Го убеди за поскап поклон ? Види, на почеток и те поддржав ама гледам во секое наредно мислење ја потенцираш исклучиво неговата плата и тоа дека треба да ти купи поскап поклон. Колку е тоа поскап барем дај разјасни ни? Вака делува дека бараш преку леб погача искрено. Никогаш значи не сум размислила зошто дечко ми не ми купува поскап поклон кога може, баш напротив не сакам да се троши и ми е непријатно. Не знам искрено дали барате спонзор или човек што се грижи за вас. Побитно ти е поклонот да е скап, отколку самиот тој да се потруди да купи нешто, макар имало минимална вредност. Очекуваш повеќе да троши и плаќа бидејќи земал повисока плата а и сама кажа дека и ти земаш солидна. Зошто да не е по пола? Не разбирам. Што ако зема повеќе? Нели се бориме за рамноправност и независност? Да немаш, да крпиш едвај крај со крај па да кажеш не ти помогнал, ама што е должен да плаќа повеќе само затоа што има повеќе?
Абеее и јас сакам да ме шета, да ми купува скапи подароци, да има кола, по можност некоја јака, да ме третира ко принцеза со негови заработени пари, а јас моите да си ги тргам на страна. Ама тоа само го сакам и никогаш нема да дозволам да биде така. Туку секогаш рамноправно 50-50%. Затоа што се ставам во туѓа кожа. И си викам што ако се родев ко машко. Па ни на крај памет нема да ми падне да се расфрлам со пари без разлика колку и да ги имам за таму некоја си девојка. Подобро скржав, отколку некој кој се расфрла со пари, наместо да заштеди за нешто стварно корисно, на пример стан, да не мора да живее во заедница или под кирија кога ќе се ожени. И зошто да дозволам некој дечко 100% да ги покрива трошоците, па утре тоа да ми го вади низ нос, да не ме почитува и да ме смета за спонзоруша. Ако немам пари не излегувам ни со другарки, не ми е пријатно друг да ме части, а не па да дозволам цела врска да бидам на грб на дечкото, а јас да си уживам. Налет таквото уживање, ко на трње.
До кога ќе се заврши со овие муабети ,нема ништо да постигниме, доволно да и давате еден совет и добро или лошо ама овие не се совети Ако не се јави некој друг проблем ова нема да се заврши приказнава xD
Како би реагирале ако вашиот дечко кога ќе му кажете дека го сакате или ви недостасува ви враќа со ок, она лицемерното смајли или евентуално добро и ништо друго.
Епаа прашај го што е проблемот , зашто се однесува така. Не знам каква ви е врската , дали сака да комуницира отворено , јас би му досаѓала дури не ми каже што му е .
Штом тоа ти го вика значи дека е свесен за се, дека ти го сакаш а тој тебе не и дека си несреќна поради тоа. Ако те сака ќе се труди околу тебе.
Реално повеќе звучи како тој да е несреќен. Од каде му е ова дека си несреќна? Многу ладен однос од негова страна , може многу работи ама не сака да се потруди очигледно
Ако се имате карано за нешто па на крај му викаш ми недостигаш или те сакам а тој така ти враќа значи лут ти е ,пробај да разговарате што е проблемот Ако не се имате карано значи на него му е свеедно ,вероватно нема емоција ,или не се чуствува ништо кон тебе чим ти вратил така....
Здраво. Оној што те сака и цени нема да ти врати на таа порака со ОК, туку ќе ти врати во стил и јас те сакам и ми фалиш, па ако си слободна да се видиме денес / утре, ќе ти го раскаже неговиот ден и слични мали ствари, но тука ти си добила само едно ладно смајли. Ова ОК воопшто не ми се допаѓа и го сфаќам како ваша заедничка тортура затоа што дечко ти знае дека си ти несреќна со него, а може и намерно е така ладен за ти да повлечеш конци. Да повлечеш конци во смисла да ставиш крај на врската ако стварно и двајцата сте несреќни. Затоа што врската е обострано почитување, разбирање, љубов и делење на тешки и убави мигови, тука ми се чини како да туркате од ден за ден. Ако лошо сфатив искорегирај ме, но тоа е моето мислење по ова што го напиша.
Ќе прашам што е проблемот. Тој што вика? Со ова значи или нешто се налутил или не ги дели истите чувства. Никогаш не возвраќа на истиот начин? Не ти пишува/кажува дека те сака и такви ствари?