Па да, ги има и такви, ќе ја истепа, утредента ко ништо да не се случило ќе и купи скап подарок и опет јово на ново се до следниот ќотек. Јас лично да сум, ако ми мрчиш за платата и за тоа како ќе ја трошам ако не сме во брак, ќе ти раскинам ете благо кажано ако не ти се допаѓа речникот - ќе ти удри клоца (метафора малку) . На крајот знаеш како велат - Ако не ти се допаѓа, раскини. Поклон бе од 100 евра. А не сте ни во брак. Некои преголемо право си даваат.
@Unintended Потполно те сфаќам и би сакала да ти кажам дека ти го имаш секое право да му се лутиш што за другите повеќе троши и се замара а за тебе не и не е да и до парите до гестовите е. Јас на твое место би имала голем проблем со тоа он да помага на семејството толку и да се расфрла со пари за нивни поклони а мене само нешто скромно. Да ќе ми пречи како да не сум му доволно важна. Едноставно сметам дека е проблем за кој треба да се разговара.
Дали тебе би ти било во ред партнерот за сите да се расфрла со пари а за тебе не ? И не не е само "извор на пари" туку јас еве би била навредена од таков гест , зошто за внуката на пример да купува скапи поклони а за мене не?
Нема врска еве последниот дечко што ми беше одеше во еликсир во дуки дасо да ми купува шминки поклони ташни во мега фешн ,ме носеше со кола каде што ќе посакам , во 12 вечер ми доаѓаше да ми носи со кола нешто ако сакам чипс хамбургер па пак му раскинав затоа што не си одговараме и не ми беше за парите , бевме заедно помалку од месец а во тој месец изнапотроши за мене над 20 илјади , луѓе живеат месечно со таа сума . Јас ако сакав и ако ми беше за парите можев да останам со него и да го користам ама едноставно не сакав .
Па да ми било за парите јас ќе останев со него ама не ми беше само за тоа. Едноставно сметав дека не си одговараме и го оставив. За поклоните он сам си сакаше и инсистираше не дека јас го терав . Ако ми било за парите можев уште многу да извлечам од него .
Каква врска има дали и паѓало лошо или добро, очигледно ако не останала со него не и било тоа главен услов. Тоа е поентата
Извини, ама си купувам сама сè што ми е потребно уште пред да сум полнолетна. Со вас нема разбирачка. Патем, најскапиот поклон ми бил рандом подарено цвеќе од двор. Ама тоа за мене е најскапо, за вас најевтино. Поздрав и не се огорчувајте!
Ама ако не трошел на неа, или немал да троши, ќе бил проблем и ќе го оставела поради таа причина, иако се друго би било океј, хипотетички кажано. Значи, покрај сите останати фактори ако се бара и материјалното, и тоа е еден од главните фактори. Или еве во случајов кај тебе, како што кажуваш дека нема недостиг на љубов, разбирање, нема недостиг на внимание, пошто рече дека и те тешел, гушкал, тука е за тебе, те поддржува, и сте во генерално океј врска, со ситни караници, што е и нормално, не може да е се нај нај. И еве ти имаш проблем оти ти недостига и материјалното внимание од негова страна. Значи, за тебе е една од најбитните работи во врската иако дечкото повеќе финансии троши на тебе, отколку што трошиш ти на него, значи не сте ниту исти, и тебе пак лошо ти паѓа. Иначе решение на твојот проблем е лесен. Само треба да почнеш да му купуваш скапи поклони и на него, и после ќе можеш да си одбереш и ти скап поклон, во приближна вредност.
Па мојот поклон за роденден беше поскап од неговиот Туку еве, ти мислам машко си? Стави се во моја, или негова ситуација ако си машко. Да имаш девојка што ја сакаш и земаш многу повеке од неа, нема да сакаш да и подариш нешто повеке отколку таа тебе? Си ги прочитал веројатно и моите други постови, со оглед на целата ситуација кое е твоето мислење? Дали и ти би се однесувал слично? За случајот од Алиса не знаеме дали ке го оставела ама ако да, се согласувам дека е материјализам. Во мојот случај, јас не би го оставила, кога се запознавме земаше мн помала плата. Ама моментот дека има, купува на најблиските е тоа што ме буни.
И што ако бил? Ако добро памтам, пиша дека задоволство ти било да се потрошиш повеќе за поклонот. Или сепак потајно намерата ти била он да воочи дека ти си му дала скап поклон па он да врати со уште поскап? Следен пат дај му крем банана за роденден па нема вакви проблеми да имаш.
Хахаха муабетот беше @Billy Idol рече купувај му поскап поклон. И што ако сум прашала па нели е тоа целта на форумот? Нека се изјаснат сите,баш би ми помогнало да чујам мислења а не иронични коментари.
Се фативте за 100те евра ко за оние Владата шо ги даваше “купувај домашно” кога се дискутираше кому му следувале, кому не Шала на страна, прво бев со став дека девојкава малку претерува ама кога прочитав дека картичките му ги чувале неговите... ноу ноу ноу. На возрасен маж кој сам заработува исто како што девојката не треба да му се меша во буџетот така не треба ни мама ни тато. Немам против да им купи нешто, да им помогне ако се во лоша финансиска состојба, немам против ни подароците за внуците ама нема шо к*р парите да му ги чуваат (читај: управуваат) родителите. Понатаму @Unintended ќе си има мака ако дојде до брак, а ова остане непроменето. Мислам дека се работи за мамино синче, а од тоа се бега што подалеку.