука, а тинејџерка беше, мајка и млада, мојот партнер се и купуваше затоа што тој како мал немал па сака да и удоволи.
    Еднаш и беше купил нов мобилен, ајфон, таа среќна пресреќна, исто и јас се радував што ја гледав така среќна и воопшто не му пререков што и беше подарил нејзе.
    Не дека и мене ме изоставил, ама сакам да кажам дека ниту еднаш не ми било мене проблем тоа што гледал секогаш таа да биде обезбедена затоа што нејзините не можат да си дозволат да и подарат.
    Си зема плата си ја троши како сака, плус во врска сте.
    Како имаш ти право да мрчиш за неговата плата?
    Посебно пак ако му спомниш - Ти му купи на внук ти, мене не.
    Биди сигурна дека ќе добиеш клоца.

    Океј, признавам, секој сака да биде испочитуван од партнерот на некој начин, макар и со ситница чоколадо, ружа, ама да мрчеш за скапи работи, не.
     
    На baby-star, Reina.Gitana, Guns N` Roses и 5 други им се допаѓа ова.
  10. MickeyM

    MickeyM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    @Unintended девојко бракот претставува крунисување на љубовта со цел формирање на семејство, а не правен процес како едниот ги присвојува парите/имотот од побогатиот.
    Според тоа што го читам не сум сигурен дека бракот за тебе претставува крунисување на љубовта, туку повеќе ми изгледа како посакуван правен процес како ти би ги присвоила неговите пари.

    Треба да бидеш среќна што сте заедно, да уживате и меѓусебно да се сакате и почитувате, парите се средство да го олеснат животот, не мерка или средство за кој на кого колку го сака и почитува.
     
    На Maya the bee, IRBBB, baby-star и 5 други им се допаѓа ова.
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Јас стварно не знам што може да е незначителен поклон кој го добила. Не и купил мастики ваљда. Лошо е ако позадината на ова е: јас добив парфем од 1000 а на внукот му купил поклон од 5000. Поклон е поклон, вниманието е важно, безразлика цената.
    И што е тоа позначителен поклон, во однос на пари или..:?:
     
    На bicycle, Guns N` Roses, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Не знам за вас ама јас и во брак коа ќе бидам еден ден, неќам да ми води сметка тој каде и за што трошам. Мои пари си се мои, не негови.
    Не признавам она - "наше" за пари.
    И во брак ќе сум засебна личност.
    Ако останам без работа, ќе се снаоѓам, ама неговите не ги рачунам за мои.
     
    Последна измена: 19 мај 2021
  13. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.892
    Пол:
    Женски
    А треба прво да стапат во брак за да почнат да решаваат проблеми околу финансиите? Секако дека е подобро да ги реши сега отколку кога ќе биде касно. Негови пари се, ама кога си во заедница со некој, не е баш така сеедно каде ќе ги троши. Бидејќи тогаш твоите и неговите пари стануваат ваши.
     
    На Izaabella, tinka-mace и christinnn им се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Доколку во иднина бидете во брак и трошите од заедничкиот буџерт во кој ќе придонесуваш и ти тогаш имаш право да негодуваш ако заедничкиот буџет се троши за нешто што на вас не ви е приоритет. Врска и брак не е исто и не може да биде. Моментално парите си се лично негови, заработени и немаш никакво право да му кажуваш кај и како ќе ги троши. И споредбата со фамилијата ти е многу голема грешка, на некој луѓе фамилијата живот им значи.
     
    На IRBBB, Biljarkata, GrimTheReaper и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Unintended

    Unintended Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Aман бре луѓе, не верував дека и ваков совет ке добијам - биди срекна што не те тепа, не те изневерува....:x
    Па почит и љубов се првите работи што треба да бидат задоволени за да сум со некој. Никогаш не би била со некој што ме малтретира психички или физички не сум мазохист.
    Глупаво ми е да се повторувам ама ми изгледа како да не ме читате па пак ке кажам, секако дека му имам подарено скапи работи, и не дека мене ке ме направи поскап подарок срекна во материјална смисла затоа што не ми е проблем да си го купам сама, туку се прашувам зошто само за еден од лугето што ги сакаш би се скржавел а очигледно не би ти бил никаков терет?
    И замисли, му имам кажано со слични зборови и не ми "удри клоца". И пак ке кажам ако ми раскине заради тоа што сум била искрена со него значи стварно не сме еден за друг. @bicycle
     
    На WildMk, x.Daisy.x, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Го спомна внук му?
    И баш ме интересира што ти кажа.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.894
    Пол:
    Женски
    Ајде сите малку полека со навредите. Избришав и редактирав навреди и оф-топици. Можете смирено да кажете мислење, без ниски зборови и куп навреди. Благодарам.
     
    На Indiegurl, raww, Компир Манџа и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Unintended

    Unintended Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Па и на мене фамилијата живот ми значи, тоа е нормално. Никаде не ги навредив нив, ама не е дека не смеам да ги спомнам или тој моите. Според мене вакви муабети треба да ги има пред брак, не омажи се па надевај се дека и тој ке размислува како тебе.
     
    На WildMk и Annora им се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Како мислиш така прави, тоа е мое мислење, јас исто би постапила како дечкото. Сметам дека нема за што да го финансирам дечкото и да му купувам скапи подароци, а за фамилијата и бубрегот ќе си го продадам за да бидат среќни. Ама тоа сум јас, секој со своето.
     
    На deskarada и bicycle им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.894
    Пол:
    Женски
    Не живеете заедно? Додека не живеете заедно секој си прави што сака со парите. Потоа веќе кога доаѓаат заеднички сметки најчесто се комбинираат финансиите.
    Инаку, во брак е друго, да, ние заедно се договараме кај одат парите. И кога живеевме, а не бевме во брак исто беше. Тогаш немаше давање пари натаму или наваму, се беше со договор. И тоа гледавме и за нашите ако нешто требаше да е исто, за да нема вакви расправии, ама ти на твоите, јас на моите дрн дрн.

    Тебе како што те гледам те води рационалноста, а не чувствата, по постовите, искрено, делуваш како да немаш некои страшно длабоки емоции, ниту пак дека има и он кон тебе. За вакви работи не се размислува вака, па затоа после имаат повеќе проблеми во брак. :D Некако овие работи спонтано си одат со врската.
    Така што, размисли си навистина, и за чувствата и за недостатокот на внимение што го чувствуваш, а и за тоа што се сметаш потценета. Подобро три години да се само, откако после се ќе испомеша.
     
    На IRBBB, Biljarkata, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.