аман мора ли се до екстреми да се оди. нели ви е чудно тоа дечко немал кола денеска кога секој еден од фамилија има. и не зборам за богати. најди си некој скржав како тебе па ќе се видиш во огледало, можеби и ќе се премислиш
Како па сега тебе ти засмета дека дечкото нема кола ? Малку е чудно шо нов член се појавува и тоа само за да коментира на темава justsaying
Па нели ја прашува? Нели и сама си одбира? Овде изгледа проблемот е зошто поклонот да биде 3000, кога може да биде 6000 денари. Ајде не зафркавајте. Не и е неа проблем што не оди да и одбери поклон сам ,туку тоа што не и вели да си одбери нешто поскапо. За тоа што му ги раководат финансиите нема ни да навлегувам бидејќи сите детали се нафрлени.
Ајдеееееее сега и кола, утре палата, трет ден ќе сакаш куќа во Канкун. Дајте не забегувајте со барањава. Ненаситни. мислиш дека е дупли јузер на членкава која го истакна проблемот?? Мејк сенс.
Едно што имаш предрасуди и претпоставки како некој живее, друго се осудуваш да кажуваш како тоа треба да се живее. Не знам како да ти одговорам, а да не те навредам притоа , но секогаш имај на ум, некои луѓе водат исполнет живот со многу пари, без расипништво и ослободени од притисокот дали тоа што се носи е марка, бренд, дали шетањето поминало без стори и што мисли комшивката или некоја си на интернет околу сето тоа.
Да ми падна во очи уште вчера, ама ај реков. И денеска упорно се во корист на членката, па и кола сега оти немал. Како не искоментира нешто друго на форумот, само во темава. Малку теми да има други ?
се е можно. ама ја зборам за случајот со девојката. не е дупли јузер интересна ми е темата мразам скржави па да и ги отворам очите на девојката вие со ироничните коментари претпоставувам дека се зелени тинејџерки
Зошто мора тој по дифолт да има кола? Ако веќе има секој во фамилија може таа да си купи па со неа да се шетаат. Некогаш и вас жени не ве разбирам, ем сакаме рамноправност и исти можности како маживе, а пак од друга страна тие да прават се, кола да имале, стан или куќа, сами да се, со родители само службено, скапи поклони да купувал..
Кој случај госпоѓо или госпоѓице ? Се фати за кола? Што не ти беше јасно во врска со таа кочија. Ко демек сите мора кола да имаат. Кај виде дека дечкото е скржав? Зелените тинејџерки(одма навреди) можат да ве учат вас зрелите црвените. Биди поздравена и терајте си го филмот.
Види, дечково не е должен да се расфрла со парите само затоа што и прднало нејзе така. Немал кола, не и купувал скапи подароци, па ги трошел на неговите. Ле ле. Со една реченица - Ако не ти се допаѓа, оди си. @deskarada истото мислење го имам.
Дефинитивно не се очекува само од него да има кола. Ама јас побрзо би го поддржала да заштеди и да си купи кола, отколку да се жалам дека поклоните што ми ги купува не се доволно скапи. Колата денешно време е потреба, не само за него, туку и за двајцата.
Не напротив многу сме зрели, таман стасани. Никаде во темата не се пишува за скржави, ако знаеш барем што се коментира добро е.
поентата ми е ако не сака таков живот со дечко кој се стиска нека си бара друга прилика. мене таков впечаток ми остави дечкото нема да релативизирам до утре сабајле
Хахаха добра си ти си у тек. Зелен тинејџер сум јбг. Тебе ќе те прашам дали да коментирам член од вчера со 2 мислења.
Леле божем да не ја отварам темата ама ми стигаа нотификации, ме изнасмејавте за муабетот со колата Туку се гледа дека сакате само да си правете муабет, ме мрзи сега да ви цитирам мои мислења ама неколку пати напишав дека нејкам да ме опсипува со подароци а да, се запрашав за цената зошто во овие години не купил барем еден поскап поклон кога не му е проблем. Не дека јас ке се збогатам или тој ке осиромаши туку зошто би гледал да е поефтино за мене. Во таа смисла. Како и да е, ич да не се секирате, направивме муабет и разјаснивме, проблем решен. Што се однесува до мене може да се затвори муабетов ама гледам интересен ви е
Сума сумарум дечково е самостоен, се грижи за неа, ја гушкал навечер, плаќа 70:30, се грижи за семејството негово, ја остава да си избере поклон каков и да сака(сума), АМА јасно не и напоменува да си одбере поскап поклон иако сама може тоа да го направи, купувал за внуците поклони од 5.000, давал пари на неговите, не ја частел одмор кога таа си ја потрошила платата на други работи. Нон сенс! Сите што го сметате за мамино синче да ве прашам никогаш од вашата плата не сте помагале дома? Ако требело нешто да се реновира а имате пари не давате? Ако заради вашето школување, карикирам, зеле кредит нема да го враќате самите? Ако е сампстоен не значи дека дека треба да раскрсти со нив и дека исти ќе е таков и во брак. Јас да сум на негово место истото ќе го правев, а во брак семејството ќе ми е на прво место. По пишаново тој изгледа како да е раскинат на сите страни да им угоди и сите да се задоволни плус работи, ама не, не чини тоа, поклонот е важен. Shame on him.