Не си воопшто сурова, само си реална и се согласувам со ова што го кажа. Дечко ми ми збори за земување, не другиот со кој се гледам. И знае, во тек е со цела ситуација и мислам дека што и да одлучам тој ќе почитува. И знам дека мора да реагирам брзо и коректно, како што и доликува. Фала ти.
Ти посакувам се најдобро, убаво размисли си ги работите, не се замарај за другите што ќе кажат, ама со тоа немој да повредуваш некој друг. Со среќа и пиши што си направила
Јас не гледам иднина со него. Предолго гледав и се трудев и видов дека на крај нема резултат. Ние не се согласуваме околу клучни работи. Се случува сестра му или некој од неговите индиректно, па дури и директно да ме навреди нешто, а тој да не изреагира. Кога ќе го прашам зошто не се постави во ситуацијата тој вели дека не слушнал и сл. Јас за него многу се вложував. Друго нешто е што секогаш кога ќе почнам разговор со него, тој се кара и лошо ме сфаќа. Ако му кажам нешто во доверба ќе помине време и мајка му ќе ми каже дека веќе знае за тоа.
Ќе имаш многу проблеми во иднина доколку одлучиш да си со сегашниот дечко. Типичен мамин син. Како па мајка му се дрзнува да кажува како да се облекуваш, па ни тој не смее да ти кажува како да се облекуваш а не пак мајка му. Како се поставуваш ти во оваа ситуација?
А тој за кој се облекува за него лично или заради татко ти? Абе ај не се глупирај,тргни по тоа што тој и кажувал на мајка му што си облекла,ват да дафк? А гаштите што ги носиш може и слика и има пратено од нив.....Затоа бери мозок и тргни се подалеку додека е време...бидејки ако не раскинеш сега понатаму на сите ке правиш проблеми и потешкотии
Раскини му! 6 години е многу долг период ама е далеку подобро да раскинеш отколку да имаш еден куп проблеми во иднина.
Јас дечково од 6 години не би го трпела ни 6 мин. Раскинав ради нешто слично имам пишувано во темава и преродена сум иако сѐ друго ни функционираше одлично. Мамин син не се менува, ниту се излегува на крај со таквите. Собери храброст и мафни го од животот што побрзо.
Типон е несериозен на 31 година, нема константно темпо и лута кај ќе стигне, ни па (најверојатно) има некаква цел во животот. Тоа со мајка му не ми се допаѓа, во ред е да ја почитува и сослуша, но не и да постапува спрема тоа што таа ќе рече за тебе. Неверството исто не ми се допаѓа. Нема зошто да ти е страв да прекинеш, па и на 31 година ти имаш живот и не значи дека ти поминале годините за да се присилуваш самата да ја тераш врската. Не си среќна? Не те исполнува? Секогаш има решение. Тргај чувства настрана и размислувај со ладна глава.
Уф, како се поставувам... епа му кажав дека мене не ме интересира што мисли мајка му, сакам да знам што тој мисли.. сестра му пред некое време пред друштво ми кажа дека сум била преслаба и не сум личела на ништо... тој премолча. Итн.. некогаш кажувам, но залудно, некогаш премолчувам... Во целина, премолчувам, а кога кажувам ѕој се лути и расправа. Исто така, ако јадам вечерта обавезно ми коментира дека не смеам.... итн..
Не знам ни јас колку има цел, бидејќи еабора тешко да му се погоди, постојано ми споменува дека ќе одиме странство ако не сака тука, иако знае дека дум против. Кучето негово јас не смеам да го шетам и чувам, но мајка му смее..итн
Што е толку со хранава проблемов? Ок сите знаеме дека не е здраво касно да се јаде, сигурно и ти знаеш, ама ако ми се јаде и сакам да јадам, ќе јадам. Се гледав со еден таков што беше опседнат со калории и на дејт ми броеше колку калории сум внесла, уште еднаш не излеговме. Да не имал проблем со вишок килограми па сега се претворил во preacher откако ослабел ? Инаку не знам што да ти речам, мислам и сама знаеш дека не ти е ок со дечкото, зошто толку време си му дала не знам, но може треба да собереш храброст и да размислиш дали е само навика во прашање. Вака од форум, толку можам да кажам.
Преслаба си а не смееш да јадеш навечер? 1. Зошто? 2. Кој е тој да ти кажува кога смееш, пази тој си зема за право да ти кажува дали и кога смееш да јадеш? Wtf?
Не Ве разбирам! Ни ти го сакаш, ни тој тебе. Да си го сакала ќе си одела со него во странство, затоа што за тој што го сакаш правиш се. Да те сакал, не би те изневерил и не би заминал без тебе. Па на сето несакање, уште размислувате за венчавка?! Зошто, само заради фактот што сте 30 години, што е работата?! Искрено, иако си 31 по напишаново ти не си спремна за брак. Но не поради односот на дечково, туку поради фактот што ти уште незнаеш што сакаш. Кога ќе се разбереш себе си и кога ќе научиш што сакаш, верувај нема ни да прашуваш на форуми што да правиш.
Имаш многу црвени знаменца. Ти треба да се чувствуваш сигурно покрај него, а тој те прави уште понесигурна. Да не даваш некој да ти коментира за тежината, ниту да ти соли памет или прави суптилен булинг. Јас би го отерала во 3 лепе посебно за овој дел.
Леле еј, пошо мајка му е движечка сила у вашата врска и константен потсетник каква треба да бидеш, кажи му дека го оставаш за да си најде нејзина помлада верзија, па нема да има потреба да ја моделира согласно нечии замисли. Јер мама знае најбољи и мама е најубава. Мама најубаво се облекува. Сите треба да бидат како мама. Класично мамино синче, од фустанот нејзин подалеку не видел. Не сум сигурна дали има 30 или 3. Страшно! Како издржа 6 години еј? Животот е пред тебе, не знам што си на два ума, ситуацијата е јасна. Остави го што побрзо, без да мислиш што ќе кажат твоите родители, пошо види, ти си таа која можеби ќе го помине животот со тој човек и ќе треба да ќути и трпи кога мајка му ќе ти бира гардероба и кога ќе ти го бројат секој залак кој смееш да го јадеш од толку до толку саат. И редови друго... Не твоите родители, туку ти! На крајот, многу едноставно можеш да им ја објасниш реалната ситуација која те повредува и веројатно ќе добиеш и поддршка. Дури и да не добиеш, ова е твој живот и твоја одлука!
Мој совет: бегај од таму каде што не си среќна. Без разлика што сте заедно 6 години, отворено кажи му дека сакаш да прекините. Тоа што те изневерил, што замерва за тоа како си облечена е една причина што требало да прекиниш уште одамна. Доволно си возрасна да знаеш со кого сакаш иднина.
Леле, не му се мисли ич. Мани му ги клоците уште денес! How to recognize coercive control Isolation Monitoring activity Restricting autonomy Gaslighting Name-calling Controlling money Reinforcing roles Manipulating kids Controlling your body Jealousy Sexual coercion Making threats Getting out
Драги феминки, @QweenSM @deskarada @Lady D ❤️ @Kalina J. @WildMk @Mrs.Precious @СуперДевојка @eliesaab @Celltica @kolovoz (се извинувам ако пропуштив некоја) многу ви фала! Ме радува што советувате и давате мислење во толку голем број, многу ми значи! За многу работи сум свесна одамна, но немам храброст да преземам чекори и поради тоа правам само полошо. @kolovoz тоа што ми го збориш истото ми го кажува и дечкото со кој се гледам. Дека треба некое време да се тргнам настрана од целата ситуација со мислите и да се запознаам себе, што сакам и да го правам тоа. Дека не размислувам со бистра глава. Тој не сака да ми кажува дали да прекинам со сегашниот дечко, сака сама да донесам одлука иако некогаш индиректно ми го кажува тоа. Исто така, постојано е во стил дека ни е преубаво заедно, само со мене е, се гледаме по 3 пати во недела обично, некогаш повеќе, помалку зависи од обврските... Иако учиме заедно едни дополнителни часови, така да и таму дружиме понекогаш. Кога се навраќам назад со мислите и размислувам за случки со дечко ми стварно се прашувам што сум си мислела и сеуште сум свесна дека ако неговите инсистираат на било каков чекор, тој ќе го направи тоа. И покрај тоа што досега неколку пати ми има кажано дека ако ги слушал толку неговите ние нема да сме биле заедно сеуште. Така се однесува ок, не е лош по душа, но воопшто не е созреан и не е изграден. Некогаш кога сме во друштво ми е срам и непријатно од нешто што кажал, па после тоа може да се објаснувам со него, но никогаш не прифаќа критика. Јас разбирам да си близок со домашните, бидејќи и јас сум со моите. Но не разбирам тоа што дозволува да ми кажуваат што им текне, а тој да не реагира. Не разбирам што јас не смеам да правам, а мајка му смее. Не разбирам што таа е огледало за каква треба да биде една жена, а јас не сум му. Не разбирам како не осеќа дека односот не е како што треба и машки да ми направи муабет. Не сфаќам како кога ме нема по цел ден него го нема да се јави. Не разбирам како ги рачуна парите, јас толку дадов тогаш...па јас и ти кога ќе живееме заедно ти толку пари, јас волку, заедно толку... а за друго ништо не се збори што и како размислуваме за заедничкиот живот. Јас разбирам некогаш може и денар да немаш и да ти е супер, ама тоа не е случај со него, парите му се ептен битни. Не велам дека не се, но не се пресудни, според мене. Тука се математики постојано. А ми вика доста често дека на кучето ништо не му купувам. А за шетање не сум знаела јас со животни. Додека другар му ја храбри девојката и ја прави уште подобра личност, тој несвесно мене ме спушта надолу. Знам дека ако сум со него, мора јас да ја држам работата и мора да се трудам повеќе бидејќи на него не можам да се потпрам многу. Едноставно, не разбирам многу работи... Ќе ви пишам што и како, деновиве мислам да разговарам со него. Се плашам да не погрешам... Фала ви уште еднаш. Ве гушкам!