Како ќе изреагирате кога дечкото ќе ви каже дека не му е убаво да гледате и читате со која има чатеви Не спијам и се нервирам по цела ноќ.. Дали сепак има нешто што не треба да видам или можеби грешам
Ако постојано му ги читаш пораките и го контролираш тоа е лошо од твоја страна, но од друга страна со тоа што ти рекол така, тој прави да биде сомнителен. Не знам колку време сте заедно и колкава е вашата доверба, но сепак разговарај за ова и преиспитај ја ситуацијата убаво во врска со пораките.
Па нормално дека не е убаво да чепкаш по туѓ телефон. Ти сакаш некој да го проверува и чепка твојот телефон? Најтрагично е што мислиш дека ТИ не правиш ништо лошо, а мислиш дека тој крие нешто затоа што се лути што си му чепкала по телефонот. Не значи дека крие нешто, туку е најверојатно навреден што не му веруваш. Јас би била лута и би му раскинала на тој што ми го проверува телефонот. Како бре така си земате за право да рошкате по туѓи телефони?
Сомнежот и потребата од контрола се показател дека довербата не е на завидно ниво. За да бидеш со некој треба да му веруваш. Ако тој не ги исполнува твоите критериуми следи ги постапките и ќе имаш одговор на прашањето дали грешиш. Секој се покажува во вистинско издание со тек на време и без посесивно однесување.
И не е убаво. Лесно може нешто и погрешно да се сфати. Плус, знам по себе, и да нема нешто што не треба напишано, пак непријатно е некој друг да чита. Од премногу посветување внимание на ситници, ќе ги занемариме поважните работи. Мене секогаш ми е најважно како се однесува кон мене и дали и колку има време за мене, тука најдобро се гледа колку некој на некого му значи. Гледање chats постојано е ,,давење", а давењето е turn off. И во врска треба да постои простор за своја приватност.
На другарка моја дечко и чепка по разговорите на инста и фб. Се случува сред муабет да и земе телефон и да скрола по него да види со кого и што има пишувано. Истата е и она. Фактички треба да внимавам што пишувам со неа. Два три пати ми има кажано - Еј дм ја отвори твојата порака, јас не те оставив на seen а сме зборувале за нешто сериозно. И да, воопшто не е вкусно да се чепка туѓа приватност. Ако имаш причина за сомнеж тоа треба лично со него да го решиш. @Ladyy*
Коса ми се крева кога ќе прочитам дека има луѓе што им чепкаат во телефони на партнерите. Мене некој да ми чепне телефон одма раскинувам и очи нема да ми види. А сум личност која никогаш нема да изневерам. Ама пикање во приватност ми е нешто што ми го крева притисокот 200. На мајка ми нема да и дозволам да чита четови, а не па на партнер. Си имам јас свои муабети со другарки и другари и нема што некој трет да чита. И кога ќе бидам во врска очигледно е дека ќе мора уште појака лозинка да ставам на телефонот за мирно да можам да спијам.
(делумно) Поради ова раскинав со партнерот од кој очекувам дете. Тој ако е со тебе во сериозна врска, сигурно не си пишува со некои непознати (и не им се пушта), туку со колешки, братучетки, другарки и глупаво е од твоја страна да му ги читаш разговорите, можда има нешто сериозно, можда таа трета личност се доверила во него за некој личен проблем, не мора и ти да знаеш. А па од друга страна, ако веќе воспоставува контакти со непознати девојки, тогаш ти него треба да му раскинеш. Нема шо да му читаш разговори.
Постојано читање и проверување на телефонот на партнерот ми е катастрофа. Нит сакам да гледам, нит сакам да ми гледа. АМА, ако случајно имам видено нешто сомнително или по некои постапки го приметам дека нешто крие, да, ќе побарам да ми отвори чет со таа и таа личност да видам што се дешава, да не ме праи мајмун.
Сум кажала веќе по темиве. Не чепкам никаде, ако не 'осетам дека има нешто'. Ама ако 'осетам', чепкам во се'. До сега, не сум погрешила во проценката.
Ако немаш доверба и почнал црвот да те јаде подобро раскини, без да нарушуваш нечија приватност. Затоа што @Hellobeautiful ако побараш да ти покаже чет и ако нема ништо ти ќе сакаш да ја продолжиш врската, ама јас да сум на местото на дечкото не би ја продолжила врската во која партнерот веќе ја изгубил довербата во мене. А уште полошо е @WildMk да чепкаш сама. Еве еднаш ќе видиш, но ништо нема да најдеш и ќе продолжиш. После некое време пак за нешто друго ќе ти се појави црвот, па пак ќе ѕиркаш во туѓ телефон и тоа ќе премине во навика.
Не барам од добро стоење. Само ако видам знаци дека крие нешто. Кога и да сум барала, сум нашла. Без промашај. Тешко мене ако сум цело време на штрек и ко ќе е се' во ред. Прво за мене не чини... остај другото.
Сакам да ти го кажам мојот пример, затоа што се пронајдов во постот. Да, се согласувам со сите членки дека тоа не е во ред, НО што правиме кога тој упорно го крие телефонот од тебе? Имав пред тоа врска што секогаш кога беше со мене никогаш не уклучуваше интернет - red flag. Како се разделувавме, тој одма беше уклучен на социјалните мрежи. Тогаш си викав ок, не биди толку драматична, не сака да виси на телефон додека е со тебе затоа цело време му е исклучен интернетот и телефонот не го чепка... Хаха колку сум била само грешка. Испадна дека типот и пишел на секоја девојка која ќе стигне, ме изневерувал со повеќе, лајкови на секое женско, и после ми стана јасно дека само ради тоа не чепкал телефон пред мене, му беше страв да не му стигне известување па да видам јас. АМА, сега на овој дечко му го знам пасвордот да, ама никогаш не сум осмелила да му читам по пораки, затоа што не ни му текнува него не телефонот, ќе го остави и не се замара дали јас сум видела нешто, затоа што нема што да крие. Со мојот пост сакам да кажам дека ако некој ми каже мене ,,не ми е убаво да гледам,, ќе го почитувам, ама без криење на телефон како дотичниот. Слушајте си ја вашата интуиција, телефон НЕ чепкајте без дозвола, не е културно така, ама ако имате сомнеж за нешто, и не ви го покаже телефонот - run.
Ама пак ќе кажам, проверување на телефон само ако партнерот ми даде причина за сомнеж. Значи тој веќе направил нешто што ме натерало да губам доверба во него. Не гледам причина тој да раскинува ако постои можност да е стварно виновен.
Ама едно е да проверуваш телефон цело време пошо се "сомневаш" а уствари сакаш да го контролираш а друго е пример во подолга врска, каде што немаш чепнато телефон на партнерот воопшто, да дојде момент каде што се раѓа мала сомнеж. И нормално прво се разговара околу тоа а ако е потребно се вади и чат. Ако се покаже дека не е виновен тогаш не гледам причина за раскинување туку поттик да се работи на доверба во таа врска. Ама па многу често и испаѓаат виновни така да .