@petrova89 Борбата со килограмите знае да биде многу фрустрирачка. Дополнително е притисокот кој го осеќаш од таканаречениот дечко. Но ако навистина ТИ (заради себе) сакаш да намалиш на килажа треба многу посветено да делуваш. Секаква ситна грешкичка те враќа чекор назад од целта. Најди на инстаграм има куп вежби од фитблогерки и почни да вежбаш. За почеток по 10 минути. Ако пишува 4 серии по 10 ти направи 2 серии по 10 од вежбите. Ова ти го кажувам за ти да си посреќна и поисполнета и за побрзо да гледаш резултат од рестрикцијата на исхрана, а не за да му се допаднеш на дечко ти. Може отидов офтопик и се извинувам поради тоа, ама ова е мое мислење.
Ама пиша дека многу го сака. Ние и кажавме што да прави. Таа го сака, па за да биде со него (пошто таа сака да биде со него) без да има такви дофрлања од типот не треба да јаде пица оти треба да ослбаи - треба да ослаби. Јас поради тоа и кажав како побрзо да го постигне тоа. Нејзино си е натаму.
Барај си нов дечко под итно. Како беше таа ние дебелите ќе ослабнеме, туку вие глупавите... Оти глупав треба да си да критикуваш некого заради физички изглед.
Ќе го отсака. Утре друго маани ќе и' наоѓа. Замисли си слаба, се мажиш, забременуваш, се здебелуваш и маж ти почни да ти јади ла*на... Тој што те сака, нема да му пречи ни ако здебелиш, ни ако ослабиш.
@petrova89 , чим нема разбирање за тебе и не ти е поддршка во борбата со килограмите, немој да очекуваш дека утре другиден ќе ти биди потпора за нешто далеку поозбилно од 15тина килограми вишок. Седни и разговарај со него, се' шо си пишала тука и за сите непријатни ситуации и за твоите чувства плесни му во лице. Ако и понатаму се понаша ко шупак, нема шо да прајш поќе со таков човек.
Доста црвени знамиња. Раскини и спаси се. Ослабни само ако ти осеќаш дека треба, ради здравјето. Ти треба некој што ќе те сака ради тоа што носиш во себе, а не ради тоа како изгледаш. Ти треба некој што ќе ти рече "заедно ќе направиме промена за да ни биде подобро на двајцата" а не некој што ќе те брука пред цело друштво и нема ни да трга поглед од друга. Ти треба некој што ќе те сака каква и да си во било кое време.
@petrova89 душо, ако дечко ти те тера да ослабиш тоа значи не сака таква девојка со вишок кг ,и се понаша пред сите одвратно за тебе а тој слаб ама нема мозок ,по мое мислење е дека за некое време не ослабиш тогаш ќе те остае ,ја на твое место одма го оставам затоа што не ми треба таков одвратан човек кој нема осет без чуства не знае да се понаша... Душо, ти ќе ослабеш само прави вежби ,правилна исхрана ,ако идеш на теретана ќе имаш таму тренер дотолку ако сакаш ,твој избор. Ама немој да те прегази овој твојот дечко ,го сакаш океј ама објасни му целата ситуација да не се понаша така и нема право да ти се меша во твојот живот и тело. Некој што ќе те сака каква и да си дали слаба или дебела или без рака било што а ќе те прифати, е таков да си го почитуваш.. Почитувај си себе си каква и да си, и не дозволувај да те навреда за вишокот
@petrova89 Не вреди да си го трошиш времето на таков.Не е битно што мисли околината.Ако сакаш да му раскинеш,раскини му. На човек кој си ја сака партнерката не му е битна нејзината тежина,туку душата. Никој нема право да кажува што да јадеш,а што не.Ако сакаш да ослабеш,направи го тоа само ради себе.Не ради другите.
@petrova89 верувам многу побрзо ќе ослабиш кога го оставиш дечко ти Тоа што тој ти го прави е психичко малтретирање, а истото и те како може да влијае на хормоните. Не предизвикуваат хормоните секогаш промена во тежината, многу често баш промена во тежината предизвикува проблеми со хормоните, оти естрогенот се синтетизира во масното ткиво, на пример. Западната медицина често заборава колку умот влијае на телото. Сум била и јас со кретен, имам една слика од како изгледав при крај на врската. Може не бев драстично здебелена, ама хормоналните проблеми беа повеќе од очигледни. Остај го кретенов и си сѝ ги решила бар пола проблемите.
Здраво женски! Долго ме немаше па еве ме се вратив пак Сакам да ве прашам дали вие се му кажувате на вашите дечковци(ако сте во долга врска), дали ги известувате за се што ќе ви се случи? Мене ми се деси непријатна ситуација за негов познаник, а воедно го знам и јас и правиме муабет со тој познаникот, и се деси нешто што јаа би сакала да му го кажам на дечкото, ама мислам дека ќе настане проблем. Нормално нема никаква причина за проблем ,3 личност сакаше да направи заебанција каде јас се налутив и не зборам сеа со нив. Дечкото појма нема за тоа а ако му кажам ќе биде тензично, а глупаво е и да не кажам.Ако сакате подетално лп. Совет?
Јас сум за целосна искреност во врска, безразлика за што и да се работи. Ако не можам да сум искрена со мојот партнер зошто воопшто сум во врска?
Сѐ кажувам. Подобро од мене да дознае што се случило, него ли од друг "женска ти вака женска ти така правеше додека те немаше". Подобро малце да се искараме ама совеста чиста ќе ми биде дека ништо не сум направила лошо зад грб.
Секогаш сме искрени, само сега се плашам од реакцијата а не сакам да се налути(можеби нема да каже ништо), ама сепак. Инаку не е голема работата баналаност е и нема основа за сомнежи или било што бидејќи беше невкусна заебанција.
За жал ова и тоа како ова влијаеше на мојата самодоверба.. мислам дека не вредам, можеби не сум убава, никој не би ме сакал