Тие 15% се викаат неизживеаност и комплекси. Ако сам немаш правец и цел во животот, сите мажи на светот џабе се. Не е во партнерот, во себе е најчесто, ама тешко е да се признае. И не, не е вистина дека мажот мора да е или заштитник или bad boy, тоа е тешко срање.
Ако го сакала искрено муж ѝ нема да фалат ни 15% ни 5%. Јас кога сакам некој сакам со цело срце, не постои друг трет. Ако сакаш друг/а прво се раскинува, разведува.
Хахах, знам. Ама не е иста ситуација. Пошо она уопште не му ја раскажала таа приказна за авантурите шо ги имала пред бракот. И маж и немаше појма за таа нејзина страна. И не му се допаѓаше идејата да експериментираат.
Од она што ми се доверувале, пола од луѓето, барем еднаш изневериле од Х причини. Тешко дека некој отворено ќе ти признае на форумов.
Баш ја гледав серијата и ме остави да размислувам, иако целосно не ми се допадна и не ми беше добро доловена поентата која претпоставувам сакале да ја постигнат. Жената на почеток со право не беше задоволна од сопругот и бракот во целина, бидејќи се осеќаше сосема игнорирано од негова страна, кој патем не сакаше ни да ја допре. Едно е да имаш монотон секс, да ти фали страст, ама сосема друго е да го немаш воопшто. Од друга страна иако сакаа да покажат дека порано водела многу различен живот, сепак центарот го ставија на бившиот со кој не само што имала многу хемија и страст, туку и бурно минато проследено со љубов, проблеми, бременост и што уште не. Значи овде испаѓа дека неа и фали конкретно тој, дека сеуште чувствува нешто кон него, а не дека воопшто и фалат други мажи за да и го надополнат сексуалниот живот. Од друга страна има сопруг кој откако свати што и недостига, се труди се да направи за да и удоволи, ама не, таа не го сака тоа од него, го сака баш онаков каков што е, а сепак е незадоволна. Ако ти недостига подобар сексуален живот со сопругот, гледаш како тоа да го смениш и да го подобриш, не го оставаш така иако знаеш дека ти претставува проблем со цел да продолжиш напред. Се расприкажав ама општо серијата ми немаше смисла во многу работи. Можеш да имаш од саканиот се што ти е потребно се додека работиш на проблемите кои ќе произлезат низ годините и се додека на почеток си сигурна дека тој е човекот кој го сакаш до себе и кој те исполнува во секое поле. Ако некој не ти одговара, тогаш така било од сам почеток и уште пред да си решила да стапиш во брак со него. Ако не те исполнува сексуално и немате исти желби, тогаш не знам колку е добра идеја да го земеш за сопруг само затоа што е предобар и ти нуди стабилен живот. Така да, крајот воопшто не ми се допадна. Не мора да прават продолжение за да знам што ќе се случи. Или и двајцата ќе изневеруваат и ќе живеат живот во лаги и фрустрации или ќе се разделат, друго нема. Не можеш да имаш навидум совршен брак а она што ти фали да го надополнуваш настрана. Освен ако така не се договориш. Јас лично не се сложувам со таквиот начин на живот ниту сметам дека би можело тоа да функционира.
Феминизам не е жената да изневерува и да биде ѓубре уопште не ми личе на феминизам тоа да си го изневеруваш сопругот.
Дали е нормално да излезам со другар (сами ние двајца) за да зборуваме нешто поврзано со апликации на факултет? Дечко ми не го прифаќа тоа и ми рече дека ми станувало сеедно... Се однесува како да има нешто меѓу мене и другарот и понекогаш мисли дека го лажам. Тоа е далеку од точно.
За мене би зависело кај ќе излезете и у кое време ако више се работи за другар. А можда малку би бил љубоморен или би мрчел пошо лично не верувам дека во машко женско пријателство едната личност нема никакви чувства за другиот (особено машкото)...
Да, скроз е нормално да имаш другар. И скроз нормално дека со него ќе разговараш во врска со факултетот. Не е во право да ти се лути, ти ако сакаш да го изневеруваш ќе го направиш тоа и без да се дружиш со другарот и без да знае дечко ти дека си излегла воопшто со некој. Една врска се темели на доверба. Каде што има сомнежи и љубомора таму нема доверба. Доколку ти навистина си искрена со дечко ти и не му даваш причина за љубомора тој не е во право. Реално со текот на годините не остануваат таквите другарства, како се менуваат луѓето низ годините, се менуваат начинот и приотитетите. Што сакам да кажам со ова, доколку ти е само другар скроз е нешто банално и небитно за лутење. Бившиот имаше многу другарки дур студираа. Многу се дружеа. Денес после неколку години од дипломирање еднаш годишно се собираат сите и нема посебно излегувања. Разговорај со дечко ти.
Kako prvo mashko-zensko prijatelstvo ne postoi. Toj ti e drugar bidejki gleda neshto povekje da napravi so tebe, ili obratno ti so nego. Taka da NE, ne mislam deka e najdobro da izlezesh so nego, osobeno ako deckoti ne go prifakja toa. Jas licno ne toleriram devojka da ima mashki prijateli, ali i da ima toa bi bilo svedeno na minimum i viduvanje samo jas koga sum vo blizina so nego.
Нормално е. Ти ќе си одлучуваш за вакви работи, а дечко ти, само ќе го известуваш. Нема што од него да бараш 'дозвола'. Не одиш на шетање, одиш по работа. Не му дозволувај да ти кажува како да живееш!
Ти ако си несигурен во својата способност да и' го привлечеш и задржиш вниманието на партнерката, не ти е крива таа. Како ќе направиш да не се среќава со никој? Ќе ја заклучиш в подрум? Ако не си способен да му веруваш на партнерот, не треба ни да мислиш на имање сериозна врска
Не знам дали е до мене проблемот,дали јас правам драми или сум многу емотивна,па би сакала да слушнам и од вас. Сабајле ми ѕвони дечко ми на телефон,требало нешто да заверува на факс,а јас бидејќи вчера бев да ја завршам таа работа ме прашуваше кај требало да иде и слично, и некако не се сфативме баш најдобро што се прашуваме и дечкото од нервоза почна да се дере на телефон вака посабајле нели за убаво да тргне денот. До сега фала богу колку и да сум била нервозна никогаш не сум ги решавала ситуациите со издеравање, мразам таков вид на комуникација и секогаш сакам со убаво,со разговор да се реши истата,али он за жал вака ја решава ситуацијата,не е жив ако не се издере за нештото и после коа ќе ми дојдат солзи или ќе ми го уништи расположението јас сум таа што е премногу емотивна и плаче на се. Му имам кажано мал милион пати, пак си продужува со истото и пак јас правам драми на крајот.
Кажи му адио, без објаснувања, молења, премолувања. Млада си, сега годините ти се само за уживање во животот и ништо друго.
Не правиш ти никакви драми, тој треба да си го смене понашањето, што е тоа такво ајде за се ќе се дериме, ќе се караме. Па тој ако се дере за ситници, што ќе прави за нешто поголемо? За жал вакви луѓе познавам многу, ама не му е јасно на многу дека дерењето, зборовите што ги кажуваат најмногу болат. Треба да се размисле 2 пати пред да се каже и изреагира за било што. Ако мисле да се смени арно, ако не нека оде на некоја друга нека се дере така, макар што не верувам дека има некој што ќе го трпи тоа, така да на крајот вака ако продолжи може да си остане сам .
Замисли и во брак како ќе биди.. Еве татко ми и дедо ми се такви буквално мразам кога ќе и се дере на мама или баба, буквално ужас али јбг такви се во карактерот а овие го трпе а не вреди ама ајде во години се... Сега ти си млада и не дозволувај со таков цел живот кога на крај само ќе се нервираш.. Ако не знае да се понаша или нема осет,што ќе ти е само да се нервираш и плачиш не вреди па поготово од утро, боже.. Објасни му дека ако не знае да се понаша што ќе биди во иднина ,ти нормално ќе го остаеш колку и да ти е тешко...никој нема да го трпи како дечко а камоли маж...
Проблемот е што он не се наоѓа воопшто крив во ситуацијата...Еве сега саат ипол помина нит се јавил нит нишо,а не планирам ни јас.Само не знам што точно да му кажам кога ќе се јави