Предобар дечко е. Многу ме почитува, а и јас него. Ги знае сите мои проблеми и секогаш е тука за мене. Пред него можам да бидам своја, но страв ми е да не го сакам повеќе како личност, особа, а не како дечко... Не знам мислите ми се измешани. Имаме зборувано неколку пати и тој навистина се труди, но знам дека не е проблемот во него туку во мене. Едноставно не ме привлекува веќе, а не сакам да го изгубам заради тоа...
Како бе така гледаш на работите, несреќна седиш у врска и страв ти е да не се покаиш ако раскинеш... А тоа шо моментално си ја тупеш главата во безнадежна врска не го гледаш? Не се размислува на тоа дали ќе најдеш некој шо те цени како тој тебе, прво самата себе ќе се преиспиташ после ќе се посветуваш на маж и на врска нормална
Сѐ те разбирам, сум била во иста ситуација и не знаев како да му го пренесам тоа без да го скршам. Ама од друга страна, сфаќаш дека ова треба да го направиш за негово добро т.е. да му раскинеш за и тој да најде среќа. Тој заслужува да му е возвратено со исто толку почит и љубов колку што ти пружа на тебе. Во врскава ниту ти си среќна, ниту тој го добива тоа што го заслужува.
Паузирајте некое време, види како ќе се чувствуваш што си без него тоа време, размисли добро и после тоа донеси одлука што понатаму. *Ако не се премисли во меѓувреме тој*
Ви благодарам многу девојки. Многу е тешко и на никого не му посакувам да има ситуација како моја. Ќе ви пишам што ќе направам.
Женски, ме немаше да ви пишам. Немаме уште разговарано, излегоа некои обврски и немаме седнато да разговараме... Ќе ви пишам чим има нешто, деновиве би требало да се враќа па ќе се видиме. Инаку, се видов со овој вториов пред 2 дена последно и се повеќе се вљубувам во него, па се решив малку да се оттргнам за да можам да мислам со бистра глава, а мислам дека и за него ќе биде подобро, ќе може повеќе да увиди што сака. Бидејќи досега, сеуште е на ставот дека преубаво ни е заедно, но тој не знаел што сака и на што бил спремен. Wish me luck
Па добро а зошто ја оставил на seen, па не и ни вратил ниту пак се извинил. Тоа е "ќе се видиме во 9:30",демек она го зафркнала и тој да и врати да си го подигне егото демек која си ти да ми удираш корпа. Типот е самобендисан.
Хм,можеби затоа што во моментот бил поднапиен ,па не расудувал правилно.Ние секако не знаеме и незначи дека сме во право,си кажуваме мислења, не може да сме во нечија глава. Членката до денес сигурно сфатила со кој си има работа.
Здраво девојки, ми треба ваше мислење за една моја животна ситуација. Со дечкото сме во врска на далечина скоро 2 години. Дваицата сме од Македонија, но живееме во соседни држави разделени сме 400км. Тој си живее со години таму, а јас се преселив пред неколку месеци зошто тука најдов работа, планот е за некое време тој да среди за станот кај него и да почнеме заеднички живот во државата каде што живее тој. Доаѓа кај мене еднаш месечно,јас сеуште не сум била кај нег бидејќи не можам поради работата. Да скратам, добив годишен одмор 10 дена а тој има 20дена. Ке одиме на одмор(летување заедно) и преостанатите 10 дена тој ке ги помине во Мк, првично заради средување на некои документи а и како што ми рече бидејќи не бил таму повеќе од пола година, сакал да се види со семејството и друштвото. Тоа е океј, но мене ме мачи мислата дека 10 дена ке биде сам ке излегува и ке ужива додека јас ке одам на работа во град во кој што сум потполно сама. Се чувствувам бесна сама на себе си што ми е вака. При самата помисла дека нашите 10 дена ке поминат додека да трепнеш ми се плаче.. Не знам како да се искотролирам да го пребродам тоа негово одење во Мк и животот таму додека јас ке работам желна за уште некој ден со него..Инаку возрасни сме,по 25години а јас се однесувам како малолетна.Но,не се осеќам мирно,ке пијат ке лумпуваат,ке ужива таму со друштвото,во кафичи полни со средени жени а јас како стара жена во години сама ке седам во пижама после работа и ке ги одбројувам деновите.
Немој да гледаш така негативно на работите, и поради својата тешка ситуација, да љубомориш што тој е слободен. Велат, човек е вистински среќен кога ги гледа колку блиските се среќни, кога тие уживаат, и тој ужива. Биди среќна и за него. Верувам дека до сега со своите постапки ти покажал дека те сака, и се вложил во тебе и во вашата врска да успее. Вложи и ти позитивна енергија тие 10 дена да ги поминете најубаво што можете, а следните 10, биди среќна што и тој по толку време може малку да ужива во животот. Сигурно ќе ти потврди дека немаш причина да љубомориш.
Абе што се оптоваруваш со вакви сосема небитни нешта Па и треба да излегува и да се дружи, нема ваљда да го пројде одморот дома. Истото би важело и за тебе, сигурно и ти да имаше повеќе денови ќе си планираше нешто интересно да правиш со нив. Уживај ајде, после заедно ќе живеете, па кога ќе се 'рчнете за нешто ќе си речеш како не земе 10 дена на страна да оди некаде Ти не мора да седиш во пиџама тие 10 дена, види го градот кај што живееш после работа, види што има интересно во близина, шетај, истражувај,... Сама направи си интересно.
Многу од вас ме познаваат лично па не обожавам да прашувам јавно, ама некогаш морам. Исто така знаете дека мојата врска не е многу "нормална", гледам да имам разбирање за се', па и некои екстреми, да не ги гледам работите како црно-бели (да не речам наивна сум многу). Долго сме заедно, не ме запознал со родителите, тој го знае татко ми повеќе, а мајка ми само на здраво. Сме ја сретнале мајка му еднаш ама беше многу на почеток и не сакав да се наметнувам да ја запознаам. Не ми беше проблем, знам немавме многу услови, секогаш велеше дека не излегуваат многу, а поради оправдана причина дома не канат луѓе. Во глобала се затворени фамилијарно. Е сега, од тоа што ги знам на слики мислам дека сме ги сретнувале и друг пат ама се правеле како да не се познаваат. Пред некој ден се препознав во една жена (срам ми е што после толку години морам да се препознавам), и прв пат му кажав дека ова ме мачи, негираше, а кога кажав аргументи избувна. Уште не сум спокојна, мислам дека лажи бидејќи избувна брзо, па испадна јас го напнувам, некако типично манипулаторски. Не знам дали е црвот во мене или сум во право. Знам дека не можите да ми кажите дали сум во право, но барам совет дали е во ред толку време да не се знаеме? Дали е во ред ако навистина ги избегнувал поради некоја причина? Можеби сака да ги запознае со таа која ќе ја смета како жена (глупост)...Јас се вреѓам, колку и да сме имале проблеми, годините поминати заедно требало да се некој показател на сериозност. Ќе речите разговор, притисни го, ама не. Кога притискам е само полошо и никогаш нема да ја дознаам вистината. Кога би ми кажал сега дали е така и зошто, би имала разбирање, а ако сега ме излажи со изговорот не сум ги видел (не можи да не ја познаеш мајка ти пред тебе), тогаш мислам дека не треба да чекам никакво извинување и оправдување. Се чувствувам недостојна, како нешто да ми фали па не сака да ме знаат.
А што ако нив нешто им фали, па затоа да не сака да ве запознае? Која е таа потреба да ги знаеш? Што знам, можеби различно размислуваме, ама сепак ти во иднина би била со него, не со неговите.
Можеби, но зошто не би разговарал со мене за тоа? Јас на човек што го сакам и имам доверба би му кажала се' за мене. Баш дека ќе бидам со него, од него очекувам сега искреност и смирен разговор. Немам потреба да ги знам, но зошто би бегал на улица од нив. А и сепак се работи за години заедно. Ти благодарам, затоа и пишав, не значи дека сум во право.
Можеби се срами од своите родители? Што знам, не гледам зошто ако сте толку време заедно да не си ги познавате роднините. И тоа најблиските. Каде одите тогаш, што правите кога сте заедно? За што разговарате? Како сте блиски а не си ги знаете најважните личности во вашите животи? За мене огромно црвено знаменце би било ова.