оправдување од типот имав работа ме напнавте не прифаќам..колку и да има работа можел порака да пише.. така сакавв????мислам кое однесување му е ова значи можел да крене да ти се јави ама ете така сакал..второ те викнал пред зграда да те провери ти раскинал после 2 саати ко ништо да не било..не му го разбирам понашањево...ми делува како од една страна сака да биде со тебе а од друга страна не може да се одвикне од старите навики ни самиот не знае што сака..затоа ти размисли си...ако сакаш да бидеш со него направи му муабет а не да менува мислење на секои 5 мин а ти да си ја лупаш главата биди малку построга ако видиш дека и понатаму прави вака откачи го...
во право си,времето ќе покажи дали тој е вистинскиот или не...ама едно нешто тука запоставуваш како прво, колку повеќе време поминува ем повеќе се нервираш,ем потешко ќе ти биде да го заборавиш. и како второ ,колку повеќе време му дозволуваш да манипулира со тебе, толку повеке ќе ти биди криво кога ќе сватиш дека тој не бил "вистинскиот" и дека си му дозволила да го прави сето ова, шо го прави сега ! ако не си одлучила да ставиш точка на целата ситуација,тогаш барем олади малку,не го барај толку често или пак можиш да му речиш да паузирате некое време ...на една моја другарка вака и има успеано....Од кога му рече да паузираат, дечко и цело време ја бара,стави и слики на профил со неа,едноставно се смена скроз кон неа. ајде со среќа,се надевам дека ти помогнав колку-толку
babyblond Не те цитирав зошто нема да одговарам на се што се случувало. Го сакаш,тоа е во ред,но искрено како трпеш?не ми е јасно.Да бев на твое место досега ке прекинев,зошто не трпам некој така да се однесува,имам проблем немам проблем те сакам ова она.Што по гаволите.Сум имала ваков случај,и му реков на типот ако продолжиш со ова ке прекинеме.Веднаш штом му го реков тоа,тој не ми дозволи.Некогаш момчињата треба да ги заплашеш за да видеш дали им значиш или не.Не велам да го тестираш но и тоа како опција не е лошо иако мислам дека тоа ке биде детско однесување. Не требало да ти понудува отворена врска,многу лошо од негова страна.Ама сепак тој знае зошто го рекол тоа. И како за промена не започнувајте разговор за неговиот наводен проблем. И ако си спремна да продолжиш понатаму со него ја имаш мојата подршка,зошто ке ти требаат нерви,а доколку сакаш да прекинеш ке мора да се соочиш со преболување. Сега ми кажи,како успеа да се заљуби момчето по кое си лудувала во тебе? сакам рецепт
ке видиме каква приказна ке каже кога ке се видиме ако се видиме пошто од него се можам да очекувам ..сега он очекува дека ке седам дома и дека ке му зазвонам за да се видиме епа нема јас ке излезам па он нека се нервира малце доста беше јас да изигравам џандар за се!време е и јас да покажам дека имам заби дека нема да дозволам така некој да си игра со моите чуства! ако има нешто ново ке ви пишам фала ви на сите за искрените советчиња
веке три пати му се скарав и по неколку часа му се јавив и му кажав дека го сакам, последниот пат навистина не му прекинав бидејки навистина скав туку брзо избуванав бидејки имав менструација ибев многу нервозна. досега му немам прекинато сериозно, и имам чуство дек ме има земено здраво за готово. можеби треба навистина да прекинам, бидејќи ако ме сака ќе ме побара и се ке се среди. штп се однесува до „рецептот“ одговорот е едноставен, се фатив со сегашниот мој дечко , па момчето толку збесна што ме изгуби и сфати дека нема да го молам веќе и дека не можи веќе да си ја крева цената, па дојде до тој степен дами падни на колена пред една моја другарка и даме моли да бидам со него. мислам дека сите функционираат така додека не го изгубиме она што го сакаме, не се трудиме многу да го задржиме покрај себе. мисалиш ли дека ако сериозно му се скарам на мојот дечко повторно би ме побарал? навистина не скам да ризикувам, да не ми се врати, меѓу другото не мие период за преболвање долги љубови и слично бидејки сум матурантка, и многу прослави ми се во пресрет но и многу стресни ситуации полагањето матура и сите подготовки околку тоа.
babyblond си го изневерила еднаш или два пати,сеедно...како и да е тоа ти било најголема грешка шо си ја направила...и не знам колку си личност со свое јас и колку би си стоела на своето доколку одлучиш дека никогаш нема тоа да се повтори....тоа треба ти самаата со себе да си го расчистиш....доколку мислиш дека никогаш повеке нема да падниш на искушение додека си во врска,тогаш вреди да се бориш за ситуацијата...а ако ни самата не си сигурна во своите ветувања,тогаш џабе се надеваш на нешто од врската е,сега од друга страна,многу детско ми е однесувањето на дечко ти,кој ти поставува ултиматиуми Напрај муабет со него,и кажи му доколку ти поставува ултиматиуми дека ти не сакаш да продолжите така...Дека ако те сака,ќе се погрижи да се среди сето ова,а не да ти предлага отворена врска или пак да те изневери.... Мислам дека треба да покажиш малку повеќе став за оваа ситуација да се реши
навистина не знам дали вреди да се обидувам да ја одржам врската, но знам дека не можам се уште даа се замислам без него, и дека навистина ке ми биди тешко да го преболам, што се однесува до неврества , сигурна сум дек анема да се повтори, тоа одамна го расчистив со себе , во спротивно немаше да сум се уште во врска со него. многу го скам, но преку глава ми е да се обидувам да се искупам нанекој начин ради неверствата, кои не бе а со намера направени. дали постои начин да ја средам ситуацијава барем привремено, дури да поминат матурите, бидејки навистина ми зависи животот од овој период. навистина не знам како да постапам? после настанот од завчера поскав веднаш да прекинам сонего и зе да заборавам, ам азнама дека нема да успеам многу во тоа. дајте ми совет како да се поставам, доколку ме повика. бидејки кога последно разговаравме му реков ,ако ме сака да ме побара, дека јас веќе нема да го барам.
Бејбиблонд, мислам дека за тоа што вашата врска не оди сте и двајцата еднакво заслужни. Најпрвин ти, велиш дека тој отсекогаш добро се однесувал со тебе, а ти и покрај тоа што си го изварала, останал со тебе и ти простил за двете изневерувања, што верувам не му било лесно. Ова што тој сега го прави веројатно е се она што толку време се собирало во него.Тогаш преќутел и простил, а сигурно се јадел одвнатре. Ултиматиумите кои ти ги поставил мислел дека се единствениот начин да те задржи, типично машко размислување. Неговото сегашно однесување исто така изгледа се должи на тоа што си му го направила. Не можам ни да замислам колку е повреден, сигурно му требало време сам за себе па затоа отишол негде некое време, без на никој да каже, и мислам дека немаш право да му се налутиш за тоа. Но, настрана од него, ти навистина не си ми јасна. Го сакаш, па не го сакаш, сакаш да останеш со него(или не?), мислиш дека може пак да има нешто со овој другиов итд... Совет можеш да си дадеш самата себе, односно да одлучиш што вистински сакаш. Ако одлучиш дека сакаш да останеш со дечко ти, се надевам дека ти е јасно дека и двајцата ќе треба многу, ама многу да вложувате во врската. Ако пак одлучиш дека сепак тој не вреди за маката, или дека сакаш да пробаш со овој другиов, најди начин и стави крај на врската. На крај одлуката е твоја.
Лудача, мое искрено мислење е дека дечко ти бил некаде, а со кого не знам.Само кутриот не знае како успешно да се извлече и место тој да ти звонел почесто за да не остави простор за сомнеж, он...Е сега, може бил со газдата, ама може и не.Не гледам причина толку време да не може да ти се јави, а уште помалку да не ти се јави кога се вратил.Тоа што се вадел на напнување и не знам ти што, е за следен пат кога нема да ти крева, да не му звониш толку, да не го вознемируваш Е сега, јас не те разбирам зашто ти толку се припотресуваш.Заедно сте 3 месеци, а и сама викаш дека не бил толку време со некоја.Ти што си мислела, дека од дента кога се фатил со тебе се сменил за 360 степени и празници и делници ќе поминува само со тебе веднаш, се искрено ќе ти кажува и ќе ти дава отчет? Опциите ти се или да го откачиш, ама не затоа што те излажал, туку зашто ќе треба доста живци да потрошиш додека се потсмири(ако се потсмири) или да продолжиш со него, ама и ти да си тераш по свое и да не се замараш дали кренал или не кренал.На крајот на краиштата и не му придавај толку значење.Следен пат звони еднаш, ако не крене, излези си, прави си нешто за себе, кога ќе се јави да не мисли дека цел свет се врти околу него и ти си го поминала денот мислејќи каде е
хмм знам како е со матурите,па уште да имаш некое љубовно проблемче на страна и ти иди да си пукниш според мене имаш две опции сега засега....или да му раскиниш,ама без да покажиш дека се двоумиш,за да знае дека таака лесно не можи да ти поставува ултиматиуми или пак да ја смириш работаата некако барем уште овај месец додека помини матура сВе ,и после да одлучиш шо-како на тебе останува да одлучиш
натту околу тоа со дечко минавистина можеби си во право односно си во право и тоа голем процент. но што се однесува до мене, јас не сакам даимам ништо со другиот односно со оној со кој го изневерив, тоа последно се случи во сптември и од тогаш птобвам да се искупам и да ја одржам врската. за проблемот на дечко ми разбрав дури во март месец. и од тогаш уште повеќе вложувам во врската се трудам штое можно да сум повеке со него, да му се најдам, даму помогнам, итн. но гледам дека и покрај се нема резултат. тој тоа не го цени. како што ја го ценев на секој можен начин тоа што тој остана со мене и покрај се. и зато навистина почнувам да се нервирам. бидејки секогаш кога ќе отворам разговор на таа тема, тој го избегнува и вели дке атој ме сака идек ане било момент а тоа да се разговара туку ска а да е со мене и да ужива со мене и да му е убаво. но после она од завчера навистина и јас не можам веќе,навистина немаше да ми бид гајлезошто заминал ако тоа немаше никакви последици врз мене(но во случајов имаше). отворена врска ми предложил за да не морам да се грижам кај отишол ако сакал да оди некаде и зошто отишол, што е многу глупаво, бидејки секоја девојка која е толку време во врска би скала да знае каде е нејзиниот дечко и тој да има целосна доверба во неа. навистиан не знам како да го поттикнам да се отвори и да разговара со мене отворено. тој вели дека доколку разговарал со мене отворено ке сме се скарале, а штом не сака, значи не сака да се разделиме и јас сум свесна за тоа и јас не скам да се разделиме, напротив скам се да се среди и затоа скам да ги решиме проблемите. кажте ми како да постапам?
изи знам дека тие ми се опциите, но не знам како да постапам за да ја одложам целава работа за месеци нешто. навистина не можам духовно да се празнам од тага и беси да се потеквам од плачење кога треба да сум најќефој и да славам и да се нервирам со гнасното нештои наречено МАТУРА.
Едноставно седни го и објасни му дека вака не иде, дека не си среќна и дека ако не промени нешто ќе мораш да го оставиш. Ако стварно те сака ќе ги смени работите што те живцираат, ако не остави го и ич око да не ти трепне, не те заслужува. И како што прочитав тебе те бациле, а ти си се тргнала. Па тоа не е варање, не си сакала тоа да го направиш. Ако си го возвратила бакнежот тоа е веќе друга работа. И сега кога си матурантка, период кога треба да уживаш во подготовките и да го поминуваш слободното време со децата од клас, немој да се замараш со дечко. Не е ни прв ни последен. Колку и да го сакаш не вреди да се замараш и најубавиот период од животот кога единствен проблем треба да ти биде, што да облечеш за матура, ти го поминуваш замарајќи се со дечко што не те заслужува....
не го возвратив бакнежот само избегав. и навистина сакам да ја средам ситуацијава, и преге кога му сејавив му кажав дека ми се важни моите нерви и нејкам да ги трошам и дека јас не сум среќна кога серевирам вака, атој само рече дека ке разговарама покасно бидејќи не спиел повеќе од 4 часа последниве 3 дена(дури талкаше низ земјава).бидејки ако се скарам знам дека нема да помини тоа беё 2 недели плачење и нерви наредните месец-2, тоа навистина влијае на моите родители , и навистина не скам дам егледаат како страдам кога тие се трудат најубаво да ја прослават мојата матура, веќе купив се за матурската вечер единстевено што ми останува е да учам за матурата а мене книга не ми се фаќа дури не го решам овој проблем.
Тогаш кога ќе ти се јави да поразговарате....кажи му се што ти кежи на душа... И кажи му дека несакаш да го изгубиш, но дека неможеш више вака...
инаку, му кажав сношти дека знам и му дадов пауза да си размисли. Денеска пробувам да го отворам пак мсн-то и неможеше, си го сменил пасвордот. Со ова се е јасно.
девојки што мислите дали мувањето можи да прерасни во врска?! се мував со едно дете али ми се свиѓа многу и сеа не знам дали да имам надеж за врска или не? ве молам нека ми кажи некој ако се има најдено во слична ситуација чекам одговор од вас девојки поззз
Може зошто да не,ама ние не ги знаеме неговите чувства,јас од мое искуство сум имала некој со кој сум се смувала па прераснало во врска,а и некој со кој константно само сум се мувала и не сме биле во врска.Се зависи од чувствата,од тоа дали сака врска...
А ти зошто толку си убедена дека ќе ти биде екстремно тешко и лошо и дека нема да си поминеш убаво на матура, па дури дека ќе имаш слаби резултати на полагање? Се работи за дечко. Прво ултиматум тебе смеат само дома да ти постават, иако си веќе возрасна тоа да ти прават но како и да е, а не дечко! Не знам сосема различни карактери сме ако некој мене ми поставеше 3-4 услови вака ќе биде или готово јас ќе му раскинам, затоа што мене никој нема да ми поставува услови, а најмалце дечко. Имам двегодишна врска и сосема те разбирам. Се работи за навика, не е лесно туку така да прекинеш како ништо да не било. Јас мразам кога дечко ми ми звони 300 пати на ден затоа што му е досадно или некогаш ако сака да знае точно каде сум, ама ако одам негде на 3-4 дена сигурно ќе му кажам. Дечково е детинест, на девојка на твои години не и треба тоа. Едноставно кажи му дека нема потреба да си правите тешко, или ќе продолжите само со убаво или ќе раскинете и на двајцата ќе ви биде полесно. Не се преоптеретувај дека заради врската која може ќе заврши ќе имаш проблеми со матура. Не биди толку лесен карактер ако било порано така дека МОРА и сега да биде. Нема да биде. Ќе си учиш и ќе си поминеш најубаво, па кој сака нека е во прашање. Дечко е битен, ама никогаш НАЈБИТЕН фактор, тоа не го заборавај.
целосно се согласувам со тебе, но веќе добро ја средив таа работа значи на еден начин ја оставив на stand by или едноставно престанав да му обрнувам толку внимание, па ете нека тој се потруди малку, инаку кога ја дознав причината за негото заминувањ еиспадна дека бев доста во право околу тоа зошто заминал и дека го познавам доволно, за да можам даја исконтролирам ситуацијава со ладна глава. се разбира дека учењето е секогаш добар лек и начин за преболување ама и кога човек нема некои проблеми, бидејќи стесот и емоциите си го прават своето и не ти даваат можност да се посветиш на учење или други работи. сепак сакам да ви се заблагодарам на сите што ми даовте совети, барем станав посвесна околу моето однесување и негото однесување кон него си се преиспитав убо, и знам како да постапам и како да се правам понатаму.