Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Еј Црешничка само немој со такви финти со лажни профили и договарање средби.
    Кажи му дека си го провалила. Срамота е што си го хакирала, но повеќе е срамота тоа што го прави тој. Не е дека те изневерил, само муабет е, но сепак не е најневина работа.
    Стегни го малку и прашај го дали планира да престане. Ако гледаш дека му е криво и ако навистина веруваш дека нема да продолжи по старо - прости му, ако не направил нешто во живо не е толку страшно. Ако гледаш дека се правда, не се извинува, те обвинува тебе и го крева носот - паузирај и види дали ќе те побара и дали ќе се покае или ќе продолжи со виртуелни глупости.
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ако сакаш да останеш во добри односи со него фино лепо ќе го одбиваш цело време и ќе наоѓаш безвезе причини и тој сам ќе си свати.

    А ако ти е гајле дали ќе се навреди или не,тогаш дирекно кажи му ја причината,и кажи му дека не сакаш да излегуваш со него и тоа е тоа.

    Не комплицирај непотребно :) :)
     
  3. ElNina

    ElNina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Фала на советот,ке се потрудам.
    На прашањето дали сакам да дојде на гости (ако се срамам од комшиите) или jас да идам јас се смеев и не одговорив на поканата само дека го мразам неговиот град.Ако настојува ке му ја кажам вистината.
    Фала уште еднаш :*
     
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Саншајн, нема да го направам тоа бидејки ке му стане ептен сумливо тој на мсн има само 6 контакти и ке му биде чудно. Инаку јас никогаш не сум љубоморна и не правам вакви работи (хакнување) ако не осетам дека нешто не е во ред. Секогаш до сега кога сум го имала тоа чувство секогаш сум истражувала и сум наогала нешто што прави да ја губам довербата (како ова со бугарката) во овој случај. Бидејки многу го сакам му прегледувам низ прсти а и тој ја користи секоја прилика кога ке му замерам за нешто да ме потсети дека и јас сум направила грешка. Само знам дека немам веке нерви за вакви глупости постојано да сум под стрес и сите да ми се криви за секоја една работа. Пауза мора да има бидејки сакам јас да си ја оладам малку главата и да видам на што сум. Дали сум изладена, дали сакам да продолжам со него, дали би му дала уште една шанса. Добро ке биде и за него да размисли малку ако навистина сака да продолжеме. Од ден на ден се повеке имам чувство дека го гушам и дека не сака да биде со мене. Kе му дадам пауза со цел да види дали е поубаво да имаш некој на кому можеш да му кажеш се и кој секогаш ке биде со тебе или е подобро да се однесуваме како мали деца и да се лажеме за секакви глупости и со тоа да ја изгубиме единствената личност која некогаш вистински не сакала. ;( power play http://www.youtube.com/watch?v=26EP0ght2kI
     
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сепак, тоа не е оправдување за целосно нарушување на туѓата приватност, независно дали се работи и за најблиската личност на светот.

    Второво болдирано, плус тврдењето на изгубено доверба ме „принудува“ со „лесно“ срце да ти кажам да ставиш крај на овој хаос веќе. Гледаш и самата што се случува, тој си лаже и мавта наоколу, а ти, сакајќи да дојдеш до изворот на неговите лаги, исто така пречекоруваш одредени граници. Не е лесна реалноста, но моментално тебе ти е таква. Собери сила, најди инспирација од некаде, и пробај да почнеш секојдневие без него. Тоа би било тоа...
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Најтвокер ти како машко, ако постапиш така со девојка ти а со во врска 2 години и 7-8 месеци, што значи тоа од машка гледана страна? Досада, презаситеност, нормално е за сите машки кои се во врска така да пишуваат на рандом девојки и да се обидуваат да ги импресионираат? Како би го објаснил ти неговото однесување?
     
  7. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Би го објаснил (како и многупати досега :) ) без генерализација на половите. Не осеќа тој потреба како машко, туку општо, осеќа потреба од флерт, мало „зачинување“ на секојдневието, осигурување дека се’ уште ги има оние „мажествени“ (или женствени, доколку зборуваме за женско :)) квалитети кои го прават привлечен кај девојките. Сепак, се навикнал на „едно-та-исто“ веќе речиси 3 години, и му ја разбирам потребата, затоа што секој ја има во одреден период од долгите врски, особено кога се’ уште сме млади. Но тука доаѓа и до онаа разлика меѓу нас, односно способноста да се контролира таа потреба, поле на кое тој очигледно одамна паднал.
     
    На creshicka и marama им се допаѓа ова.
  8. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    идам со еден скоро 3 месеци од почеток врската ни беше забранеа зашто тој е еден од најдобрите другари на братми но тоа се се среди он праеше муабет со братми му кажал дека ме сака и све..проблемот е тоа што он е најголемиот женкар мислам дека се сменил од моја гледна точка некад ми иде да верувам дека стварно е сменет и дека е најсрце а некад дека е најголем идиот шо постои,имаме заеднички пријатели другари кој се чудат како е сменет како се понаша со мене дека не би издржал он толку време со некоја..е сеа вистинскиот проблем е значи не се гледаме секој ден него на секој 2 3 ден зш мислам дека така е поубаво башка он има време за другари а и јас исто се слушаме по редовно на телефон е сеа требасе заедно да идеме за 1мај ама завчера газдата го прати некаде надвор од ск по работа јас му звонев дваа саатаа некако го добив од двај ми вика еве седам сум ги забораил телефоните у камион пошо имам работа му викам добро нема врска коа ке си доеш вика па еве уште малце ке се вракаме ае сонце сеа имам работа ке се слуснеме покасно јас добро цоеков работи се после тоа му звонев од 6 до 11 не ми дигна а не се ни јави он братми некако успеал да го добие и господинов му рекол аман ме напнавте сите со ви е проблемнот на вас.. и денеска станувам јас нервозна лута му звонам и ми вика еее сонце сеа станав од спиенје си доов во 11 и одма легнав му викам зашо не се јави зашо не ми дигна и он на тоа ми вика па сите ме напнавтеее ми вика кога гледаш дека не дигам не звони викам добро јас не сум сите можеше да ми се јавис и да ми кажеш дека работис а не вака и он ми вика така сакав и после муабет ко нишо да не се десилоооо..нешто од внатре не ми дава да му верувам се мсилам дека он праел нешо и дека бил со некого а не напоменав газдата му е мн добар другар.. а пред недела дена не ми веруваше дека ке си легнам рано јас му се јавив кај 9 вечерта и му реков дека ке си легнам он не ти лажеш ми вика ке проверам и стварно дојде кај мене пред зграда во 12 и ме натера да се симнам се видовме се убаво гушкане ау се и наеднаш ми вика доста е мегу мене и тебе убаво беше док траеше јас молам и ми вика да да ае сеа сакам дома да си идам и си излегов од кола после 2саати звонеше и му дигнав ко нишо да не било срце злато јас му викам шо звониш нели раскинавме он шо е несмаеам да те слушнам ..па ме молеше да се симнам пак пред зграда јас несакав ми виакше ке доам пред зграда ке се дерам ке те викам ај се симнав напраиме муабет се се среди ..незнам шо да вам незнам шо да прааам. некогаш мислам дека му значам а некогаш мислам дека сака само да ме искористи... за вчера мн се изнервирам можеше да се јави а не вака... идиоооооооооооооот!!!!

    се извинувам за долгиов пост али ова е само на кратко кажано...
     
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    Ептен го имаш напнато човекот.....го оправдувам......Ти кажал дека работи ок, работи...немало потреба да му се дереш, да викаш и ред други работи.....И он сигурно бил изнервиран што морал да работи на 1ви мај а згора на се и сите сте го напнале......мислам дека паничиш без врска и дека заради твоето вакво однесување само можеш да го изгубиш и да го натераш да направи нешто...Треба да му веруваш, зашто ако немаш доверба, кога - тогаш пиши пропао
     
  10. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Леле срцко :worried:
    Сите чувствуваме потреба кога сакаме, тоа да ни биде возвратено, али тоа незначи дека секогаш е така. Ако газдата му е добар другар, тогаш ќе го прател ли на работа баш за 1 мај?!
    И колку и да работи, има време да крене тел и да ти каже - работам -. Муабетите го забораив тел, се оддамна излитени. Зар он не почувствувал потреба да те чуе за сето тоа време ?!
    А со самото тоа што претходно ти раскинувал, значи он нема поим што сака.
    И на крај, тоа што те проверува -Оние работи што ги правиме ние на некому, мислиме и дека тој ни ги прави на нас -
    Од мене толку, поздрав и секое добро :)
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^^^Од тоа што го знам од долгогодишно дружење со машки е дека ако се фати со сестра на другар тогаш во најголем случаеви е за озбилно,можеби дечково го фаќа мала паника зашто работата е озбилна што е нормално за секое машко.
    За не јавувањето на телефон,што знам можеби стварно сте го напнале,не треба да го користиш брат ти или пријателите за вакви работи,тие треба настрана да си стојаат од врскава.
     
  12. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    завчера бевме заедно излезени со газдата и со девојкаму дечкоми тој ден ми кажа дека нема да биде на работа и дека ке бидеме заедно за 1ви а кога седнавме сите на маса газдата му вика брат утре си со мене на работа мене искрено тогаш ми падна чудно али ајде работа си е работа..незнам стварно што да мислам од една страна мислам дека му значам а од др страна не.. ке полудааам ме нервираат такви ствари еднаш се има денесно да не збориме три дена затоа што го нервирале некои мои постапки а кога го прашав кои се тие он ми кажа неможам да се објаснувам сега :( незнаем дали е проблемот до мене или е до него осекам ко да си играме топло ладно..неговите другари ми викаат ме ставал на тест шо од една страна ми е логично зш он никад не бил толку долго со некоја а и чудно му е шо некоја е искрена со него зашо типот е навикнат на девојка за една две вечери и толку ..се изборив со сите дома пред се со братми за да бидам со него дојдовме до степен братми да ми удри шамар заради тоа шо сум со него али му казав дека без рализка на се јас ке бидам со него ,братми ми викаше го знам каков е неможе гзот да му седи мирен на негоооо сеа се плашам да не излезе братми во право али како и да е они се смирија и повторно се дружат ама знам дека братми пак е со резерва некако...
     
  13. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    иначе јас не ги користам ни братми ни пријателите братми беше тој самиот шо му звонеше да му каже ако е вратен у ск да ме собере мене и да идеме у викендица кај шо беа собрани сите...
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Хммм ако добро те разбрав ти си се изнервирала затоа што е повикнат на работа од шефот?или нешто друго?Ако сум во грешка поправи ме.
    По што дојде до заклучок дека не му значиш?Сакам да ми го објасниш тоа,зошто не можам да го сварам :?:
    А и тоа последното,кавгата со брат ти...па верувај дека најблиските секогаш мислат за наше добро.
    Можеби е и во право штом мисли дека не е добар.Не си расипувај односи со твоите најблиски,зошто утре можеби ке раскинеш со момчето(не дај боже)па да не можеш да побараш совет од брат ти кој претпоставувам дека е поискусен од тебе и постар зошто си се скарала со него заради некои глупости :^)
     
  15. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181


    не се изнервирав шо е повикан на работа него се изнервирав зашо не се јавуваше на телефон како знаел др пат да се јави и кога бил и по 2 дена на пат и да напраи и муабет и се и са наеднаш него сите го напнувааат..а за тоа дали му значам или не аии незнам незнам шо да мислам стално се менјава шо чоек ке беше..иначе братми е година и 9 месеци помал од мене али како и да е знам дека ако он не ми мисли добро сигурно нема комшијата :)
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ^

    Јас правев иста грешка и ми се удри од глава,му се јавував на мобилен или му пишав пораки.Тоа беше пред извесно време,дојде до лош конфликт и до раскинување само затоа што го напнував да ми каже дека е.
    Остави го ден два да диши,да си заврши работа,зошто верувај ке му пукне филмот и ке се олади а тоа не го сакаш нели.Издржи малку.Сега оној кој го сакам не може да се слушне со мене затоа што нема интернет ама јас не го напнувам.Очекувам се да се среди без да го побарам.Не сакам да ја правам пак таа грешка.Ден два без него не е проблем ;)
     
  17. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    јас потполно те сфакам...и мене вака да ми праел дечко ми би ме изнервирало...
    ама ти си направила голема грешка шо не си го послушала брат ти дека дечко ти не е од тие кои се за сериозна врска...да знаеш дека во вакви ситуации секогаш имаат право твоите најблиски :!:
    сега знаеш дека нешто не е во ред,и почнуваш да сфаќаш дека брат ти е во право,ама се уште се убедуваш самата дека се е ок... :x

    совет од мене,најпрво среди си ги мислите,дознај шо сакаш....дали сакаш да продолжиш со него и да немаш никаква иднина,или да раскиниш и да си пронајдиш некој подобар кој те заслужува....а потоа примени го тоа за кое си одлучила,и имај цврст став! :!: ако раскиниш,раскинато да е...а не по 5 мин пак да сте заедно :D
     
  18. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181

    може грешам шо не сум го послушала братми али за тое севремето ке покаже знам дека сум јас крива што дозволив вака да се понаша со мене али се ке се смени ,еве сега дојде братми ми вика кај е Х јас викам изглеа дома незнам прееска се слушнавме ми вика ете излезен е со станко петко јанко праи скара пиее уживааа а јас за тоа ништо незнам леле значи ке полудааааам :@ :@ :@ сега нема да му се јавувам више да видиме дали ок не примети дека нешто не е у ред..а иначе горам од желба да му се јавам да го отерам у триста лепе али нема мора да бидам јака и да издржам мушки...
     
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ^

    Јас не знам зошто не му се јавиш и да видеш дали ке ти каже кај се наога?Ако не ти ја каже вистината,речи му океј,да не те замарам.Работи си,па не го барај се додека тој не те побара,ако е доволно паметен ке осети дека нешто не е во ред.
     
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    навистина како и секоја друга девојка повеќе сакам да одговарам на оваа тема отколку да барам одговор ама во случајов сум принудена на второто и навистин аке ми значи ако ми помогнете да ја донесам одлуката. значи вчера напаравивме 11 месеци со дечко ми, оваа ми е најдолга и најубава врска до сега, но веќе дојде период на квги. на почетокот дечко ми многу ме сакаше и се правеше за мене, но јас не бев сигурна дали го скам и дали скам да продолжам да бидам со него, бидејќи во тие моменти конечно „ме заска“ едно момче по кое лудував цела година, и во една пријателска прошетка и момент на слабост тој ме бакна или попросто го изневерив мојот сегашен дечко. бидејќи бев искрена со него и гледав дека ме сака и дека му значам многу и тој бараше од мене да останам своја секгаш, јас како искрен и директен човек , дури и наивно му кажав што се случи. Тој ми прости и продолживме, но подоцна, еден од неговите другари почна да ми фрла погледи и тој ми рече да не му обрнувам внимание бидејки тој другар веке растурил една врска на нивни заеднички другар. Но другар му продолжи и јас сакав да видам кои му се неговите цели, и на фб кога еднаш ми пиша го прашав кои му се целите и му реков да се држи подалеку од мене иако ми беше симпатичен а дечко ми го забележал и тоа. па кога му кажав дека разговарав со другар му ми рече дека изгубил доверба во мене бидејки јас сум го направила будала и дека јас би го изневерила повторно со неговиот другар. наредно што се случи бев на една забава од една невладина организација и дојде претходно споменатото момче кое летото после долго време „засака “ и со кое го изневерив дечко ми, и јас ја напуштив забавата, но тој ме стигна, ме фати за раце и насилно ме бакна, јас почнав да го туркам и да викам и си заминав. за жал или за среќа и за ова му кажав на дечко ми. од тогаш немавме проблеми со трети лица. но дечко ми речиси целосно изгуби доверба во мене. сепак врската продолжи јас го заскав многу а знам дека и тој мене, ама тоа не го покажува, и не зборуваваме за овие настани се до пред неколку недели. кога ми рече дека му е тешко иако ме сака премногу , и дека нема ден а да не помисли на тоа дека го изневерив идека му е тешко , и ми понуди неколку решенија од типот даме изневери и тој, да имаме отворена врска, да се омажам занего или да ставиме крај на врската. во секој случај не би се омажила со него имам само 18 години, инаку сите останати решенија водат кон крај на врската. сепак на крајот тој рече дека ке му биди полесно откако сеисповедал и од тогаш немавме правено муабет за тоа. се до денес кога ми кажа дека се останало исто, но кај мене не е исто, бидејќи завчера тој без да се најави тој замина на пат, и никој не знаеше кај замина, ниту неговите родители, ниту другарите ниту јас. ми се јави неколку пати , но не кажа кеде се наоѓа ни зошто заминал, рече дека ке се врати занеколку дена. умрев од грижи . а ме извиси и за мајот бидејки требаше да одиме заедно исто така вчера правевеме 11 месеци па требаше да одиме заедно наизлет за први мај. дури вечерта ми кажа кај е но не ми кажа зошто, ниту вчера кога се врати не ми кажа зошто рече дека било негова приватна работа, дека немало врска со мене, дека не ме варал и да не се секирам, но тој колку и да инсистирам немало да ми ја кажи причината зошто заминал. навистиан ми ги искина нервите од грижи и колку и да се обидувам даја подобрам врската не можам бидејки тој не сака да преземи ништо, вели дека се е исто, дека се уште важат неколкуте решенија и дека тој немало ни да се обидува да се менува, кога го викнав пред неколку часа да разговараме, иако ме навистина ме сака како што вели да се потрудиме да ги решиме проблемите, во спротивно да ставиме крај, тој рече да се видиме занеколку часа бидејки тој се уште спиел и бил преморен. навистина не знам дали да продолжам со него бидејки го скам,и се е во ред, освен кога ке дојде момент и пак не започнеме разговор за неговиот горенаведен проблем. ве молам дајте ми совет кажете ми што да правам. многу другарки ме советуваа дека е најважно јас да сум среќна а според настаниве во последно време, се покажува спротивното. знам дека многу ме ска и јас го скам, ама не можам да се одлучам, бидејки знам дека јас сум следна на потег ,а тој никогаш не би ми се скарал.