@нина122 Си го прашала зошто е таков? да не има некој проблем или слично? Јас имав проблем со таква личност, ептен променлив беше, какво беше времето, и тој таков беше. Некад кога ќе си искажевме емоции се супер, некогаш прва ќе искажев и тој ахам океј, ставаше смајлиња и често се нешто му пречеше. Кога тој ќе ми искажеше емоции ако не му возвратев со исто ќе се лутеше или ќе мислеше дека имам друг. Неодамна ставив крај затоа што таква променлива личност ми пречеше. Носеше преголем товар и сакав да му бидам подршка ама ете не дозволуваше, ме туркаше од својот живот и слично. Да не збориме за мојата ситуација туку само сакав да доловам пример. Колку и да не искажува емоции, не е во ред да ти го става она грдото смајли или да се однесува рамнодушно. Можел да постапи на друг начин. Како и да е, јас би се запрашала од каде таа промена или однесување, ако е прв пат ваков можеби нешто го мачи или сте имале караница, ама ако не ,треба да разговарате и да го дознаеш проблемот. Ако постојано е ваков, јас би се замислила дали да продолжам со таква личност. Исто така на еден друг партнер знаев да му се обратам често со душо или мило и тој ќе мрчеше - Не сум јас мило бе. Толку глупаво се чувствував што повеќе не се изразував така. Знам како ти е, но ќе ти кажам да зборувате. Што порано тоа подобро.
Излитена фраза е тоа. Ако мисли дека си несреќна со него,ќе направи нешто за да бидеш среќна. Седни го и разговарај отворено со него. Ако е несреќен тој со тебе,немора да се мачите и ти и тој.
Ако ти си среќна со него ,зошто тој тоа го кажува. Прашај го дали тој е среќен со тебе и дали те сака. Нема потреба тој со изговори ...ако те сака ќе направи среќна и на друг начин ако не те сака нормално нема да те направи среќна
Не е дека не ја сака туку дечкото има некој проблем со самиот себе, или се плаши дека не е доволно добар за нејзе, дека она кога тогаш ќе го повреди, ова го зборувам од искуство. Со мажот ми додека бевме на почеток на врската еве ваков беше еден период, додека не виде дека стварно имам вистински чувства за него. Јас му кажував дека го сакам, он ми викаше ти нема да си среќна со мене, и од после кога го прашав зошто така ми викаше цело време ми кажа дека мислел го лажам, дека не го сакам вистински и на тој начин гледаше да ме оттргне од себе, ама јас пусти инат мој бев упорна бидејќи гледав дека и он мене ме сака ама не сакаше тоа да го каже од страв ете дека ако ги искаже чувствата ќе биде повреден.
Избришав фејсбук. Вајбер користам само за приватни контакти. Whatsapp деинсталирав. И пак ме наоѓаат бивши да ме замараат и лигават да се вратиме заедно иако сум им раскинала пошто не ми се замара со машки веќе. ..Што имала к'смет Стамена, Стамена.
Јас пред некое време објавив слика со сегашниот и бившиот ми пиша: е вака, секогаш насмеана да те гледам. Ок. Барем да беа толку упорни и добри душички дури си во врска.
Исто како јас да сум го пишала ова јадните душички неможат да се помират дека изгубиле нешто што вреди, па сега пробуваат на секој можен начин да ни привлечат внимание, некни ми напиша бившиот да сме имале контакт пак, а раскинати сме пред 3+ години, и сум во среќна врска Најдобрата одмазда е игнорирањето, mark my words girls.
Никако. Можи задоволен беше дека насмеана. Не дека имаше лоша намера детето, ама да се трудеше да сум насмеана кога бевме заедно.
Не може ништо тука ? Ако те сака ќе се потруди да те направи среќна а не воопшто да не се труди . Ова не е ни bare minimum. Откачи го затоа што не те заслужува , ќе си најдеш некој што ќе знае да те цени и да те направи среќна. Молам ? Дефинитивно не те сака типот , не си го губи времето залудно . Јас би го откачила во иста секунда затоа што не би дозволила некој да ме третира као небитна .
Здраво на сите. Сакав да се консултирам со вас, можеби ќе ги решам мислите што ме мачат. Вака, имам едногодишна врска. На почетокот нормално како и кај сите други се беше феноменално. Значи дечко таков е реткост. Ми помага за се, ме чува како најмило нешто. Несака да ме растажува или пак некој да каже некој лош збор за мене нешто не би му простил, затоа што е еден од оние ретки кои што си ја ценат девојката. Исто така и на моите многу им помага во се, и тие го сакаат многу. И секој приметува дека он мене ПРЕМНОГУ ме сака. Јас дали дека секој втор ден го гледам и незнам сум се навикнала на неговиот поглед и онака не сум се запрашала за тоа дали има до толку заљубен поглед, но знам дека ме сака и му значам. Но, ете дали дека цела година речиси секој втор ден заедно сме, секојс трета вечер со се вика преспиваме заедно, шетаме сегде имаме убави авантури па еве такс почнаа кавги малку почесто во последно време. За банални работи кавги. Некако почнаа и мене мн работи БАНАЛНИ да ми сметаат и да се љутам. И он почна замерки во моето однесување да наоѓа. Збори како на живци му идам, ккако претерувам дека се љутам како дете. И нонстоп збори дека иам среќа пошо ме сакал. С инсче е таков трпи трпи амс нема назад. Е сега во главни највише мене ми смета тоа што коа ке се напие малку е незнам друг тип обака ме провоцира ме нервира. Знае да тресне некад за некоја женска као еј ксква е оваа незнам што и одма ме погледнува да види реакција и се има случено лом да го направам. Незнам зошто но ми смета искренно така и го покажувам тоа, он на пример и да му смета јас да кажан така ќе се смее нема да покаже. И некако тоа прави онака самодовербата да ми се смали, и пример после тоа тој ќе рече се шалам зошо сексд озб сфаќаш. С човек кога е пијан.. незнам шо дс кажам стварно денес имсв таква случка и мн сум под гас. Си викам сеа да му раскинам да пројде време малку разделени да сме да олабавиме и со кавгите и до се. Ама некако што знам. А за сакање нормално го скаам но повеќе мислам дека ми е навиката вече секој ден заедно. Ама од друга страма пак се плашам да не напраам беља само. Ве молам за совет некој.
Или ќе си се спасиш на време од проблеми и ќе му раскинеш или цел живот ќе си имаш проблеми со алхохоличар , штом уште од сега е таков .. Немој да мислиш дека ќе се смени затоа што се лажеш. Плус манијачи други женски па си дозволува уште да коментира ејј каква е ?? Типов е типичен манијак штом пред тебе се дрзнува да манијачи женски ,на само којзнае каков е.
Ако се имаш претходно ти однесувано ладно, можеби ти е лут. Или пак сеедно му е за тебе и се поверојатно е да има друга.