Јас знам со кого сакам иднина. Со дечко ми не се гледам одамна веќе. А со дечкото со кој се гледам не разговараме за иднина заедно бидејќи и јас не сум знаела што сакам вака така и сум требала да носам одлуки независно од односот што сме го имале ние. Со него можам да правам созреан муабет на многу теми, дури на некои е изграден многу над мене и тоа ми е предизвик. Јас сакам да сум со него, ама којзнае...
Те читам од пред некој ден, и очигледно дечково всадил страв во тебе. Ако треба да се плашиш од нешто, тоа е дека ќе треба да го поминеш животот со ваков човек. После сѐ што пиша овде, секако не треба да бидеш со него, но тоа не е избор меѓу него и другиот, туку избор меѓу него и твојата среќа. Секој заслужува шанса да биде почитуван од најблиските и шанса да биде среќен, со него нема да добиеш ништо од тоа.
Драга Викторија, Јас бев во слична таква токсична врска. Знам дека не ти е жал што имаш 31 година туку на тие 6 години што ги потроши на него. фрустрирачки е фактот дека ти вложуваш се во таа врска а тој не. Знам како е чувството. Те молам стави ги на вага сите работи што ти се случуваат, само така можеш да се решиш. Сите тука џабе е кога ти викаат раскини, но во реална ситуација е мислите дека со него си 6 години. Нека ти биде предупредувачки знак ситуацијата со мајка му. Дека ќе се смени нешто во брак грешка си. Тие луѓе како него поаѓаат од фактот дека ти без него не можеш, ти си ништо без него и сл. Дека ако не било така одамна ќе си заминела од него. Таквите луѓе како него размслуваат има 31 година каде ќе оди и сл. Си дава дозвола да прави како му е ќеф. Те молам размисли добро, не е само да поминеш живот во брак со некој кој има почит 0. Јас се решив да преминам на другара страна, да запознаам човек каков што од секогаш сакав. Дај си шанса во животов и ти да бидеш како мене. Очекувам дека сето ова ќе има среќен крај, бидејќи во иднина кога ќе дојдат децата замисли ќе ти вика ти со деца не знаеш, не знаеш како се гледа-мама знае најубаво. Поздрав
Тој така на зборови вика, само јас и ти сме важни вака така, но во реалноста е сосем поинаку. Кога ќе му споменам за мајка му и нивниот однос тој ми вика и ти си блиска со твоите. И точно, блиска сум, но моите воопшто не го коментираат него како се облекол или што кажал, а кажува прилично доста. И си викам, дека дури и да не е сето ова и да е најдобриот и напрекрасниот на свет, доколку не осеќам тоа што треба или што сум осеќала порано нема зошто да ја продолжувам врската.
@ViktorijaG Прекини со долгогодишниот партнер. Премногу црвени знамиња има. Ем се се врти околу тоа што ќе каже мајка му, ем не реагира на коментарите на сестра му па и плус ти забранува да јадеш навечер. Жити се, како го трпиш и најважно од се, зошто го трпиш? Разбирам дека е близок со фамилијата но неговото е претерано. Околу вториот со кој се гледаш, не знам што да и кажам. Би ти рекла продолжи ако навистина ти е убаво, ама секако остави го првиот. Не е убаво да седиш на две столчиња.
Не знам што ме натера денес ама бидејќи работев нешто на лаптопот на дечко ми, отвоворив да видам на youtube што гледал и отварал (што инаку првпат го правам и немам такви навики да го проверувам) и имав што да видам. Како личност што веќе долги години има проблеми со самодовербата и е екстремно несигурна во себе,ова ми дојде како cherry on top. Ништо не му спомнав на него иако имаше секакви видеа од модели што рекламираат костими за капење па до twerkanje на камера. Ужасно се осеќам цел ден па како личност што немала многу искуство со врски, сакав да побарам мислење како би реагирале вие на ова? Се осеќам како да не сум му доволно привлечна и ради тоа глеа или проблемот е до него...
@Tamarkaa не можеш никогаш да ја кренеш самодовербата на некој што има проблем самиот со себе. Само ова ќе го речам.
Сум погледнала нормално, но како личност што се си сфаќа при срце не знам дали е нормално да се случува тоа кога си во врска 1 година или правам драма за џабе
Не е вкусно тоа што си видела ама и не е за да паѓаш во несвес и да си правиш филмови дека не си му привлечна. Со разговор можеш да решиш се. Ако ти смета, кажи му отворено.
Сме збореле многу пати и му имам кажано дека ми смета и он самиот знае. Ама ваљда љутинава ми доаѓа од моите лични проблеми сама со себе, па крајно време е да почнам да ги решавам
Како да разговара, со кои зборови? Те молам немој да гледаш згодни модели шо рекламираат долна облека и женски шо тверкаат? Тој во слободно време можи да си гледа шо сака, не знам како би му забранила такво нешто. Aко веќе нешто од тоа влијае на врската, као на пример ти префрла да ослабиш/здебелиш заради то шо тој си гледа згодници, тогаш да, треба да се разговара. Поинаку не, патетично е.
Баш и поради тоа ми е глупо да му спомнам, инаку фала богу не ми кажал ништо такво до сега, се чувствувам сакано и се тоа од негова страна само што ете он еднаш сам се издаде, еднаш го пушти лаптопот на сред видео и сега јас сама глеам
Зошто гледаш тверкање и згодни девојки по купаќи? Јас не сум ти доволно убава па си планкнеш очи со други додека си со мене во врска? Пример ете.
Како да не, не вреди да се понижува така, нема шанси. Абе ајде, ако е во врска превез да си стави на очите? И јас пратам машки, имам неколку симпатии со кои редовно си плакнам очи, сеа во последно се опседнав со нашиот голман во репрезентацијата и што? Да не треба дечко ми да ми попува за тоа и да се осеќа навреден?
od ubava poubava ima sekogas , a primer vo mojot tel. sto sakam ke gledam moja privatnost, ne moze da mi kaze ni zena a ne pa devojka jas sto da gledam