Фала ви на сите прочитав секакви ставови. Ке видиме со тек на времето ке ве известам што ке биде понатака
'Во мое време' беше едноставно: Ако се залапате - во врска сте. Сега, да се отепаш од играње шах. Exhausting
Во "наше време" непозната беше играта шах во дефинирање на статусот. Денешницава изобилува, "матирање" со умисла
Ако мора да бираш меѓу двете, образование. Љубов пак ќе најдеш, а образованието може да ти отвори многу врати натаму во животот.
Пиши нешто повеќе, вака на вакво прашање што да се одговори. Инаку, јас секогаш и пред се би ја избрала љубовта (секако под услов да не се работи за забрана од негова страна и слично) доколку знам дека тоа е тоа, нели вистинска љубов. Затоа што е претешко да се најде личност со која ќе си одговараш во се и мислам тоа не треба да се изгуби.
Имам можност да одам во странство на факултет. Од друга страна тука е дечко ми кој беше покрај мене низ сите падови. Јас го сакаж премногу и би останала тука, но се плашам дека во иднина ќе се каам. Ако одам во странство јас осеќам и знам дека ќе се вратам негова. Нема зборови со кои би се опишала мојата љунов кон него и обратно. Работава е што тој доживеал нож в грб од најблиските и се плаши дека истото ќе се случи и со мене. Пред мене беше тој што прави проблеми, а со мене се смена и доби надеж. Сега деновиве почнува да се враќа на старите денови: пие и еве веќе неколку пати ми рекол дека ќе заминам и дека нема да се вратам, но тој дека ќе ме чека. Срцето ми се пара. Мразам вака д се разделиме. Знам дека и за мене ќе е тешко, но се тешам дека ќе успејам. Ја избрав Словенија како најоптимално решение дека не е толку далеку, но на моменти се копкам зошто не се вложив за настрана, па дури и Америка. Сепак поголемиот дел од мене го бира него. Познавам многу што ги оставиле саканите кога биле во тешки моменти. Дури еден другар кога раскина со женска му кажа дека не можел да ја трпи на нејзините падови. За жал има многу такви. Има и онакви кои одат од корист. Е од друга страна тука е овој мојот кој искрено ме сака и остана до мене и ми помогна да го поминам најтешкиот период од мојот живот (имав обид за самоубиство и многу негативни мисли, избувлив карактер). Јас премногу го сакам и сметам дека треба да е свесен дека тој е посебен за мене. Значи јас сум спремна да останам тука само ради него, ама се плашам дека во иднина ќе ме копка нешто длабоко во мене. Најмногу што би ме копкало е тоа другите што ќе кажат. Моето семејството и најблиските роднини очекуваат многу од мене. Сепак се' се сведува на прашањето: И јас пак си филозофирам и си плачам. Извинете на предолгото филозофирање. Дајте ми некој совет што да правам. Не сакам да се чувствува така и да мисли дека нема да се вратам. * Навистина ми е прв, но сакам и последен да е. Во тоа сум повеќе и од сигурна.
Пробај со убаво и смирено да разговараш со него. Убаво објасни му зошто сакаш да одиш, што ќе добиеш од тоа, а исто така објасни му дека и покрај тоа што би заминала дека никогаш не би го оставила затоа што многу го сакаш. Освен разговор и добро објаснување овде нема друго решение. Со оглед на неговата состојба, верувам дека му е тешко ама мора да се потруди да те разбере. А ти чим толку сакаш да одиш таму да студираш, би те советувала да одиш за да после не ти биде криво и животот да не го поминеш во каење.
Девојче,ако е вистинска љубов ќе успеете и да си на крај на светот.Ама ако сега ја испуштиш шансата за школување премногу ќе се каеш.Дали повторно ќе ја имаш таа шанса за да се школуваш во странство не се знае.Луѓе со деца се разделуваат за да обезбедат подобра иднина.Неговото по малку личи на себичност.А да не зборувам тоа со алкохолот,еден ден ќе ти пречи премногу тоа.Он треба да ти даде максимална поддршка а не да те кочи.Особено ако постои вистинска љубов.Тоа школување не трае вечно.И да останеш таму,утреден можеш и него да го повлечеш.Ако се сомнева во тебе тоа веќе не е ни љубов.
Јас би рекла да не осудуваме. И членката кажа дека имала обид за самоубиство. А дека е потешко ако он има проблем-потешко е, ама не секогаш е ај ќе ставиме крај на врската, не ќе трпам јас некого. Јас сум секогаш за тоа да се направи се што се може за подобро да е и никогаш да не се откаже од тоа туку така без да се проба за промена. Ако сега има проблем со алкохолот не значи дека ќе остане алкохоличар и нема поправање за него. А тоа дека е себичен, па реално сите сме себични, сите пред се за нас самите сме у врска а не за другиот.
Веројатноста да останеш и понатака да раскинеш со дечково е огромна. Ретки се тие врски што опстојуваат на тие години. Сите сме имале по некој таков, каде сме летале дека без него не можеме. И те како можеме. Од друга страна, кога имаш можност да студираш во Словенија, прифати. Не секој има таков луксуз да си го допушти. Ја дури не би се ни вратила во оваа Вукојебина. Ќе спознаеш нови љуѓе, нови искуства, ќе го заборавиш за некој месец. Не отфрлај бела иднина за зелена љубов. А дека ќе успеете на далечина да функционирате, многу тешко.
Имаш право и ти. Ама еве пример јас се ставам во таква ситуација, никогаш не би си заминала од својата држава, не дека ми е совршено тука или слично ама јас ниту сум храбра ниту пак амбициозна за таков чекор во животов. Од друга страна што ми е тешко да пронајдам некој со кој би била среќна па затоа секоаш велам треба да се бори за љубовта. А има пак и доста врски кои почнале на мали години па траат.
Јас ќе ти кажам дефинитивно да одбереш образование, односно немој да се чувствуваш дека бираш, едноставно ги следиш своите соништа а врската продолжува. Ако останеш само поради него, сигурна сум дека ќе дојде момент кога ќе се каеш и ќе го обвинуваш за пропуштените можности. Најдобра опција според мене е да ја разгледате шансата да отидете заедно. Секако, не ви ги знам условите, но ако постојат, зошто да не?
@poi Како што ти кажа и @Annora може и тој да замине со тебе ако има услови за тоа, дали ќе е тоа одма или за некое време не е важно. Додуша и на дистанца може да опстане врската. Ти секако ќе се враќаш дома кога ќе можеш, а и тој би можел да те посетува. Ќе ти дадам еден пример. Имам блиски еден пар, тој замина во Германија на печалба, таа остана дома. Се гледаа само кога тој ќе добиеше одмор од на работа (еднаш-двапати годишно). Со текот на годините роди две дечиња, ги израсна скоро сама, ама цело време работеа на тоа еден ден семејството да биде заедно. И така и бидна. После скоро 10 години далечина успеа да си ги повлече сите и сега си живеат во Герм сите заедно. Ама ова успеа затоа што имаа строго зацртана цел и сите сомнежи ги тргнаа настрана. Ако постои толкава љубов како што велиш, наместо да ти драми и да се запива, ќе застане на нозе и ќе те поддржи уште еднаш во животот. Ти не треба да се ограничуваш во име на љубовта, а вистинска љубов нема ни да ти дозволи да се ограничуваш поради него. Следи си ги соништата и со среќа на студиите. Верувам дека нема да згрешиш.