Многу брзо си почнала нов да бараш. Не се пуштај одма во нова врска да се зближиш со некого и не очекувај премногу за да не се разочараш на крајот.
Леле аман со тоа “ме користи”. Во сексот треба да уживаат двајцата, двајцата се користат меѓусебно. Тоа што претежно девојките мислат дека со секс ќе задржат некого е нивни проблем и погрешна перцепција на работите. Ама штом сексот е доброволен никој не е искористен.
Реално искористување е ако некоја се надева на врска а тој сака само забава со неа без никакви обврски и притоа ја манипулира не и кажува отворено сакам само секс а ги има такви. Или и кажува сега да се запознаеме па после ќе биде вака или онака.. Како демек сега не е е време ама он имал чувства спрема неа. Друго е кога отворено прават муабет дека ќе се гледаат само за секс и тоа и двајцата го сакаат. Инаку, @Аничкаa според мене не треба да се избрзува со ништо, ни со започнување врска ни со секс. Првите 2-3 месеци гледање со некој, не го знаеш каков е човекот па затоа не треба да се избрзува одма со почнување на врска. Зависи од тоа каков е он и што сака дали само секс дали врска а тоа не можеш да го знаеш од почеток.
Не ми е јасно како почнувате со некој да се гледате и очекувате ѕвезди да ви паѓаат уште првиот месец.Како он тебе одма ќе ти каже "јас сакам само секс со тебе ти не си фантазирај врска"? Абе се е обострано, нема искористување и двајцата уживате, се е убаво додека двајцата се согласуваат на тоа.
Читаш, не дочитуваш. Пишав дека првите 2-3 месеци гледање не можеш да го сметаш за врска. Не знам каде прочита дека пишав очекувам ѕвезди да ми паѓаат уште првиот месец. Ако сметаш дека нема потреба од разговор терај си така слободно, никој не ти брани. И погодувај си на што сте. Ама има машки кои се искрени и искрено ќе кажат дека не сакаат врска, не знам што се чудиш, ако живееме на различни планети, кажи. И искреноста е за ценење, подобро така одколу да лаже и манипулира.
Совет? Намали ја брзината и одлучи во кој правец сакаш да се движиш. Големите очекувања носат разочарувања, особено кога има лична конфузија и непозната личност. Дај му време на времето, за себе и за понатамошните случувања. За непромислена грешка не треба многу...
Се надевам дека ни една нема да се унесреќи со тебе, се додека не пораснеш. ... ако некогаш воопшто пораснеш...
Мал брз совет, таман за членката шо брза или "брза" со тој со кој има однос. Прво зближи се. Официјалноста на то да си во врска дава притисок и носи очекувања. Запознај потенцијалниот партнер без тие стеги. Емоционално можи да се градите и неофицијално и ко ќе видиш дека кликаш да напрајш да е официјално. Ако сте се знаеле 1 недела, и него то му е брзо, тогаш му е брзо. Види разговарајте. Види како кликате. Не прибвај да го импресионираш, биди си ти ти. И ако кликате, зборнете да официјализирате оти нели, убо си врвите, има атракција, има можи и некакво првично заљубување.
Јас зборев за самиот збор "искористување", што премногу се користи а уопште не треба. Никој никого не користи ако и двајцата се задоволени, секако дека првите недели не можиш скрос да се опуштиш за секаков муабет туку се препушташ на ситуациите и на меѓусебниот однос.
Епа зошто ме цитираше? Убаво наведов дека има искористување онаму каде што има манипулација. А манипулација не е по дифолт имање секс па одма да се рече е он ја искористува неа. Само да се пише нешто...
А малку е чудно како луѓето полесно се решаваат на секс него ли за врска? Ниедна врска не почнала со огромна љубов,туку со одредена привлечност меѓу партнерите.Љубовта доаѓа отпосле.
Не мора да значи. Различни случаи има. И јас не би сакала врска после една недела. Ниту пак сум за секс после толку кратко време. Сите се различни ама ако некој некого привлекува треба да се даде шанса бар два месеци да се запознае. Секако дека не треба многу време за да се сфати кој што сака.
Не мора да барате подлабока смисла позади акциите и зборовите на едно машко. Секс и само секс. Секогаш е сексот.
Боже сачувај, како бе размислувате вака? Па и зборовите, да те легне. Има секакви, и машки и женски, не може сите во ист кош.
Повеќето да. Ама пак ќе кажам не секогаш е само секс. Со еден што се гледав три месеци, мислев дека сака само секс а не и врска и прекинав да се гледам со него затоа што тогаш јас сакав само врска и ништо друго не доаѓаше во предвид. Одкако престанавме и со гледање и со контакт, по неколку месеци си фати девојка. А по некое време од врската се ожени со неа. Може не сакал врска со мене, а сакал врска со друга, може којзнае што си мислел, скрзо небитно сега. Ама ете не во секој случај не е исто и да значи само тоа.
Ama vo ovoj slucaj mislam deka samo saka da ja legne. Clenkata pisha deka ne ni razgovaral, da se otvori intimno nishto, valjda go interesira samo sex. A od druga strana taa pa da slusni eden kompliment os nego i gotovo ce bidni rabotava. A pak celosno ako ja gledam situacijava toj torko, ne znaj da daj eden kompliment.
Прво не треба да се има очекувања од прва недела за комплименти. Второ не се спомнува одма за врска, очајно изгледа. Некој што не го знам, од која причина би сакала врска да имам со него. Нормално не ќе се запознаваме со години пред врска и тоа нема смисла ама претерано брзање не води кон ништо друго освен кон разочарувања. И не е толку проблем што и одговорил така на прашањето за врска по една недела туку што имал секс со неа, а ете она пишува дека не сакал да разговара со неа. Ова укажува на тоа дека не мисли сериозно туку само за забава. Кога некој ќе сакаш да го запознеш подобро ќе сакаш да разговараш на разни теми. Како и да е, членката премногу избрза.
Мене не ми е јасна членката, ем нон стоп ѝ пишувал, ем па затворен бил, од друга страна многу убаво се сложувале, е во што се сложуваат убаво ако не се познаваат? И што ако ѝ дава комплименти? Демек џентлмен? И најважно, зошто сака врска ако не го познава? Колку да се има дечко? Повеќе го разбирам него, него му е јасно дека сака забава и секс, неа стварно не ја разбирам.