@ViktorijaG За првиов нема потреба ни воопшто да размислуваш, ставаш крај и готово. Подобро да се само шест години отколку дванаесет. Вториов сега за сега е разонода, понатака не се знае што ќе биде. Не е убаво да продолжиш и со двајцата…
Да го игнорираш, да го блокираш и да му кажиш дека ако гњави уште ќе го пријавиш во полиција. Чувај пораки, ако успее да ти пише од друг акаунт или број.
Еее срцкичка. Во петок ќе се збориме па ќе ви пишам. Ми рече да одам да збориме во некој ресторан, таман да сум частела вечера
Нема ти што да частиш вечера. Остави го он нека плати ти стани си и отиди си. Таман скапо да те плати.
@Kalina J. @Annath @Ugly Duckling @bicycle @gjoker4e @edna_malecka и ме насмеавте и расположивте и ќе ви пишам здравје во петок или сабота. Ве гушкам!
Како да се читам себеси во првата врска. Со дечкото бев 7 години, сите гледања, излагања беа на моја иницијатива. Кога ќе почнев разговор за тоа што што би правеле во иднина, имав одговор ааа тато така не сака. Не можам сега да дојдам, тато не ми ја дава колата, или надвор може да падне снег не можам да возам (се гледавме само за викенд). Колата на татко му ја чуваше повеќе од мене, дури ми кажа дека не би возел 5 луѓе во колата, да не ја товарел (му реков ако имам 3 деца, едното ќе трча ли по нас).... Живеев со тоа дека е добар, и дека мн ме сака и почитува (дури и оргазам не доживеав во тие 7 години). Имавме по 26 години и двајцата. Ако добиев покачување на плата, ми викаше кој ќе те слуша сега за платата Исто имав коментари, зашо носам патики, треба штикли, зашо не се шминкам повеќе..... Се запознав со друг дечко, некако почнавме да се гледаме... Ја сфатив разликата, и што не сум добила јас за тие 7 години врска (НИШТОООО), колку новиов дечко ме цени, ме почитува, се труди да ме задоволи и да сум среќна, у најголемите мразови доаѓаше само да ме гушне и види... Мислам неблагодарно е да правам споредби. Ама најубавата одлука ми беше што се тргнав од него, и сега сум среќно мажена, и го имам најпрекрасниот сопруг... Се прашував каков живот и брак ќе имав.... И јас мн се обвинував, зашто и јас кратко се гледав со мојот сегашен сопруг, а бев во врска со бившиот (ако можеше да се каже врска, зашо се немавме ни допрено долго време)..... И стално знам да си кажам Господ ќе ме казни еден ден за гревов, ама ако се било во ред, немало да погледнеш друг..... Затоа бегај од него, имаш многу црвени знаменца....
Малку надвор од темата. Еднаш и мене вака ми дојде еден другар со едно пиво в раце. Си седна и си го испи... Помизерно во животот се немам чувствувано, иако јас пиво не пијам. Нормално, уште еднаш не дојде, ниту се чувме/видовме... Се` друго можам до негде и да сфатам, ама да појдеш негде со парче храна или пијалок и да го јадеш/пиеш пред другите без да ги понудиш не можам.
Jas ne znam shto ushte barash so takov. Mora da ja pochituva majka mu, normalno majka mu e, ama se ushte da e vrzan za nea so papochnata vrvca e preterano
Леле морам да се надоврзам и јас на ова твоето, а малце подалеку од љубов, но сепак гестовите се тие за што се дискутира, а кај многу луѓе истите фалат. Беше скоро пред 2-3 недели бевме седнати на средно Водно со другари и другарки, и онака рандом отидовме, немавме ништо со нас земено и на машките им текна да купат пиво и еден од нив вика ајде јас ќе одам со колата и ги прашува само машките какво пиво ќе пијат, како ние останатите 4 девојчиња да не постоиме. И им купи само на нив си направија живели, а ние дремевме, гледавме.Не мора да биде пиво, можеше сокче, вода да земе, ама ете... Сакам да кажам дека е битен гестот, шо гледам дека се помалце го има било од партнери, било од пријатели. И од тогаш некако одбивен ми стана.
Лелее брукетина.. Дефинитивно човек со постапките како шо може да те одбие со нишо др ми се чини неможе до толку.
Затоа,за такви работи ги почитувам Албанците.Дали им е во генот или е дел од нивната култура,ама тие нема шанси да јадат,пијат,а да не купат и за другиот до нив ,дури и да не го познаваат .Мажи,жени,стари млади сите го практикуваат истото.Да те видат дека работиш турбо,ќе излезат незабележани и ќе ти стават на биро сок,храна, а притоа без никаков интерес,некако спонтано го прават,се чувствува тоа .
Добро си направила, океј нека фудбал нема проблем но кога се дог во колку сатот тогаш нека го почитува ама овај толку му е умот во кај тебе баш му е гајле али добро си направила
Го сакам и тоа премногу. Но, можеби две години немам страст кон него, избегнувам да имаме односи и тогаш кога имаме не ми е убаво... Ми значи премногу, но знам дека нешто ми недостасува Инаку во врска сум 5 години
Па поработете на проблемот, зборете за тоа кажи му што те мачи, додајте и други работи во сексот што ќе можат да ви ја зголемат страста, не си го губи времето во размислување без реагирање, времето лета вие стоите у место и врската паѓа
Шо ти значи кај него, мене ми делуваше како да не сте доволно искрени и отворени еден кон друг, а тука значи дека комуникација не е на добро ниво, па ни разбирачката. А е еден од столбовите за една здрава врска.