Мислам дека оваа треба тука да го напишам. Почетник сум простете . Се логирав на форумов само поради оваа 'исповест', се надевам дека ќе прочитате и ќе можете барем малку да ми помогнете да се чувствувам подобро Првенствено, сакам да ве воведам во приказната. Јас сум машко, геј и имам 18 години. Случајно во Септември 2020 преку инстаграм наидов на еден дечко од Србија, и на прв поглед тој ми беше "сан снова". Има изглед кој што претставува идеал за мене, можеби и од тука поаѓа самиот проблем. Значи се беше океј, поколепено. Се заследивме, почнавме да пишуваме и сл. Буквално во речиси се бевме идентични. Слушаме иста музика, исти филмови, потполно усогласени ставови, мислења и погледи кон светот. Едноставно се чудев како некој може да е толку сличен на мене. Нашето пишување изгледаше како "другарски" но тука имаше и флерт во голема доза. Далеку сме еден од друг па уште од прв пат многу не ни очекував, но беше погодно се за да си сонувам, размислувам и уживам во тие моменти. И еден ден така за време на пишувањето, ми рече ОДЕДНАШ дека као тој е многу тажен ДЕЧКО МУ ќе одел во странство. И тоа беше тотална блокада за мене и не ми е уште јасно зошто тоа тој ми го рече после подолго време виртуелна комуникација. Секако, јас откако го дознав тоа, се дистанцирав. Сигурно нема да сум некоја си трета личност од страна. Но тој продолжуваше да ми пишува, да комуницира со мене. За несреќа целосно бев исполнет со љубов спрема него. Како поминуваше времето, се повеќе и повеќе почна да ми се менува тој заклучок и слика што ги имав создадено за него од првиот пат кога почнавме да "комуницираме". Тој стануваше се поарогантен, егоистичен, циничен. Почна да ми префрла се некои безвезни шали, seen-ови и триста инстаграм глупости . А јас ништо не правев, се понашав најнормално и добро, иако некогаш требаше да му плеснам за тие негови глупости. Еден ден се океј расположен, друг ден циник невиден. Колку можев го игнорирав, но еден ден приметив дека забранил да му гледам постови, не знам што. Тука ми пукна филмот скроз начисто и го блокирав. Тоа беше некаде Јануари оваа година. Пишувавме Септември-Декември 2020 константно. Откако го блокирав тогаш, се препородив. За брзо време ми поминаа емоциите и опсесијата со него, и почнав да си го живеам животот и да се забавувам. И за овие 4 месеци ми беше топ. Нормално имаше моменти кога ми паѓаше на памет тој, но тоа беше многу краткотрајно и после тоа се си беше пак во најнормален ред. Но последната недела ЗОШТО НЕМАМ ПОЈМА почнав повторно да чувствувам нешто за него. Иако испадна што испадна, и знам дека е многу погрешно ова, НО ПОСИЛНО е од мене. Пак почнав филмови во глава, па сега за лето да одам во Србија во тој негов град па можеби ќе го видам.. Значи ми се гади од самиот себеси, и не видам начин се ова да престане. Ве замолувам повторно за најискрени и брутални мислења, дали пак јас можеби нешто погрешно сум сфатил не знам. Фала ви однапред.
Не би трошела време ако само дрско ми одговараш, така да што и да имате проблем се надевам ќе го решите набрзо. @dolphine Си се надевал на нешто повеќе, ама он е зафатен. Сега или ќе бидете само пријатели, што ми делува тешко веројатно или ќе мора да ставиш крај и да продолжиш понатаму. Ако премногу те копка, можеш да го прашаш директно зошто не ти кажал. Не дека ќе смени нешто посебно, ама ете да не размислуваш повеќе. А ако веќе не пишувате и онака, избриши го од сите мрежи. Ќе помине некое време и ќе го заборавиш.
Мислам дека не треба да се замараш со него, гледај си твој живот, ќе си најдеш партнер уште си млад. Ако евентуслно уште те копка и те засега уште за него, пиши му, ништо нема да ти бидне.
Феминки ако може да ми дадете совет во порака. Се работи за еден тип што ми се допаѓа, се деси нешто со нас пред една и пол година, но се уште сме во контакт. Не знам што да правам.
Добро луѓе што е со советите? Конкретно пишувам за девојката која пропратно во постот спомна дека не и се допаѓа однесувањето на дечко и во пијанство, а никаде не потенцира дека тоа се случува често или дека е главниот проблем во нивната врска. Како одма донесовте заклучок дека се работи за алкохоличар и дека под итно треба да раскине? Вие никогаш во животот не сте се напиле, ниту пак вашите партнери? Почнавте премногу буквално да го сфаќате секој еден збор кој ќе се напише тука. Така детално да си ги анализиравте вашите врски којзнае колку од вас ќе беа сингл во моментов. Ајде малку да бидеме реални и да признаеме на колку работи и самите ние замижуваме во врските. Се однесувате како кај вас партнерот да не смее една единствена мана да има, за да може да биде со вас. Кои критериуми за идеал. И после се чудите зошто некој така исфрустрирано одговара, додека вие се трудите да "помогнете". Па и не е баш така чудно. Не дека го оправдувам однесувањето на членката ама навистина знаете да ги извртите работите и читате само она што вас ви одговара. Некој иди со мака тука и наместо да се потрудиме да им помогнеме, ние враќаме со напад. Има исклучоци да, каде друг излез нема и е најдобро да се раскине, ама вас 90% од советите ви се "остави го" за секој еден кој ќе дојде со било каков проблем тука.
Девојкии ве молам за некои совети Веќе некое време ми се допаѓа еден дечко значи срцето ми чука како лудо кога ќе го видам. Не сме од ист град и комшија е на мои роднини каде што одам често. Досега не сме си кажале ни збор само се запознавме онака "формално" Не знам како да му привлечам внимание или да му пријдам зашто не се врти многу по улица, од кола дома од дома кола дајте некои совети ве моламм
еднаш имам понудено на инста да го следам и неколку дена не ме ни прифати ниту го избриша барањето. По некое време пак пратив и пак не ме прифати
Јас би тргнала поканата тогаш. Си пробала два пати, не прифатил. Не дозволувај да изгледаш очајно со отслед заслед.
Што има да ги запознава кога не е заинтересиран? Да бил ќе ја прифател барем на инста... Продолжи понатаму @butterflygirl0
Јас не би го додала ни втор пат од срам. Да, ако бил заинтересиран ќе ја прифател, ама ако има храброст и можност, ништо не губи. Само нудам решение како 'да му привлече внимание'. Не велам да го напнува секој ден, за откажување е најлесно.
Сам си си одговорил зошто пак си почнал да мислиш на него... Затоа што ќе одиш во неговиот град и се отвора можноста да го видиш во живо. Ќе те повреди ако се зближиш пак... Фантазирај го, ама не очекувај ништо во реалност. За да се заштитиш себе си. Со среќа