@Unintended Може си требала само поинаку да го доловиш проблемот. Знам дека низ парите најдобро можеш да го доловиш проблемот, ама јас ова го сфатив дека ти се осеќаш како да не те вреднува доволно или не се вложил доволно во врската и со тоа не сака да инвестира (да ти поклони) нешто повеќе во тебе. Е сега можеш да пробаш да го доловиш поинаку, не преку поклони. На пример да го прашаш директно дали смета дека си со него заради парите. Ако одговорот е не, можеш да го прашаш дали се гледа како живеете заедно во (блиска) иднина. Дали сте размислувале за тоа. Како би се делел буџетот? Засебно, заеднички, делумно заеднички. Повеќе од тоа тешко. Зашто сепак се негови пари и додека нема никаков заеднички буџет, ќе ги троши како сака. Ти можеш само да му пренесеш како се чувствуваш и да најдете некое разбирање.
Знам дека не сакаш да имаш деца. Ама еден ден ако имаш и тогаш ли ќе биде мои и твои пари? Ми нема логика.
Зборев за брак. Децата ќе се зависни од мене како родител, и од него. А он не е зависен од никого. Тогаш за секоја потреба на децата, он едната половина, другата јас ја плаќаме. Не од "нашите" пари.
Да, спомнав, мислам дека не рече ништо баш конкретно за тоа оти не реков само за него туку и за други работи. Генерално муабетот од негова страна е дека не мислел дека не мислел дека треба да ми биде важна вредноста на поклонот. Плус и тој не губи време во купување за никој туку обично бара да си одбереме ако има повод. Јас секогаш си одбирам нешто во вредност слична на тоа јас што сум му купила или поефтино ама никогаш не ми рекол одбери си нешто повеке. И го става како аргумент тоа дека секогаш ми вика одбери си што сакаш. @Guns N` Roses најверојатно си во право за тоа секој со своето, еве јас не размислувам како тебе и не би можела да бидам со неко што така размсилува, подобро сама ке бидам. Да фамилијата ми е премногу битна и на секој разбирам дека му е, ама и личноста која е покрај мене е исто битна, и начин на размислување за фамилија ке продадам бубрег ама за партнерот дури и да имам не давам не би прифатила. Да, секако е различно брак или врска, ама посебно во брак уште повеке би очекувала двајцата да сме си на прво место во сите аспекти и нашата фамилија да е на прво место. @RainBow во право си дека се обидувам да мислам што е повеке рационално а не со чувствата. За мене можам да си кажам дека имам чувства сигурно онака не би губела години во врска. Ама не би сакала заради тоа што јас сум заљубена да дозволам да бидам наивна. Според мене заљубеноста во текот на животот може многу лесно да исчезне баш заради вакви проблеми и се обидувам да размислувам што повеке трезвено. За од негова страна ако го тргнеме "проблемов" на страна исто не би рекла дека нема чувства, убаво ни е заедно, ме почитува за други работи, има страст, кога правиме муабет се замислуваме и во иднина заедно.... Што ти остави впечаток дека тој нема чувства?
@Unintended Јас би се налутила што не се замара да ми одбере поклон, а не за вредноста. Романтика нула. Ти си го купуваш поклонот, тој само го плаќа.
Ова во болдираното е тоа за што никогаш не би ставила партнер на прво место, а најверојатно и дечко ти размислува на истиот начин и тој е рационален и воопшто не е наивен.
Исто како што кажа членката погоре, како да нема романтични гестови. Не мора да е скапо, ама нешто романтично. А не, ај ќе си размениме пари и ќе си купиме. Што романтично прави тој, како ти покажува дека си сакана?
Точно е дека е важно да се разговара за финансиите пред стапување во брак, со цел да се спречат идни проблеми при распределување на истите. Но, конкретно во вашиот случај, не знам точно како да го дефинирам проблемот. Велиш дека за него купуваш скапи поклони а не ти е возвратено, за потоа да кажеш дека ти дава избор да избереш што сакаш и ти обично избираш нешто за истата сума која си ја дала за него. Значи ако купуваш поклон од пример 3000 денари за него, тој го прави истото за тебе. Каде е проблемот? Сметаш дека треба тој да даде 6000 денари за тебе поради повисоките примања? Во врска со поклоните за внукот и финансиската помош кон семејството можеш само да разговараш, со цел да дознаеш кои се неговите планови и ставови за во иднина. Ако има големи примања а притоа неговото семејство има потреба од помош, не гледам како тоа менува нешто за вас. И мене би ми сметало ако сме со некои минимални или еве средни примања, кои притоа не ни стигаат а ги насочува кон родителите кои можеби немаат потреба од нив. Ама ако зема навистина голема сума и тоа што го одделува за нив не му значи ниту менува ништо, не гледам проблем. И јас би ги подпомагала моите дури и кога немаат потреба ако стојам финансиски многу добро. Зошто да не?
И тоа му го имам речено повеке пати, ама знам дека не е човек што е добар во избирање поклони и ми има речено дека не сака да ми утне, а плус и премногу работи и нема време многу да бира. Не ми е сеедно, секако дека сакам да бидам изненадена ама со оглед на тоа дека делумно го разбирам и плус за никој стварно не одбира, не се осекам дискриминирано дека ете само за мене не сака да се потруди па некако го прифакам тоа. @Bezimenka90 убаво си сфатила, баш така се чувствувам и го разбирам тоа - како да не сака да вложува во нашата врска. И сега збориме конкретно за овој еден аспект, за други работи не сум се осетила така инаку не би ни биле заедно. Ако мислел дека сум со него заради пари, сигурна сум дека не би бил со мене, ама после муабетов сега не знам што мисли. За во иднина дефинитиво сме збореле за рандом ситуации и се гледаме заедно. За буџет не сме збореле како ке се дели, мислам дека дури тогаш ке помисли дека сум заради пари ама дефинивно тоа би било тема на разговор пред брак ако некогаш се одлучиме на тој чекор.
После твојот друг пост, мислам дека немаш потреба за таква грижа. Верувам дека не мисли со него си заради парите. Рече дека веќе ти понудил да си одбереш што сакаш. Значи тебе ти е до тоа зошто не ти кажува "абе одбери си нешто поскапо", ама ко што сфатив и да си одбереш нема да има никаков проблем да ти го поклони тоа. Така да веќе мислам премногу значење даваш на тоа, особено што е човек што не се замара со поклони. Мислев на живеење заедно, затоа што и тогаш до некаде мора да се спомне таа тема. На пример како ќе плаќате сметки. Ама во секој случај мислам дека немаш толку голем проблем колку што мислиш. Ако се друго во врската е ок и имате комуникација за да решавате проблеми заеднички, јас не би се грижела премногу на твое место.
@Unintended мислам дека врскава ти е супер и ова не е проблем што треба да те загрижува. Реално гледано 90% од мажите го немаат тој осет за да те изненадат со подарок, патување, повеќе се практични, тоа е и причината што ти вика ти да се одбереш поклон а тој да го плати. Во брак други се обврските, сметки, трошоци, деца, трошоци за децата, тогаш не верувам дека толку лесно би трошел, напротив ќе мисли за иднината на соствените деца, а сега додека може сака да им удоволи на фамилијата и внуците.
Верувам дека да одберам нешто поскапо ке го плати, ама не сум сигурна дали ке е со кеиф па и затоа никогаш не сум одбарала нешто поскапо. Налет на таков поклон. Тој ако сакал сам ке потенцирал. Не си поклонуваме генерално многу, дали два три пати годишно обично со повод. Јас знам да му купам некоја ситница дополнително за него или за дома. Како што кажав си бирам поклон во приближна вредност на тоа што ја сум му купила, ама кога може на други важни личности да им купува поскапи работи и кога знам дека не му е терет тоа, се осекам помалку важна за него. Искрено после муабетов што го направивме, ми се одмили и поклон и се, сега дури и кога би ми подарил нешто не му прифакам. Едноставно сакам да бидам третирана како и другите важни луге за него. Жал ми е што си ја уништуваме врската во караници за материјални нешта, посебно кога и двајцата имаме доволно ама тоа е. Добив многу мислења, фала, ке си размислам убаво и се надевам ке биде на чисто што е во ред за мене, што не е и што очекувам од нашата врска.
@Unintended има па и партнери кои никад ништо не си имаат купено еден на друг. А се во долга врска. Еве и сама имаш кажано дека не го бива за одбирање на подароци ама ти рекол да си одбереш. Замисли си ситуација да купи подарок, да е скап а да биде и утнат. Што ќе го правиш ако не може да го вратиш? Според мене непотребно се замараш ама добро.
@Unintended И јас мислам дека сосема ви е ок врската вака како што објасни. Не мислам дека имаш голем проблем. Секако секој сака да биде разгалуван од партнерот, но сепак мислам дека некои нешта едноставно не можеш да ги измериш во таа вредноста смисла, во цената колку чинат. Мислам дека немаш проблем од тој тип дека човекот е скржав кога ти си во прашање, туку веројатно навистина не се замара околу поклони, што не мислам дека е некој голем дил брејкер ако се друго е во ред. Мислам дека во денешно време навистина животот е толку луд и брз, што некогаш повеже би сакала тоа малку слободно време што го имаме да го минеме заедно, отколку он да го мине во планирање на тоа што би ми купил. Ако мислиш дека премногу троши и тоа би ти сметало понатаму, во брак или сега дури живеете заедно, може да разговараш околу тоа како планирате да функционирате на тема финансии понатаму, мислам дека тој муабет секако ќе мора да го направите. Знам секакви парови, и такви што сé ставаат на купче, па трошат заеднички, и такви кои одделуваат дел за заедничките трошоци (сметки, деца, одмори,...), а после дел си трошат и самостојно. Мислам дека е навистина само работа на договор како би постапувале во иднина во однос финансии, не мислам дека постои некое правило. Ми оставаш впечаток на разумна девојка, па ќе можеш да процениш од тоа дали тоа тебе би ти одговарало за понатамошното функционирање. Мислам дека тоа финансиско помагање на семејството исто треба да го дискутирате доколку ти е проблем. И мислам дека сосема е во ред што ете размислуваш и на некој иден живот. И ајде малку уживај во животот, не си прави проблеми кај што ги нема, не подлегнувај многу на секакви коментари. Вистината е дека ние сите сме различни, сакаме различни работи кај партнер и функционираме различно. Поентата е да си најдеш таков модус на заедничко функционирање, а тоа можеш само со дечкото. Ние на форум може до утре сабајле да ти кажуваме совети, ама никој од нас не е ти
@Unintended, јас можам да те разберам до некаде. Ако ми ги прочиташ мислењата, ќе видиш дека сум строго против тоа некој да биде „жртва за љубов“. Да, после тоа што го поминав со бившиот, никогаш не би била со дечко кој финансиски си го помага семејството ако тоа е на моја штета. Да, ќе ми биде проблем ако на него му е ок за поклон за семејството да издвои 100 евра, а за мене да е е ок и нешто скромно. Едно е да нема и не може, ама да има, да може а да не сака? Ајде сега да го тргнеме материјалното на страна. Дали тебе те тинтра партнерот? Дали се замара со тебе? Дали прави работи кои тебе те прават среќна? Те шета, те слуша, ти обрнува внимание? Дали се труди да бидеш среќна и задоволна? Незадоволството околу разликата во подароците да не е можеби рационализирање на ладниот и незаинтересиран начин на кој тебе те третира? Зошто полесно е да се прифати дека внуците и семејството ептен многу си ги сака, отколку дека тебе веројатно не те сака доволно. Извини за бруталниов муабет. Пс Еден ден кога ќе имам повеќе нерви ќе седнам и ќе напишам подолг текст околу тоа колку ама ич не е фантастично да одиш со некој на кој семеството (мама и сестра) му се на прво место.
@Nausicaa баш ке побарам во твоите мислења. Во моментов како што е ситуацијата не би рекла дека е на моја штета, не очекувам јас да делиме примања во врска па нешто да ми се скратува ама баш како што кажа, да издвои голем дел за нив а за мене да е проблем - да, некако не ми е во ред. Да разјаснам подобро, неговите имаат помали примања од мене и секако од него ама сепак не се во некоја финансиска криза. Да речеме просечни плати. И кога ке кажам поклони, не мислам на мајка му и купил блуза, туку знам дека инвестирал посериозни суми за кај нив дома (не живее со нив). Да речеме во последните години неколку илјади евра. Друго, исто имаат негови картички па не знам колку користат од тоа за секојдневни потреби. Ама зошто би имале негова картичка? Па и моите имаат слични примања па не сметам дека има потреба да имаат моја картичка. Епа со оглед на ова, на мене додека сме заедно да ми нема купено еден поклон од 100 евра... За другите прашања, генерално ми посветува внимание. Точно дека не бира поклони, не ни готви ама за други работи е внимателен. Сака да поминува време со мене заедно, тука бил за други работи кога ми требало подршка, ме гушка по цели ноќи едноставно се гледа дека се грижи за мене. Кога се караме гледам дека и на него му е тешко, како и оваа караница сме имале и други посериозни караници, и да не сум му значела сигурно ке дигнел раце од мене. За шетање не ме баш шета бидејки не вози и нема кола Генерално сметам дека врската ни е ок, ама ваквите караници и држење лутина со денови ми ја разнишуваат самодовербата дали сме еден за друг.
Што мислиш, ако почнете заедно да живеете или стапите во брак, ќе им ги земе неговите картички? Јас мислам ќе нема храброст. Мали, но сигурни знаци на мамино синче...
70% и 30% плаќања од негова страна и барање поклон од 100 евра. Препрденост кој левел ќе е ова. И јас мислам паметено игра дечкото, не изгледа наивен.
Од една страна велите да се цениме себеси во врската, да не дозволуваме ништо да недостига. А ако нешто не штима, веднаш да раскиниме, кој е па тој мене да не ме почитува, како смее. Додека пак од друга страна фрчат мислења као биди среќна шо те почитува и не те крши од ќотек, типично заглавени од 19ти век. Многу двојни аршини...