Може да има неколку причини зошто никој не ти приоѓа. Прво може изгледаш незаинтересирано и како да ги одбиваш од тебе. Мажите се плашат од одбивање, егото им е огромно тогаш, па ако добиле впечаток дека одма ќе ги одбиеш не приоѓаат. Можеби си мислат дека немаат шанси кај тебе. Колку пати сум слушнала од машки без самодоверба кои рекле леле види ја каква е (се нај во позитивна смисла) немам шанси таа мене да ме погледне.
Првпат "дознавам" дека незабележлива, тивка и срамежлива е еднакво на премалку нападна. Иако јас си мислев да си нападен е негативна карактеристика каде што нема малку или многу, ама ете изгледа грешка сум била.
Јасно беше дека сакав да направам контраст на она што го кажа, ама добро еве, не постои премалку нападна. Сега добро е?
Јас само прашав оти тоа не ми беше јасно. И уште не ми е, ама ок. И ова што го пиша сега исто не го разбирам ама ајде да не прашувам затоа што ќе испаднам нервозна оти ме интересира.
Каква би можела да биде реакцијата ако прва пристапиш кај машко? Ако не пробаш, ќе се прашуваш цело време. Не може да им се свиѓаш на сите, тоа е факт, ама повеќето сигурно не би одбиле, ако ништо друго муабет, али машко во 98% од случаите не одбива жена за ништо. Луѓе се и они, не се вампири да се плашиш дека нешто непосакувано ќе се случи. И да те одбијат останатите 2%, голема работа, животот тече и понатака, они губат. Самодоверба се билда со промена, било естетска или психолошка. Кога ќе стигнеш до моментот да се сакаш себе си доволно, ќе бидеш приметлива за сите. Лицето кое има самодоверба, не секогаш е дотерано или излезено од салон, туку едноставно зрачи. Биди опуштена, тоа што го немаш, не можеш да изгубиш, така да, експериментирај, барем ќе разбиеш монотонија. Сигурна сум дека набрзо нема да бидеш веќе осамена, како што се чувствуваш.
Не сум срамежлива, секогаш сум отворена за дружба. Како да пријдам на некој кога и низ град сум како да не постојам?
Имам да, сите во врски или брак. Поради пандемијата уште толку се влоши ситуацијата, всушност се намали дружбата. Ќе пробам да променам нешто со советите кои ги добив.
Пробај да смениш средина, да запознаеш нови луѓе, запиши се на некоја активност, почни да излегуваш на различни места.
Може само таков период е? Некогаш нема потреба од самокритичност или дека е потребна некоја промена во карактерот. Вака од еден одговор тешко е точно да дојдеме до заклучок затоа што и не те познаваме па да коментираме нешто што би ти помогнало. Некогаш едноставно кога нешто не треба да биде нема да биде па човек може само да се нервира и ништо друго. А некогаш кога треба да биде ќе биде па ти прави што сакаш. Како општ заклучок од мое искуство шансите да запознаеш некој се зголемуваат во секој случај значи повеќе шетање, скитање и се ама пак ќе кажам кога ќе дојде времето само по себе (така се надевам и за мене) ќе си биде. А за приоѓање на некој друг јас конкретно не би пришла ама тоа сум јас. Не е дека сум срамежлива или неприступачна туку ете таква сум. Тоа што си неприметна сигурно не е точно него веројатно се движиш може во исти круг и истите луѓе те знаат не знам претпоставувам.
Јас го игнорирав, виде, невиде се повлече иако напињаше и ми досаѓаше со никакви пораки навечер, вербално вознемирување, закани. Ама кога фати некоја си таму се спасив Сепак ако е агресивен и се осеќаш ептен загорзено убаво ти пишале обрати се во полиција, објасни им убаво, ако претерува или претерал знаат да го стегнат, да го викнат на информативен разговор па може така ќе се спасиш од него.
Те разбирам било кој од вас... Најубо е и заедно да одите, ќе се договорите како ќе ви е најубо битно да сте заедно и ништо друго. Се ќе му објасниш само заради иднина за поубава плата и заради деца итн итн И ти на фах а и тој да работи и уште поубаво... Ако не е возможно заедно да одите тогаш ќе издржите пак ќе се гледате на некој месец, и тој да работи тука , да не се занимава тие лоши работи, све со свое време ќе си дојде Со среќа
Ако сакаш конкретен совет или помош, дади конкретни насоки, под услов стварно да сакаш да го решиш проблемот кој го имаш? Зашто мораш да се справуваш ако е бивши? Како заклучи дека е психопат? Се случило ли нешто конкретно? Колку време ти е бивши, каква ви е динамиката? Колку години имате? Вклучена ли ви е фамилијата во динамиката? Полиција не верувам дека ќе интервенира со оглед на тоа што за семејно насилство каде се вклучени малолетни деца не трзаат, ама има други ресурси. Семејството, сос линија можеби, заеднички пријатели. Ама твојава цела реченица не ми кажува ништо, ко да те мрзи да се замараш.