Од толку пишани страници, повуци потегни, на крај не разбирам, каков совет уствари бараш @Unintended ? Се убедувате само едни со други, а кое е прашањето, на што бараш одговор? Јас затоа те прашав поназад, што ти фали освен скапите подароци и испадна дека ништо друго не ти фали освен тоа. Заклучок: Или разговарајте и најдете некое решение, баланс, или прифати ја реалноста или раскини ако ти смета, тоа се можните решенија. Што дека убедување тука дали е правилно тој повеќе да троши на семејството отколку на тебе? Правилно или не, тој тоа го прави и никој нема право да командува за негови пари и негови одлуки. Џабе убедување, избери едно од трите решенија и доста тупење.
Па ти рече дека тој ти давал можност да си одбереш поклон каков што ти сакаш, и до која цена ти сакаш, а ти си бирала приближна цена со твоите поклони? Инаку, не. Никогаш не сум гледал на поклонот од материјална страна и ниту не знам кој поклон бил поскап, или поевтин. Најчесто сум ги бирал поклоните да бидат уникатни, нешто што таа го сака, или нешто што знам дека и се допаѓа, или нешто што ќе ја потсеќа на нас. Материјално земено, може не биле некоја вредност голема, ама вниманието посветено на истите било големо, и тоа е тоа што го прави нешто скапоцено, или не. А, да. Внука ми почесто ја опсипувам со поклони. Ама и она, пошто нема ниту 3 години, повеќе се радува на обични, евтини работи, сликовници, играчки, мечиња, чоколадца... Повеќе сака киндер јајце, него ли Lindt чоколадо. Бебе.
Не знаев дека поклоните според платата одат. Инаку, веќе ти купува како што и сама кажа. 70-30 не е мала разлика.
Не ги прочитав другите мислења, освен неколку на членката.... Не значи дека оној што сака убав подарок е опортунист, кој не сака впрочем. Дечкото ми личи на некој скржав кој е само многу приврзан за најблиските со кои има крвни врски. Честа појава на ова поднебје. Или пак жените ги дели во две групи, спонзоруши и домаќинки-машини за раѓање. Ти утре да му раскинеш од други причини, тој брзо ќе се утеши себе дека си материјалистка. Нез, не ве познавам и ти си знаеш дали е подобро за тебе да останеш во врската.
Ако дечкото заработува добро, можеби 100 евра за некому изгледа премногу, а за некого само мала сума, што има врска ако посакува ,,скап" поклон? Е сега мислењето ми е малку поделено на оваа тема. Прво и основно @Unintended вие сте само дечко и девојка. Реално, не знаете двајцата како би се движела вашата врска. Сосема е во ред да троши многу повеќе на своите внуци и да дава финансии на својата фамилија. Тоа укажува дека се работи за фамилијарен и обзирен човек, кој сака да помага. Финансиите на неговите не треба воопшто да те засегаат, ако тој смета дека треба да помогне, ќе помогне. Од друга страна, ако тоа што го пишуваш толку ти пречи, зошто не му кажеш. Обично кога доаѓа повод за поклони, јас сама си кажувам што сакам, ако немаш, подобро дај 1000 денари, па јас ќе си доплатам, него да ми се купува нешто што не сакам и не ми е од корист. Искрена сум и директна во тој поглед, не се раководам бар од срце е, јок, имам големи апетити. Друго, ние почнавме да се ,,обдаруваме" со скапи поклони кога стапивме во брак. Исто, и двајцата некогаш даваме финансии на нашите фамилии. Сепак тоа се наши родители, кој не направиле она што сме денес и никогаш не се лутам ако мм реши да даде голема сума за својата фамилија. Пари се трошат, но и заработуваат. А фамилијата е таа што останува и која е всушност најбитна. Друго е, вие во брак, немате, па фрлате пари кај неговите, ама ако двајцата заработувате и имате вишок, каде е проблемот. Јас не велам секој месец дека е во ред, ама ако притреба за нешто, грев е да се лутиш за родители. Навистина, што е тешко да го прашаш, ако толку ти пречи, настрана глупине коментари заработи си или бар не те тепа? Кажи му дека сакаш и ти да те вреднува колку внуците и види го одговорот. Ако не си побараш, нема да добиеш. Нема жена на планетава што ќе и се слоши ако посакува и добива скап поклон. Отвори уста, кажи.
Не знам што сте се фатиле за тепањето или заработи си па купи си. Има парови кои за да му прости партнерот а претходно ја убил од варање или тепање сака да се извади со подарок а некои паѓаат на тоа. Чист пример, познајничка решена да раскине со својот дечко поради сериозен проблем, овој и купи скап накит па му простува. Следен пат пак исти проблем, во прашање е неверство, се прават од ѓубре подолу за време на караница, следниот ден пак дечково и купува подарок, скап и оваа пак му простува а претходно се лупа у гради крај ќе ставила на измачувањето. Сакам да кажам во врскава воопшто нема почит а проблемите ги решаваат со подароци. На крајот па вие си знаете.
Дечкото тебе ти води евиденција ти како ги трошиш твоите пари? Ти коментира што си купила толку скапа кошула, зошто фрлаш пари на штикли, колку пари си дала за поклон за роденден на другарка ти, што си и купила на мајка ти за осми март и дали било поскапо од поклонот за него, колку пари даваш дома за сметки, зошто толку скап телефон си купила, зошто си фукнала 2000 за крема за лице и слично? Или твоите пари се само твои а неговите заеднички? Да беше обратно, да пишеше некоја дека дечко и се лути што им купила поклон на внуците ќе го плукавте и ќе и кажевте батали го, кој е он да те контролира, ти сама си одлучуваш за твоите пари, утре во брак нема да смееш ништо да си купиш и слично...а сега друга песна се пее.
Кога ќе се сетам дека со дечко ми се расправав дека не му текнуваше од двор полн цвеќа да ми соберe букет барем еднаш :facepalm: Последниве две години не добив "поклон" за роденден добив чоколадо Линд бело, за мене поценето од поклон од 200€, и да, уште сме заедно. Доволно ми е тоа што знам дека ме сака неизмерно, ме цени и знам дека никогаш не би ме оставил. А тоа дека мора дечко да ми купува поскапи поклони од моите затоашто има подобри примања ми е смешно. Во овој случај мене повеќе ќе ми смета тоа што не се труди да избери поколн сам отколку цената негова. Just saying.
Во право си @Bitter-Sweet, сакав само да слушнам мислење дали е во ред неговото однесување...Да, не може да се смени и негови пари се, само не бев сигурна дали имам причина за лутење како што се чуствувам или пак претерувам. Тоа ми беше целта. Сепак добив еден куп различни коментари и пак не дојдов до заклучок што е правилно Ама се согласувaм дека веке е тупење, посебно со коментарите на неколкуте членови со цел само да навредат. @GrimTheReaper, @Celltica , @Bezimenka90 , @RainBow и уште некои други извинете што ве заборавив ама сакам да кажам фала што се ставивте во моја кожа, мислењата ми беа корисни. @Asparagus не, не ми води евиденција, ниту па јас на него дури секогаш му викам да си купува повеке за себеси и да не гледа на цена, знае да биде скржав и за себе а стварно нема потреба и заслужува да си купи најубаво. Никаде не реков дека барам неговите пари да се заеднички, напротив спротивното го кажав, муабетот ми беше за поклоните - јас кажав дека јас не им подарувам на моите поскапи подароци одколку на него и дека ситуацијата е обратна. Никаде не реков дека не треба да купи на внуците туку само дадов пример дека на значајни личности купува а на мене не. И побарав мислење дали е во ред со оглед на околностите. Тоа е се.
Значи ако дечко ти или маж ти купува скап поклон махинално нешто не чини или сака да се искупи? Луѓе фрлаат пари од што им е ќеф, од што сакаат, едноставно пружаат внимание на ваков или онаков начин. Следен пат кога ќе добијам нешто да се запрашам што му е проблемот и што ми има згрешено.
@Unintended да не ги спомнеше внуците а да кажеше дека неговите родители имаат негови картички, сметки и пари, ќе видиш како подруги ќе беа коментарите. Сега се фанаа за внуците како слеп за стап, од уста не можат да ги извадат па уште се натпреваруваат кој повеќе дава на внуците тука. Искрено, мене веќе најзагрижувачко и најголем проблем во вашава врска ми изгледа тоа што дечко ти (којшто претпоставувам е веќе возрасен маж од 30тина години, не 18 годишник па да не знае кај тера и да треба да му водат сметка сеуште мамичка и татичко) им дозволува да се мешаат во неговите финансии и да имаат увид. Тоа од возрасен маж никоја девојка не го сака. Остави ти внуци, некупување на скапи подароци ова она.. Ова е баш реален проблем. Мече и чоколадо за подарок, таман како од симпатијата во 8мо одделение бе.
Поентата ми беше дека некаде нема почит во врската, а членката треба да биде среќна што од нејзиниот партнер го добива тоа најпрвин што е многу битно во врската, ако нема почит, што ќе ми е поклон од 100 евра ако ми прави срања зад грб? Плус не мора да значи дека кај тебе е така, не мора да значи дека сака да се искупи ама има вакви примери кои проблемите наместо да ги решаваат, свесно ги туркаат под тепих и дозволуваат поклонче да реши се како ништо да не се случило. Плус, убаво е прашана дали нејзиниот дечко води евиденција каде таа ги троши парите? Не велам дека во сите врски го има ова со непочитта ама зар тоа не е едно од најбитните работи во врската? Да кажеше дека и пречи што не и купил скап подарок без да го вметнува нејзиниот внук поинаку ќе беше. Вака изгледа дека е љубоморна на мало невино суштество. Не се во брак па да му ги брои сите пари каде одат. Битен е гестот, и мала ситница да ми подари ќе ми е мило, наместо да се лутам колку пари фрлил за подарокот и дали е иста цена ко подарокот на внукот.
Хахаха, да, во право си, слаба страна ми е да играм стратешки. Што на ум тоа на друм Инаку, немам информација дека му се мешаат во финансиите и не ми се верува дека тие му сугерираат нешто за нас во таа смисла и му водат сметка. И мајка му има прокоментирано пред мене дека не е внимателен со поклони. Се гледаме со неговите чат пат, и фини луге се вака ама мислам дека е до него... разбирам дека сакаш да им помогнеш на родители и се, ама според мене тоа со картичката (бидејки нема реална потреба) не му требало... и пак ке кажам, не ми боди очи толку тоа што им дава на нив, туку се прашувам дали заради тоа што не е таков спрема мене постои простор за загриженост? И според мене не е нормално да делите 50/50 трошоци кога примањата се 1:4, ама ете според некои тука така требало, па можеби ке се преиспитам.
Членката до утре може да се објаснува дека е таа во право, ама не е! Па и зошто картичките биле кај неговите?! Епа девојко да не сакаш тебе да ти ги даде? Што си му ти во моментот, освен девојка? И кога веќе бараш мислење на форум јавно, бидете спремни и за поинакви коментари од оние кои ги очекувате. Доколку мислеше овде ќе добиеш афирмација за парите на твојот дечко, си згрешила, неговите пари си се негови, па макар и цела плата ја давал на мајка му или сестра му. Не си му ти жена!
Твоите или неговите ќе си ги тргнете настрана, секое спомнување, мерење, фаќање за кусур и обвинување, води само во насока на бившост. Бивш дечко, бивш маж. Јер, како да ти објаснам, 25 години да речеме, они му се фамилија. Не значи дека не е способен да основа фамилија со тебе, или со некој друг, ама стално ќе му бидат мајка, татко, сестра, и пуштање зла крв не може добро да заврши. И летс крап д стаф- пошто не сме јасновидци, твојава дилема има само едно решение. Почнете да живеете заедно, па ќе видиш како стојат работите. Дали е домаќин, да дава за домот, или е мамин син. Прво живеење заедно, после брак.
Јас ако земам повеќе ќе се прилагодам на дечко ми и ќе трошам колку што има и тој за да не се осети лошо. А нема јас да ги трошам сите пари и да плаќам викенди и одмори барем дур не сме ви брак. Од кај да знам дали и утре ќе сме заедно? Место така да ги фрлам ќе ги штедам или ќе им ги дадам на моите ако им требаат. Истово се однесува и јас кога би имала помала плата, не очекувам некој друг да ми плаќа што не ми е маж. Колкава ти е чергата толку ќе си ги пуштиш нозете.
Ова што го напиша поназад: е доволен показател дека вашата врска е во ред. Немате некој проблем, само си ставила акцент на нешто непотребно. Проблем може да биде ако неговите дома управуваат со него, но тоа велиш дека не се случува. Не му ја мисли многу за материјалните работи, тоа е само мал гест неспоредлив со вниманието и времето што го посветува на тебе.
Епа чувство е чувство. Нема правилно и погрешно. Е сега чим веќе знаеш зошто се јавило и сте разговарале, останува само да процениш до кој степен ти смета. Рече дека ти посветувал внимание, сака да поминува време со тебе. За делот со шетање само да кажам дефинитивно не ви треба кола за тоа. Може и без неа. Можеби се осеќа должен кон нив на некој начин, па затоа сака да им подарува кога е во можност. Сигурно му помогнале да успее, па сака да искаже благодарност. Вие сте во врска, на исто рамниште, па затоа не го осеќа тоа кон тебе. Може само ти треба нова перспектива. Место да споредиш ти vs. другите, само гледај дали ти е убаво со него, дали имате разбирање, место за компромиси, комуникација.