Прво негови се парите и има право да си купи за неговите внуци или неговите родители ,пред све се уште не сте во брак па да зачува и за вашите деца кога ќе ви дојде време... Но за тебе т.е ти немаш 10 год па да ти купи најскап поклон еве јас не сакам да ми купи скап поклон кога тоа мене не ме занима едноставно е доволно да е покрај тебе и да има понашање ,да не те искористува да нема насилство ,да не пие итн. Ја за скап поклон поубо да ме носи на одмор некаде на море или на скијање отколку некој предмет поклон ама за тоа треба да разговарате ако имаш таква желба Но пак ќе кажам ако така продолжуваш тој ќе те остави ќе помисли за пари со него живееш и дека за мал поклон не си задоволна и не те прави среќна. Размисли уште еднаш и разговарај си со него што ти смета се додека не си влезена во брак...со среќа Феминки ,не ја нападнувајте девојката изгледа се уште не е зрела но затоа сме тука да и даваме совет и добро и лошо...
Немам внуци сеуште, барем не од сестрите, но баш ова со внуците ја мати водата. Дали ако и нив не им купува членката ќе беше во ред? Мене ова ми личи на љубомора од напишаното. Боље да пишеше 'дечко ми ми дава одврзани раце да си изберам што сакам за роденден, нема време да се замара, дали да му се налутам?' Отколку 'ама тој на внуците купува од 100е, а јас за мене бирам од 50.' Многу, многу глупо.
Ова сѐ е bare minimum. Можеби сака да се оддолжи.Не вреди да го оставаш само за ова, мислам реално ти ја разбирам загриженоста ама дај му до знаење(директно, индиректно) дека некои работи ти сметаат или се осеќаш "заборавено" и види како ќе реагира, дали ќе му текне да смени нешто.
Колку само го извртивте муабетот као на неа и пречело дека им купува на внуците. Не знам дали не читате или стварно не сфаќате , девојката си го кажа тоа како пример а никаде не рече да не им купува или нешто туку даде обиичен и наједноставен пример , како она се чувствува запоставено , не е во ред зошто за нив да троши толку а за девојката не . Ама не тука на Фемина се собрале мајки терези што ништо не им пречи , не знам дали исто ќе зборуваат ако дечкото се расфрла со пари за сите околу него а вас ве изостсвува. Пак ќе кажам не е до поклонот до гестот е . Една обична тетка да земе да купува на сите внуци скапи поклони а на вас нешто колку да се купи ќе се чувствувате изоставено а камо ли партнер да ви го прави тоа.
Да кажеше дека сака скапи поклони, сите сме свесни што плод ќе вродеше дискусијата. Не е всушност ваша желба или мисла да сметате дека е погрешна или апсурдна. Друго, зошто упорно се фаќате кон тоа, барем те почитува и се грижи за тебе. Па ако некој не го прави тоа, што барам со него. Зошто да не се стреми да има се што посакува од еден партнер, еден живот е. Вие ако сте задоволни со едно нормално и базично однесување кое е всушност темелот на врската, некој си има и дополнителни барања, и тоа е добро, ако е добро за неа. Ти сакаш ситници, некој сака екстравагантност, чиво е погрешно? Ничиво, чувај си ги своите барања за себе, но биди и отворена за барањата на останатите, без разлика колку звучат нереални, незрели и материјални. Членката колку што ја разбрав не и е до самата сума, туку до сумата која се вложува према други особи, додека за неа не. Од една страна не треба на кантер да ја става вредноста на поклонот, ама па реално ако самиот е во можност да фрла 5000 за поклон, зошто не е во можност и за неа, туку се штеди. Сметам дека на него истото не му е проблем воопшто , туку можеби мисли дека сеуште е рано и дека нивната врска не го достигнала тоа еволутивно ниво на блискост, доверба и сигурност, односно не ја смета сеуште како дел од својот сегашен и иден свет, за да биде слободен да ја третира исто како својата фамилија. За мене не е некаков огромен проблем, да, три години не се малку, но далеку од многу, што значи понатака верувам дека вниманието ќе биде целосно свртено према неа. Всушност, ако на вам овие работи ви звучат како банални и инфантилни, некому го поврзуваат емоции за истото. И тоа е сосема во ред. Немам што совет дополнително да дадам, освен доколку чувствува дека е некаква пречка, да разговара отворено на таа тема. Впрочем секоја врска приказна за себе, секоја индивидуа со свои желби и барања. Апсолутна точност не постои.
@Unintended Да не случајно биле порано во многу лоша финансиска состојба како семејство, па сега кога он веќе заработува толку многу сака да им се оддолжи некако на неговите, да им овозможи се што сакаат во животот? Можеби тоа е причината поради која купува толку, и толку пари троши за нив.
Ќе повторам: Ги има такви што остануваат во токсични врски. Примерот го кажав. Има и други. А нејзе ако и пречи тоа нека зборува со него, пак. Да става на кантар не е океј. Зошто ним а не и на неа. Зошто мене не ми купи подарок од толлу пари а ним да. И ќе се согласам со делот дека може не ја смета сеуште дел од идниот живот ама за тоа треба отворено со него да разговараат за плановите. Ја би играла така, а не сакам да мешам други. И така.
@Alisa22 Ама како ја изоставува? Купува за другите, купува за неа. Членката сама кажа дека бил ист и за другите, го купувал тоа што другите ќе го изберат. Кај се брца човекот длабоко во џеб за сите, па уште лош да испадне
Премногу се прошири работава и мислам дека и премногу ја нападнавте девојкава. Сите имаат мани никој не е идеален. Секоја жена сака изненадувања и внимание е сега некоја е задоволна со малку некоја со повеќе затоа и постојат и различни луѓе и различни карактери. Затоа отворено пробај да му кажеш што ти смета од негова страна ако се реши се реши ако не секој по свој пат и тоа е тоа. @Unintended
@Unintended Да резимирам: значи дел од платата оди кај неговата фамилија(родители,внуци), од останататиот дел има доволно за да шетате некаде(или шта год) ама тој не сака да се троши многу за девојката да не биде со него ради пари. Хмм.. малку неблагодарно од негова страна кога веќе си била покрај него кога немал големи примања. Мој совет ти е да не трошиш 10год за да бидеш на исто ниво со неговата фамилија. Да убаво е се тоа што има почит, љубов ама сега ако не уживаш со дечко по одмори и авантури па кога? Колку досаден тип. На тебе останува да си расчистиш со себе каков дечко сакаш, ти одговара и што очекуваш од една врска.
@Unintended, ајде да збориме за пари Спомна картичка. Што точно значи тоа? Дали тој дел од платата си ја остава дома, кај мајка му и татко му, тие да си ја трошат за себе? Ако точно те разбрав, кај него дома сите работат но тој ги подмирува пола од домашните трошоци, иако не живее таму? Викаш живее на страна. Под кирија е или во свој стан? Дали живеете заедно и дали ти придонесуваш на било кој начин кон трошоците? И ако не живеете заедно, а ти само одиш да преспиеш кај него, дали можеби ти купуваш храна, прашоци, средства за хигиена? Следно, колку тој реално троши додека е со тебе? Вика не те шета зошто нема кола. Ок. Седнувате во ресторани, седнувате на кафе, одите во кино, театар? Одите на одмор, на викенд, патувате некаде? Батали ти седење по дома и гушкање на кауч, троши ли тој воопшто пари кога е со тебе?
Што е со прашањава? Да не треба да достави и изводи од сметка за 2020/2021 за подобар увид во трошоците?
@Nausicaa за математиката дома не сум во детали запознаета, а за другите работи мислам дека знам на што целиш, и не е таков екстрем си функционираме нормално. Купувам и јас работи за кај него и тој ако доага кај мене. Не мериме на кантар ама и тука можеби за нијанса тој придонесува повеке од мене на пример ке купи поскапо вино или друг некој поскап алкохол што мене не ми се дава пари. Разговаравме пак и одлучив да мислам дека со поклонот не е нешто со умисла, едноставно така се погодило со оглед на тоа што јас обично си бирам нешто. За неговите дома бидејки е комплицирана и чувствителна тема и немам доволно информации, со оглед дека сме само во врска решив дека не треба да се замарам а секако ако дојде некогаш до брак ке биде тема на разговор. Уште еднаш фала на мислењата, мислам дека доволно е дискусија и можеме да продолжиме со решавање на некој друг проблем Барем јас повеке нема да пишувам на оваа тема бидејки сакам да се фокусирам на позитивните работи во нашата врска. Поздрав
Го изоставивте делот каде кажа “За неговиот роденден се потрошив дупло”, што значи она не се штедела кога е он во прашање. А дали е така кога е обратно? Замисли вие се трудите за дечкото со сите салтани за роденден, а тој си доаѓа од работа и не му ни текнува дека ви е роденден. Тогаш ќе фрчат коментари од типот “како не му е срам,откачи го…”. Дека е скромен кажав ама за некои работи треба да се одврзе ќесето. Членката бара тој да не е себичен кон неа, како што не е кон други,само рамноправност. Никаде не спомна да ја троши цела негова плата, каша попара ја направивте темава.
Ама не можеме да им наоѓаме проблем онаму каде што немаат. Таа во ниту еден случај не потенцира дека тоа и смета, туку самата вредност на поклонот. А исто така кажа дека таа него му купува скапи поклони а тој возвраќа со истото, со тоа што самата ги бира нејзините за иста сума која ја дала за него. Значи на исто се. Таа мисли дека тој треба општо повеќе да троши кон неа, бидејќи зема поголема плата, нешто за кое јас не се сложувам. Што ако зема поголема плата? Не значи по дифолт дека треба да троши дупло. И од кај да знаеме како тој размислува? Можеби смета дека ќе ја навреди или ќе и биде непријатно ако и купи нешто многу поскапо отколку таа него? Еве јас лично не би сакала партнерот да ми се расфрла со пари во случај да има повеќе, бидејќи ќе се чувствувам непријатно. Задоволна би била да придонесуваме еднакво во врската, во одмори, во поклони итн.