Па и трошел и повеќе од дупло. Сама кажа дека кога излегуваат поголемиот трошок паѓа на него. Со поклони се еднакви во однос на цената а со ова не се. И сега тоа не е доволно и поклоните поскапи да биле. Спонзор ли е дечко ли е.
Тука не станува збор за мене или за тебе. Јас преферирам да ме дарува без оглед на вредноста. Зошто би се навредила она ако е скап поклонот? Може да ја праша што сака, може да и поклони па да види реакција. Се се може ако се сака и сигурна сум дека мајка му ја прашува што да купи за роденден штом они му ги раководат финансиите.
@Unintended, многу пишуваш но ништо не кажуваш. Сите одговори, сите постови ти се „киша око Крагуевца“. Со секој твој одговор на темава се повеќе и повеќе се убедувам дека си тролче кое само пушта водичка и си јаде пуканки читајќи ги препукувањата и „фаќањата за коса“ на темава. Таман ги погоди сите клучни зборови за да експлодира темава- скапи поклони, внуци, родители кои раководат со финасии на синот. Ти поставив директно прашање, колку тој троши кога е со тебе, ти не ми одговори. Тоа што купил поскапо вино што и тој го пиел, не е одговор. Но ако не тролаш, ти веќе ги знаеш одговорите. Ако само седите кај него, јадете (каде што ти готвиш), гледате нешто на тв и после си легнувате, да, имаш простор за загриженост. Ако одите во кино, театар, патувате, седнувате во ресторан, и тој си го плаќа својот дел (па и твојот), и им купува скапи подароци на внуците, ок е, не е страшно, мерак му е да ги изненади и да ги израдува. Ако ја остава картичката (читај платата) дома, време е да ставиш крај на таа врска. Погоре некој пиша дека во врска не се разговара за финансии. Ок, тогаш кога се разговара за финасии? Откако ќе потроши уште три години, откако можеби непланирано ќе забремени, откако ќе се верат или откако веќе ќе бидат во брак? Маж кој работи и не живее со неговите им ја остава платата на мама и тато, алоооооо! И тотално го мразам тоа „алоооооо“, најсељачко нешто на свет ми е ама мислам дека фантастично одговара на мислењата дека девојка сочена со ваква ситуација треба да си преќути зошто е „само“ во тригодишна врска. Еве, ајде кажете ми кога е точното време да го праша до кога планира да ја остава платата дома? Да запознаам дечко кој ќе ми каже дека платата ја остава дома, нема ни да стигнеме до прашањето
Ма немој. Бракот бил 'крунисување на љубовта' И после од што ќе живеете, ако 'круната' им ја дадете на родителите, а за вас не останат пари? Ќе јадите љубов ли?
Каде тоа кажав дека троши повеке од дупло од мене Повеке ми изгледа дека некои од вас се тролови, со оглед на тоа што и покрај тоа што на неколку пати повторив исти работи како расипана касета, пак превртувате и измислувате. Нема врска, очегледно кој разбра - разбра, со некои од вас може и 100 страни да испишеме и пак нема да гледате што пишува туку ке си пишувате по ваше.
И претходно спомнав, затоа најмногу разводи и проблеми во брак се баш поради финансии, па после и други фсктори за кои се прават слепи при очи. Или па се водат по мотото барем не ме тепа. Јас не се плашам да не се омажам, се плашам да не бидам во брак каде што ке бидам 'ебавана' во здрав мозок и да се тешам со "све за љубаф"
Добро памтам и знам како ми е ситуацијата, затоа ти реплицирав. Како 70/30 е исто со "повеке од дупло". Мислам разбирам слабо математика ама ова... или битно да звучи драматично
Оф леле. Па добро за излегувања така испаѓа. Еве ајде пак да појаснам. Тоа се однесуваше како што можеш да прочиташ конкретно на излегувања дека обично тој знае да плати почесто,не дека со формули и равенки пресметуваме кој да плати. И самата напишав дека не излегуваме пречесто или на скапи места, така што таа разлика е стварно мала. Како и да е, друго ми беше скроз муабетот и прашањето и мислам дека го знаеме сите веке твоето мислење на темава.
Е многу претеруваш и одиш во крајности. Сега и се мешаш во математиките колку он трошел кога ќе почастел кафе или ручек. Бре,брее се потрошил ептен 600 денари ручек и одма трошел дупло. Не долевајте масло на огнот со невкусни коментари од типот “спонзор ли е..”
Озбилно луѓе не ве сфаќам, ни едните, ни другите. Не знам стварно како функционирате во врска ако ставате цртки кој кога почастил и што купил кој на кого и дали 1000ка плус минус било. Членката праша, доби 3-4 мислења насочени кој неа, другите си се расправате меѓу себе. Не е убаво да си ни тој што плаќа повеќе секогаш, не е убаво да си ни тој што помалце плаќа секогаш. Затоа:
@Unintended види јас гледам неколку варијанти: 1. е дека е стиснат и му треба некоја која исто така е задоволна со малку. Тие типиви со убаво си истеруваат по свое(читај: као демек те сака) не употребуваат сила. Ти треба да бидеш попустлива за да успее тоа. Знаеш има луѓе со пари на сметка ама не знаат да живеат. 2. е дека сака трошоците да бидат 50/50 (моментално ти немаш за одмор па ќе почека да се средиш да не ти биде неугодно или ватевр) што би било ок да не беше моментот што не се понудил да те почасти одмор кога веќе знае дека не си со него ради пари и во 3год врска очекуваш сега тој да те почасти па во иднина ќе надокнадиш и ти.Тука, да, имаш причина за загриженост(види бр.1) 3. е дека сакаш дечко како тој на алиса22 што не им е проблем да трошат пари на девојка. Барај си таков, живеј си го животот по твои желби и убедувања.
Па тоа е реалноста. Нормално дека ќе одбериш некого што го сакаш, ама да е и некого кого го почитуваш, кој тебе те почитува, со кого можеш да живееш, со кого можете да правите комопромиси... Работа е бракот, не е само галење, бакнување и секс.
Знаеш има луѓе на кои трошењето пари не им претставува начин на живот, исполнет им е и без помодарство, замисли
Убаво го изнавреѓавте дечкото од мамино синче (оти си ја сака фамилијата и си ја почитува), скржавец (оти си го почитува сопствениот труд, си ги цени парите што ги заработува и не планира да ги троши за парфем од 200е што ќе се потроши на две прскања), не знае да цени, нема почит спрема девојката (читај не купува скапи поклони), себичен (читај не сака да оди во шопинг да бира подароци во city mall само за себе си гледа), и уште што нема да му измислите до крајов за да оправдате некој што очигледно сака добро да си се обезбеди во животот (опотунист). Само платава на девојкава кај оди, добар дел од нејзината плата може да си ја троши за сопствени потреби, амаа ...тоа не е важно.
Никој не приговара за еден поклон, еден како ниеден, за повеќе е работава, а и не е дека не и купуваат поклони.
А со што им е исполнет, со нервози ли? Замислувам двајца возрасни со повисоки примања кои наместо да патуваат седат дома пред тв или одат до најблискиот ресторант пеш (девојката рече немал кола). вауу каква вечер, младост ли е старост ли е.